крушево – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Jan 2024 08:13:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крушево – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Бејби му дојде на роденден на Тоше дома во неговата родна куќа во Крушево: „Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-mu-dojde-na-rodenden-na-toshe-doma-vo-negovata-rodna-kuka-vo-krushevo-od-sekade-greesh-od-sekoe-koshe-shepkash-neshto-kako-shto-znaeshe-samo-ti-video/ Fri, 26 Jan 2024 08:12:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336345

Регионот, Македонија, неговото родно Крушево... го одбележаа неговиот единствен датум, како што знаат да кажат неговите фанови, денот на неговото раѓање. Зашто Тоше Проески е бесмртен, вечен во спомените, сеќавањата, песните, со својот лик и дела вткаен во историјата... За едни легенда, за други ангел, за трети божество, икона... За сите - незаборав! И колку да е тагата голема што млад замина, предвреме, онака шокантно, колку да е тешко што повеќе физички не е меѓу нас, Тоше секогаш ќе остане во сите нас. Затоа и вчера, 25 јануари 2024 година не заборавивме да се потсетиме на денот на неговото раѓање. И колку секој негов роденден како и овој 43-от да е тажен, сите не држи чувството дека сепак македонскиот музички ангел е бесмртен! Затоа многумина се потрудија да се сетат на него, да го одбележат неговиот роденден на најразлични начини, но само една позната дама тоа го стори поинаку од сите други. Додека многумина го посетуваа неговиото вечно почивалиште, неговиот вечен дом на Гумење, македонската актерка и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска, неговата вечна пријателка, другарка, „сестра од друга мајка“ собра храброст да му дојде на  роденден на Тоше дома во Крушево, во неговата родна куќа. Со подарок  в рака во вид на дрвена кутија со шише вино на кое е отпечатена етикета со една од неговите изустени мисли, икебана од свежо цвеќе, заедничка фотографија и полна душа спомени! А таму, во неговиот дом на денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта. И годинава е така. И повторно на тортата покрај стои негова фотографија, испишана емотивна порака: „Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ТИ“ - пишува на тортата на која горат запалени свеќичките со роденденската бројка 43... Само што и овој пат нема кој да ги дувне, да ги изгаси. А, вечната светлина како кандилце гори и во душите на сите, особено на оние кои му беа многу блиски како Весна Бејби. Затоа и нејзините испишани зборови се повеќе од емотивни, срцепарателни, тешко подносливи, ама... тоа е реалноста! Сурова, од која нема бегање. Има само вечна љубов и спомени, незаборав, сеќавање... на она што беше Тоше. Беше и остана и откако замина... Иако неговото присуство постојано се чувствува. Особено дома. „Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот.Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина. Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов. Се' мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке се' уште ја прави најубата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки, исти. Однесов за тебе за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад. Сега срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели : '17та тераме'! На влезот има една огромна фотографија со тебе и Дори. Таму сте најубави. Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење. Денес е денот на твоето раѓање. 43... Те сакам до небото и назад“ - споделила Весна Бејби Петрушевска во својата роденденска посвета или поточно беседа за ангелот.
Фото: Фејсбук/Инстаграм/vesnapetrushevska
]]>

Со песните на Тоше, сеќавања и манифестации, Крушево ќе го одбележи неговиот 43. роденден https://arhiva.vistina.com.mk/so-pesnite-na-toshe-sekavana-i-manifestatsii-krushevo-ke-go-odbelezhi-negoviot-43-rodenden/ Wed, 24 Jan 2024 13:16:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336132

