крива паланка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 07 Jan 2024 09:52:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крива паланка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Замижи и посакај добрина, мир“ – порачува Нина Николовска во песната за – „Божиќ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zamizhi-i-posakaj-dobrina-mir-porachuva-nina-nikolovska-vo-pesnata-za-bozhik-video/ Sun, 07 Jan 2024 09:47:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334049

Малата Нина Николовска со песната „Божиќ“ ќе им ги стопли срцата на сите за време на Божиќните празници. За оваа песна, која претставува своевидна божиќна химна, изработен е и спот, во кој изобилуваат магични моменти кои ги носат овие празници не само во секој дом, туку и убавината што ја носи Крива Паланка во овој период на годината. Целиот тим, кој  го работеше овој проект се музичари од Крива Паланка, а е продукциското првенче на Центарот за аудиовизуелни уметности од овој град. Автор на музиката и аранжманот е џез-музичарот Гордан Спасовски, текстот е на Рената Кралевска, режија, Александар Ристески, директор на фотографија, Тони Величковски, а извршен продуцент е Методи Цветковски. Спотот е снимен во центарот на Крива Паланка, но и на повеќе локации во околината на градот, кои го покажуваат раскошот за време на овие празници, но и ги мамат посетителите како локација и за културен туризам, за  планински, гастрономски, еко-туризам, уживање во природата и чистиот воздух и секако неизбежниот убавец, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Овој проект е под покровителство на Општина Крива Паланка ,  каде вчера  се организираа "Бадникови поворки" со Бадникова прослава на градскиот плоштад, а вечер, во 18 часот, ќе се одржи "Божиќен концерт" на Трио џентлмен. Славејќи го Христовото раѓање, Нина во песната порачува: „Ме буди мирис на цимет и божикни колсчиња. Божиќ е љубов и светлина, во нашите срца топлина. Замижи и посакај добрина, мир...“. ]]>

Тијана Дапчевиќ со хит претставата „Весело девојачко вече“ гостува во Крива Паланка https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-dapchevik-so-hit-pretstavata-veselo-devojachko-veche-gostuva-vo-kriva-palanka/ Sat, 23 Sep 2023 09:14:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319348

Тијана Дапчевиќ со години покрај со музика се занимава и со глума а македонската публика ја знае најмногу по улогата на Ула од „Преспав“. Тијана изминатава година е актуелна низ Србија со улогата во хит претставата „Весело девојачко вече“, со која на 2-ри октомври ќе гостува во Крива Паланка. Гостувањето е во рамки на јубилејниот 15-ти Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ и е прво гостување на оваа претстава во Македонија. Во претставата покрај Дапчевиќ играат и пејачките Зорана Павиќ, Ивана Петерс, Јелена Џукиќ и Маја Брункер.]]>

„Joy fest“ повеќе од достојно го прослави јубилејот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/joy-fest-poveke-od-dostojno-go-proslavi-jubilejot-foto/ Tue, 29 Aug 2023 12:35:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315707

Крива Паланка вчера вечерта експлодираше од музика, „Joy фест“ на најубав можен начин го прослави 10 роденден! Два дена се пееше и играше, но вчера вечерта се случи спектакл, а го направи балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, кој во градот се врати по 50 години и направи концерт за паметење! Крива Паланка беше место каде се слеваа луѓе, не само паланчани, туку и од многу други градови од државава, од Бугарија и Србија. Колони автомобили во попладневните часови почнаа да се слеваат од сите страни, а водеа до едно место, градскиот стадион, каде вчера и завчера се одржуваше „Joy фест“. Градските улици беа преполни со луѓе, беа направени пешачка зона, обиколницата беше преплавена од автомобили, а градскиот стадион како никогаш досега наполнет до последното место. Крива Паланка собра публика три пати повеќе отколку што има жители. Над 30.000 илјади распеани, кои ги пофали и самиот Чола на социјалните мрежи. Но, и покрај толку многу народ организацијата беше беспрекорна, немаше никаков застој, се беше под конец, а за тоа добија пофалби и од самите изведувачи, кои исто така беа пријатно изненадени како функционира се како треба, а на крајот можеби и најважното- се се заврши без ниеден инцидент. Навистина Крива Паланка одржа лекции за беспрекорно организирање манифестации. И не само тоа, веќе следниот ден после толку многу луѓе се беше беспрекорно чисто, и стадионот и градот. Во неделата журката ја појача „Фјужн“, а по нив настапија ДНК, кои дојдоа да ги поддржат сите генерации, а по нив своите безвременски хитови ги отпеа Владо Георгиев. Вчера, пак, фестивалот го отворија „Нокаут“, кои се заблагодарија на публиката за поддршката и како што рече Пере, што ја сакаат македонската авторска музика. И по „Нокаут“ почна три часовното лудило со безвременските хитови на Чола. Професионалец до крај, ја натера публиката да не престане да пее и игра. Неколку пати потенцираше дека е среќен што вчера е токму во Крива Паланка и заедно со сите да го прослави големиот христијански празник „Богородица“. Насмеан, праќаше бакнежи во публиката, ја оставаше во хор да му ги пее песните. Чола уште еднаш покажа дека годините не му можат ништо... Дека половина век со ист интензитет ја држи публиката од сите генерации. А публиката му возврати со тоа што и по три часа не сакаше да го пушти да си оди и го враќаше на бис. Но, како и да е концертот мораше да заврши, за да настапи диџеј Галоски, на задоволство на помладата генерација. Луѓето си заминуваа насмеани, среќни и полни со позитивна енергија. Си заминуваа со коментарите дека ваква убавина на Крива Паланка одамна не и се случила... Дека се радуваат што последниве години нивниот град се споменува само по убави вести..... Фото: Принтскрин/Фејзбук/Joj Fest]]>

