кристијан ристески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Dec 2021 09:01:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кристијан ристески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кристијан Ристески – внукот на Тоше во прегратките на русокоса српска убавица: Љубовници во романса на дистанца или само добри пријатели? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristijan-risteski-vnukot-na-toshe-vo-pregratkite-na-rusokosa-srpska-ubavica-ljubovnici-vo-romansa-na-distanca-ili-samo-dobri-prijateli-foto/ Fri, 31 Dec 2021 08:56:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233278

Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, беше малечкото детенце кога неговиот вујко замнина во вечноста. Останаа непреболот, спомените, сеќавањата, но и она што Тоше му го пренесе, му го всади како љубов и желба - музиката, која и онака им е семејно во гените. Уште од заедничката песната „Му Little One“, која се најде на постхумниот албум на Тоше  на англиски јазик, „The Hardest Thing“. Денес Кристијан е големо 22 годишно момче, студент на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Иако пред неколку години сними и своја песна на англиски јазик „We are blood “, која му ја посвети на својот гуру, ментор, учител и пред се  сакан вујко Тоше, сепак реши да остане тивок, мирен, повлечен, да не брка музичка кариера по секоја цена, да не се експонира во медиумите, да не дава изјави и интервјуа... Едноставно го заобиколи патот на неговиот вујко, туку тргна пос војот, во свој правец, малку поразличен и поинаков. Следствено на тоа и приватниот живот на Кристијан , освен она малку што може да се види на социјалните мрежи, не е на увид на јавноста. Скромното, мирно, срамежливо и повлечено момче има свој живот и љубоморно го крие и чува од масата. Само за себе и за... можеби уште по некој? Токму една објавена фотографија деновиве ја заскокотка јавноста, има ли Кристијан девојка, дали е во љубов и која е таа? Имено, на неговите Инстаграм приказни осамна фотографија на која Кристијан се најде во прегратките на една млада, убава русокоса која го бакнува. До душа само во образот, но сепак...! И тука тргнаа шпекулациите, претпоставките, недоумиците, дилемите? Која е и од каде е девојката, како се вика, што му е таа на внукот на Тоше, во какви односи и релации се тие двајцата...? Дали се во љубовна врска или се само добри пријатели? Според нашите истражувачки дејствија дојдовме до неколку сознанија кои укажуваат на следново: Фотографијата која ја „заскокотка“ јавноста е  направена во Белград, каде што Кристијан бил неодамна. Од српската престолнина потекнува и рускоста убавица која Кристијан го гушка и бакнува. таа потекнува од богато и познато семејство и нејзиното име е Ања. Прекарот кој го користи на Инстаграм -rockartiste (Рок Артист) всушност доаѓа од едно коњичко грло за трки, зашто девојката е љубител на јавањето и коњичките спортови, со кои и самата се занимава. Музиката исто така и е во крвта, во прстите и грлото, па можеби токму оттаму конекциите и заедничкиот интерес ја споил со внукот на Тоше, чиј интерес за русокосата патем е голем, што се гледа и од приложеното. Зашто Кристијан буквално ја лајкувал секоја нејзина фотографија, веројатно од моментот кога се запознале. Но, на некои од фотографиите на русокосата убавица може да се забележи дека и таа доаѓала во Скопје... Приватно или работно сеедно,  во студио или на еден од меморијалните концерти во А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје... Па оттаму се наметнува и дилемата: Дали Кристијан и русокосата убавица се љубовници во романса на дистанца или само добри пријатели, преку ликот, делото и песните на неговиот вујко, нашата легенда Тоше? Годината што претстои, ќе ја разоткрие мистеријата околу нејзините „бакнежи на неговите заруменети образи“. Фото: Инстаграм принтскрин/rockartiste/kristijanristeski  

]]>

Внукот на Тоше Проески: „Споредбите не ми годат, никој не може да го замени вујко ми“ https://arhiva.vistina.com.mk/vnukot-na-toshe-proeski-sporedbite-ne-mi-godat-nikoj-ne-moze-da-go-zameni-vujko-mi/ Wed, 07 Nov 2018 08:02:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56610

