критериуми – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Nov 2021 12:23:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png критериуми – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хороскопски знаци кои ги спуштаат критериумите плашејќи се да не останат сами https://arhiva.vistina.com.mk/horoskopski-znaci-koi-gi-spushtaat-kriteriumite-plashejkji-se-da-ne-ostanat-sami/ Mon, 22 Nov 2021 13:30:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228300

Некои луѓе се сосема океј со помислата да не формираат долга врска што ќе трае до крајот на животот. Други не можат ни да го замислат тоа. Со текот на годините често се случува луѓето да ги спуштат критериумите при изборот на партнер, плашејќи се дека нема да ја најдат љубовта на својот живот и со тоа да останат сами. Ова обично се случува кај следниве знаци: Стрелец Стрелецот кај секого може да најде нешто што му се допаѓа, што е добра особина. Тие сакаат да се забавуваат и се дружат со многу различни луѓе. Имаат големо срце, но и проблеми со врзувањето. Штом врската ќе почне да наликува на нешто сериозно, Стрелецот губи интерес. Бидејќи не сакаат да им биде скршено срцето, полесно им е да бидат во врска со луѓе со кои знаат дека нема да се поврзат. Сѐ само да не останат сами со себе. Риби Љубовта е исклучително важна за Рибите. Тие се многу фер кога се во врска и понекогаш им даваат шанса на луѓето затоа што ги сожалуваат и затоа што не сакаат да ги повредат. Проблемот со Рибите кои сакаат да бидат несебични е што затоа се согласуваат на многу помалку од она што можат да го имаат и заслужуваат. Припадниците на овој знак не бараат многу, бидејќи ги спуштиле критериумите колку што можеле, па често завршуваат со оние кои не се достојни за нив или за нивната љубов. Овен Многу работи им се случуваат на Овните во животот, па немаат ниту време ниту енергија да ги дискриминираат оние кои сакаат да се забавуваат со нив. Сакаат да излегуваат и да се забавуваат, но како и сите други можат да се чувствуваат осамено. Припадниците на овој знак се импулсивни и можат да пристапат некому дури и во продавница и да го замолат да оди на пијачка само затоа што таа личност им се насмевнала. Освен тоа, Овните се нетрпеливи и не сакаат да губат време во потрага по совршената личност. Кога ќе почувствуваат дека им е време да се смират, завршуваат со личноста која е тогаш во моментот со нив. Водолија Водолијата е позната по тоа што има широк спектар на луѓе со кои може да се дружи. Таа е многу независна и понекогаш може да се однесува дистанцирано и резервирано. Искажувањето емоции може да им предизвика непријатност, па кога ќе влезат во врска, обично не бараат емотивна врска. Тие повеќе би сакале да се гледаат со повеќе луѓе без драма отколку да бидат во врска со една личност која бара емотивна врска. За да не останат сами, ќе прифатат какво било партнерство. Вага Вагите знаат да бидат површни и да бидат понесени од нечиј изглед до тој степен што не обрнуваат внимание дали се компатибилни со него. Тие трошат премногу енергија на погрешни работи, наместо да проверуваат дали некој има вредности и интереси слични на нивните. Не е невообичаено Вагите да се забавуваат со некој со кој не се согласуваат само затоа што таа личност е привлечна. Може да се рече дека Вагите ги спуштаат критериумите за себе, сѐ додека личноста е „друштвено прифатлива“. Јарец Овој знак има високи стандарди во однос на неговата личност, но тој е многу флексибилен кога станува збор за луѓето со кои излегува. Понекогаш се случува Јарецот да не сака да биде предвидлив и да си игра на сигурно, па да се забавува со некој кој никако не му одговара. Припадниците на овој знак ги ценат традиционалните вредности, но тоа не значи дека не им се случува да бидат со некого исклучиво за забава, без да размислуваат дали врската ќе прерасне во нешто посериозно. Во нивната замисла за иднината тие се гледаат со семејство и ќе го имаат по секоја цена, дури и со некој кој не им одговара 100%. извор: Кајгана ]]>

