кроација рекордс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 10:53:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кроација рекордс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пладневно матине на македонските новинари со Јурица Паѓен https://arhiva.vistina.com.mk/pladnevno-matine-so-juritsa-pagen/ Thu, 22 Feb 2024 10:52:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339758

Овој петок, 23-ти февруари 2024 во Градска кафеана Пелистер, од 11.45 до 12.45 часот Croatia Records Makedonija Ве поканува на пладневно матине со Јурица Паѓен, фронтмен на легендарниот загребски состав „Аеродром“ и некогашен повремен член на култната „Азра“ на Џони Штулиќ.

На средба со новинарите ќе бидат претставени двете актуелни изданија на Јура и „Аеродром“, објавени под етикета на Croatia Records – студискиот албум „Дневни ритуали“ и колекција хитови „Greatest Hits Collection“.

Јурица Паѓен на музичката сцена е повеќе од 50 години. Членувал во „Група 220“, „Парни ваљак“, „Азра“..., бил дел од „Севдах шатл бенд“ на Џони Штулиќ, снимил неколку соло-албуми, соработувал со многу музичари од регионот..., но главниот дел од кариерата и го посветил на групата „Аеродром“. Ги паметиме хитовите – „Фратело“, „Обична љубавна пјесма“, „Дигни ме високо“, „Стави праву ствар на право мјесто“, „Што си у каву ставила“...

Голем пријател на групата „Леб и сол“, уште од осумдесеттите, кога служел војска во Скопје, Паѓен ќе не потсети на убавите времиња во градот во кој го поминал дел од својот живот, а на 24-ти февруари во сабота ќе настапи на концертниот спектакл „Памтим само сретне дане“ во Македонска филхармонија.

]]>

Кристијан Кики Рахимовски на прес матине со македонските медиуми: „Не сакав да влезам во чевлите на татко ми Аки, кој мислам дека би се согласил со ваквиот мој избор“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristijan-kiki-rahimovski-na-pres-matine-so-makedonskite-mediumi-ne-sakav-da-vlezam-vo-chevlite-na-tatko-mi-aki-koj-mislam-deka-bi-se-soglasil-so-vakviot-moj-izbor-foto/ Thu, 28 Dec 2023 10:12:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332767

Кристијан Кики Рахимовски, синот на легендарниот Аки Рахимовски вчера, среда 27.12.2023 година беше во посета на Скопје. Неговото доаѓање имаше два повода. Првиот, во името на неговит покоен татко да ја прими награда во вид на статуетка за особен придонес и заслуги во афирмирањето на Македонија, која на Аки постхумно му ја додели  Македонскиот олимписки комитет (МОК), а втораиот работната дружба со претставниците на македонските медиуми, која се одржа точно напладне во градската кафеана „Пелистер“ во Скопје . На ова своевидно ПРЕСС матине со естрадните новинари, наследникот на лозата на Рахимовски првично ја претстави својата нова песна  „Киша је падала“, која заедно со баладата „Сузе небеске“, со која настапи на фестивалот „Белградска пролет“ ќе се најде на неговиот нов албум, што е во подготовка, а ќе излезе под етиката на „Кроација рекордс“ чија скопска испостава предводена од новинарот Иван Беќковиќ беше и организтор на настанот. Но, Кики не зборуваше само за својата кариера, идните планови, новиот албум... туку ја обзнани и соработката сдо неговиот сега веќе официјален менаџер, проверениот стар лисец Саша Драгиќ, кој воедно е и музички автор, како и самиот Кики. Драгиќ кој исто така беше дел од ова ПРЕСС матине, ги кажа своите гледања, размислувања и идни планови поврзани со соработката со Кристијан Рахимовски, но, не ветувајќи „кули и планини“ зашто  како што самиот истакна: „Ако сакаш да го исполниш ветеното и повеќе од што си ветил, во старт не ветувај ништо или барем не многу“ - како што вели една стара мудра изрека. Кики Рахимовски во разговорот со новинарите одговараше и на нивните прашања, во кои допре повеќе теми од неговиот живот, кариерата, односите со неговиот покоен татко, посетите на Македонија...   Евоцираше спомени на Тоше, на советите од татко му Аки, на тоа кога и како „стариот“ му признал дека сега навистина станал пејач... „Татко ми не веруваше во самиот старт во мене иако јас бев упорен. Нему му стана јасно дека пеењето ќе ми биде животна определба како и нему откако почанав да постигнувам успеси. Но, дури по мојата фестивалска победа во 2016-та ми рече: 'Е сега можам слободно да заминам, ти стана пејач'. Понекогаш знаеше да каже дека јас имам дури и поголема дарба од него, бидејќи ете, Бог ми дал и глас, но и талент самиот да си ги создавам своите песни, додека тој само пее“ - раскажа Кики. Хрватскиот пејач со македонска крв во вените зборуваше и за семејството, за големиот бенд кој го прослави татко му - „Парни ваљак“ и релециите со неговите членови по заминувањето на Аки... „Притисокот од јавноста и медиумите беше огромен... Многумина очекуваа и велеа деке е логично токму јас да бидам новиот пејач на „Парни ваљак“, но тоа не се случи затоа што јас тоа и не го сакав, бидејќи имам свој пат по кој чекорам. Не сакав да обувам туѓи чевли, особено не оние од татко ми. Мислам дека и тој би се согласил со ваквиот мој избор. Затоа настапив со бендот само на двата концерти во загрепска Арена во чест на татко ми Аки. Тоа беа тешки моменти, имаше и солзи, но никогаш тоа не го сфатив како натпревар, за тоа кој ќе биде новиот пејач на групата“ – се присети Кики, додека Саша Драгиќ засега најави само помали свирки, со по неколку песни и промоција на новата песна „Киша је падала“ со гостувања во Загреб, Белград, Сараево, Подгорица… и секако во Скопје. Фото: Приватна архива]]>

