култура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 May 2023 07:41:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png култура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува средношколскиот настан „Средноленд“ https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-srednoshkolskiot-nastan-srednolend/ Tue, 02 May 2023 07:41:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300104

Денес, вторник, 02 Мај 2023 година на Плоштад Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Градски парк – Школка во Скопје, ќе се одржи средношколскиот настан СРЕДНОЛЕНД.
Настанот кој оваа година се одржува од 02-06 Мај за првпат, има за цел да ги промовира талентираните средношколци и нивните училишта, да ги насочи кон вистинските вредности, и да го зголеми интересот кон уметноста и културата. „Средноленд“ е инициран од професори и ученици од средните училишта во Скопје, организиран од ЈУ “Универзална Сала” а финансиски поддржан од Град Скопје.
Во рамките на овој повеќедневен настан, учениците ќе имаат можност да го претстават својот талент преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија и филм.
СРЕДНОЛЕНД е настан во кој се вклучени ученици и наставници од 5 училишта во Скопје: СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.
Настанот е од отворен карактер, а целосната програма граѓаните можат да ја погледнат на профилите на социјалните медиуми на Универзална Сала.
]]>

Снеже Велков со нешто необично покажа што е култура: Со нозете на маса и доза на провокација сите ги насмеа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-so-neshto-neobichno-pokazha-shto-e-kultura-so-nozete-na-masa-i-doza-na-provokatsija-gi-nasmea-site-foto/ Mon, 10 Apr 2023 08:53:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297355

Македонската ТВ водителка Снеже Велков постојано покажува разни финти на социјалните мрежи, конкретно за здраво тело и здрав дух, па вежбањето и одржувањето на баланс во исхраната се нејзиното секојдневие со цел да ги мотивира и другите да се чувствуваат така одлично и полни со енергија. Овој пат меѓу многуте  здрави навики и постапки Снеже која денес е автор на емисијата „Нешто конкретно“ преку своите дела издови и објасни што е култура и културно однесување. Нешто што сите не засега и кое сите го бараме кај другите  но, се почесто го нема. Надвор од нашата домашна и сигурна средина почнува да владее едно непишаното правило, па некултурниот заедно со иронијата и агресијата да добива, а културниот да се повлече оти насилникот ќе ги повика насилниците и некултурните да решат сѐ на нивен начин. Можеби  повеќето сме се откажале да ја бараме правдата и културата затоа што во последно време како да има забрана да се спроведе па, некултурата и те како почна да доминира. Токму затоа Снеже Велков  сакаше да не потсети на „здраво“ и културно однесување кое веќе е од  „редок сој“ и во исчезнување. Имено, водителката  во „Нешто конктетно“ реши да се опушти и со нозете на маса праша дали е тоа некултура или култура? Логично прашање, бидејќи возот веќе одамна е надвор од пругите... За повеќето нормално и културно, зошто да не.... слободно изразување на чувствата, нозете на масата нема да му наштетат на никого... или пак има нешто посуштинско од само да наштети. Затоа, повторно сите ја свртеа на шега и чевлите на Снеже си добија  потпис „десна“ и лева. А за тоа што е култура веќе нема дилема, ја има, постои и живее во книгите за културно однесување... Во пракса кај нас... изгледа малку потешко!   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Нешто конкретно]]>

Списанието „Современост“ одбележува 70-годишнина од своето постоење https://arhiva.vistina.com.mk/spisanieto-sovremenost-odbelezuva-70-godishnina-od-svoeto-postoenje/ Wed, 10 Nov 2021 13:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226789

На 17 ноември (среда) во 19:00 часот во Големиот салон на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, списанието за литература, култура и уметност „Современост“ ќе ја одбележи 70-годишнината од своето постоење. Јубилејот на списанието „Современост“ годинава се поклопува со 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, кој и самиот во суштинска мера придонел за егзистенцијата и развојот на ова списание, а кому годинава му е посветен и тематски број. На настанот ќе се промовираат скорешни изданија на списанието за кои ќе зборува главниот и одговорен уредник, современиот македонски писател Стефан Марковски. Дел од редакцискиот тим на „Современост“ се и: Снежана Стојчевска, извршна уредничка, Мишо Китаноски, уредник, Верица Мукоска, уредничка, и Никола Алтиев, уредник. На настанот ќе се врачи наградата „Современост“ на Славчо Ковилоски - книжевен историчар и научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а ќе бидат доделени и благодарници на сите оние кои внесоа дел од својата  книжевна работа во списанието и се верни поддржувачи и читатели на македонските книжевни списанија. Настанот ќе го води младата писателка и постдипломка по македонска книжевност Верица Мукоска. На настанот ќе присуствуваат значајни имиња од македонската книжевна сцена кои во изминатите децении укажуваа чест и ги збогатуваа содржините со своите прозни текстови, стихови, драми, есеи, трудови и разговори.]]>