Спомен-домот на Тоше Проески на Гумење во Крушево, со повеќе манифестации утре ќе потсети на роденденот на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески. Да беше жив, Тоше ќе наполнеше 43 години. – Во програмата со различни настани, ќе се обидеме да ги доловиме сите нишки од неговиот карактер и неговата душа. Денот, 25 јануари е врежан во срцата на сите нас, кои го сакаме Тоше, ја слушаме неговата безвременска музика и со насмевка, но и со тага во очите ги гледаме неговите фотографии, неговите награди, неговата облека и личните предмети кои се наоѓаат во неговиот дом – спомен куќата на Гумење во Крушево. Во 1981 година, на 25 јануари, се роди нашиот музички ангел, вели Лефкија Гажоска, директорка на спомен домот „Тодор Проески“ во Крушево. Денот, роденденот на Тоше и сеќавањето за него и неговото дело утре почнува со хуманитарна крводаристелска акција која ќе трае до 16 часот во просториите на Спомен куќата, а во организација на Црвениот Крст од Крушево. Во 11 часот и 15 минути, времето на неговото раѓање, присутните, претставници од институции и поддржувачите на Тоше, најавени дека ќе ги има од многу места, ќе положат букет свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, на Гумење. Во 12 часот во Спомен-домот ќе биде отворена хуманитарно-продажната ликовна изложба со наслов „Срце није камен“ на стилистот и уметничка душа Светлана Зуламоска. Нејзините дела со ликот на Тоше и пригоден текст, се насликани на камени плочи со акрилни бои, а целта на изложбата е собраните средства од продажбата на овие уникатни и оригинални ликовни изблици, да се донираат за лекување и терапија на малиот Војдан Спасовски. Дека Тоше е инспирација за младите уметници, ќе потврди и промоцијата на музички и видеоспот на Јана Мрческа, на рефрени на Тошеви песни. Јана, е родум од Прилеп, ученик во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и, иако не била родена во времето кога Тоше го достигна зенитот на својата музичка кариера, неговите песни се нејзина инспирација за самостојни проекти. – Утре од 13 часот ќе се одржи веќе традиционалниот музички перформанс „Ангел си ти“. Македонската вокалистка Ивона ЈО во придружба на нејзиниот бенд В2В, ќе исполни десетина нумери од богатата музичка ризница на Тоше. Во неговиот спомен дом ќе одекнат: „Тајно моја“, „Срце није камен“, „Ангел си ти“, – рефрени и текст кој сè уште ги пееме со радост и низ солзи, објаснува Гажоска. Фановите на Тоше низ Балканот ќе имаат можност преку телевизискиот канал Прва ТВ, да го проследат документарниот филм кој авторката Катарина Миловановиќ го сними во Крушево 2023 година. На денот на тошевиот роденден, копија од овој филм, со превод на македонски, авторката ќе донира во Спомен куќата. Премиерата и промоцијата на овој документарец ќе бидат в петок, на 26 јануари во 19 часот во салата на Младинскиот културен центар во Крушево. Спомен-домот „Тодор Проески“ е меѓу најпосетуваните музеи. Досега го посетиле преку 1,1 милион гости од земјава, Балканот и од светот. Спомен-домот има 660 експонати врзани за животот и делото на Тоше Проески, главно дарувани од неговото семејство, а во моментот се изложени околу 350. Другите се чуваат во депото на Музејот и поставката се обновува со дел од нив. Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.]]>

Исполнета желбата на Тоше: Осветен манастирот Свето Преображение Господово во Крушево https://arhiva.vistina.com.mk/ispolneta-zhelbata-na-toshe-osveten-manastirot-sveto-preobrazhenie-gospodovo-vo-krushevo/ Mon, 25 Sep 2023 12:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319599

Манастирот после долги години градба ја достигна состојбата да биде осветен. А најзаслужен за подигањето на целиот манастирски комплекс е македонската музичка легенда Тоше Проески. Во присуство на голем број верници од Крушево и земјава осветувањето на манастирската црква го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Се претпоставува дека манастирот „Свето Преображение“ во близина на Крушево е изграден помеѓу 11 и 13 век, а потоа бил изгорен. Луѓето кои работеле на неговата доизградба велат дека никој од крушевци не знаел дека на тоа место има манастир, сè до седумдесетите години од минатиот век, кога Никола Проески, татко му на Тоше, заедно со ловџиите, наишле на темелите на светиот храм. Додека ја поминувале падината, наишле на една височинка во која било направено провизорно камарче од камења. Од едната страна имало стари пари, а од другата – место за палење свеќи. Никола, кој тогаш работел во стакларницата во Крушево, направил стаклен крст и го оставил како обележје на тоа свето место. Мештаните од село Селце кажуваа дека на празникот Преображение од тоа место навечер се појавува голема светлина која оди кон нивното село и кон Арилево. Тогаш откривме дека таму се темелите на „Свето Преображение“ – вели еден крушевец и дополнува дека според кажувањата Тоше Проески бил единственото дете на петгодишна возраст кое доаѓало кај манастирот и кое помагало. Во 1986 година крушевчани решиле да почнат со изградбата на манастирот. Невремето, непроодниот пат, височините, не биле пречка вљубениците во Бога и големите верници да придонесат во неговата изградба.]]>

Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево: Во негова чест вечерва ќе пеат Јелена Томашевиќ, Каролина, Бојан Маровиќ и многу други https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-so-ljubov-za-toshe-vo-krushevo-vo-negova-chest-vecherva-kje-peat-jelena-tomashevikj-karolina-bojan-marovikj-i-mnogu-drugi/ Wed, 05 Oct 2022 06:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270182

Под наслов „Со љубов за Тоше“ вечер од 19:00 часот на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, ќе се одржи концерт во спомен и сеќавање на големата наша и балканска музичка ѕвезда. Голем број негови пријатели и музичари ќе ги изведат неговите безвремени песни. Пред најавената многубројна публика и фановите на Тоше кои во Крушево ќе дојдат од цела земја, ќе настапат: Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Каролина Гочева, Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Јоце Панов, Омар Џафероски, како и солистите на НОБ Билјана Јосифов и Влатко Груески, во придружба на Камерниот оркестар на Битола и бендот на Тоше, кој се собра повторно во чест на Тоше. Настанот е во спомен на последниот концерт којшто Тоше го одржа во Скопје на 5 октомври 2007 година, пред неговото трагично загинување во сообраќајната несреќа на 16 октомври пред 15 години. Пред почеток на концертот изведувачите и солистите ќе положат цвеќе на гробот на Тоше. Организатор на концертот е Спомен-домот на Тоше, а е финансиски поддржан од Министерството за култура.]]>

„Со љубов за Тоше“: Концерт по повод 15 години од смртта на македонската музичка икона https://arhiva.vistina.com.mk/so-ljubov-za-toshe-koncert-po-povod-15-godini-od-smrtta-na-makedonskata-muzichka-ikona/ Fri, 30 Sep 2022 13:35:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269173

По повод 15 години од последниот, незаборавен концерт на Тоше Проески, Министерството за култура и Спомен куќата на Тоше го продолжуваат неговиот аманет и ветуваат незаборавен концерт на 5-ти октомври токму во неговото родно Крушево. Имено, на 5 октомври Крушево првпат ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен куќа на Гумење во Крушево, со почеток во 19 часот. дел од Концертот и Ѕвезденото небо за Тоше ќе бидат: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов. Тие ќе настапат во придружба на Камерниот оркестар на Битола, под водството на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше. Од крушево ги повикуваат сите фанови од Балканот, со своето присуство и со своите мобилни телефони да го збогатат Ѕвезденото небо за Тоше и да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен „Со љубов за Тоше“. Неговата љубов за сите нас сѐ уште трае и постои во секој негов стих и нота.]]>

Етносаем во Крушево во пресрет на Илинден https://arhiva.vistina.com.mk/etnosaem-vo-krushevo-vo-presret-na-ilinden/ Mon, 01 Aug 2022 12:10:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261167

Во пресрет на големиот празник Илинден, во Крушево, во домот на културата „Наум Наумоски Борче“ вечерва е отворен етно саем со ракотворби, ткаени постелнини и рачно изработени украси со традиционални крушевски везови. Саемот го претставува уникатниот изглед на куќите во еден историски момент по кој Крушево е познато. Етносаемот пригодно го отвори градоначалникот на Крушево Томе Христоски кој ја нагласи уникатната традиција која ја негуваат крушевчанки. -Етносаемот е потврда на богатата традиција во Крушево. Инаку, заедно со домот на култура „Наум Наумовски Борче” ја продолжуваме соработката и во моментов очекуваме одговор за финансирањето на реконструкцијата на објектот. Се надевам на позитивен фидбек за да можеме да ја зачуваме оваа зграда, вели Христоски. Извор:Курир.мк]]>