Џој фест 2023: По 50 години  Здравко Чолиќ  со концерт во Крива Паланка https://arhiva.vistina.com.mk/dhoj-fest-2023-po-50-godini-zdravko-cholik-so-kontsert-vo-kriva-palanka/ Mon, 21 Aug 2023 10:41:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314556

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ  одамна не ја забавувал публиката во Македонија, уште пред короната. Затоа, како што вели тој пред концертот на Joy fest , на овој настап ќе додаде енергија и магија на одредени песни. -Во Крива Паланка сум бил во 70-тите години, на самиот почеток на мојата кариера. Настапував заедно со Маја Оџаклиевска и Кемал Монтено. Во тоа време работевме и патувавме многу, особено на југот на поранешна Југославија, кога ги посетивме речиси сите градови. Крива Паланка е историски град кој го паметам по прекрасниот манастир и мислам дека е дел од регионот познат по рударството, вели Здравко и додава: -Драго ми е што работите конечно се средија и што по долго време се вративме пред македонската публика. Во нашата стандардна поп-програма, која ќе ја слушне и публиката во Крива Паланка, има сплет на песни кои претставуваат вистинска музичка временска машина низ мојата педесетгодишна кариера, а судејќи според реакциите на публиката, би рекол дека секоја избрана песна го има своето заслужено место на таа листа и дека публиката е многу среќна што ја пее со нас. Доаѓаме во голем ансамбл, со бенд од 12 члена, танцова група која на свој начин ќе разубави и додаде малку енергија и магија на одредени песни, а носиме и интересно гудачко трио кое ќе претстави некои од моите песни кои вообичаено не ги изведуваме на малку поинаков начин. Сигурен сум дека не очекува посебна вечер на музика и дружење, вели тој. Пред големиот концерт на градскиот стадион во Крива Паланка, кој е во рамките на Joy fest, Чолиќ ги откри и плановите. -Во моментов сме посветени на завршување на нови песни и издавање на нов албум. Ако се оди според планираното, ќе објавиме неколку синглови, а потоа и целиот албум до пролет. Потоа следи концертна промоција во бројни земји и градови. Секако, Македонија е неизбежна на таа листа и верувам дека наскоро ќе се дружиме не само во Скопје, туку и во другите градови во кои секогаш со задоволство се враќам, вели Здравко, а на жителите на Крива Паланка им порача: -Драги мои Паланчани, среќен сум што после многу години конечно се враќам во вашиот убав град и што заедно со песна ќе го прославиме празникот Успение на Пресвета Богородица. Ќе се погрижиме за најдобрата атмосфера, а се надевам дека ќе не послужи и убавото време и дека во Крива Паланка ќе дојде драга публика и нашите пријатели од другите градови од Македонија, Србија и Бугарија. Крива Паланка, те сака и те поздравува твојот Здравко Чолиќ, додаде тој на крајот.]]>

Концерт на Владо Георгиев на јубилејниот „Joy fest“ https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-na-vlado-georgiev-na-jubilejniot-joy-fest/ Thu, 17 Aug 2023 10:20:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314097

