куршумли ан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Jul 2023 12:22:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png куршумли ан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мијата на овие летни горештини каде и да сте ви посакува – „Добра ноќ, добар ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-na-ovie-letni-goreshtini-kade-i-da-ste-vi-posakuva-dobra-nok-dobar-den-video/ Thu, 20 Jul 2023 05:57:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310965

Мијата има нова песна насловена „Добра ноќ, добар ден“ за која има и видео запис направен од нејзиниот концерт кој неодамна го направи во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето. Песната се наоѓа на новиот албум на Мијата, насловен „Вида“. „Официјалниот видео запис ја визуелизира атмосферата од концертот кој се одржа на 28ми јуни, а всушност беше концертна промоција на албумот“, изјави Мијата.   Музиката е на Мијата и Елизабет Паул, текстот на Мијата, аранжманот, клавијатурата и микссот се на Ангел Ќосев. Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. Режијата и монтажата се на Љупчо Трајковски. Мијата неодамна ја отвори и сезоната на музичко вечерно матине кое традиционално се одржува во Скопје Сити Мол,  каде изведе авторски и кавер нумери од својот репертоар, а настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас гитара. ]]>

Вечерва во рамките на „Скопско лето 2023“: Концерт на Мијата во Куршумли Ан (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-ramkite-na-skopsko-leto-2023-kontsert-na-mijata-vo-kurshumli-an-video/ Wed, 28 Jun 2023 09:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307993

Во рамките на огодинешната програма на Скопско Лето 2023, вечерва, среда, 28.06.2023, во Куршумли-Ан, MIYATTA ќе одржи солистички концерт со што ќе го промовира издавањето на нeјзиниот втор албум насловен VIDA.
Учесници на концертот:
MIYATTA - вокал
Валентино Скендеровски - клавијатури
Кире Мирчовски - акустична/електрична гитара
Горан Гешовски - бас гитара
Ратко Даутовски - перкусии
Иво Митковски - тапани
Мартина Нанеска - придружен вокал
Елена Васова - придружен вокал
Дино Хриџиќ - придружен вокал
Гости:
Теда, група Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски и Ангел Ќосев
Билети на влез по цена од 300 денари. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот.
]]>

На 18-ти септември: “Blues & Soul Festival” во Куршумли Ан https://arhiva.vistina.com.mk/na-18-ti-septemvri-blues-soul-festival-vo-kurshumli-an/ Thu, 16 Sep 2021 12:31:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219255

На 18-ти септември со почеток во 20.30 часот во Куршумли Ан, ќе се одржи годинешното традиционално издание на “Blues & Soul Festival” чии учесници ќе бидат познатите македонски блуз бендови “Natasha Miha in Blues” и “Crossroad Blues Band”. “Crossroad Blues Band” е музичка формација од Прилеп, формирана 1997 год. од двајца фанатични влубеници во блуз музиката односно Александар Дворчанец – Сале и Бранко Нешкоски – Бане. Можеби гранитното опкружување околу градот или пак аромата на тутунот која се шири по градските улици, се покажаа како успешна почва за развој на блузот. Од локална атракција низ годините “Crossroad Blues Band” прерасна во еден сериозен бенд кој музицира покрај во својот град, во скоро сите градови на Македонија, а од 2008 год. па се до 2018 год. настапува на скоро сите престижни фестивали и места во регионот каде се негува и свири блуз. Има настапувано на фестивали во Бугарија (Софија, Бургас, Петрич, Габрово) во Србија (Врање, Ниш, Белград, Панчево, Кикинда, Суботица, Сента), во Хрватска (Жупања, Ријека, Кастаф, Умаг, Сплит, Дубровник, Опузен, Имотски) Словенија во Копар, во Црна Гора во Подгорица и Никшиќ, во Босна и Херцеговина (Мостар, Бања Лука, Приједор, Доњи Вакуф, Сараево). Додека пак, “Natasha Miha in Blues” всушност претставува соло-артист, студиски музичар, едукатор и член на Station: Innermost. Нејзината сестраност, музичкото познавање како и вокалните способности и овозможуваат да изведува широк спектар на музички стилови со креативност, емоција и техничка маестралност. Има настапувано на многубројни концерти во државата и надвор од неа, меѓу кои и North City International Blues & Jazz Косовска Митровица, Blues & Soul Festival Скопје, Rock Symphony Concert Битола и Damir Puh Recollection турнеја. Има реализирани солистички мултимедијални концерти од класичен карактер, од кои еден и во рамки на фестивалот „Златна Лира“. Наташа има настапувано и како придружен вокал на Vanessa Mae и Queen Real Tribute во Скопје. Годинешното издание на фестивалот се реализира со поддршка од Град Скопје и Турскиот културен центар “Јунус Емре”. И не заборавајте, настанот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и со приложување на Ковид-19 вакцинална картичка. Извор: Музика24]]>

