куманово – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Mar 2024 11:41:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png куманово – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вокалната работилница на Биља Крстиќ – „Бистрик“ овој четврток концертно во Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/vokalnata-rabotilnitsa-na-bila-krstik-bistrik-ovoj-chetvrtok-kontsertno-vo-kumanovo/ Thu, 07 Mar 2024 11:40:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341495

Биља Крстиќ и десет исклучителни женски вокали овој четврток (07-ми март 2024 во 19 часот) во Занаетчиски дом во Куманово ќе одржат целовечерен концерт. Концертот е во чест на отворањето на канцеларијата на српскиот културно-информативен центар СПОНА во Куманово. Канцеларијата на СПОНА во Скопје го прослави своето полнолетство на крајот на минатата година. Во пресрет на отворањето на канцеларијата во Куманово, СПОНА организира концерт на Вокалната работилница „Бистрик“ - Биља Крстиќ. Вокалната работилница на Биља Крстиќ  Бистрик веќе 12 години успешно работи со млади талентирани пејачи. За работилницата Биља вели: - Дизајнирана е уметнички да ја популаризира традиционалната музичка култура на Србија и да им даде можност на талентираните пејачи да се заљубат, да учат и да го пренесат своето знаење на идните генерации. Негуваме музика, традиција, добра атмосфера, дружење, емпатија и тимска работа со младите пејачи. Нашата работилница нуди богата концертна активност, гостувања на престижни натпревари и фестивали, учество во телевизиски емисии, музички спотови и е препознатлива по стилот, прецизната интерпретација како и специјално креираните костуми. Биља Крстиќ, музички педагог и долгогодишен вокален солист на оркестарот Бистрик, долги години беше уредник во Радио Белград, а на музичката сцена е од 70-тите години на 20 век, најпрвин во бендовите Сунцокрет и Рани мраз, а подоцна и како некој кој успешно гради соло кариера. Многупати е наградувана за нејзината работа, а во биографијата на Биље Крстиќ е и музиката што ја компонираше за филмот „Зона Замфирова. Сега е актуелна со музиката од филмот „Хероите на Халиард“ во режија на Радош Бајиќ.]]>

На 24-ти август во Куманово: “Тумба Фест” по 11-ти пат https://arhiva.vistina.com.mk/na-24-ti-avgust-vo-kumanovo-tumba-fest-po-11-ti-pat/ Sat, 22 Jul 2023 08:27:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311217

На 24-ти август, во Куманово ќе се одржи 11-то издание на Фестивалот на новосоздадена шегобијна песна “Тумба Фест”. Организаторите  откриваат дека годинава фестивалот ќе се одржи на отворено, односно, на плоштадот во центарот на градот каде пред кумановчани, а и пред присутната публика ќе се промовираат нови 21 шегобијна песна. Ќе се пејат песни на кумановски дијалект, битолски, прилепски, струмички, кривопаланечки… и многу други дијалекти ширум Македонија. Освен изведувачи од македонската музичка сцена, организаторот најавува и музички гости од Србија, Бугарија, Швајцарија и Шведска. Генерален спонзор на овогодинешното фестивалско издание е Општина Куманово, аМакедонската телевизија  ќе го снима и ова фестивалско издание.]]>

„Скутина, фута, бовча, диљка“: Мултимедијална изложба на етнокореологот Бојан Петковски во Центарот за култура во Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/skutina-futa-bovcha-dilka-multimedijalna-izlozhba-na-etnokoreologot-bojan-petkovski-vo-tsentarot-za-kultura-vo-kumanovo/ Thu, 26 Jan 2023 13:33:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286013

Во Фоаjето на Центарот на култура „Трајко Прокопиев“ денеска во 13 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Скутина, фута, бовча, диљка“, на етнокореологот Бојан Петковски. Скутината е дел од традиционалната облека која е познат под различна локални имиња: фута, бовча, дипла, скутача, телена диљка, опрегач заен, опрегач преен, бокча, пештемал… Кон крајот на XIX век носијата била во својот полн сјај, а се карактеризирала со слоевитост во облековните елементи и накитот. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот, секогаш го насочува своето внимание на скутината. Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чинeла голем дел од целокупната слика на носијата. Покрај кај жените во сите етнички, возрасни и социјални категории, скутината е забележана и во голем дел на машката култура на облекување. Во скутините се напластени основните човекови потреби, но и низа скриени знаци.]]>