Офицерскиот дом во Битола повторно ги отвора вратите за посетителите https://arhiva.vistina.com.mk/225858-2/ Wed, 03 Nov 2021 13:25:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225858

Офицерскиот Дом во Битола, што скоро една деценија беше затворен и надвор од употреба, вечерва повторно ги отвора вратите за уметниците и публиката, за гости и туристи, за љубопитни и инспиративни посетители. За Офицерскиот Дом во Битола пишувале хроничари, аналитичари, историчари, поети и писатели, новинари и фоторепортери, и затоа богата е историографијата на овој репрезентативен објект, палата, непроценливо архитектонско здание, старо повеќе од 1 век. Темелите на Офицерскиот дом во Битола се поставени во 1909 година, според тогашниот обичај „Давање Курбан“ од страна на Абдул Керим Паша, ктитор на објектот. Офицерскиот дом има визба, приземје, кат и галерија, а за ликот на објектот најголемо влијание имале архитекти од Австрија и Италија кои граделе со поддршка на познати мајстори од селото Смилево. Зградата на Офицерскиот дом е поставена на површина од над 600 квадратни метри и ја опкружува прекрасен парк која денес се именува како двор со површина од 18.532 метри квадратни. Според тогашниот план, во непосредна близина на Офицерскиот дом кој се наоѓа на Широк Сокак, на северната страна изградена е чешма која годинава е возобновена. Според хронологијата на сопствеништво Офицерскиот Дом во Битола често ги менува сопствениците и името. Во 1932 година Офицерскиот Дом е впишан како имот на Министерството за Морнарица, а во 1972 година преминува во сопственост на Државната служба за народна одбрана, односно ДСНО-Белград. Во 1976 година се врши промена на дејноста со можност за реализација на културни дејности, а сопственик станува Секретаријатот за народна одбрана во Белград. На 5 декември 1977 година Завод за заштита на споменците на културата, природните реткости и музеј – Битола носи Решение со кое се утврдува својството на споменик на културата на Домот на ЈНА во Битола. Во тој период високите воени функционери, офицери…организирале забави, од тоа време датира и познатиот „Син Бал“, но и други културно забавни настани за „привилегираните“ кои биле чести гости во Офицерски. Првиот официјален документ поврзан со сопствеништвото и заштитата на Офицерскиот Дом во Битола или само Офицерски, се донесува во 1993 година кога објектот се заведува како Државна сопственост на Република Македонија, а корисник Министерство за одбрана, подрачна единица во Битола. Во 2013 година со одлука на Владата на Република Македонија, Офицерскиот дом повторно се става во функција на општина Битола како корисник, а паркот се внесува како двор. Во меѓувреме, владината одлука со нова одлука престанува да важи, а на 15 март 2016 година, повторно со одлука на Владата објектот се дава во сопственост на општина Битола. Таа одлука важи и денес. Реконструкцијата на овој архитектонски бисер траеше четири години, а вечерва ги отвора своите врати. На денот на празникот на градот ќе биде доделено највисокото општинско признание, наградата за животно дело „4 Ноември“ која годинава му припадна на доајенот на македонското глумиште, актерот Петар Мирчевски.]]>

Скандал на доделувањето на француските награди „Цезар“: Актерката во знак на протест се соблече гола на сцената (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/skandal-na-dodeluvanjeto-na-francuskite-nagradi-cezar-akterkata-vo-znak-na-protest-se-sobleche-gola-na-scenata-foto/ Mon, 15 Mar 2021 09:43:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194067