Со коњот Цезар до Крушево: Ели Апостоловска единствената жена на Илинденскиот марш https://arhiva.vistina.com.mk/so-konjot-cezar-do-krushevo-eli-apostolovska-edinstvenata-zena-na-ilindenskiot-marsh/ Sat, 30 Jul 2022 07:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261045

Ели Апостоловска (27) од Велес е единствената девојка која оваа година учествува на илинденскиот марш до Крушево, помеѓу 27 мажи. По професија e војник во Армијата. Воодушевена од илинденската коњаница која секоја година поминува низ Велес било инспирација таа да се пријави оваа година како учесник. „Секоја година коњаницата поминува низ Велес и тоа ми беше мојата животна желба која што сакав да си ја исполнам. Се надевам дека со ова ќе бидам поттик и за останатите да си ги исполнуваат своите животни желби, затоа што тоа треба да го прават сите во животот“, изјави Ели за Репортер. Низ историјата многу жени комитки и војвотки се отпеани во македонските народни песни, со што борбата за рамноправност започнала уште во минатото. Денес Ели е дел од толпа со повеќе мажи, но вели дека тоа не и пречи и е презадоволна од тоа како ја прифатиле. „Тие се сите супер луѓе, ние сме како едно семејство. Не би рекла дека ние жените немаме рамноправност, ние секогаш можеме да ги работиме работите кои што ги работат и мажите. Тоа не значи дека јас само затоа што сум жена не знам да јавам коњ или дека останатите жени не би требало да се пријават во иднина. Се надевам ќе бидам мотив да се пријават што повеќе жени следната година“, рече Ели. Патот до Крушево, Ели ќе го помине во друштво на нејзиниот коњ Цезар за кој вели дека ја засакал и дека е послушен. „Немав подготовки, бидејќи сум физички активна, спортувам со што мускулите ми се подготвени и навикнати за да можам да издржам“, рече Ели, единствената жена во илинденскиот марш. Ќе имаат неколку преноќувања, Скопје, Велес, село Теово. Комитската автентична облека која ја носи, ја носат само првиот ден кога тргнуваат за Крушево и последниот кога пристигнуваат на свеченоста за Илинден. Кога не е комитка, таа е војник. „Не размислував никогаш во животот дека ќе бидам жена војник. Имам завршено средно медицина. Едноставно ми се појави желба. Сакам предизвици и сфатив дека не се пронаоѓам во медицината, туку сакам нешто по борбено. Поради тоа се пријавив во Армија“, раскажа таа. Досега нема учествувано на воени мисии надвор од земјата, но постои амбицијата во иднина да замине во некоја земја. За тоа дали мажите имаат страв и гард кон жените кои носат униформа, Апостоловска вели: „Мажите мислам дека чувствуваат страв кога ќе видат жена војник. Мислат дека тоа асоцира на агресивност, ароганција. Едноставно се плашат покрај себе да имаат жената војник. Можам да кажам дека ние имаме повеќе самодоверба, отколку останатите затоа што градиме карактер на борбеност и дисциплина. Не би требало да се плашат од жена војник, би требало малку да размислат за тоа“, вели Апостоловска. За нив како жени во оваа професија има посебни правила и кодекси кои треба да ги почитуваат, во однос на шминка, нокти и фризура. „Имаме правила кои секогаш ги почитуваме и досега немало отстапки. Имаме кодекс на облекување и однесување. Сето тоа мораме да го почитуваме. Косите мора секогаш да ни бидат собрани, нокти не треба да имаме и да сме секогаш добро облечени како што ни налага униформата. Шминката може да е нежна, но никако нападна, открива Ели за тоа како е да се биде жена војник. Ќе дознаете ако го погледнете интервјуто ]]>