Владо Георгиев ќе одржи концерт во Крива Паланка, а тој е втората балканска ѕвезда која годинава ќе биде дел од јубилејното 10 издание на музичкиот фестивал „Joy fest“. Настапот на Владо е планиран за првата фестивалска вечера, што значи дека публиката ќе може да ужива во неговите песни на 27 август. Концертот ќе започне во 21 часот, а ќе се одржи на градскиот стадион во Крива Паланка. Јубилејното издание на „Joy fest“ годинава ги собира најдобрите македонски и балкански музички имиња. Досега се најавени ДНК, „Нокаут„ , „Фикшн“ и Галоски, додека од балканските простори пристигнува Здравко Чолиќ, кој ќе настапи на 28, а сега веќе дефинитивно е потврдено и името на Владо Георгиев. За неговите песни нема потреба што посебно да се зборува, неговите големи хитови им се познати на сите. „Joy fest“ изминатава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство.]]>

„Бисерното грло”од Сребреник во Македонија: Младиот Ајдин Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ ќе изведат традиционални македонски песни https://arhiva.vistina.com.mk/bisernoto-grlo-od-srebrenik-vo-makedonija-mladiot-ajdin-osmanovik-zaedno-so-negoviot-profesor-jasmin-brashnik-ke-izvedat-traditsionalni-makedonski-pesni/ Wed, 10 May 2023 07:31:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301433

Пред неполни два месеца на социјалните мрежи едно дете што беспрекорно ја пееше нашата Јано мори стана вирален хит. Токму тоа дете, Ајдин Османовиќ, заедно со својот професор и ментор Јасмин Брашњиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, доаѓаат во Македонија, односно во Крива Паланка на концерт. ,,Не беше тешко да се воспостави контакт преку социјалните мрежи со професорот на младиот Ајдин, Јасмин, и без многу размислување по упатените честитки, ги поканив на гости во Крива Паланка. На 23. Мај, во Центарот за култура, од 19 часот,заедно ќе го одбележиме чествувањето на Свети Јоаким Крчовски и Светите Кирил и Методиј со Свечена Академија и концерт - изјави Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. На Свечената Академија ќе бидат прогласени и најдобриот просветен работник и најдобриот ученик за учебната 2022/2023 година. По тој повод Ајдин Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ, но и општина Крива Паланка, како и цела Македонија ги повикува сите добронамерници и почитувачи на македонската традиција, да го чујат младиот Ајдин, кој има само единаесет години, но одлично ја разбира, сака, а уште подобро ја интерпретира македонската народна песна. Во прилог погледнете го  видео обраќањето на Јасмин и Ајдин со изведба на Учи ме мајко, карај ме, најдобра најава на концертот на 23 мај во 19 часот во Центарот за култура во крива Паланка. ]]>

Пет дена „Новогодишен базар 2022“ во Крива Паланка: Дедо Мраз, „Дајте музика“, Лозано, ДНК, „Некст тајм“, Слаткаристика, Пајак… https://arhiva.vistina.com.mk/pet-dena-novogodishen-bazar-2022-vo-kriva-palanka-dedo-mraz-dajte-muzika-lozano-dnk-nekst-tajm-slatkaristika-pajak/ Mon, 19 Dec 2022 06:35:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280620

Ќе се случува вистинска новогодишна магија. Крива Паланка годинава е подготвена за предновогодишно расположение не само на жителите на градот, туку и за многу други, кои ќе пристигнат од останатите градови во државава. Новогодишниот базар опфаќа содржини за сите генерации. Ова не е подарок само за жителите на градот, туку и за сите посетители, кои сакаат да бидат гости на градот. Дедо Мраз, „Дајте музика“, „Распеано симитче“, Пајак, маскоти, коњи со кочија и друга забава за најмладите, а многу, многу македонска музика за журка за возразните. Ете тоа ќе се случува во Крива Паланка пет дена пред да ја дочекаме Нова Година. Детските забави ќе почнуваат напладне од 12 часот, додека вечерните журки од 19 часот. Првата журка ќе се случи утре (вторник) кога е закажан настапот на  „Тајфата“, а веднаш по нив се ДНК. В среда се  „Браво бенд“, а по нив е закажан настапот на Слаткаристика.  Четврток е резервиран за „Артист бенд“ и Лозано. Во петок на радост на најмалите напладне  концерт ќе одржат „Дајте музика“, Дарко Ѓурчиновски Жонглер. Во петок во Крива Паланка во 13.30 часот ќе пристигне и Дедо Мраз. Во петок вечер од 19 часот, пак, забавата ќе стартува со „Брас брадарс“, а ќе продолжи со „Некст тајм“. Сабота, на последниот ден од оваа година, од 12 часот концерт ќе одржат дечињата од  „Распеано симитче“ и Пајак, а планирание се и маскоти, коњи со кочија и многу друга целодневна забава за најмладите. Возрасните, пак, ќе може да уживаат во греано вино, колачи, да си купат сувенири и други новогодишни лудории што се продаваат во куќичките, кои го красат градот, но и во кафулињата, кои веќе имаат организирано целодневна забава. Во попладневните часови завршува овој петдневен „Новогодишен базар 2022“, исполнет со многу забава и дружење на градскиот плоштад, кој од минатата недела е украсен.  ]]>

