крунослав киќо слабинац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Nov 2020 10:38:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крунослав киќо слабинац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина познатиот југословенски пејач Киќо Слабинац https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-jugoslovenski-pejach-kikjo-slabinac/ Fri, 13 Nov 2020 10:08:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175974

Почина Крунослав Киќо Слабинац (76). Музичарот починал утрово во 6,50 часот во болничката соба во КБЦ во Загреб, каде лежеше три месеци. Киќо заврши во болница на почетокот на август поради коронарна болест  на крвните садови. И покрај успешната процедура, при што му беа вградени три бајпаси, неговото закрепнување  се одвивало комплицирано, бидејќи раната на градите не му зараснувала правилно. Славонскиот музичар има направено уште неколку операции во последните месеци, и иако неговите роднини се надевале дека ќе се подобри, лекарите постојано ги подготвувле за најлошото. Зад себе сега веќе покојниот пејач ги остави синовите Павао (41) и Иван (39), пријателите и бројните обожаватели. Крунослав Киќо Слабинац, најпрвин започнал да свири тамбура и глуми во театарот за деца во основно училиште, а подоцна се прослави со песните „Сеоска сам лола“ и „Сватовац“. Тој минатата година прослави 50 години од неговата успешна соло кариера. Пееше сè живо, од рок ен рол до беќарац. Веќе на 15-годишна возраст, младиот Слабинац, под влијание на музиката на Елвис Присли, ја заменил тамбуразата со гитара, а во музичкото училиште научил да свири класична музика на гитара, што всушност не му се допаѓала. Со своите пријатели, млади луѓе од Осијек, тој ја основал рок групата „Торнадо“, потоа „Кон Тики“ и во 1964 година популарните „Динамити“. Сепак, поради повикот во војска, „Динамити“ се распаѓаат и по враќањето од армијата, Киќо се сели од Осијек во Загреб каде започнува со соло кариера. Неговата соло кариера започнала кога 24-годишникот ќе настапи во шоуто „Саботна вечер“ во кое млади таленти ќе се борат за своето место под ѕвезденото небо. Киќо  во таа телевизиска емисија ја отпеал авторската песна „Русокоса“, која веднаш станува хит. https://www.youtube.com/watch?v=mg8zFj6Brac А потоа имал настапи на фестивалите Опатија, Скопје и Сплит (каде ќе победи во 1969 година со песната „Цвет на копнежот“). Во 1971 година тој настапи на Евровизија со песната на Ивица Крајаќ „Твоето момче е тажно“ и го освои 14-то место. „Пласманот и не беше многу за паметење, но љубителите на Евросонг велат дека тоа е композиција и изведба што може да се рангира меѓу најдобрите евровизиски продукции на сите времиња - рече Киќо, автор на  евергрините  „Подари ми еден ден“ и „Три слатки зборови“, посочувајќи дека порано внимателно се одбирало што ќе се емитува. „На првите фестивали на кои настапив, пеев со музички великани како Вице Вуков или Арсен Дедиќ и покрај нив бев помал од афионово зрно, толку многу ги почитував. За мене беше голема чест што можев да пеам на иста сцена со нив“ - ќе рече прд неколку години Киќо, чии млади идоли биле Елвис Присли и Том Џонс. Тој бил горд што соработувал со композитори како Драго Бритвиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Арсен Дедиќ, Зденко Руњиќ во текот на целата негова кариера. Помалку е познато дека најпрво нему му било понудено да ја отпее легендарната „Скалинада“, но тогашниот продуцент на Киќо ја одбил песната која  потоа ја отпеа на Сплитскиот фестивал големиот пријател на Киќ, легендарниот Оливер Драгојевиќ. Македонската публикаго помни Киќо и по учеството на нашиот престижен фестивал „Макфест“ во Штип, каде во 1988 година и победи. Да се потсетиме, тој ги испеа прекрасни композиции  „Летај ми летај гулабе“ и „Не враќај се не буди ме“.
„Због једне дивне црне жене“ е сепак евергринот по кој сите ќе го паметат, вечната вонвременска балада која остана непревазидена и се спее со години од најразлични генерации изведувачи.
https://www.youtube.com/watch?v=n1LIrn6yZ_c]]>