квартет куарем – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Oct 2020 12:37:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png квартет куарем – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Концерт на квартетот „Куарем“ во малата сала на Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-kvartetot-kuarem-vo-malata-sala-na-makedonskata-filharmonija/ Tue, 20 Oct 2020 12:37:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172317

Квартетот „Куарем“ на 21-ви октомври (среда), со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во малата сала на Македонската филхармонија. Квартетот „Куарем“ е невообичаен гудачки квартет формиран од виолинистите Родриго Бауса и Федерико Натан, виолистот Оливие Самуилан и виолончелистот Гијом Латил. Четворицата музичари имаат различна музичка заднина и искуство и како изведувачи и како композитори. Родриго Бауса и Фредерико Натан се запознаваат уште како студенти во Уругвај во 2002 година и остануваат во контакт иако по студиите се селат во разни градови во Европа. Двајцата делат интерес кон класичната и кон популарната музика. По запознавањето со францускиот челист Гијом Латил и виолистот Оливие Самуилан, во 2013 година го формираа квартетот „Куарем“. За овој невообичаен ансамбл, диверзитетот на секого од четворицата музичари е неисцрпен извор на инспирација во контекст на композицијата, импровизацијата, ритамот и експресијата. Во новиот проект Danzas квартетот „Куарем“ создава целосно оригинален репертоар инспириран од традиционалната музика за танц од Аргентина, Франција, Реунион и од Куба. Елоквентноста на квартетот, како и неговата исклучителна техника на импровизација, потхранета од јазикот на џезот, се среќаваат на едно место и создаваат универзално музичко наследство. Секоја од композиците ги инспирира членовите на квартетот да нурнат во сосема нова област за истражување. Во овој проект на квартетот „Куарем“ им се приклучува и извонредната перкусионистка Наташа Роџерс. Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на телефонскиот број 02/3238 182 и да се купат онлајн на интернет-странцата на Македонската филхармонијата.
]]>