Музика за сечиј вкус и раце горе: По деветти пат се одржа „Џој Фест“ во Крива Паланка https://arhiva.vistina.com.mk/muzika-za-sechij-vkus-i-race-gore-po-devetti-pat-se-odrza-dzoj-fest-vo-kriva-palanka/ Tue, 30 Aug 2022 05:07:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264575

Полн плоштад, весели луѓе и празнично расположение со музика за сечиј вкус. Вака помина викендов во Крива Паланка, каде по дводневното журкање практично завршува и летото во овој град. Особено интересно е што еден по друг ден викендов се славеа неколку важни моменти во македонското живеење, а особено во овој град, па многу познати ѕвезди продефилираа на сцената забавувајќи ги лугето од сите генерации и од повеќе градови во државава, кои решија празничниот викенд да го поминат тука. Најпрва забавата почна во сабота со одлжување на деветото изание на музчкиот фестивал „Џој Фест“, кој инаку стартуваше пред 11 години, но поради пандемијата имаше пауза од две години. Прв оваа вечер настапи Бени и „Нон стоп“, кој настапуваше  и на првото издание на „Џој Фест“. Публиката реагираше со кренати раце и на неговите авторски песни, но и на познатите балкански хотви кој тој им ги подари на присутните. По него настапи Каролина, коај прв пат е дел од овој фестивал и која рече дека за следно гостување не треба да се чекаат нови 11 години, туку се надева на многу побрза средба со кривапаланечката публика. За крај на фестивалпт на сцената се појавија „Бас брадарс“ , четири момчиња кои не им дадоа на присутните да си заминат дома, туку играа со нив на познати светски хитови до раните утрински часови. Следниот ден, недела, беше Денот на рударите, но и христијанскиот празник Богородица, кој во Крива Паланка се слави традиционално на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. По традиција во приквечерите се посетува манастирот, не само за „Богородица“, туку и се дочекува денешниот ден, „Св. Јоаким Осоговски“. Оваа вечер, пак, плоштадот се наполни со публика, кој беше дојдена да ги слушне „Црвена јабука“, Аца Лукас и на крај вечерта заврши со прекрасните „Нокаут“. Колку сакаме да признаеме или не балканските пејачи се пожелни во Македонија, а тоа уште еднаш го докажаа со зовриената весела атмосфера која траеше до после полноќ. Фото:  Ѓоко Костовски]]>

Министерството за култура им ја повлече донацијата, Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка демантира: „Аца Лукас е платен од спонзори и не настапува во рамкте на „Џој Фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/ministerstvoto-za-kultura-im-ja-povleche-donacijata-sashko-mitovski-gradonachalnik-na-kriva-palanka-demantira-aca-lukas-e-platen-od-sponzori-i-ne-nastapuva-vo-ramkte-na-dzoj-fest/ Thu, 18 Aug 2022 09:10:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263229