„Тој е во сите нас“: Пере Нокаут ја сподели својата традиција кон ликот и делото на Тоше Проески (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/toj-e-vo-site-nas-pere-nokaut-ja-spodeli-svojata-tradicija-kon-likot-i-deloto-na-toshe-proeski-foto/ Wed, 15 Jun 2022 07:17:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254347

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ – зборови кажани од нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески, големиот човек чиј лик и дело никогаш нема да отиде во заборав. За да се спомене Тоше и да се слуша неговата музика, не е потсебно тоа да биде денот на неговиот роденден или оној кобниот- Тоше е тука, меѓу нас, во срцата постојано... Дека тоа е така и за познатиот пејач од „Нокаут“, Никола Перевски, потврди со гестот и постапката со почит кон колегата Тоше која ја негува со години. -Имав огромна чест и задоволство лично да го познавам и да соработувам со Тоше на албумот "Ако ме погледнеш во очи" како композитор и пратечки вокали. Другар и колега, со искрена желба,визија и мисија да тргне и да го освои светот. Се уште во неверување дека повеќе не е меѓу нас, секоја година доаѓам да му оддадам почит и запалам свеќа на неговото вечно почивалиште и во манастирот св.Преображение со најголема почит. Во суштина, тој е во сите нас. Крушево абер пристигна. Мир божји – пишува Пере. Се гордееме како Македонци што го имавме и го имаме во нас, а тоа е чиста емоција полна љубов која беше неговиот примарен двигател. фото:Принтскрин Инстаграм фан Пејџ Тоше Проески/Фејсбук Никола Перевски]]>

Синот на Аки во Крушево: Кристијан Рахимовски ги посети гробот и спомен куќата на Тоше (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-aki-vo-krushevo-kristijan-rahimovski-gi-poseti-grobot-i-spomen-kukjata-na-toshe-foto/ Wed, 02 Feb 2022 07:48:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237176

Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатиот пејач Аки Рахимовски,  допатува во Македонија. Штом стапна на скопскиот аеродром како што самиот рече, пристигнал во земјата на неговото потекло, во татковината на неговиот татко, Аки: „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“! Дојде за да ја посети неговата тешко болна баба, за која неговиот татко Аки толку се грижеше до последниот ден од својот живот, но  и да го запознае поблиското и пошироко семејство, Скопје и Македонија, во кои неговиот татко израсна и ја започна својата музичка афирмација, се' додека подоцна не се вивна високо во естрадните височини во Загреб станувајчи познат, признат, ценет, сакан и популарен целиот регион на бивша Југославија. Кристијан вчера, 01 јануари 2022 во Крушево заедно со министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевскаго и крушевскиот градоначалник, Томе Христоски го посети гробот на и спомен куќата на Тоше Проески. „Со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и синот на покојниот Аки Ракимовски во посета на спомен куќата „Тодор Проески“. Заедно положивме свеќе на гробното место на Тоше и оддадовме почит на големиот пејач, а не изоставивме да поразговараме и за Аки Ракимовски кој го почитуваше нашиот Тоше и постхумно посвети неколку песни“, напиша меѓудругото Христовски на Фејсбук. Кристијан, кој и самиот музичар, ги запозна министерката и крушевскиот градоначалник со својата професионална кариера, која, како што рече тој, е под силно влијание од неговиот  татко. Во татковината на Аки, Кристијан доаѓа по 35 години, и освен во Крушево, престојува и во Скопје, запознавајќи ги градот и улиците од детството на неговиот татко, како и неговите пријатели. Министерката Костадиновска-Стојчевска  изрази жалење за смртта на Аки и порача дека тој и неговиот „Парни ваљак“ одамна го пробија патот до незаборавот. Таа додаде дека нашата држава секогаш ќе биде благодарна и ќе ја негува почитта кон неговото дело и кон сето она што тој со својата енергија и полудецениската кариера го направи за промоција на културата на нашата држава и на македонската музика. „Крушево, 1 февруари 2022 година -  Македонија вчера на свој начин му оддаде почит на никогаш непрежалениот „македонски славеј“  - Тоше Проески (кој на 25 јануари ќе го прославеше својот 41 роденден, а почина на 16 октомври. 2007 година). Имено, дојдов на иницијатива и на покана на министерската за култура на Република С. Македонија  и градоначалникот на Крушево  да ја посетиме спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и таму да запалиме свеќи за никогаш непрежалените (над) национлен музички херој. Во интимна и многу достоинствена атмосфера, со молитви на гробот на Тоше, заедно се потсетивме на ликот и делата на вистински музички великан од нашите краишта, кого со години и години ќе го славиме и оплакуваме слушајќи и пеејќи ги неговите песни. Овој крајно неочекуван гест на министерот за култура на  Македонија - дека по само неколку дена откако се простив во Алејата на великаните во загребски Мирогој и го погребав мојот единствен „татко“ - особено ме трогна веста која ја дознав при посетата: дека веќе постои иницијатива да се именува една улица во Скопје, главниот град на Македонија по името на татко ми. Затоа, во име на целото семејство Рахимовски, сакам да им се заблагодарам на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и на Република С. Македонија за оваа исклучителна чест“ - напиша на својот инстаграм профил синот на Аки, Кристијан Кики Рахимовски за кого многумина веќе тврдт и очекуваат, дека токму тој ќе го замени неговиот татко на местото пејач во „Парни Ваљак“?!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/kiki_rahimovski/Томе Христоски/Danela Arsovska]]>

