Кросроуд блуз бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Nov 2023 11:58:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Кросроуд блуз бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога таа ќе блесне, блеска како дијамант: Александра Трајчевска е новата македонска поп-рок ѕвезда… што се раѓа (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-taa-ke-blesne-bleska-kako-dijamant-aleksandra-trajchevska-e-novata-makedonska-pop-rok-zvezda-shto-se-raga-foto-video/ Thu, 09 Nov 2023 10:20:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326107

Годинешното издание на фестивалот „Макфест 2023“ годинава донесе мноштво музички освежувања, нов бран, нов естраден ветерн кој некои нови деца го вдахнаа на македонската музичка сцена. Долго по заврпшувањето на „Макфест“ наголемо сe зборува дека најголемите годинешни хитови токму ги донесе младата гарда изведувачи чии песни се промовираат зашто навистина не само што г привлекоа на прва, туку и го задржаа вниманието како кај публиката, новинарите и кај целокупната македонска јавност. „Блу“, Тијана Периќ, Драгана Јовановска, Џокер, Бони, Теона, Јасмин, Марија, Малена... несомнено се свежата крв вбризгана во македонското поп-рок, ар ен би, трап... или какво и да е жанровски музичко ткиво, но една млада дама несомнено отскокнува со сето она што го поседува. Александра Трајческа   беше една од оние кои ја оставија публиката без зборови... И сво својот божествен вокал, ангелски изглед, ненаметлив, а толку впечатлив имиџ, зрело сценско однесување, сигурен настап... Едноставно црвенокосата прилепчанка беше и онаа - убавата, оргиналната, талентираната, емотивната... речиси совршената на сцената на домот на културата во макфестовски Штип. Александра со својата композиција „Не сакам“, комплетно дело на композиторката Ана Пандевска, ја освои и штипската публика и ТВ гледачите на МРТВ и жири-комисијата за да се најде и на втортата ревијална макфестовска вечер! „Прекрасна публика, совршена организација и преубава сценографија. Задоволна сум од тоа како ја изнесов песната и благодарна сум на штипската публика која како публика со изграден музички вкус ме награди со своите гласови, и се разбира на луѓето од  фестивалотза пружената можност. Слушнете ја мојата песна и пишете ги вашите впечатоци. Вашата поддршка за мене значи непроценлив поттик. Ви благодарам од срце“ - кажа младата пејачка. Иако пее од мали нозе, уште со појавата на детските фестивали станува јасно дека малечката е повеќе од обичен талент. Како течат годините со учеството на некои од локалните натпревари на музички таленти и помалку или повеќе познатите домашни и интернационални фестивали, сега веќе 19 годишната Александра покажува дека каде и да се појави извесно е дека ќе победи. Првите места и паричните награди на „Заблескај“ или „Езерски бисери“ само ја „подотворија школката во која лежи музичкиот бисер“ огледан во младата прилепчанка која одново заблеска на последниот Макфест 2023. А кога таа ќе блесне, блеска како дијамант, зашто Александра Трајчевска е несомнено новата македонска поп-рок ѕвезда што се раѓа. Таа во Прилеп и прилепските кругови е позната како силен и моќен вокал и членка на една од најпознатите македонски блуз групи, реоформените - „Crossroad Blues Band Reloaded“  предводени од еден од најдобрите гитаристи не само во Македонија, туку и пошироко, Давид Нешкоски. Александра вокал кој што може да ја отпее речиси секоја песна, од кој и да е жанр, иако очигледно, џезот, блузот и рокот најмногу и лежат. Во продолжение, погледнете го нејзиниот настапот од втората ревијална макфестовска вечер каде Александра повторно ја отпеа својата „Не сакам“. Фото: Фејсбук/Aleksandra Trajceska и Инстаграм/alexcheska Видео: Јутјуб]]>

„Кросроуд блуз бенд“ ќе одбележи 25 години постоење со концерт во скопскиот клуб „Маракана“ https://arhiva.vistina.com.mk/krosroud-bluz-bend-kje-odbelezi-25-godini-postoenje-so-koncert-vo-skopskiot-klub-marakana/ Sun, 04 Dec 2022 13:55:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278284

Една од најстарите домашни блуз групи „Кросроуд блуз бенд“ ќе одбележи 25 години постоење со концерт во скопскиот клуб „Маракана“ на 7 декември. Настанот е своевидно продолжение на годинашната програма на Котон блуз фестивал.

Организаторите велат дека концертот не е замислен како директна посвета на покојниот фронтмен Александар Дворчанец, попознат како Сале Блузмен, кој почина пред четири години, туку ќе се слави севкупната историја на групата, која има објавено три албуми.

На останатите членови на групата на сцената ќе им се придружат и гости, при што се најавени Сашо Гигов-Гиш, Гуру Харе и Петар Ренџов. Влезот ќе биде слободен.

]]>