„Здружението на естрадни уметници на Македонија“ ги реобјави критериумите за добивање финансиска помош на неговите членови https://arhiva.vistina.com.mk/zdruzenieto-na-estradni-umetnici-na-makedonija-gi-reobjavi-kriteriumite-za-dobivanje-finansiska-pomosh-na-negovite-chlenovi/ Mon, 15 Jun 2020 12:04:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153786

Почитувани колеги, Еве најнови информации за сите оние што се заинтересирани за финансиска помош поради кризата. Во службен весник е објавена уредбата на владата каде што се наведени повеќе детали. Според овој текст здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) ќе треба да издава уверенија за апликантите. Наведените критериуми се одредени од владата. Еве го делот од уредбата во кој се објаснети критериумите:   УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕСТРАДНИТЕ УМЕТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Член 1 Со оваа уредба со законска сила се уредуваат усло- вите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коро- навирусот , за месеците април и мај 2020 го- дина. „Естраден уметник“ е лице кое учествува во создавање и интерпретација на изворна или современа и новокомпонирана музика и е член на Здружението на естрадни уметници на Македонија. Член 2 Постапката за финансиската поддршка на естрадни- те уметници ќе се спроведува преку Генералниот сек- ретаријат на Владата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Генералниот секретаријат), а исплатата на средствата за финансиската поддршка се врши од средствата собрани во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот формиран во рамки на Генералниот секретаријат. Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 го- дина, во месечен нето износ од 14.500 ден. Корисник на финансиска поддршка согласно одредбите од оваа уредба со законска сила може да биде естраден уметник-барател на финансиска поддршка, ако: - е државјанин на Република Северна Македонија; - не е вработен или ангажиран со договор на дело во друг правен субјект, според евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија; - не остварува други приходи по било кој основ за месеците април и мај 2020 година; - активностите во кои требало да учествува се откажани поради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот што го потврдува Здружението на естрадни уметници на Македонија и -во последните пет години остварил значајна музичка кариера, учествувал во интерпретација или создавање на изворна или современа и новокомпонирана музика, учествувал на врвните фестивали од областа во земјата, што го потврдува Здружението на естрадни уметници на Македонија. Генералниот секретар на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, ја формира Комисијата која се состои од пет члена, и тоа националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на Република Северна Македонија, посебниот советник за култура на претседателот на Владата на Ре- публика Северна Македонија и еден член на предлог на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, од редот на вработените админис- тративни службеници во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и двајца членови на предлог на Здружението на естрадни уметници на Македонија, од редот на истакнати естрадни уметници. Барателот на финансиската поддршка во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик треба да го достави барањето во Генералниот секретаријат.
]]>

Еве по кој критериум мажите ја избираат својата идна сопруга https://arhiva.vistina.com.mk/eve-po-koj-kriterium-mazite-ja-izbiraat-svojata-idna-sopruga/ Tue, 25 Jun 2019 13:15:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=94462

Што е она што ги “тера” мажите да го постават прашањето над сите прашања? Тоа сигурно (барем еднаш) се запрашала секоја од вас, зарем не? Се чини дека експертите за врска го знаат одговорот... Сè зависи од една особина Експертите тврдат дека на мажите не им е важно дали е натпросечно атрактивна или можеби е вистинска божица на сексот во креветот. Причината за бирање на брачната партнерка се наоѓа надвор од спалната соба. Имено, мажите сакаат брак со жени кои можат да ги направат подобри личности.
Кај мажите е раширено едно сосема одредено чувство: потреба да се грижат за својата партнерка. Сакаат да знаат каде се наоѓа, внимаваат безбедно да дојде дома и да има доволно гориво во автомобилот. Сето тоа се мали работи за кои тие претходно не размислуваат и кои им се чинеле како неважни. Самодовербата е енормно важна Експертите за врски им советуваат нешто важно на жените кои сакаат да го разбудат тоа чувство кај мажите: не го терајте партнерот да се чувствува спремен за брак – едноставно пружете му го тоа чувство дека ви е потребен.
Експертите исто така се сигурни дека мажите ги фасцинираат жени кои се сакаат самите себеси. Затоа, здравата доза на самодоверба е многу важна, а тоа на жените им треба за на мажите да им дадат слободен простор и време – за тие да станат подобри луѓе. извор: точка.мк]]>