куд илинден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Jul 2021 13:02:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png куд илинден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 КУД Илинден од Битола ќе го претставува македонскиот фолклор на шестата светска фолклоријада во Русија https://arhiva.vistina.com.mk/kud-ilinden-od-bitola-kje-go-pretstavuva-makedonskiot-folklor-na-shestata-svetska-folklorijada-vo-rusija/ Thu, 01 Jul 2021 09:59:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209317

Над 2000 учесници од 50 земји во светот ќе учествуваат на VI светска фолклоријада која од 4 до 11 јули ќе се одржува во Република Башкоростан, Русија. Македонија ќе ја претставува КУД Илинден од Битола кое постои скоро седум децении и зад себе има репрезентативно портфолио со учества на многу меѓународни фестивали за фолклор. Тие денес заминуваат за Русија, на настанот кој е во организација на светската организација за фолклор CIOFF кој е под закрила на UNESCO.

„После Холандија, Јапонија, Унгарија, Јужна Кореја и Мексико, Русија се јавува како домаќин и центар на светскиот фолклор оваа година. Ова е најголемиот настан на кој може да се презентира фолклор и на кој се воспоставуваат контакти значајни за идна промоција на македонското културно наследство. Импонира фактот што организаторите имаат фантастични информации за специфичностите на она што ние како богатство го имаме, конкретно ора кои се единствени, а ќе бидеме веројатно дел и од идејата да се формира таму најдолгото оро на светот“ - истакна Борче Димитровски потпретседател на КУД Илинден од Битола.

На агендата на КУД Илинден, по завршувањето на Фолклоријадата во Русија е планиран музичко сценскиот проект “Приказни од чаршијата” кој ќе биде дел од официјалната програма на фестивалот ЛОКУМ ФЕСТ во Битола, а кон крајот на месец јули традиционално со Комитското ќе го отвори републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, каде ќе се претстави и со сценската адаптација Цапарските бабари.

Во текот на летниот период е планиран специјален настан по повод промоцијата на најзначајниот пишан документ – Монографијата “65 години КУД Илинден Битола”, како и настап на фестивалот “Чувари на традицијата” во Вевчани. Исто така планирани се концерти и настапи во Крушево, Демир Хисар и Охрид.  

]]>

КУД Илинден – 65 години постоење: Концерт и ревија на народни носии https://arhiva.vistina.com.mk/kud-ilinden-65-godini-postoenje-koncert-i-revija-na-narodni-nosii/ Thu, 13 Aug 2020 13:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163235

Оваа година КУД Илинден Битола одбележува 65 години од основањето, 65 години културно творештво, 65 години опстојување, 65 години горди чувари на македонската традиција. Амбасадори на македонскиот фолклор и традиција насекаде низ светот, добитници на престижни награди и признанија, меѓу кои Гран при во Монт Дор Франција, прво место на еден од најреномираните фолклорни фестивали во светот, Велика Британија, како и највисокото признание на Битола-наградата 4 ти ноември и други. За жал заради здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид 19, одбележувањето на овој значаен јубилеј е во прилагодена форма, согласно соодветните протоколи. Сепак покрај онлајн претставувањата и учеството на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови”, се одлучивме за јубилејна програма овој месец, која ќе биде само дел од прославата 65 години КУД Илинден Битола. Оваа јубилејна програма организаторите ја сместија токму во месец август, месецот на патронот Илинден и ќе се состои од – ревија на народни носии и концерт на традиционална музика и игра. Концепцијата на концертот на традиционална музика и игра е на уметничкиот раководител Александар Стефановски, а реализацијата е во соработка со раководителот на оркестар Славе Наумовски, гардероберот Филип Јаковлевски, корепетиторите Николче Ангелковски и Никола Пецаковски и стручните соработници Валентин Соклевски и Љупка Стефановска. Концептот на ревијата на народни носии е на Филип Јаковлевски, гардеробер во КУД Илинден. Двата настани ќе бидат од полуотворен тип, заради здравствените протоколи и малиот капацитет на КЦ Магаза каде ќе биде ревијата и на амфитеатарот на Тумбе кафе каде ќе биде одржан концертот. КУД “Илинден“ во својот состав има 320 членови, кои активно учествуваат во зачувувањето на македонските традиционални игри и песни. Пред две години покрај многубројните настапи беше потпишана и повелба за збратимување со КУД. Далмација од Дуги Рат, Хрватска. Во далечната 1955 година официјално е земено името Илинден за ова друштво, иако како фолклорна група постои и неколку години пред тоа. КУД Илинден во текот на своето постоење, ги освои сите светски меридијани и светски сцени, пренесувајќи го македонскиот фолклор. Илинден е изворот од кој се пие првата голтка љубов кон народната култура. Секоја година КУД. Илинден бележи од 40 до 100 настапи. Карактеристична е богата колекција на оригинални носии. Ова културно уметничко друштво , над 6 децении ја изучува и оживува македонската фолклорна традиција, чувар на традицијата и амбасадор на битолската и македонската народна култура ширум светот.]]>

„Македонска селска гајда“ е орото – првенче на Петар Ангелевски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonska-selska-gajda-e-oroto-prvenche-na-petar-angelevski-video/ Tue, 28 Nov 2017 11:55:45 +0000 http://vistina.mk/?p=5024

„Македонска селска гајда“ е насловот на првото оро на младиот гајдаџија Петар Ангелевски. Во демирхисарскиот крај тој неодамна снимаше видео за неговото првенче, во соработка со „ИН продукција“. 22-годишниот музичар, родум од демирхисарското дело Стругово, ја негува гајдата од 14-годишна возраст. Покрај овој традиционален дувачки инструмент, Петар изучува зурла и кларинет. Тој веќе долги години е играорец и член на КУД „Илинден“ – Битола и имал можност да се запознае со повеќе дувачки инструменти, но вели дека од сите нив најмногу ја засакал гајдата. „Јас сум играорец веќе 10 години, но кога ќе те влечи нешто одвнатре не можеш да го одбиеш. Покрај сите дувачки инструменти најмногу ме влечеше гајдата, баш сакав да ја научам и сè уште ја учам“, изјави Ангелевски, кој е студент на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на Катедрата за етнокореологија, отсек за народни инструменти, народно пеење и играње. Младиот гајдаџија откри дека пред извесно време си набавил и зурла, која ја изучува во моментов, а има и кларинет. „Во моментов се учам да свирам на зурлата која ја купив од Љубен Јуртоски од Прилеп, кој е добар мајстор и од кого ја купив и гајдата. Пред неколку месеци зедов и кларинет, па се трудам некако да ги совладам тие дувачки инструменти“, додава Петар. 1IMG_1786 „Орото е мое авторско дело, додека за аранжманот се погрижи познатиот хармоникаш, Златко Миладиноски. Видеото се снимаше на повеќе локации во демирхисарскиот крај.  Се снимаше во село Слоештица кај валајцати, значи тоа е прекрасно место каде што порано се переле веленца, како што ги викаат постарите. Старата куќа која се наоѓа на тоа место ќе се реновира и ќе се отвори како ресторан. Втората локација беше во една стара куќа во селото Сопотница. Таму имав помош од КУД Илинден-Битола, голема благодарност до нив, јас сум член и таму, додека третата локација беше кај манастирот Св. Атанасиј во селото Сопотница“истакна Ангелевски, додавајќи дека очекува орото да биде топло прифатено од гледачите и оние коишто ќе го слушнат.  Како звучи и изгледа неговата „Македонска селска гајда“ можете да слушнете и видите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=-StNr1BVVoE]]>