Министерството за култура  објави дека нема да префрли 153.000 денари на Општина Крива Паланка за организирање на рок фетивалот „Џој Фест“, бидејќи на него ќе настапи Аца Лукас. По оваа вест се јави градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски кој  вели дека концертот на српскиот фолк пејач не е во рамките на фестивалот, туку  е договорен за прославата на Денот на рударите. „Парите од Министерство за култура не се префрлени, само е склучен договор, а настапите на сите учесници на „Џој Фест“ и Аца Лукас веќе се платени од спонзори. Што значи дека Министерство за култура не ни мора да ги префрла, иако, секако дека беа наменети за македонски пејачи. На „Џој Фест“ ќе настапат Каролина Гочева, Бени и„Нон Стоп“, Гоце Саф, „Брас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, а тие се веќе исплатени, вели Митовски. „Џој Фест„  е поп-рок фестивал и се роди на иницијатива на група музичари од Крива Паланка, но по неколку години влезе под капата на општината и на него за сите овие години никогаш не учествувал турбо фол пејач. Оттаму и кажувањето на градоначалникот дека концертот на Лукас, кој е закажан за 28-ми овој месец, не е во рамките на „Паланечко културно лето“ и фестивалот, бидејќи „Џој Фест“ со настап на Бени, Каролина и другите пејачи и групи се одржува ден претходно, на 27-ми август. Според него српската турбо фолк ѕвезда ќе настапи исклучиво поради желба на граѓаните, бидејќи во секојдневен разговор со нив тие самите го предложиле српскиот пејач да ги забавува за празникот. „Со парите од Министерство за култура не ни може да се плати Аца Лукас, а искрено и дел од македонските пејачи. Аца Лукас чини 15.000 евра, а од Министерство за култура добивме 153.000 денари (околу 2.500 евра) како кофинансирање за учество на домашни пејачи. Мене навистина ми е жал за ваквата одлука и за недоразбирањето.  По оваа информација јас се слушнав со министерката, на која и реков дека не мора да ги исплатат, бидејќи и настапите на домашните изведувачи ќе ги покриеме со спонзори. Општината учествува  само со 600.000 денари, а останатите пари за другите манифестации, меѓу кои и концертот на Лукас се од спонзорства. Еве ќе кажам дека за концертот на Аца Лукас еден од поголемите спонзори е и самиот рудник во Крива Паланка, бидејќи, како што реков, неговиот настап е за Денот на рударите, по нивна желба“ - изјави Митовски.]]>

Актерот Гоце Тодоровски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ https://arhiva.vistina.com.mk/181033/ Tue, 15 Dec 2020 14:14:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181033

Актерот Гоце Тодоровски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ за значаен придонес во областа на театарот и културата што ја доделува истоимениот меѓународен театарски фестивал што се одржува во Крива Паланка. Наградата ќе му биде врачена на лауреатот Тодоровски на 18 декември, со пригодна свеченост во салата на Собранието на општина Крива Паланка, со почеток во 12 часот и со почитување на пропишаните здравствени протоколи. Наградата ќе му ја врачи градоаначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, а за уметничките креации на Гоце Тодоровски ќе говорат Благоја Чоревски и Гоце Ристовски. Пред присутните ќе се обрати и наградениот актер Гоце Тодоровски, потсетувајќи на најпопуларните негови актерски улоги во тетарот и на филмот. Гоце Тодоровски завршил Факултет за драмски уметности на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и набргу по дипломирањето се вработил во Драмскиот театар истакнувајќи се како суптилен комичар. На сцената на матичниот театар но и како гостин на професионалните театарски сцени во нашата земја остварил голем број улоги, а останува запаметен по улогите Лука Лукиќ во „Ревозор“ од Гогољ, Докторот во „Веселата смрт“ од Евреинов, Цанде во „Солунски патрдии“ од М. Попоски, Пантагруел во „Пангуриј“ од Р. Богдановски, Царчето во „Чудото на Свети Ѓорѓија“ од Р. Богдановски, Леле мале во „Јадигар“ од В. Манчев, Питу во „Сара Бернар“ од Џ. Марел, Генералот во „Балконот“ од Ж. Жене, Ринго во „Чија си“ од С. Насев, Ќорле во „Кумови“ од К. Ангеловски, Кирца во „Викенд на мртовци“,Ангеле во „Лет во место“ од Г. Стефановски, Докторот во „Болва во уво“ и други. Гоце Тодоровски е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми и серии. За своите актерски остварувања добитник е на Награда за најдобра улога, за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“, на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп а во 1986 година беше прогласен за најпопуларно ТВ лице според весникот „Вечер“. Гоце Тодоровски оствраил и четиресетина улоги на филм и тв и во популарни тв серии, меѓу кои во „Наши години“, „Јуначко колено“, „На наш начин“, „Солунски патрдии“, во Македонските народни приказни, „Среќна Нова 49“, „Трст виа Скопје“, „Чук, чук Стојанче“, „Викенд на мртовци“, „Ангели на отпад“, „Салон Хармони“ и др.]]>