Во Куманово по 18-ти пат ќе се одржи „Тамбурашки фестивал“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-kumanovo-po-18-ti-pat-kje-se-odrzi-tamburashki-festival/ Wed, 24 Aug 2022 13:06:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263965

18-то издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал – Куманово 2022 ќе се одржи во петок и сабота со почеток во 20:30 часот на Градскиот плоштад во Куманово. Познатите Игор Џамбазов, „Нокаут“ и „Легенде“ ќе бидат главни ѕвезди на двете фестивалски вечери на годинешното издание. Фестивалот започнува во петок кога ќе настапат оркестрите „Симфониум“, „Охридски бисери“ и Петар Нечовски, Г.Т.О. „Пљевља“, а вечерта ќе ја затвори групата „Легенде“. Во сабота пак настапуваат тамбурашките оркестри „Табиет“ и „Мајшперк“, по што ќе следуваат ѕвездите на вечерта „Нокаут“ и Игор Џамбазов.]]>

Концерт на Трио „Џентлмен“ во Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-trioto-dzentlmen-vo-kumanovo/ Wed, 17 Aug 2022 13:03:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263122

Пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва со почеток во 21 часот, концерт ќе одржи Триото „Џентлмен“, информираа денеска од националната установа, поканувајќи ги кумановци да го проследат концертот. Трио „Џентлмен“ составено од тројца професионални оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор, по урнекот на светските поп-класични состави ќе го презентираат репертоарот кој освен класичните композиции опфаќа и светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и македонското творештво. -Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто невидено на нашите простори. Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, трозвук интерпретиран од тројца оперски пејачи, изјави стручниот соработник за сценско-музичка дејност, Александар Митрички од НУЦК „Трајко Прокопиев“. За нешто повеќе од три години постоење, триото настапувале во повеќето градови од државата со целовечерни концерти. Во ноември 2015 година учествувале на Балканската „Романсијада“ фестивал кој се одржа во Софија-Р. Бугарија и го освоија првото место со награда за професионалност и оригиналност. Во септември 2018 година учествувале на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Петрич и освоија второ место од стручното жири. Тие се учесници и на фестивалот за забавна музика „Макфест“, настапувале со оркестарот на Македонската опера и балет и Битолскиот камерен оркестар на неколку гала концерти. Во 2021 година беа дел од првиот „Евергрин“ фестивал во земјава, кој се одржа во Крушево. (МИА)]]>

Столе Димитриевски: „И после десет години во Шпанија кога ќе си дојдам дома зборувам кумановски“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stole-dimitrievski-i-posle-deset-godini-vo-shpanija-koga-kje-si-dojdam-doma-zboruvam-kumanovski-foto/ Fri, 03 Jun 2022 06:51:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252992