Иван Кукиќ со „Балада за една љубов“ на два фронта: Во триото на Влатко Стефановски и по стапките на н еговите родители Ленче и Горан (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-kukikj-so-balada-za-edna-ljubov-na-dva-fronta-vo-trioto-na-vlatko-stefanovski-i-po-stapkite-na-n-egovite-roditeli-lenche-i-goran-video/ Tue, 06 Dec 2022 09:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278793

Мултиинструменталистот, член на триото на Влатко Стефановски и син на македонските фолк легенди, брачниот пар Ленче и Горан Кукиќ, младиот Иван Кукиќ го објави својот деби сингл „Балада о једној љубави“ („Балада за една љубов“) со кој ја започнува и својата пејачка соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција која беше многу пофалена на нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“. Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее, што го прави одреден вид мултиталентиран  мултиинструменталист и врвен музичар. “Мојот живот е музика, а музиката прави чуда. Затоа ја сакам, и од кога се сеќавам, никогаш не размислував за тоа што ќе бидам во животот и дали би се занимавал со нешто друго освен со музиката. Снимањето на оваа песна беше прекрасно дружење. Сите сме задоволни и верувам дека публиката ќе го препознае тоа“, изјави младиот музичар. Иван неодамна потпиша договор со најголемата и најпозната издавачка куќа во региот - „кроација рекордс“, за која во 2023 година треба да го издаде својот прв солистички албум. На албумот ќе се најдат инструментални и вокални теми, испеани на српски/ хрватски и македонски јазик. Музиката за првиот пилот сингл „Балада за една љубов“ ја напиша Иван, текстот е на Стефан Илиќ, а обајцата заеднички се погрижиле за аранжманот на песната. Ѓорѓи Вацев и Георги Концалиев се заслужни за одличното видео во кое главниот лик е Кукиќ, а покрај Иван, во него учествуваат и Елена Донева и Љубомир Митровски. Иако е многу млад, Иван веќе свирел низ регионот, но и на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и турнеја низ Франција. Очекувањата од Иван се големи, но нема сомнеж дека ќе ги оствари со посветеноста кон музиката  и наследениот талент окој го поседува од родителите. Во продолжение погледнете го видеото за неговиот  деби сингл „Балада за една љубов“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Код 369“ ќе го исполни вашиот свет со љубов и надеж во ноќната тишина, под светлоста на полната – „М(ј)есечина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kod-369-kje-go-ispolni-vashiot-svet-so-ljubov-i-nadez-vo-nokjnata-tishina-pod-svetlosta-na-polnata-m-j-esechina-video/ Wed, 30 Nov 2022 09:24:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277908