Тоше Проески беше и остана наша најголема музичка ѕвезда која зад себе остави голем успех и хитови кои секогаш ќе се пеат. Неговиот живот згасна прерарно, но тој и понатаму е сакан меѓу неговите фанови. Во петокот  (02 ноември) во салата „Борис Трајковски“ беше одржан концерт во чест на Тоше каде што неговите колеги ги пееја неговите безвременски хитови. На концертот се појави и неговиот внук Кристијан Ристески кој ја отпеја својата нова песна „We are blood“. https://www.youtube.com/watch?v=fuKIEH1P4-w Кристијан е студент на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Многумина го спордуваат со Тоше и го нарекуваат негов наследник. Во интервју за точка.мк тој откри дека не ги сака споредите со неговиот вујко бидејќи никој не може да го замени.
„Споредбите воопшто не ми годат, бидејќи никој не може да го замени вујко ми. Како што веќе ви реков, јас само многу ја сакам музиката“ вели Кристијан. На концертот кој се одржа во Скопје, присуствуваше и продуцентот Енди Рајт кој истакна да беа поинакви работитте Тоше сега ќе беше светска ѕвезда.
За потсетување, пред 11 години Тоше Проески со Кристијан ја снимаше песната „My little one“. „Приказната за таа песна е многу долга и широка, но еве накратко.. Додека вујко ми го подготвуваше неговиот англиски албум „The Hardest Thing“, во Крушево, јас постојано бев околу него и го следев што прави, како свири... Одвреме навреме си ја потпевнував „Nothing Else Metters“ од Metallica, бидејќи тогаш таа ми беше омилена и така некако спонтано настана и „My Little One“, вели внукот на Тоше. https://youtu.be/5wXiZmIoDq4   Дали Ристески ќе изгради музичка кариера и како ќе се снајде во светот на музиката останува да видиме.]]>

Прес конференција: Познати се сите детали и се’ е подготвено за утрешниот концерт во чест на Тоше https://arhiva.vistina.com.mk/pres-konferencija-poznati-site-detali-i-se-e-podgotveno-za-utreshniot-koncert-vo-chest-na-toshe/ Thu, 01 Nov 2018 14:58:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55778

На еден ден пред одржувањето на големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, денес, четврток 1-ви ноември во 14 часот во хотелот Парк - Скопје се одржа прес конференција и промоција на неговиот нов албум „Secret Place“.  На промоцијата присуствуваше и стариот пријател на Тоше и фондацијата Проески - англискиот композитор и продуцент Енди Рајт.
Токму тој побуди голем интерес кја присутните новинари кои како за време на официјалниот дел на промоцијата внимателно ги следеа неговите раскажувања за сеќавањата на Тоше, страите и новите песни и воопшто како дошло до реализацијата на целиот овој проект.  Исто така, по завршувањето на истата англискиот продуцент даваше интервјуа, и одговарапше на прашањата на претставниците на медиумите кои се интересираа за сите непознати детали.
Покрај претставниците на организаторот - фондацијата Проески и  Аворд продукција и гостинот од Англија, Енди Рајт, најголем интерес кај седмата сила предизвика и присуството на внукот на Тоше, Кристијан Ристески, кој беше мета на новинарите и фоторепортерите.
Инаку, на пресот беше најавен концертот кој ќе се одржи утревечер,  петок, 02 ноември  во ВИП Арена „Борис Трајковски“, како и објавена програмата и потврден конечниот список на изведувачите кои ќе ги изведат песните од репертоарот на нашата муазичка икона. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео спота со песните од Тоше.
За оваа прилика организаторите најавија дел од најголемите домашни, регионални и балкански музички ѕвезди како:
Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Александра Радовиќ, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак... кои, како што најави организаторот, се очекуваат да пристигнат во текот на денешното попладне, вечерва и утре рано изутрина во Скопје.  
Покрај нив највени беа и се појавија на прес конференцијата  уште и Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Александра Јанева... кои се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и ќе ги изведат песните од мјузиклот „Тајно моја“, а покрај нив од најавените македонски музички извдувачи па пресот присутен беше само Наум Петрески.
Внукот на Тоше  Кристијан Ристески  на концертот ќе ја изведе „We are blood“, песната која се наоѓа на новиот албум и деновиве  заедно со видеозаписот за неа, веќе  беше промовирана во радио и ТВ етерот.]]>