културно лето – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Jun 2023 12:43:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png културно лето – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вчеравечер над 15 000 луѓе на Културното лето во Кисела Вода кое вечерва продолжува https://arhiva.vistina.com.mk/vcheravecher-nad-15-000-luge-na-kulturnoto-leto-vo-kisela-voda-koe-vecherva-prodolzhuva/ Fri, 23 Jun 2023 09:38:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307556

Преку 15 000 посетители вчера вечер уживаа во фантастичната атмосфера на првата вечер од Културното лето на Општина Вода. Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни. Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на  преполниот простор пред салата Расадник, уште еднаш покажаа зошто DJ Mats беше одличен избор за отворањето на неделата во која Кисела Вода го слави и својот 68-ми роденден и новото Културно лето. Веднаш по него незаборавен концерт одржаа 2 Бона, чии песни наизуст ги пееше целата публика. Во редици се чекаше за фотографија со ѕвездите на вечерта кои во моментот работат на химна за Кисела Вода. Паркот во Расадник ечеше од добра музика и одлично расположение по кое ќе се памети оваа вечер. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше присутен во публиката веќе најави дека вакво расположение и посетеност се очекува сите 4 фестивалски вечери кои од синоќа до 29 јуни ќе се одвиваат на две локации. Денес, петок 23 јуни, Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер. Од 20 часот настапуваат КУД Китка, од 21 часот Сузана Спасовска, додека од 22 часот сѐ до крајот на вечерта концерт ќе има Миле Кузмановски. Во “Бескрајната приказна која станува сѐ подобра” во сабота ќе се запишат и Жаре Бербер и хрватскиот романтичар Петар Грашо, а следниот четврток и групата Нокаут, на која ќе претходи музички сет на DJ Mats.]]>

Започнува Културното лето на Кисела Вода: 68 години-Бескрајна приказна која станува се’ подобра https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-kulturnoto-leto-na-kisela-voda-68-godini-beskrajna-prikazna-koja-stanuva-se-podobra/ Mon, 19 Jun 2023 09:19:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306754

Со слоганот 68 години-БЕСКРАЈНА ПРИКАЗНА КОЈА СТАНУВА СЕ ПОДОБРА, Општина Кисела Вода следната седмица го започнува Културното лето и одбележувањето на својот роденден. Се работи за низа културно-забавни случувања кои започнуваат во четврток на 22 јуни и финишираат со роденденската забава на 29 јуни. За незаборавна забава годинава ќе се грижат низа македонски изведувачи, уметници и за крај, големата балканска ѕвезда Петар Грашо! Кутурното лето ќе се одвива во три фестивалски вечери, на 22, 23 и 24 јуни, на две локации- во Расадник (просторот спроти ООУ “Кирил Пејчиновиќ”) и на Три круши во Драчево. Отворањето е закажано за четврток, 22.06. во Расадник. Од 21 часот Диџеј сет ќе има DJ Mats, а по него, од 22 часот следи концерт на Два Бона. Следејќи го концептот за шареноликост на музичките стилови и константност во однос на квалитетот на понудата, Културното лето на Општина Кисеа Вода, утредента, на 23.06., петок, продолжува на Три Круши во Драчево, каде ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски. Последниот ден, сабота, 24. 06. во Расадник, денот ќе започне со богата детска програма во која се вклучени аниматори, забавувачи, децата од сите детски градинки, а во игрите без граници ќе можат да се приклучат и децата кои ќе одлучат да дојдат на настанот како публика. Ќе има и многу музика, хитови и хип хоп танци за сите присутни. На истата локација, во Расадник, од 21 часот стартува финалната вечер. За одлична журка ќе се погрижи познатиот Жаре Бербер со Галама бенд, а по него следи голем концерт на една од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори. По Сплит арената, по преполнетата Загребска арена, Петар Грашо ќе ги пее своите безвременски хитови пред жителите на Кисела Вода и пред сите оние кои можеби не се од нашата општина, но уживаат во музиката на овој хрватски романтичар. Пет дена подоцна, на 29 јуни, Општина Кисела Вода ќе го одбележи својот 68-ми роденден за кој се предвидени манифестацијата Битка на бендови, а вечерта, после сетот на DJ Mats, на сцената во Расадник, концерт ќе има групата Нокаут, која преку своето 25 годишно постоење испиша историја во македонската музичка приказна. Во меѓувреме, ја задржуваме традицијата отпочната минатата година, па во деновите помеѓу културното лето и роденденот, да бидат промовирани, отпочнати или завршени голем број на поголеми инфраструктурни проекти. Како локална самоуправа, сакаме да истакнеме дека ова е само дел од она што ќе го одбележи месец јуни во општина Кисела Вода. Многу повеќе детали, иненадувања, како и целосната листа на изведувачи ќе биде презентирана во среда, на прес конференција. Она што сакаме да го порачаме до сите љубители на квалитетната музика, на сите кои минатата година беа дел од 30 000-ната публика на Културното лето, на сите жители на општина Кисела Вода, но и на сите граѓани и од другите општини и градови да си ги забележат овие денови во својот календар, да дојдат и да бидат дел од оваа големо случување кое секако ќе им остане во убаво сеќавање. БЕСКРАЈНАТА ПРИКАЗНА СТАНУВА СЕ ПОДОБРА, А СИТЕ НИЕ СМЕ ДЕЛ ОД НЕА!]]>