куба видео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Feb 2018 12:05:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png куба видео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димитар Митровски успеа да направи „Balkan Fusion“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-mitrovski-uspea-da-napravi-balkan-fusion-video/ Fri, 23 Feb 2018 12:04:13 +0000 http://vistina.mk/?p=13850

Младиот македонски виртуоз на хармоника Димитар Митровски има нова музичка тема и за неа нов видеоспот.Се работи за инструменталната тема „Balkan Fusion“, која како шпо кажува и самиот наслов е своевиден спој на повеќе правци и стилови: класика, џез... во кои е вткен стилизираниот фолклор на балканските народи. Интересна фузија која звучи единствено, за која музиката ја напишал самиот Димитар Митровски, а ранжманот е заеднички со Кирил Стојчевски. 
Сето тоа е снимено во студиото „Гимел“, додека на темата свират - Хармоника: Димитар Митровски, Пиано: Кирил Стојчевски, Бас гитара: Коста Стевановски и Ударни инструменти: Трајче Ивановски.
Видеото го изработил познатиот Тома Влашевски-Кубата во неговото “КУБА ВИДЕО”.
„Голема благодарност до сопствениците на КАМАРИТЕ кои несебично ни овозможија видеото да го снимиме во кафе-барот. Благодарност и до ЛИНКЕСТИ кој ни помогнаа околу гардеробата што ја носиме на видеото. Поздрав и до најстариот и најоргиналниот шанкер во Битола - СОКЛЕ и сите кои на било кој начин ни помогнаа видеото да изгледа вака како сто изгледа“ - напишал авторот во постот под видеото на Јутјуб, кое можете да го погледнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=DqgHMft4gN4&feature=youtu.be]]>

„Полско цвеќе“ на Тоше Проески доби нова верзија од „Инструментал бенд“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/polsko-cvekje-na-toshe-proeski-dobi-nova-verzija-od-instrumental-bend-video/ Wed, 18 Oct 2017 12:59:27 +0000 http://vistina.mk//?p=434

„Инструментал бенд“ со видеозапис и преработка на големиот хит „Полско цвеќе“ ја одбележува 10-годишнината од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го изгуби нашата музичка легенда Тоше Проески, а целиот регион беше обвиен во црно.
 Со проектот „Полско цвеќе“ сакаме да ја одбележиме 10-годишнината од немилион настан кој го обви целиот регион во црно, но и да ги потсетиме сите дека Тоше се уште живее во нашите срца. Изразуваме огромна почит и благодарност кон се што направи. Неговите дела ќе живеат вечно, велат од бендот.
Преработката на песната е во продукција на Михајло Манојловски, а видеозаписот е снимен во режија на Куба Видео на неколку локации во Крушево, на брегот на Преспанското езеро и во Националниот парк „Пелистер“. На видеозаписот се појавува уметникот Александар Поповски, сликајќи го портретот на Тоше, но и кавалџијата Алекс Петковски. Бендот изразува огромна благодарност до сите кои несебично се вклучија во овој проект и ја поддржаа неговата реализација. Меѓу нив се: Спомен куќата „Тодор Проески“ и директорката Елена Мирчевска, Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ – Битола и Александар Жежовски, Connect Beach – Сливница, Националниот парк „Пелистер“, Агим Џело (асистент на камера), Благоја Масак Кечулкоски и Тони Леко Карапанчевски. Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ постои од 2005-та година, а во него членуваат Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара
]]>