културно – забавно лето – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 24 Jul 2021 10:45:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png културно – забавно лето – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Десетто јубилејно културно – забавно лето: „На зајдисонце во Трпејца“ https://arhiva.vistina.com.mk/desetto-jubilejno-kulturno-zabavno-leto-na-zajdisonce-vo-trpejca/ Thu, 22 Jul 2021 12:57:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211651

Од  20 јули до 28 јули во Трпејца се одржува десеттото културно-забавно лето „На зајдисонце во Трпејца“. Манифестацијата се одржува под покровителство на Општина Охрид, а веќе втора година е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и од други бројни спонзори и помагатели. Во чест на десетгодишнината ќе биде прикажан и видео материјал под наслов „Ние на зајдисонце“. Вечерта ќе биде заокружена со концерт на познатите „Силви Бенд“. Следните седум дена трпејчани и гостите ги очекуваат средбите со Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со авторите на Рибарскиот алманах, проф. д- р Теон Џинго, доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе и презентерот Славчо Новески, како и настанот работно насловен „Еден поглед на Трпејца од ономастички аспект“ со проф. д-р Мери Јосифовска. Десеттото „На зајдисонце“ се вклучува во одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески со вечер „Поезијо чувствата ми ги будиш“ на која со избор од поезија од Конески и од други домашни светски поети ќе настапат Марија Кондовска, Симон Јаковлев – Писин во придружба на Лео Спасески – Охридски ( синтисајзер). На листата на учесници се и младите Христијана Матеска – хармоника и Марија Џуклеска – виолина. Тие ќе настапат на Вечерната променада наречена „Со кајче по езерото“ а во Трпејца свои концерти ќе одржат дуото „BLACK MOON“ , бендот „Броз“, Градскиот хор „Вокс Лихнидос“, ансамблот „Билјана“ и пејачката група и оркестар од Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид. Од културните настани во рамките на летото се и традиционалната изложба на дела од Ликовната колонија „Трпејца 2020“ и настанот „Цртаме на зајдионце“. Во рекреативниот дел се традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и Малиот пливачки маратон помогнати од Асоцијацијата „Спорт за сите“ и традиционалната прошетка по патеката „Чоколско“. Сите содржини во рамки на манифестацијата се бесплатни и под отворено небо. Вечерните настани започнуваат од 20:30 часот.]]>