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, последниве неколку месеци беше еден од спортистите за кои најмногу се пишува во шпанските медиумите. Муабетите почнаа уште есента. Димитриевски одбрани пенал на Барселона, па каталонскиот клуб почна преговори за да го ангажира, но трансферот не успеа. „Бев многу блиску до потпишување договор, ама ете, работите не завршија како што посакувавме. Јас имам уште две години договор со Рајо, но сега почнува сезоната на трансфери, па ќе видиме што ќе се случи до крајот на летото“, вели Столе и не крие ни дека сака да брани во голем клуб за да игра на европски натпреварувања. Од кога памти за себе, фудбалот му бил најголема љубов. Па кога го прашавме за детството во Куманово, вели: „Станував, играв фудбал, одев во школо, пак фудбал, пред да си легнам, фудбал, тоа ми се некои сеќавања“. Неговото семејството и денес живее во Куманово. Со сестрата и родителите е многу близок иако одамна живее во странство. Тие постојано доаѓаат да го гледаат на натпреварите и горди се на неговите успеси. Столе, пак, секоја можност ја користи да дојде во Македонија за да ги види, а и тие често одат на гости кај него во Шпанија. „За мене семејството е сè. Јас одамна живеам надвор, ама тоа го направив за да обезбедам подобар живот и за мене и за нив“, искрен е Димитриевски за „Репортер“. Не е тајна дека обожава мода, а во Шпанија неодамна го избраа за фудбалер со најмногу стил. Отсекогаш сакал да се облекува различно од другите. Има омилени брендови, но купува и скапа облека, винтиџ парчиња, и сето тоа често го комбинира со нешто старо што го носи со години. Но, кога ќе му го изгубат куферот на аеродром, првата помисла му е „само да ми се тука копачките и ракавиците“. Со Столе разговорот нема крај. Со насмевка раскажува за тоа како го запознал својот идол Буфон, но и за Меси од кого доби на подарок специјално пиво. Тука е и приказната за Роналдо, кој се измачи во баражот за Светско, ама сепак не успеа да му даде гол на Столе. „Знаеш, подобро ќе беше да примев гол од Роналдо, но да ги победевме Португалците, отколку што му ги одбранив сите удари. Ама па, убаво е чувството кога знаеш дека Кристијано не ти дал гол“, искрен е Столе. За Шпанија каде што живее 10 години, знае ли да готви, кој му е омилен специјалитет, за девојките и дали е во врска зборува многу отворено. Но и за муралот со негов лик што го нацртаа во Куманово, го гледаат ли како ѕвезда во градот и дали уште зборува на кумановски дијалект, но и за репрезентацијата, зошто решил да биде голман а не фудбалер, и дали се учи бранењето пенали или е чиста среќа... Гледајте го интервјуто. ]]>

Предвелигденска забава: Лозано со настап пред кумановската публика! https://arhiva.vistina.com.mk/predveligdenska-zabava-lozano-so-nastap-pred-kumanovskata-publika/ Tue, 19 Apr 2022 11:38:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246957

По пауза од речиси три години популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано ќе настапи  во Куманово. Последниот негов натап беше во 2019 година, а овојпат неговата средба со кумановската публика е закажана за  петок, на 22-ри април, кога Лозано и неговиот бенд ќе настапат во дискотеката „Club Space Premium“. Интересот очекувано е огромен, па поради тоа организаторите очекуваат влезниците да се распродадат за рекорно време во наредниве еден-два дена. Инаку неодамна  Лозано ја промовираше и својата најнова песна „После полноќ“ и буквално ја изненади публиката со новиот модерен звук. ]]>

Талентираниот кумановец ќе ве „пукне од смеење“: Како би звучеле македонските политичари и познатите личности кога би биле фудбалски коментатори!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/talentiraniot-kumanovec-kje-ve-pukne-od-smeenje-kako-bi-zvuchele-makedonskite-politichari-i-poznatite-lichnosti-koga-bi-bile-fudbalski-komentatori-video/ Thu, 31 Mar 2022 07:06:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244906

Жарко Јовановиќ е талентиран 26-годишен кумановец кој можете да го видите во некоја од улогите во претсатавите на кумановскиот театар каде што игра и глуми. Сепак, со неговите видеа на социјалните мрежи можете да се насмеете до солзи, особено од оние кои се инспирирани од дневнополитичките настани во земјава, која, како што вели самиот, постојано нуди нов материјал за „циркуз“... Пардон, за комедија. Инспирацијата на младиот актер не му нефдостига, а дарбата и талентот се оние нешта што го прават посебен,  уникатен, неодоливо хуморен и забавен... Жарко почнал да настапува најпрвин по кумановските кафулиња пред една година, каде потоа станал редовен дел од забавата и репертоарот на поедини локали. Самиот е свесен дека  дека за поширока афирмација покрај социјалните мрежи и Јутјуб каналот, медиумите дефинитивно можат да бидат од голема помош. „Добриот маркетинг би помогнал затоа што денеска медиумите се буквално сè. Ако те нема таму, како да не си во игра“ - смета младиот комичар, но сепак  работата и само работата, е она што го детерминира патот до  успехот во денешно време, вели Жарко. Тој веќе има дузина видеа поставени на неговиот Јутјуб-канал наречен „Ајде да зажмуримо“, за чија изработка му помагаат Мартин Славољубовски (камера, тон и монтажа) и Елена Клековска (анимација). Еден од неговите хумористични видео -перформанси кој по фудбалските достигнувања на ммакедоската репрезентација стана актуелен, е оној во кој кумановскиот зактер и забавувач покажува како би звучеле македонските политичари и познатите личности кога би биле фудбалски коментатори, ќе ве пукне од смеа и ќе ви го разубави денот. Погледнете во продолжение наместо од говорницата или сцената како би звучеле од коментаторското столче: Циц, Грујо, Милчин, генерал Стојанче, Заев, Иванов, Васко Ефтов, Кили, Мето Јовановски... Душата треба да се радува, ама и слатко да се смее! ]]>