Маријан Стојаноски направи црковна венчавка: Невестата лани бремена пред матичар, годинава бремена пред олтар… овој пат со второ дете (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marijan-stojanoski-napravi-crkovna-venchavka-nevestata-lani-bremena-pred-matichar-godinava-bremena-pred-oltar-ovoj-pat-so-vtoro-dete-foto/ Fri, 23 Jul 2021 07:09:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212222

Некогашниот македонски поп пејач Маријан Стојаноски по втор пат ја направи истата работа... Или поточно - две! Откако лани, во јуни 2020 година  се венчаше пред матичар со тогаш „до заби“ бремената свршеница, сега негова сопруга, Наташа Каранџулоска, сега истото го направи во црква пред олтарот и попот и тоа во родното Крушево. Маријан Стојаноски и официјално е женет човек, а наскоро ќе стане и татко (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Кумовите исто така позната двојка во јавноста, долгогодишната ТВ водителката на скопската МТМ телевизија, Андријана Стојческа и колегата на младоженецот од МОБ, оперскиот тенор Никола Стојчески. Второто „брачно полувреме“ на некогашниот поп пејач, сега вработен во Македонската Опера и Балет како оперски пејач и русокосата охриѓанка наликува на првото, зашто во меѓувреме двојката станаа родители откако кусо по регистрацијата ја добија ќеркичата Вероника, која неодамна наполни една година. Имено, ако лани невестата бремена застана пред матичар, годинава бремена застана пред поп и олтар... Само овој пат со второ дете. Нараснатиот труднички стомак покажува дека Мријан и Наташа одново чекаат принова, па по втор пат ќе станат и родители. Дали заради  корона пандемијата и свадбените рестрикции за прослави и  собирања несакајќи  ја востановија оваа чудна пракса, пред секое ново чедо да им дојде на свет да има свадбена церемонија или едноставно така им дошло? Така мораа или така сакаа? -  прашање на кое само тие двајца си го знаат одговорот. Но ако е веќе така, прашање е што церемоинија ќе биде ако решат да одат или „случајно се случи“ трето дете? Малата Вероника не ќе можат да ја крштеваат, зашто тоа веќе го направија воедно со црковната венчавка. Ама затоа можеби ќе можат идниот член на семејството? Одговорот нека му го мислат „пред Бога заколнатите на вечност“ тазе младенци и родители, а од нас... Честитики и нека е за многу години. И венчавката и крштевката и кумството и идната принова! Фото: Фејсбук принтскрин/Marijan Stojanoski