кукиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 06 Jul 2019 05:41:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кукиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ленче и Горан Кукиќ имаат наследник со педигре: Знаете ли дека нивниот син свири на иста сцена со светски ѕвезди? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lenche-i-goran-kukikj-imaat-naslednik-so-pedigre-znaete-li-deka-nivniot-sin-sviri-na-ista-scena-so-svetski-dzvezdi-foto/ Fri, 05 Jul 2019 08:29:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96228

Ленче (Дедејска) Кукиуќ и Горан Кукиќ, се една од најпознатите струмички и воопшто македонски музички брачни двојки. Иако со децении опстојуваат на сцената, настапувајќи соло, во дует или најчесто заедно со својата група „Јупитер“, сепак на пошироката јавност во регионот и станаа познати по победите, секој одделно, во регионалното музичко талент шоу за возрасни, „Никогаш не е доцна“.
Таму со своите маестрални настапи обајцата жирито го оставија со подзината уста, а публиката без здив.
Но знаете ли дека во едно од најмузичките семејства во Македонија има наследник кој ја продолжува традицијата, а веќе во млади години свири на иста сцена со светските музички ѕвезди?
Нивниот син Иван природно, од мали нозе е со музиката, но на пошироката јавност и стана познат откако македонската гитарска легенда Влатко Стефановски го повика да свири со него и неговиот син Јан во триото на Влатко. Се реда настапи, од Нови Сад до Скопје, но секако најзначајниот беше оној кога Иван заедно со Стефановски сениор и јуниор, настапи пред големиот Стинг на истата сцена, на концертот на националната арена во Скопје.
„Јас пораснав со музика и искрено никогаш не размислував со што друго би се занимавал во животот. Никогаш не сум имал притисок од мојата фамилија дека мора да бидам музичар и сум среќен за тоа бидејќи на сила нема убавина, но верувам дека и моите родители се среќни што по своја волја ги следам нивните постапки“ - ќе изјави Иван во едно свое неодамнешно интервју за порталот „Фешанел“.
Иако e сестран музичар и свири повеќе инструменти, бас гитарата е неговиот базичен инструмент, кој најмногу научил како да го владее од неговиот професор, маестро Благој Маротов.
Иван во моментов е студент на Музичка продукција и дизајн на звук во Белград, градот на потеклото на семејството Кукиќ и продолжува со настапите како стандарден член во ритам секцијата на триото на македонската музичка легенда Влатко Стефановски, која ја сочинуваат Иван на бас и синот на Влатко - Јан зад тапаните. Фото: Фејсбук  
]]>

Ленче и Горан Кукиќ заедно со синот ги воодушевија Жељко и Јована во „Никогаш не е доцна“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/lenche-i-goran-kukikj-zaedno-so-sinot-gi-voodushevija-zeljko-i-jovana-vo-nikogash-ne-e-docna-video/ Tue, 18 Dec 2018 08:22:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63620

Македонците дефинитивно ја владеат сцената во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Откако познатиот пејач од Струмица Горан Кукиќ победи во првата сезона, сега во најновата сезона и неговата сопруга, пејачката Ленче Кукиќ реши на целиот регион да им покаже колку е талентирано целото семејство. Па така, освен Ленче на сцената се појави и нивниот син Иван, кој инаку ги наследил гените од мама и тато, музички е образован, а освен што свири бас, тој покажа дека има перфектен вокал.
Во жирито овој пат беа Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, водителката Јована кои беа воодушевени од она што го видоа и слушнаа од семејството Кукиќ.
Оваа сезона во „Никогаш не е доцна“ повторно има повеќе Македонци, но публиката веќе сериозно навива за Ленче. Зошто е тоа така, погледнете од видеото во продолжение: фото/видео:принтскрин фејсбук,you tube]]>