куку леле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Jul 2023 09:32:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png куку леле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вечерва „Куку Леле“ со свој настап во „Интермецо мјузик бар“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-kuku-lele-so-svoj-nastap-vo-intermetso-mjuzik-bar/ Thu, 20 Jul 2023 06:29:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310915

Овој четврток (20 јули 2023) сите патишта водат кон омиленото скопско кафуле „Интермецо мјузик бар“ каде и за оваа недела домаќините најавуваат богата музичка програма. На прекрасната летна тераса на  за овој четврток е закажана музичката дружба – овој пат со легендарното македонско дуо „Куку Леле“. Почетокот на незаборавниот концертен настап  на Роберт и Панки и екипата стартува во 20 часот, а присутните ќе можат да уживаат во изведбата на нивните најголеми хитови кои секогаш се гаранција за врвна забава, на која публиката во еден глас со нив ги пее: „Кучка“, „Постела од рози“, „Ти немаш појма“, „Стамбол сосе Бардовци“, „Блесава си или не“, Р'мбам јко црнец“, „Остани“, „Не плачи, не жали“, „Кажи ми, речи ми“, „Ме канат на свадба“, „Се' е против нас“... Ова ќе бидат само дел од темите кои Роберт и Панки  ќе ги отсвират и отпеат на сцената, на летната тераса на кафулето Интермецо. Се разбира тука е и специјалниот гостин на групата, легендарниот македонски кантавтор Јаков Дренконски кој ќе ја збогати музичката понуда за сите присутни вечерва, која ќе биде дополнета и со изведбата на Панки на уште дузина екс-Ју познати хитови со кои дополнително гостите таа вечер ќе се забавуваат. Не заборавајте – вечерва, четврток, 20 јули, сите патишта водат кон Интермецо. Стартот  е во 20 часот. Затоа резервирајте го своето место навреме.]]>

Пред Панки тој беше првиот пејач на „Куку Леле“: Стив Кироски среде Австралија ја запеа „Кучка неверна“ на свадбена веселба (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-panki-toj-beshe-prviot-pejach-na-kuku-lele-stiv-kiroski-srede-avstralija-ja-zapea-kuchka-neverna-na-svadbena-veselba-video/ Wed, 26 Jan 2022 08:33:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236244

Македонскот поп-рок дуо „Куку Леле“ на сите им е познато. И на повозрасните и на помладите генерации кои песните на Роберт и Панки  денес ги пеат на нивните настапи. Дузина хитови, атрактивни видеоспотови снимени на егзотични светски дестинации, како Австралија, Рио Де Жанеиро, Амстердам.... и во нив сексапилни разголени убавици кои ги будат еротските фантазии... Така отприлика би можело да се опише она што „Куку леле“ го работат од своето основање па се до денес, во последниве речиси 30 години од своето постоење. Роберт Саздов основач, идеен водач, композитор, продуцент, душа на дуото, на чии песни сепак  душа им вдахнува пејачот, односно специфичниот вокал на Сашо Каимовски - „Панки“. Но, можеби само повозрасните и малкумина од помладите знаат дека Панки отсекогаш не бил пејач на „Куку Леле“, туку на својот почеток, едно друго момче беше заштитното лице на тогаш штотуку појавеното дуо. Пејач со силен, моќен, препознатлив глас и за тоа време, мошне фраерски изглед, со фризура со сукани плетенки. „Стамбол сосе Бардовци“, „Судија“, „Куку леле“, „Карај ме мила мамо“... беа првите песни и фасцинантни видеоспотови за тоа време во почетокот на 90-те кои „македонскиот австралијанец“ Стив Кироски ги испеа и ја направи групата препознатлива, а нејзините песни веднаш станаа хитови на сите радиостаници. Мускулестото момче со специфичен имиџ беше добитната комбинација како вокал со кој Роберт Саздов својот тогаш нов бенд, односно дуо, преку ноќ го вивна во височините на популарноста, откако претходно му се распадна приказната со „Ластовица“ и Владо Јаневски. Сепак Стив Кировски кој живееш во Австралија не можеше баш кога и да посака да доаѓа во Македонија на настапи, снимања, ТВ гостувања, па „Куку леле“ беше осоудено или на пропаст или да најде соодветна замена, што и се случи, со доаѓањето на Панки за пејач, во музичката приказна која трае и до ден денес. Стив остана во „земјата на кенгурите“ каде и ден денес работи и живее, а неретко умее и да запее. Токму од една македонска семејна веселба, фолк пејачката Татјана Лазаревска сподели видоснимка на која Стив Кироски пее, иако да не знаете дека е тој, тешко дека ќе го препознаете. Физички можеби видеоизменет со годините, но вокално се' уште моќен и сугестивен како некогаш, па среде Австралија Стив ја запеа „Кучка неверна“ на свадбената македонска веселба. ]]>

