кристијан шемко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Jun 2023 07:19:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кристијан шемко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга – „Фреквенција“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-odnovo-vibrira-samo-sega-na-druga-frekventsija-video/ Thu, 08 Jun 2023 06:40:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305422

Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс во јавноста ја обзнани својата нова песна,  со која ни подари освежувачко транспортирање на една поинаква енергија. Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката... Особено ако е така создадена не само да ја слушнате, туку и да ја почувствувате со сите свои сетила, на една сосема друга „Фреквенција“, како што гласи насловот на новото музичко остварување на познатата македонска харфистка и поп пејачка. Нејзината „Фреквенција“ зрачи со енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите како забавна „мелодична четка“, а вајбот во неа како и видеозаписот се инспирирани од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки ритам и расположение.

Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.

Видеозаписот е замислен да биде визуелна манифестација на новата песна на Сара, како урбан простор со колоритно фокусирани делови и футуристички предмети.

Истите сами по себе го надополнуваат расположението и „вибрацијата” во која Сара Мејс го изведува својот софистициран, суптилен еротски танц, кој зрачи со силен возбудлив еротски набој, иако во видеото нема ниту еден експлицитен кадар. Едноставно,  Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга - „Фреквенција“! 

Како сето тоа изгледа и звучи, проследете од видеото во продолжение откако ќе кликнете и успеете да се најдете со Сара Мејс на иста “Фреквенција“. ]]>

Време беше да ги спомнеме, па „Ареа“ се појавија со нова песна – „Те спомнувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-beshe-da-gi-spomneme-pa-area-se-pojavija-so-nova-pesna-te-spomnuvam-video/ Wed, 11 Dec 2019 13:44:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123357

Групата „Ареа“ по пауза од речиси една година повторно имаа нова песна и видеозапис, насловена  „Те спомнувам“.  Музиката е заедничко дело на членовите на групата предводени од брачната двојка Ружица (вокал) и Ивица (гитара) Брчиоски, а бендот музички и понатаму го задржува својот препознатлив стил на музицирање, не отстапувајќи многу од поставените постулати уште при своето основање. Во видеото покрај членовите на „Ареа“, се појавуваат и Елена, ќерката на брачната двојка Брчиоски, во улога на придружен вокал  како и дузина млади статисти. Спотот инаку е сниман на неколку локации во Гостивар, во Градскиот парк, во еден познат рок бар, како и на сцената во Домот на културата. Режисер на видеото е Кристијан Шемко, а вака звучи и изгледа кога ќе се спомене новото остварување на „Ареа“ - „Те спомнувам“! ]]>

Панче Касапски со покана – „Намини ноќва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-so-pokana-namini-nokjva-video/ Wed, 11 Jul 2018 07:57:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37367

Панче Касапски  има нова песна која носи наслов „Намини ноќва“ . Штипскиот музичар  овој пат ќе го  слушнеме во малку поинаков стил. Имено, станува збор за песна со брз диско ритам, со џез и фанк-призвук.
Касапски самиот  се потпишува како автор на музиката, додека за стиховите добил помош и асистенција од легендарната  македонска пејачка  со белградска адреса на живеење, Маја Оџаклиевска, за која велат дека песната била и првично наменета. Аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот  ги потпишува Иле Спасев.
Иако новата песна доаѓа по пауза од две години откако ја објави „Уште си ми ти“, Панче постојано е активен на музичката сцена потпишувајќи се на песните на некои негови колеги, меѓу кои и струмичанката Александра Јанева, зад чиј актуелен хит „Ќе се вратам некој ден“  како автор на  музика стои токму Касапски.
Песната е визуелно надополнето со одлично видео во реализација на екипата од продукцијата „Пирамид“ (Оливер Јакимовски - Михаел Шемко) во режија на Михаел Шемко, а покрај Панче, во видеото главната женска улога ја има моделот Марија Јовева, атрактивната штипјанка која се крие зад уметничкото име Марис Џолин (Maryse Jolene). 
Како изгледа и звучи „Намини ноќва“ дознајте во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=0NqUTZyKipU]]>

ТЕА ги раскажа чаршиските муабети во – „Бла, бла, бла“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-gi-raskaza-charshiskite-muabeti-vo-bla-bla-bla-video/ Mon, 28 May 2018 08:28:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29051

Теодора Трајковска или едноставно само Теа има нова песна и видсеоспот за неа насловен „Бла, бла, бла“. Ова е прва песна од неа годинава и доаѓа по минатогодишната тема „Пекол“, и истата го најавува долгоочекуваниот деби-албум на младата пејачка, чиј материјал ќе биде комплетиран наскоро.
Теа и овој му ја довери соработката на проверениот и докажан македонски хитмејкер Лазар Цветкоски, кој се потпишува на музиката, аранжманот и на продукцијата, додека стиховите ги напиша самата таа.
„Ова е песна во која ќе се пронајдат сите девојки, затоа што станува збор за ’чаршиски’ муабети кои можат дури и да растурат една љубовна врска“ -  со овие зборови Теа го објаснува својот нов сингл насловен „Бла, бла, бла“, кој викендов ( 25 мај, 2018) беше премиерно промовиран заедно со  урбаното видео, кое го реализираше продукцијата „Пирамид“, под режисерската палка на Кристијан Шемко. Како звучи  и изгледа најновото од Теа дознајте во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=EyeuZQOcHNM]]>