крвна слика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Jan 2024 09:28:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крвна слика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 5 новогодишни одлуки со кои можете да го продолжите вашиот животен век https://arhiva.vistina.com.mk/5-novogodishni-odluki-so-koi-mozhete-da-go-prodolzhite-vashiot-zhivoten-vek/ Mon, 01 Jan 2024 09:28:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333134

Со влегувањето во 2024 година, многу луѓе ќе донесат новогодишни одлуки, од кои повеќето ќе бидат поврзани со здравјето и долговечноста.
Д-р Брет Озборн, невролог и експерт за долговечност од Флорида, за „Fox News Digital“ открил 5 проверени основи за подобро здравје и подолг живот до кои секој од нас треба да се придржува.

1. Јадете храна со низок гликемиски индекс

На секоја намирница ѝ е доделен број од 0 до 100 врз основа на тоа како влијае на нивото на шеќер во крвта. Луѓето треба да ја добиваат дневната доза на јаглехидрати од зеленчук, додека треба да избегнуваат едноставни јаглехидрати вклучувајќи шеќер, леб, тестенини и ориз, храна со гликемиски индекс поголем од 40. „Јадете големи количини на масти - маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови и путер - за да го истренирате вашето тело да согорува масти наместо шеќер и умерени количини на протеини (од немасно месо и риба) за поддршка на вашата мускулна маса“, препорачува Озборн.

2. Фокусирајте се на тренингот за сила

Губењето на мускулите поврзано со стареењето не е поврзано само со слабост, туку и со когнитивно опаѓање, поради што е важно да се заштитат мускулите преку тренинг за сила.

3. Следете го вашиот крвен притисок

„Не постои полесен начин да се намали ризикот од болести поврзани со возраста од следење на крвниот притисок“, вели д-р Озборн. Неконтролирано високиот крвен притисок го зголемува ризикот од развој на притисок во вашите коронарни или каротидни артерии, што може да доведе до срцева слабост или мозочен удар. Најдобар начин за одржување на здрав крвен притисок е да се храните чисто, да вежбате секојдневно и да го намалите стресот.

4. Проверувајте ја вашата крвна слика

Проверувајте ја вашата крвна слика на секои 6 месеци, особено ако сте во поодминати години.

5. Избегнувајте стрес

За да го намалите нивото на стрес, д-р Озборн препорачува релаксирачки активности како што се јога, медитација, масажа, поминување време на плажа или одење во инфрацрвена сауна.  
]]>

Подобрете ја крвната слика: Доволни се само три лажици дневно и брзо ќе забележите разлика https://arhiva.vistina.com.mk/podobrete-ja-krvnata-slika-dovolni-se-samo-tri-lazhitsi-dnevno-i-brzo-ke-zabelezhite-razlika/ Tue, 31 Jan 2023 13:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286587

Лошата крвна слика може да ве изложи на ризик од многу компликации, така што важно е што поскоро да го вратите нивото на еритроцитите на вистински пат. Недостатокот на железо се манифестира преку замор, поспаност, недостаток на енергија и многу други симптоми, а бледата кожа на лицето е доволен показател дека можеби се развила анемија и дека треба да посетите лекар. Потребно е да направите витаминска каша која го зајакнува организмот, снабдувајќи го со железо. Состојки: - две средни главици цвекло - моркови - помали јаболки - лажичка мед - лажичка цеден лимон Подготовка: Во блендер измешајте го цвеклото, па ставете го во сад. Потоа истото направете го со морковите, па со јаболките. Кога сите состојки ќе бидат изблендирани, измешајте ги и истурете една лажичка мед и лимонов сок во смесата и добро промешајте. Кашата ставете ја во тегла или стаклен сад и јадете ја во наредните денови. Не смее долго да стои. Најдобро е да ја јадете секојдневно во просек по три големи лажици, ако ви е ниско железото. извор:точка.ком.мк]]>