Помалата ќерка на Панки од „Куку леле“ славеше роденден: Каја го стопи срцето на пејачот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pomalata-kjerka-na-panki-od-kuku-lele-slaveshe-rodenden-kaja-go-stopi-srceto-na-pejachot-foto/ Wed, 09 Dec 2020 08:09:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179962

Децата на познатите личности отсекогаш привлекувале исто толку големо внимание на јавноста, па дури и можеби поголемо, како и нивните славни родители. Обожавателите на популарните ѕвезди отсекогаш сакале да дознаат што прават тие приватно, како им изгледа домот, семејството, кучето , мачето, и секако нивните наследници и наследнички... Насекаде во светот е истата приказна, а Македонија не е исклучок од тоа, зашто впрочем, ѕвездите можеби сегде не се толку големи ни богати, ама публиката насекаде е иста... И си ги обожува со истиот жар! „Куку леле“ со години се една од нанајпопуларните македонски групи или поточно дуо, чија секоја нова песна без исклучок, станува хит. Сашо Каимовски - Панки и како вокал и како соло пејач и забавувач чија харизма е несомнена е човекот кој покрај авторот Роберт Саздов, ја има половина од заслугата за успехот на нивната популарност. Панки е градска фаца, урбан лик, кој јавноста оддамна го познава не само по вокалните квалитети и медиумската популарност стекната со пеењето и музиката. Тој отсекогаш бил и дел од скопските урбани приказни за жестоките момчиња од скопскиот и не само скопскиот асфалт... Од времето на раните 90-ти и УНПРОФОР тепачката во една позната скопска кафеана со војниците на тогашните мировни воени припадници лоцирани во Македонија и регионот, кои пијани не знаејќи со кого си имаат работа „ја чачкаа мечката“, па посетата на Војислав Шешељ и неговиот прием на храбрите скопски момчиња кои се пресметале со тогашниот „агресор“, преку приказните за мистериозната, ненадејна смрт на неговата сопруга, па се' до приведувањето и затворот во соседна Грција заради наводното „позајмување“ пари од банкомати со фалсификувани платежни картички... И уште „сто ти една прикаска“, која нема многу врска со пеењето, а низ која се провлекува името на Панки... Оние што го познаваат одблизу, знаат дека Панки одвнатре е всушност сосема поинаква душа... Меѓу останатото и посветен родител, предан татко на две прекрасни ќерки, две млади девојки на кои тој им е се'... А, и тие нему! За постарата - Јана, веќе пишувавме дека е вистинска убавица, на која можат многумина да и позавидат. Девојка која може да застане раме до раме со ќерките на познатите фаци во регионот - од Цеца и нејзината Анастасија до Анабела и нејзината Луна или Хелена на Топалко, Елена на Миле Китиќ... Па дури многу од нив и да засени со својата убавина, шарм, маркантност, привлечност, стил... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kakva-anastasija-kakva-luna-kjerkata-na-panki-od-kuku-lele-e-ubavica-od-bajkite-foto/ Панки покрај неа ја има помалата - Каја, која токму деновиве наполни 14 години. Заради околностите со корона пандемијата таа роденденот го славеше дома, во друштво на семејството, на најблиските, најмилите... Посветениот татко секако не пропушти да биде со својата помала галеница, а при тоа да ја изненади со роденденска торта на која беше испишана роденденската честитка,  нејзиното име и годините што ги полни. Панки беше тој што ги запали прскалките и свеќичките на тортата, а Каја онаа што ги дувна... Семејната роденденска идила и својата радост пејачот ги долови и сподели на својот Фејсбук профил преку неколку фотографии и роденденска порака до своето помало чедо: „Среќен ти 14-ти роденден љубов моја, татина“ - напиша Панки покрај фотографиите со што ги растопи срцата не само на своите обожаватели, туку и на многумина што го познаваат, но и на безбројните следбеници на социјалните мрежи. „Остани“ - е насловот на една од познатите песни на „Куку Леле“... Како што детето за својот родител секогаш ќе остане дете, како секоја ќерка за својот татко, како Каја за Панки...“! Да е жива и здрава, среќна, радосна и успешна низ годините... многу повеќе и од славниот татко!]]>