Церемонијата на прогласување на добитникот на наградата „Цезар“, францускиот еквивалент на Оскар, се претвори во повик за култура за време на пандемијата на коронавирус, а една актерка се соблече на подиумот за да го сврти вниманието на долгото затворање на кината и театрите. Актерката Корин Масиеро требаше да ја додели наградата за најдобар костим, а таа носеше костим од магаре со тампони како обетки. Масиеро (57) потоа го соблече тој костум, а и фустанот, навидум натопен во лажна крв и ги покажа пораките испишани на нејзиното тело. На предната страна пишуваше „Нема култура, нема иднина“, а на задната страна стоеше пораката „Вратете ни ја нашата култура, Жан“, упатена до премиерот Жан Кастекс. ; Публиката аплаудираше, но на социјалните мрежи се појави критика за прибегнување кон вулгарност. Минатогодишната награда на Цезар беше исто така контроверзна, поради протестите и другите организации на жени, бидејќи Роман Полански ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Офицер и шпион“. Полански, кој веќе се наоѓа на потерница за апсење поради силување на малолетничка во САД во 1977 година, беше обвинет од друга жена во 2019 година за силување во 1975 година. Познатиот режисер ги отфрли овие обвинувања.]]>

„Уа, шнајдери!“ – герила акција за распределбата на проекти во културата https://arhiva.vistina.com.mk/ua-shnajderi-gerila-akcija-za-raspredelbata-na-proekti-vo-kulturata/ Wed, 13 Feb 2019 13:12:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72650

Додека Министерството за култура ги проверува спорните проекти, незадоволството од распределбата на парите, се искажува и на креативен начин. Во герила-акција во центарот на Скопје поставена е огромна ножица на почетокот на булеварот „Партизански одреди“, на која пишува „Уа, шнајдери“. Под ножицата пишува: „двапати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не биде после унакажана, монтирана, лепена и сечена. Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците. Културата е жива материја и не смее да биде умртвувана заради повисоки интереси“.]]>

Петре Шилегов средствата на Град Скопје наменети за култура им ги подели на своите: Парите од кабинетот за луѓе од кабинетот на градоначалникот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/petre-shilegov-parite-na-grad-skopje-nameneti-za-kultura-im-gi-podeli-na-svoite-pari-od-kabinetot-za-lugje-od-kabinetot-na-gradonachalnikot-foto/ Tue, 29 Jan 2019 09:20:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69838

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво  на  други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. Петре Шилегов не пропушти да ги награди и да подели пари на  своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата. Неговиот Шеф на кабинет, Никола Наумоски, кој е истовремено и братучед на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, добил  180 илјади денари за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“ за проектот Град за сите: Модерна за деца. Се делат пари од кабинетот на градоначалникот за луѓе од кабинетот на градоначалникот. Шилегов го награди и Мирко Попов, и неговата фирма ПМГ Рекордс ДООЕЛ со 150 илјади денари за организирање на фестивал. Мирко Попов којшто деноноќно користи говор на омраза и важи за голем поддржувач на владејачката партија.  Мирко и е познат на јавноста и по  изјавата дека доколку би имал власт би ги запалил сите цркви во Македонија. Ниту Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на СДСМ, не е заобиколен во делењето на пари од Град Скопје. Здружението на граѓани „КОНТРАПУНКТ“, каде тој е еден од основачите од Шилегов добило 100 илјади денари за КРИК, фестивал на критичка култура. Извор:Курир.мк]]>

Ќеркичката на Азис е првенец на училиштето и пример за пристојно однесување! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkichkata-na-azis-e-prvenec-na-uchilishteto-i-primer-za-pristojno-odnesuvanje-foto/ Tue, 15 May 2018 12:08:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27168

Раја, ќеркичката на бугарската фолк ѕвезда Азис, е пример не само за нејзиното одделение, туку и за целото приватно училиште каде што таа  учи, пишуваат бугарските медиуми.
Ученичката од четврто одделение ги зачуди и воодушеви  наставниците во елитното училиште. Раја покажува зрело однесување како да е многу поворасна личност, и за разлика од многумина нејзини врсници во нејзиниот вокабулар, нема непристојни зборови.
Освен тоа, русокосото девојче со сини очи  било многу трудољубиво и посветено на нејзиното образование.
Таа добила одлични оценки, но не од милост, бидејќи е ќерка на Азис, туку поради нејзиниот „ментален капацитет“ и натприродната интилигенција, пишува  бугарски "Викенд". Извор: Марица.бг]]>