Членовите на  “Кoд 369“ уште еднаш ги воодушевиja слушателите со свите авангардни идеи со комерцијален призвук со темата  „Мјесечина“ која всушност е вториот сингл на македонскиот бенд, издаден на хрватски јазик за „Кроација рекордс. Видеото во продукција на Енкор (Encore Media Production) и Дејан Трајчевски јасно ја пренесува мистичната атмосфера на месечева ноќ во која доминира вокалот и појавата на атрактивната фронтменката на групата Ирена Димовска. Текстот за песната го напиша пејачката Ирена Димовска, музиката е на Даниел Митревски, а за аранжманот покрај Митревски се задолжени Иле Лулевски и Коста Стеваноски. Групата „Код 369“ инаку е логично продолжение на долгогодишните музички активности на членовите на битолските „Памперс“, а во овој проект тие во својата музика внесуваат нов музички момент на фанк, џез и класични инструментализации, кои го вткале во препознатлива рок база. КОД 369 е формиран во 2020 година. Членови на бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). Нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музиката, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардни идеи на првите категории и прифатливоста на другата. Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечка сила кон најдоброто во себе – порачуваат од „Кроација рекордс“, чии ексклузивци битлските рок уметници стнаа неодмна, потпишувајќи петгодишен договор со оваа издавачка куќа. „Пред се соработката со Кроација Рекордс за нас претставува една голема чест. Да се биде во друштво со врвните музичари од регионот е признание за нашата долгогодишна работа како автори и изведувачи. Воедно ова за нас е и еден вид благослов, продолжување на успесите кои уште на почетокот ги направивме, а тука мислам пред се на големиот број на музички видеа кои се вртеа на Ем-Ти – Ви Адриа, првите места на топ листите, како и многубројните фестивали чии гости бевме“ - ќе изјави вокалот на групата Ирена Димовска. За најпознатата издавачка куќа на Балканот тие неодамна го издадоа и својот дебитантски албум „Stages of Love“. Уживајте во музиката на новиот сингл на „КОД 369“  кои ќе го исполнат вашиот свет со љубов и надеж во ноќната тишина, под светлоста на полната - „М(ј)есечина“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Деби албумот „Stages of Love“ на битолскиот бенд „CODE 369“ во издание на „Кроација рекордс“ https://arhiva.vistina.com.mk/debi-albumot-stages-of-love-na-bitolskiot-bend-code-369-vo-izdanie-na-kroacija-rekords/ Tue, 30 Aug 2022 10:27:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264639

Битолскиот состав „CODE 369“ викендов настапи во Славонски Брод, во рамките на традиционалниот Славонија фест – CMC 200.

На градската тврдина Брод тие во живо го промовираа својот деби-албум „Stages of Love“, објавен под закрилата на најголемата регионална издавачка куќа „Кроација Рекордс“,

Пред фестивалот, на конференција за медиумите, заедно со уште неколку регионални состави, тие пред новинарите дојдени за фестивалот го представија своето првенче.

Албумот „Stages of Love“ содржи дванаесет песни, и тоа е првиот албум што го создадоа и снимија под името „CODE 369“ (КОД 369). Нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музиката, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардни идеи на првите категории и прифатливоста на другата.

Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечка сила кон најдоброто во себе – порачуваат од „Кроација Рекордс“.CODE 369“ е македонски бенд од Битола, формиран во 2020 година. Тие се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на „Памперс“: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали) и Иле Лулевски (тапани, придружни вокали).

Во музиката на „CODE 369“ се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации, кои проткајуваат во препознатливата рок-основа и влијанија на современата музика во домен на поп и рок.„Добиваме навистина убави реакции од публиката за нашите песни, тие го сакаат тоа што го компонираме и нашата музика ја прифатија како своја. Уживаат да не слушаат и тоа е нашата омилена награда“, изјавува пејачката на бендот, Ирена Димовска.

Летово, пред сите овие случувања, „CODE 369“ потпиша петгодишен ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“. На нивната работна посета во Загреб тие го снимија и првиот сингл на хрватски јазик, со наслов „Права љубав“.