Три еликсири од природата: Ќе ви помогнат во борбата со анемијата и подобрување на крвната слика https://arhiva.vistina.com.mk/tri-eliksiri-od-prirodata-kje-vi-pomognat-vo-borbata-so-anemijata-i-podobruvanje-na-krvnata-slika/ Tue, 15 Mar 2022 13:20:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243188

Недостатокот на железо и лошата крвна слика се сè почести меѓу луѓето, а истите можат да предизвикаат и други проблеми. Од анемија пати речиси 10 отсто од целокупната популација. Постојат две најчести причини за оваа состојба: - намалување на произведување на црвените крвни зрнца - зголемена загуба и уништување на црвените крвни зрнца Уморот и слабоста се речиси редовни симптоми за недостаток на железо. Покрај тоа останатите симптоми можат да бидат и бледа кожа, проблеми со работата на срцето, главоболки, вртоглавици итн. Напитоци кои можат да ви помогнат во такви состојби: 1. Чај од коприва Копривата е исклучително лековита билка која содржи железо, голема количина фосфор, манган, калиум, магнезиум, калциум, но и витамини А, Ц, Е и витамини од групата Б. Се тврди дека копривата е најлековита кога се бере во текот на пролетта. Една лажица сува коприва прелијте ја со врела вода и оставете да отстои неколку минути. Потоа процедете, па пијте го чајот. 2. Сок од капини Една чаша сок од капини содржи околу 700 микрограми калиум кој е одличен за цел кардиоваскуларен систем. Освен калиум, ова овошје изобилува со витамини од Б групата (особено Б9), фолати, Ц витамин, натриум - сите овие состојки заедно можат да ви помогнат да го зголемите нивото на железо и да ја подобрите крвната слика. 3. Сок од цвекло Цвеклото речиси е најделотворно кога станува збор за решавање на проблемите со анемијата. Студија спроведена во Германија дошла до заклучок дека редовното консумирање на оваа намирница може да ги реши проблемите со железото речиси за цел живот. Цвеклото изобилува со железо, а освен тоа одлично е и за крвниот притисок. Ставете 3 цвекла, 3 јаболка, 3 моркови, мед и 2 лимони - па направете си смути за доброто на целиот организам. извор:точка.ком.мк]]>

Доколку имате проблем со крвната слика овој рецепт е вистинска „бомба“ со која ќе ја подобрите https://arhiva.vistina.com.mk/dokolku-imate-problem-so-krvnata-slika-ovoj-recept-e-vistinska-bomba-so-koja-kje-ja-podobrite/ Thu, 24 Feb 2022 13:45:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240609

Доколку крвната слика ви е лоша, тогаш обидете се да ја подобрите со природни препарати, а во овој случај ви пренесуваме рецепт кој е вистинска витаминска „бомба“.

Потребни состојки:

- 200 милилитри мед; - 200 грама ореви; - 200 грама суво-грозје; - 200 милилитри сок од цвекло; - 2 лимони.

Подготовка:

Измијте ги лимоните, исечете ги на половина и извадете ги семките. Измелете ги со кората и ставете ги во некоја тегла од еден литар. Во смесата со мелен лимон додадете мед, цеден сок од цвекло. Потоа во смесата додадете ситно исечкани ореви и суво-грозје. И повторно се помешајте. Ќе добиете околу 1 килограм вкусна и здрава лековита смеса. Теглата чувајте ја во фрижидер.