Вработените од Џонсон Мети чистеа јавни површини во Скопје, Велес и Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/vrabotenite-od-dzonson-meti-chistea-javni-povrshini-vo-skopje-veles-i-kumanovo/ Thu, 30 Sep 2021 12:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221326

Повеќе од петстотини вработени од компанијата Џонсон Мети Македонија се вклучија во волонтерски активности за масовно чистење на јавни површини во Скопје, Велес и Куманово. Оваа активност е дел од корпоративната Програма за волонтирање на вработените во заедницата, во рамки на Стратегијата за општествена одговорност на Џонсон Мети. Мото на оваа активност е „Два дена да направите разлика“ (Two days to make a difference“) Можеби сите не можеме да направиме сé, но сите можеме да направиме по нешто. Џонсон Мети е една од ретките компании со Глобална политика за волонтирање, која овозможува вработените да искористат два работни дена за помош и поддршка на заедницата преку волонтерски активности. Во првата акција се вклучија 234 волонтери, додека во втората акција се вклучија 275 волонтери.
„Горди сме што постигнавме рекорд во бројноста на вработените кои се вклучија во акциите. Над 500 наши вработени беа дел од акцијата за чистење на јавни површини. Еден ден искористивме да го исчистиме кејот на реката Вардар на потег од Аеродром и Карпош 4, еден ден резервиравме за Градскиот парк и околината и еден за плоштадот Филип Втори и околината. Џонсон Мети е инклузивна компанија и поради фактот што голем дел од нашите вработени се од градовите Велес и Куманово, сметавме дека наша должност е да организираме акции и таму“, вели Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија.
Ова не се први општествено одговорни акции на компанијата, која традиционално го одбележува стартот на учебната година со акција за донирање на училиштен прибор. Исто така, годинава, Џонсон Мети организираше донаторска акција на тема “Секое дете заслужува еднаков почеток”.
„И оваа година нашите вработени ја покажаа својата хуманост на дело и донираа огромен број училиштен прибор. Досега сме биле дел и од акција за готвење храна за лицата во социјален ризик, сликарска работилница со лица со старски дом, предавања низ училишта на тема „Безбедноста на прво место за деца”, изработка на сензорни табли, разубавување на училиштен двор, дружење со дечињата од „Аутизам МК“ и други активности. Среќни сме што ја нудиме можноста за искористување на два работни дена за волонтирање во нашата локална заедница. Нема да застанеме тука, имаме уште многу планови кои се надеваме ќе ги реализираме во блиска иднина“, дообјаснува Борозанов.
]]>

Тони Михајловски: Куманово директор на водовод има, денес вода – нема… Многу нетуширани ќе има низ град https://arhiva.vistina.com.mk/toni-mihajlovski-kumanovo-direktor-na-vodovod-ima-denes-voda-nema-mnogu-netushirani-kje-ima-niz-grad/ Tue, 31 Aug 2021 12:38:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217447

Кандидатот за градоначалник на Куманово, актерот  Тони Михајловски со „егзактен пример“ покажа зошто решил да се се кандидира за градоначалник на неговиот роден град на претстојните локални избори. Тони се пожали дека од изутрина цело Куманово немало вода и оти денеска ни кафе, ни во тоалет... Само ќе има многу нетуширани низ градот. Еве го неговиот фејсбук статус: ]]>