Кинотека и „Croatia Records“ во јули подготвуваат интересна музичка програма https://arhiva.vistina.com.mk/kinoteka-i-croatia-records-vo-juli-podgotvuvaat-interesna-muzichka-programa/ Mon, 21 Jun 2021 12:54:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207752

Кинотека на Република Македонија во соработка со „Croatia Records“, најголемата дискографска куќа во регионот, за сите кои во месец јули ќе бидат во Скопје, подготвуваат интересна музичка програма, како освежување за летните горештини. Имено, додека животот по пандемијата полека се враќа во нормала, и додека се чекаат големите музички случувања „во живо“, Кинотека и „Croatia Records“ од 1 јули, па секој следен четврток во седмиот месец тековната година, на летната сцена на Кинотека, во летното кино „Мирно лето“, ќе прикажат по еден концерт од богатата BLU RAY програма на дискографскиот гигант, кои, според сензибилитетот одговараат на местото и на времето. Така, според распоредот, на 1 јули ќе биде емитуван концертот на Влатко Стефановски – Live at Lisinski, од 17 април 2018 г., кога во Загреб беше промовиран неговиот албум „Мајчин јазик“. Таа волшебна вечер гостите на Влатко беа Љубојна, Хојсак & Новосел и единствената Јосипа Лисац.

Токму Јосипа Лисац ќе биде главната ѕвезда на програмата „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, веќе на 8 јули, кога ќе биде емитуван концертот Јосипа Лисац from Croatia Records Studio – „…ту у мојој души станујеш…“, кој големата дива му го посвети на нејзиниот легендарен сопруг Карло Метикош. Концертот беше реализиран во студиото на „Croatia Records“ во Загреб на 30 октомври 2018 година.

На 15 јули во Кинотека ќе биде емитуван концертот на Раде Шербеџија и неговиот Западни колодвор бенд, одржан во Хрватско народно казалиште во Загреб, а една недела подоцна – на 22. јули во програмата е впишан концертот на Амира Медуњанин во пулска Арена, снимен на 3 август 2018 г.

За самиот крај на зацртаната програма, на 29 јули ќе биде прикажан концертот на музичкиот волшебник J.R. August – Live in Hrvatski Glazbeni Zavod.

Станува збор за концерт на музичката сензација на годината во Хрватска, човекот кој освои три музички награди Порин, вклучувајќи ја и онаа за албум на годината, со што стана прв лауреат во Хрватска кој освои награда за најдобар албум, иако албумот не беше на хрватски, туку на англиски јазик.

На концертот во Hrvatski Glazbeni Zavod, кој ќе биде емитуван во Кинотека – J.R. August го промовира токму наградуваниот албум „Dangerous Waters“.

Сите концерти се снимени со врвна аудио и видео опрема, па гледање на истите претставува вистинско доживување за сите сетила, што овој пат ќе биде привилегија за македонската публика.

Сите детали врзани за Концерти во Кинотека… (тајминг за стартот, алтернативниот простор доколку заврне…), ќе бидат објавени дополнително.

Се појави првиот дел од документарниот филм: „Нови вал – 40 година након“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-pojavi-prviot-del-od-dokumentarniot-film-novi-val-40-godina-nakon-video/ Tue, 02 Feb 2021 12:38:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187883

Кроација рекордс во годината во која се слави 40 години од Новиот бран покрај 4 луксузни винил реизданија, во соработка со CMC телевизија сними документарен филм под наслов: „Нови вал – 40 година након“. После телевизиската премиера документарецот во делови ќе биде објавен на стриминг сервисите. Споменатиот комплет винил изданија е составен од пакет аранжман од „Шарло акробата“, „Електричен оргазам“ и „Идоли“, а поединечно се објавени првите воедно истоимени албуми на „Електричен оргазам“ и „Хаустор“ но и единствениот албум на „Шарло акробата“ (Bistriji ili tuplji čovek biva kad…). Во продолжение погледнете го првиот дел од „Нови вал – 40 година након“. https://www.youtube.com/watch?v=HlbZbthZ_Jk&feature=emb_logo]]>