Ова е новиот Панки: Престојот „таму каде што беше“ си го направил своето, но пејачот му се враќа на стариот живот со концерт на „Куку леле“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-noviot-panki-prestojot-tamu-kade-shto-beshe-si-go-napravil-svoeto-no-pejachot-mu-se-vrakja-na-stariot-zivot-so-koncert-na-kuku-lele-foto/ Wed, 11 Dec 2019 07:38:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123175

Деновиве одекна веста за враќањето дома на пејачот на ,,Куку Леле”, Сашо Каимовски (52) познат како ,,Панки”, кој  беше пуштен на слобода од грчкиот затвор, откако во март годинава беше уапсен на преминот Евзони на пат кон Грција. Каимовски се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати во Минхен, Германија. По враќањето дома, барем досега Панки се нема огласено во јавноста во врска со неговиот случај, но едно е повеќе од јасно, а тоа дека пејачот полека му се се враќа на стариот живот. Оние што го виделе , а и од фотографиите што осамнаа на социјалните мрежи можеше да се забележи дека неколкумесечниот праестој „онаму каде што беше“ си го направил своето. Панки видно ослабен, помалку истоштен, со проретчена и побелена коса и долга бела брада, речиси на работ на препознатливост...! Но тоа беа само првичните фотографии. Естрадната ѕвезда знае дека бргу мора да се доведе во „нормала“, па не мина долго за пејачот да се трансформира во оној стариот препознатлив Панки. Ги бојадиса косата и брадата, која сепак ја остави како знак на распознавање на новиот имиџ. „Доме слатки доме“ му напишал во знак на добредојде на Панки сопственикот на познатиот скопски ресторан на градскиот кеј крај Вардар, место кое е главното одредиште и свратилиште на пејачот или како што некои велат неговиот „втор дом“. А, Панки заедно со Роберт Саздов или обајцата попознати како дуото „Куку леле“ токму таму в четврток, на 12-ти декември 2019 г. ќе го одржат својот повратнички настап, во вид на предновогодишна забава за присутните и добредојде дома за себе како почеток на новиот или враќање на стариот живот на пејачот!    ]]>

Панки од ,,Куку Леле” ослободен од грчкиот затвор https://arhiva.vistina.com.mk/panki-od-kuku-lele-osloboden-od-grchkiot-zatvor/ Wed, 04 Dec 2019 13:44:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122381

Пејачот на ,,Куку Леле”, Сашо Каимовски (52) познат како ,,Панки” е пуштен на слобода од грчкиот затвор дознава 24 Инфо. Тој беше уапсен во март годинава на преминот Евзони на пат кон Грција. Каимовски се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати. Пејачот се сомничи дека, во 2006 година, од два банкомати во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура. Панки е виден вчеравечер во едно кафуле во центарот на Скопје, но не е познато како завршило барањето на германските власти тој да биде испорачан на Германија]]>