крива сум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Feb 2020 14:02:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крива сум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа Гиговска меѓу гревот и покајанието во љубовната балада – „Крива сум“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-megju-grevot-i-pokajanieto-vo-ljubovnata-balada-kriva-sum-video/ Mon, 10 Feb 2020 14:02:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133503

„Крива сум“ е насловот на најновото музичко остварување на Антониа Гиговска. Најавуваната песна и видеоспот денес беа премиерно пуштени во етерот, а според она што може да се преслуша и види се работи за уште една моќна балада на младата македонска пејачка. Очигледно Дарко Димитров кој се потпишува како композитор се потрудил да направи уште една одлична тема, која почнувајќи тивко и ненаметливо, полека и музички и аранжмански да прерасне во вистинско музичко цунами кое носи се' пред себе. Модерна балада, со избор на современи звуци и бои, продукциски супериорна, скоцкана теркот на најголемите светски хитови. Покрај музиката, аранжманот и продукцијата, за ваквиот впечаток во многу што придонел и раскошниот и исклучително моќен вокал на Гиговска, но и начинот на кој русокосата тинејџерка умее емоцијата да ја преточи во експресија, вдахнувајќи и душа да ја „оживее“ песната која така донесена, допира до сетилата и влегува под кожа. Нешто, што малкумина и од повозрасните, а камоли од помладите македонски пејачки го можат и умеат. Се разбира и маестралните стихови на Игор Џамбазов го прават своето, со што „Крива сум“ може слободно да се носи со минатогодишната евровизиска „Proud“  на Тамара да речеме... Или да ја доживеете како нејзино логично продолжение. Видеото на песната кое го потпишува Даниел Јовески и ја дава последната компонента - визуелната, преку димензијата на бесконечност, во потрагата во која се испреплетуваат чувството на вина со грижата на совест, љубовта и суетата, болката како казна и покајанието како олеснување за гревот... Се' на се убаво спакувана приказна чија визуелизација само го затвора мозаикот, кој без сомнение има квалитети да биде и уметничко дело и елементи на комерцијален производ. ]]>