кушадаси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Jul 2018 12:55:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кушадаси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Магдалена Цветковска со нова песна – „Ко да нема утре ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/magdalena-cvetkovska-so-nova-pesna-ko-da-nema-utre-den-video/ Mon, 30 Jul 2018 12:55:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40728

Најавената нова песна на Магдалена Цветкоска Ена – „Ко да нема утре ден“ – конечно ја здогледа виделината на денот. Се работи за разиграна летна ар ен би нумера, која претендира да биде само уште еден вонизата хитови на талентираната пејачка и авторка.
Овој пат покрај вообичаеното авторство кога е пишувањето на стихови како за своите, така и за многуте туѓи песни во прашање, Ена заедно со нејзиниот брат Лазар Цветкоски се јавува и како коавтор на музиката на нејзината најнова песна. Аранжманот, миксот и мастерингот вообичаено се на дело на брат и Лазар, кој ги свири и сите инструменти, а пее и дел од придружните вокали, заедно со самата Ена, додека песната е снимена во нивното домашно студио.
Во исто време со песната се појави и видеото за неа, а овој потенцијален летен хит го визуализираше нивниот веќе редовен соработник Даниел Јовески.
Соодветно за летниот ритам на песната, видеото се снимаше на егзотичните плажи во Кушадаси во Турција, поточно во „Омер холидеј ризорт“.
Никој не знае денот што ќе донесе...“ - пее Магдалена, но ако поутрото денот се познава, ова лето ќе се памти по уште еден хит од фабриката за музичка забава на семејството Цветковски. https://www.youtube.com/watch?v=kDwwSLt_DJc  ]]>

И ова лето ќе памти по Влатко Лозаноски и тоа – „Јако, јако“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-ova-leto-kje-pamti-po-vlatko-lozanoski-i-toa-jako-jako-video/ Tue, 03 Jul 2018 08:17:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35755

Неодамна најавената нова песна и ново видео со наслов „Јако, јако“ на Влатко Лозаноски ја здогледаа виделината на денот. Веќе по првото преслушување станува јасно дека Лозано има уште еден голем летен хит, кој долго ќе се врти на радиостаниците.
Вообичаено, зад него стои  хитмејкерот Лазар Цветковски кој ги потпишува музиката, аранжманот, миксот и продукцијата и неговата сестра, текстописецот Магдалена Ена Цветковска, која ги пее и придружните вокали. Братско-сестринскиот авторски тандем, кои со години се постојани соработници на Лозаноски.
Видеото е снимено во егзотичниот „Фантази аква парк“ во Кушадаси - Турција, под режисерската палка на извонредниот Даниел Јовески.
Во него покрај Лозано се појавува преубава девојка, за која се знае дека е модел и ТВ водителка во локалната кумановска телевизија „ТВ Плус“ и се вика Мартинија Георгиевска.
 
Лозаноски уште пред да излезат песната и видеото објави и неколку фотографии од снимањето на спотот, на кои како да изгледаат прилично блиски со убавата презентерка!
Оттаму и дилемата и прашањето, дали можеби покрај работата не се изродило и нешто повеќе помеѓу нив, нешто што засега се крие од јавноста? Нешто што е можеби многу појако од „Јако, јако“, иако и ова лето веројатно ќе се памти по новиот хит на Лозано!
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=Oozb4odmckQ]]>