Начин на употреба:

Смесата консумирајте ја три пати дневно, по една лажица. Извор: точка.мк]]>

Што имаат заедничко сериозно болните со корона во крвната слика? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-imaat-zaednichko-seriozno-bolnite-so-korona-vo-krvnata-slika/ Mon, 02 Nov 2020 13:20:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174121

Пандемијата на корона вирус е најголемата здравствена криза со која се соочи светот во последните 100 години. Сепак, од март сите предупредуваа дека еден витамин може да биде наш спас, а во последните неколку дена се повеќе се зборува дека може да биде најдобрата превентивна мерка против тешка форма на болеста. Зошто недостаток на витамин Д е едно од најголемите здравствени проблеми оваа година? Самата пандемија имаше огромно влијание врз нормалниот живот – телото доби помалку сончева светлина и затоа не беше во можност да произведе доволно витамин Д. Но, каква врска има витаминот Д со корона вирусот САРС-CoV-2? Новата студија од Шпанија наведува дека 80 проценти од пациентите кои биле хоспитализирани поради вирусот, имале недостаток на витамин Д. Друга студија објавена во списанието BMJ Nutrition Prevention and Health покажа дека луѓето кои земале додатоци на витамин Д имаат помала веројатност да страдаат од респираторни проблеми воопшто. Врската помеѓу најлошиот исход на вирусот и витамин Д може да се објасни со поголема чувствителност кај етничките малцинства затоа што луѓето со потемна кожа потешко произведуваат витамин Д. Единствениот пристап кон оваа пандемија е идентификување и лекување на недостаток на витамин Д, особено кај луѓе со висок ризик, како што се постари лица, пациенти со истовремени болести и жители на домови за стари лица, кои се главната популација за која е насочен овој вирус. Третманот со витамин Д треба да се препорача кај пациенти со ковид, особено кај оние со ниско ниво на овој хормон кој циркулира во крвта – посочува коавторот на студијата, д-р Хозе Ернандез од Универзитетот во Кантабриа во Шпанија. Недостаток на витамин Д е поврзан со разни здравствени проблеми, иако сè уште се работи на истражување зошто хормонот влијае на другите системи во телото. Многу студии укажуваат на корисен ефект на витамин Д врз имунитетниот систем, особено во однос на заштитата од инфекции – заклучи тој. извор:попара.мк]]>

Крвна слика: Кои вредности се нормални? https://arhiva.vistina.com.mk/krvna-slika-koi-vrednosti-se-normalni/ Fri, 31 May 2019 12:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90767