По повод 40 години од „Новиот бран“: Претпродажба на екслузивни винили https://arhiva.vistina.com.mk/po-povod-40-godini-od-noviot-bran-pretprodazba-na-eksluzivni-vinili/ Thu, 14 Jan 2021 13:55:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185253

Како што беше најавено, Кроација рекордс започна со нарачки за винили преку својата веб-продавница како дел од прославата на 40 години од Новиот бран. Засега се достапни претходни нарачки на Пакет аранжманот од единствениот албум на „Шарло акробата“ (Bistriji ili tuplji čovek biva kad…) и првиот воедно истоимен албум на „Електричен оргазам“. Цената на секој винил е 149 куни, а во официјална продажба ќе се најде од 22-ри јануари. За клиенти од Србија, пред-нарачки ќе бидат можни и на веб-продавницата Југотон-Кроација Рекордс. Од 22 јануари ќе бидат достапни претходни нарачки за повторно издавање на винил на првиот (истоимен) албум на „Хаустор“, кој ќе се најде во продажба од 23-ти февруари. Што се однесува до ексклузивната содржина, сите реизданија на винил доаѓаат во богато спакувана gatefold обвивка во која покрај винил во разни бои, има и дополнителна содржина, разговори со членови на бендот во живо, продуценти, инженери за звук, менаџери, музички критичари, новинари и други актери на тогашниот нов бран. сцена. Покрај тоа, има ретки фотографии, извадоци од списанија и никогаш досега објавениот дел од архивата на Југотон / Кроација рекордс, поврзани со овие изданија. Сите албуми имаат картичка за преземање за преземање на mp3 верзијата на песните што преработени од оригиналните касети во студиото Кроација Рекордс.]]>

Влатко Стефановски го најави новиот албум со пилот синглот – „Огледало“… на душата (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-go-najavi-noviot-album-so-pilot-singlot-ogledalo-na-dushata-video/ Sat, 14 Nov 2020 10:53:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176117

Македонската гитарска легенда, музичар и композитор Влатко Стефановски  вчера, петок 13 ноември 2020 година  ја промовираше темата „Огледало”, новата песна како пилот сингл од најавениот нов албум на Стефановски. Албумот „Taftalidze shuffle” e во издание на  „Кроација рекордс“, a во продажба ќе излезе една недела подоцна или поточно на 20-ти ноември. Новиот албумот го доби името по скопската населбата Тафталиџе во која  Влатко со своето семејство живее  со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио „Езотерија” во кое и е сниман овој албум. Разбирливо, комплетен автор на „Огледало“ е самиот Влатко (музика, текст, аранжман), а песната е визуелизрана со интерсно лирик видео, проткаено со природни пејсажи, природни убавини како синоним за женската убавина, но и и убавината на душата која се огледува во погледот како во огледало, додека чекор по чекор, миг по миг, времето и животот неизоставно минуваат. Симболика која мошне интилигентно и ненаметливо е вткајан и вклопена како своевидна симбиоза помеѓу музиката, визурата и испишаните стихови на темата „Огледало“, за која визуелизацијата ја потпишуваат од „CroRec Digital“. Во нетрпеливо очекување да ги слушнеме и останатите песни од новиот албум на Влатко Стефановски - „Taftalidze shuffle”, премиерно проследете ја најавната тема „Огледало“. https://www.youtube.com/watch?v=f21lVGtLaas&feature=emb_logo]]>

„Авалон“ со „Југотон нова плоча“ во заеднички потфат со „Кроација рекордс“ https://arhiva.vistina.com.mk/avalon-so-jugoton-nova-plocha-vo-zaednichki-potfat-so-kroacija-rekords/ Tue, 16 Jul 2019 12:08:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97908

„Авалон“ го најави новиот заеднички потфат со хрватските колеги од „Кроација рекордс“, која е една од водечките издавачки куќи во регионот. Станува збор за првата музичка продавница на „Авалон“ во Македонија, со досега невиден квалитет и концепт на работа на овие простори, велат од продукцијата. Продавницата „Југотон нова плоча“ се наоѓа во срцето на градот, во ГТЦ (веднаш до поранешниот дуќан на „Пола Југотон“) и во моментов работи како продажно место за билети на „Авалон“, а големото отворање е закажано за 17 септември.