„Скопско лето“: Концерт на Васил Хаџиманов трио насловен “Melody Rhimes“ https://arhiva.vistina.com.mk/skopsko-leto-koncert-na-vasil-hadzimanov-trio-nasloven-melody-rhimes/ Wed, 30 Jun 2021 12:30:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209089

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва со почеток во 21 часот во Куршумли Ан ќе се одржи долго најавуваниот и очекуван концерт на популарното Васил Хаџиманов трио. Како и секогаш, и овој пат на сцената ќе се појават: Васил Хаџиманов – клавијатури, Мартин Ѓаконовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. На овој концерт триото ќе го промовира новиот албум “Melody Rhymes”, а воедно ќе се претстави и со композиции кои досега биле промовирани и снимени на претходните албуми.   Генерален покровител на „Скопско лето“ и годинава е Град Скопје, поддржувач е Министерството за култура на Република Македонија. Концертот за Васил Хаџиманов Трио е веќе распродаден!]]>

Концертот на „Банкрот блуз бенд“ – распродаден https://arhiva.vistina.com.mk/koncertot-na-bankrot-bluz-bend-rasprodaden/ Tue, 22 Sep 2020 12:54:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168144

Утре,  23-ти септември (среда), во рамките на годинешниот „Блузен соул фестивал“, со почеток во 21 часот, во Куршумли Ан, публиката ќе има можност повторно на сцената да ги слушне “Банкрот блуз бенд” со пријателите, групата која гарантира врвна блуз атмосфера. Петар Ренџов, Сашо Гигов-Гиш и Игор Атанасовски-Харе, а ним ќе им се придружат и Елена Ставреска-вокал, Венко Серафимов-гитара, Никола Петровски – Џими-гитара, Сашо Георгиевски-харп, Гоце Стевковски-тапани, Мите Димовски-тапани, Дарко Мучев-бас, Сенад Усеин-труба, Кирил Кузмановски-саксофон, Сашко Николовски-тромбон. Се разбира согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19 задолжително е носењето на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), одржување на физичко растојание и дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација. Билетите се продаваа онлајн и за жал, концертот е веќе распродаден.]]>

Скопско лето: Претстава „Не ми го чепкај пивото“ во Куршумли Ан https://arhiva.vistina.com.mk/skopsko-leto-pretstava-ne-mi-go-chepkaj-pivoto-vo-kurshumli-an/ Thu, 23 Jul 2020 12:03:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160245

Во рамките на „Скопско лето 2020“, на 27.07.2020 (понеделник) во просторот на „Куршумли Ан“ со почеток во 20:30 часот ќе со одигра премиерата на претставата „Не ми го чепкај пивото“. Тоа е претстава за тројца патници кои во недостиг на вистинска љубов бараат љубов што не е вистинска. Еротика. Љубовни интереси. Соголување. Пиштол. Секс. Дрога. Пари. Власт. Моќ. Страст. Лага.  Од се' по нешто во нешто што е измрдано и не вреди, но постои и ќе го видиме. Претставата „Нe  ми го чепкај пивото!“ е авторски текст на актерите и режисерот инспириран по текст на Армуш Бериша Бели. Оваа театарска комедија е можност за љубителите на уметноста и театарот (низ многу смеа и позитивни вибрации) да ја согледаат сликата за луѓето во “градот”. Инспирацијата актерите ја црпат од секојдневието кое го живеат, сведочат и од себе го вадат тоа што го сакаат за ликовите. Сите ликови носат своја комплексност за илузиите и стравовите на ова време. Станува збор за современа тематика за која денес слободно може да кажеме дека е модерна. Режисер е Ѓорѓи Ризески, а актери кои ги играат улогите во претставата се: Јулија - Надица Петрова, Срѓан - Давид Илиќ и Слободан - Бобан Алексоски. Кореограф и сценски движења- Ирена Лозинска, асистент режија- Тамара Стојаноска, сценограф- Мартин Манев, дизајн на плакат- Александра Таушанов и Владимир Димковиќ, камера и монтажа на видео- Доан Доѓан. Претставата е во продукција на  театарот „Златен елец“ Скопје. ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА: Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: - носење заштитни маски, - мерење телесна температура - одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, - дезинфекција, - влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по ептен симболична, фестивалска цена. Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.]]>