кртови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 04 Aug 2018 09:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кртови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Блузот кај нас продолжува да живее со… The Mole Pack – „Gamblin’ Man“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bluzot-kaj-nas-prodolzuva-da-zivee-so-the-mole-pack-gamblin-man-video/ Sat, 04 Aug 2018 08:59:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41514

Нов бран на музички креации е во подем од новосоздадениот авторски бенд „Мол-пек“ (The Mole Pack). Бендот штотуку го сними својот прв албум „Gambling Man“, кој е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години. Албумот се состои од девет песни во кои покрај блуз и рок има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри-влијание.
„Нè собра Димитар, кој е веќе долго време блуз-фанатик, и го напиша целиот материјал за албумот. Пред сè, сите ние сме блиски пријатели, па музичката конекција и разбирање дојдoa природно“, вели Александар Ѓорѓиески, главниот вокал на бендот.
‘Рбетот на бендот се состои од: Димитар Даневски (ритам и соло-гитара), Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника), Теодор Бошков (бас-гитара) и Глигор “Гишо” Динев (тапани). Пријатели и музичари кои имаат значајна улога и го комплетираат чопорот се: Дарко Стојоски (ритам и соло-гитара), Златко Андријевски (ритам и соло-гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура) и други блиски пријатели.
Имено, името на бендот има пошироко значење и цел. Кртот (mole) е животно кое e речиси слепо. Недостигот на вид го компензира потпирајќи се на неговите чувства, инстинкти и интуиција. Преку аналогија, членовите на бендот мислат дека луѓето би требалo повеќе да им веруваат на нивните чувства, односно слушање на своето „внатрешно јас“, со цел да го збогатат сопствениот дух и да се задoволат сопствените интереси и желби без страв од неуспех. Следењето на интуицијата и инстинктите би можеле да помогнат во излегување од секојдневната рутина на модерниот живот. Kако звучи и изгледа првиот сингл и видеото за насловната тема на албумот „Gamblin’ Man“,  на младите „блуз кртови“,  дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=104&v=7Zwo9KFYggA Извор:РадиоМК]]>