Колку и да ви е страв од игли или земање крв, одењето во лабораторија е неопходно за дијагностицирање на речиси сите болести. Анализата на крвта дава увид во здравјето на организмот, а во продолжение погледнете кои вредности се нормални. КОМПЛЕТНА КРВНА СЛИКА Комплетната крвна слика е основна лабораториска анализа на крвта со која се проценува општата здравствена состојба и се откриваат разни нарушување како анемија, инфекции, вирусни заболувања, ухранетост на организмот и изложеност на отровни материи. Со оваа анализа се добива увид за бројот и квалитетот на ертитроцитите, тромбоцитите и леукоцитите. Ертитроцити (Er) Црвените крвни зрнца се клетки кои го содржат хемоглобин и кои учествуваат во разнесувањето на кислородот и јаглеродниот диоксид во организмот. Референтни вредности: М 4,5-6,3 х 10 на 12/l Ж 4,5-5,4 х 10 на 12/l Зголемен број: Дехидратација, полицитемија (ретко заболување) Намален број: Еден од показателите за анемија, заедно со хематокритот, хемоглобинот и ертитроцитните константи Леукоцити (Le) Белите крвни зрнца се создаваат во коскената срж и нивната цел е заштита на организмот од инфекции. Секој одреден вид леукоцити (ги има 5) има посебна функција којашто се гледа од формулата која се прави независно од крвната слика, а се препорачува како задолжителна и ја дополнува сликата за состојбата на организмот. Референтни вредности: 4-10 х 10 на 9/l Зголемен број: Бактериска инфекција Намален број: Леукоцитоза, вирусно заболување, кај хемотерапија, употреба на одредени лекови Хемоглобин (Hb) Хемоглобинот е состојка на ертитроцитите и претставува протеински комплекс кој го пренесува кислородот од белите дробови во ткивата, а јаглеродниот диоксид од ткивата назад во белите дробови. Референтни вредности: М 149-180 g/l Ж 120-160 g/l Намален број: Анемија Хематокрит (Htc) Хематокритот го претставува волуменот на ертитроцити во единица крв. Референтни вредности: М 0,40-0,50 L/l Ж 0,35-048 L/l Зголемен број: Полицитемија (ретка болест која се појавува кај постарите луѓе) Намален број: Дехидратација, анемија Тромбоцити (Tr) Тромбоцитите се крвни плочки кои ја згуснуваат крвта. Референтни вредности: 150-400 х 10 на 9/l Зголемен број: Тромбоза (спонтано згрутчување на крвта) Намален број: Автоимуни заболувања, спонтани крвавења, после трансфузија на крв Ертитроцитни константи Во целосната крвна слика се прават и таканаречени ертитроцитни константи кои даваат увид за квалитетот на ертитроцитите. MCV (mean cell volume) – големина на ертитроцитите MCH (mean cell hemoglobin) – просечно количество на хемоглобин во ертитроцитите MCHC (mean cell hemoglobin concentration) – просечна концентрација на хемоглобинот во ертитроцитите RDW (red cell distribution width) – распределба на ертитроцитите по волумен Тромбоцитни константи Тромбоцитните константи даваат информации за морфолошките особини на тромбоцитите, нивниот волумен и големина. MPV (mean platelet volume) – распределба на тромбоцитите по волуменот PDW (platelet distribution width) – просечен волумен на тромбоцитите Седиментација (Se) Седиментацијата на ертитроцитите не влегува во целосната крвна слика, но е препорачлива. Укажува на многу можни болести и се следи кај сите заболувања. Оваа вредност ја покажува брзината со која ертитроцитите се таложат на дното на исправена епрувета. Нормалната брзина го исклучува постоењето на болести, додека забрзаноста е знак за понатамошни истражувања. Референтни вредности: М (20-50 години) 3-13 mm/h M (над 50 години) 2-23 mm/h Ж (20-50 години) 4-24 mm/h Ж (над 50 години) 5-28 mm/h Зголемување: Во случај на инфекција ЛЕУКОЦИТАРНА ФОРМУЛА Леукоцитарната формула подразбира број на поединечни групи, односно клетки на леукоцити. Постојат три главни видови леукоцити – гранулоцити (неутрофилни, базофилни и еозинофилни), моноцити и лимфоцити. Неутрофилните гранулоцити, заедно со моноцитите го сочинуваат основниот одбранбен механизам на организмот. Неутрофилни гранулоцити Референтни вредности: 40-75% Зголемен број: Бактериски инфекции, траума, изгореници, инфаркт. Значајно се зголемени и кај леукемијата и проширените малигни заболувања Намален број: Вирусна инфекција, туберкулоза, артритис, нарушување на коскената срж, недостаток од витамин Б12 Лимфоцити Лимфоцитите произведуваат антитела и учествуваат во одбраната од вируси. Референтни вредности: 20-45% Зголемен број: Вирусни инфекции, токсоплазмоза, бруцелоза Намален бој: Кај лекување со кортикостероиди, инфилтрација на коскената срж, СИДА, кај лекување со радиотерапија и хемотерапија Еозинофилни гранулоцити Еозинофилните гранулоцити учествуваат во одбраната од алергените и паразитните инфекции. Референтни вредности: 2-4% Зголемен број: Астма, алергија, егзема, зрачење, кај заздравување од инфекција. Моноцити Моноцитите се најголемите крвни клетки и тие се како „собирачи“ на мртвите клетки. Референтни вредности: 2-10% Зголемен број: Акутни и хронични инфекции, малигни болести Базофилни гранулоцити Базофилните гранулоцити се најмалку застапена група на леукоцити и учествуваат во алергискиот одговор на организмот. Референтни вредности: 0-1% Зголемен број: Вирусни инфекции, уртикарија, после хемолиза и отстранување на слезината извор:кафепауза.мк]]>