Кристијан Станковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 21 Apr 2023 08:41:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Кристијан Станковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Радосен и среќен сум што го направив тоа“: Ламбе Алабаковски искрено во „Бомбакис поткаст“ (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/radosen-i-sreken-sum-shto-go-napraviv-toa-lambe-alabakovski-iskreno-vo-bombakis-potkast-foto-video/ Fri, 21 Apr 2023 08:41:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298932

Пејачот Ламбе Алабаковски за прв пат јавно се огласи на темата за подметнувањето пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Тој гостуваше кај  Кристијан Станковски  во „Бомбакис поткастот“, и изјави дека бил среќен и радосен за направеното. „Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, рече пејачот Алабаковски. За подсетување, пејачот ланското лето, поточно во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот. Целосното гостување на пејачот Алабаковски во „Бомбакис поткастот“ проследете го во продолжение: Фото: Принтскрин/Јутјуб/Бомбакис Подкаст]]>

Емотивна исповед на Бомбакис за тоа, како го победи канцерот: „Само здравје“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotivna-ispoved-na-bombakis-za-toa-kako-go-pobedi-kancerot-samo-zdravje-video/ Tue, 15 Dec 2020 08:08:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180799

Кристијан Станковски или едноставно @Bombakis,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра над 10.000 следбеници. Од шеги и пародии за аномалиите во општеството и власта, до забавни пароли, сам или во комбинации со познатите и јавни личности, момчето гио собираше симпатиите на социјалните мрежи, па речиси и да нема човек, особено помеѓу помладите кој не знае кој се крие и што треба да очекува кога ќе го слушне неговиот прекар. Но ова момче вниманието на пошироката јавност го привлече неодамна со една од своите последни пораки: „Една година без канцер“, емотивна парола која сама по себе го постави прашањето што се крие зад неа, што сака младиот Кристијан да каже, да наговести, да појасни, да одбележи...? И дали пораката е лична или е пак посветена на сите оние што успеале да се излечат од оваа тешка и опака болест, која не бира возраст? Најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ го побара одговорот директно од Бомбакис, кој за прв пат отворено и искрено одговори на сите прашања, разрешувајќи ја дилемата, но и говорејќи за тој период кој му бил најтежок во животот, како и за неизмерната поддршка од најблиските за да го издржи и преброди сето тоа. Но, секако и поддршката од јавноста, која била огромна по неговата објава со што и со каква болест се соочил. „Овој картон не е ставен за да ме жалите... Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење до сега! Да не губите надеж никогаш... Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент. Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите). Животот е многу краток, денес сте тука утре ве нема... Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас?Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива !!! На тој начин ќе почнете да живеете...Само здравје!“ - напиша тогаш во описот на навидѕум шокантната порака која ја сподели на својот Инстаграм профил Бомбакис! Бомбакис во меѓувреме ја сними песната насловена „Се' би дал“, која всушност е направена во добротворни цели и е во рамките на една хуманитарна акција наменета за децата. Исто така тој заедно со Марко Новески - „дај побрзај“ почнаа да имаат свое радиошоу - „Без компас“ на новоформираното скопско радио „Лидер“ на 107, 4 ФМ... Каква хуманитарна акција е во прашање, како и неговата лична приказна за борбата со опаката болест, но и нејзиното надминување, за неговите погледи и животни ставови, како и неговите хуманитарни активности проследени со новогодишната честитка и желба на Кристијан Станковски - Бомбакис, проследете ги во видеото на „магазинот од зад сцената“, во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=JBkbhCRJtuM        ]]>

Бомбакис шири – „Позитива“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bombakis-shiri-pozitiva-video/ Thu, 12 Nov 2020 13:49:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175891

Кристијан Станковски, познат како момчето со картонските пораки  или едноставно Бомбакис, деновиве премиерно на YouTube  ја претстави својата прва песна, насловена како „Позитива“. „Позитива“ е дел од многуте проекти на кои што тој работи со полна пареа. Песната е настаната по доживувањето на многу пресврти во животот на Бомбакис, по што тој решава да ги стави пораките и животното искуство во едно дело кое што ќе му даде надеж и позитива на секој кој што ќе го слушне. „Песната настана многу спонтано, имав желба да се искажам и сакав да им подарам позитивна енергија на сите кои што ќе ја слушнат. Многу сум среќен што мојата креативност продолжува и на други нивоа и области. Никогаш не сум имал цел да бидам славен, едноставно животните прилики и општеството кое што нѐ опкружува, ми дадоа можност да се искажам преку различните канали на комуникација и да допрам до јавноста. Благодарен сум на сите околу мене за поддршката, среќен сум што ми ја даваат потребната сила и му благодарам на Господ за сѐ што ми подари како среќа и како предизвик“, изјави Кристијан Станковски, Бомбакис. Повеќе детали за песната и нејзиното настанување Бомбакис ќе даде во неговата емисија „Лирика“, која што зема  голем замав кај публиката. Предвидено е раскажување на стих по стих на песната, заедно со детали од неговиот живот кои што треба да се слушнат за да се дознае кој е всушност Бомбакис. Текстот, односно лириката на „Позитива“ е на Кристијан Станковски (Бомбакис) и Давор Зењиловски. Музиката је дело на  Дарко Јовановски,  а придружен вокал во песната е Марија Мечкароска. Видеото го реализирал  Андреј Миновски. „Позитива“ е само краток вовед за понатамошните проекти кои доаѓаат од Бомбакис. https://www.youtube.com/watch?v=_lWwy7URE-Y&feature=emb_logo  ]]>