кристијан љушев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Oct 2022 12:05:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кристијан љушев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Младиот дует „Гранд ѕвезди“, Алекс и Белма со српска верзија и видеоспот за наградената песна на „Охрид фест“ – „Воли ме ко себе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladiot-dute-grand-dzvezdi-aleks-i-belma-so-srpska-verzija-i-videospot-za-nagradenata-pesna-na-ohrid-fest-voli-me-ko-sebe-video/ Mon, 03 Oct 2022 11:59:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269786

Еден месец по завршувањето на фестивалот „Охрид фест 2022“, песната „Глупаво е да си сам“ која ги освои сите симпатии и освои две награди доби и српска верзија, како и свој видеозапис. Фантастичното македонско-босанско „Гранд“ дуо од соништата: Александар Јосифовски - Белма Хасанефендиќ ја снимија „Воли ме ко себе“, на музиката на Горан Шарац, за која стиховите одново го напиша македонскиот лиричар Огнен Неделковски, а песната премиерно својата промоција ја доживеа викендов на Јутјуб каналот на „Гранд продукција“. Спотот го режирал талентираниот Кристијан Љушев, кој решил да снима во Охрид и Скопје и успеал на многу оригинален начин да ги пренесе возбудата, енергијата и заразниот ритам. Веројатно и не му било многу тешко да ја оствари задачата, зашто Александар и Белма се еден од оние дуети кои се создаваат спонтано и остануваат запаметени за цел живот. Инаку, додека се промовира оваа песна, Александар ќе настапува низ САД како специјален гостин на американската турнеја на Лепа Брена, а  наскоро ќе има своја турнеја низ Америка и Австралија, каде што неговиот бенд ќе го придружува на настапите. Во меѓувреме уживајте во видеото за „Воли ме ко себе“ на Александар и Белма (Кликни ТУКА): ]]>

Антонио Пејоски ќе ви ја пренесе својата љубовна порака во – „Колку те посакувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonio-pejoski-kje-vi-ja-prenese-svojata-ljubovna-poraka-vo-kolku-te-posakuvam-video/ Mon, 04 Jul 2022 11:09:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256922

„Колку те посакувам“ е насловот на новата песна што доаѓа од музичката работилница на стружанецот Антонио Пејоски. Станува збор за одлична летна композиција, нешто сосема поразлично од актуелната музичка понуда на домашната сцена. Антонио, вели, песната ја правел со многу љубов и желба сите оние кои ќе ја слушнат да се „размрдаат“. Интересно е што тој самиот е автор на оваа композиција за која открива дека инспирацијата ја нашол во љубовта како непресушна тема. Антонио е автор на музиката и текстот, додека аранжманот, миксот и мастерингот се со потписот на Методија Столески. Секако тука се и неговите музички соработници Марко Лазороски на гитара и Кирил Митрески на клавијатури, кои му помогнаа да ја комплетира оваа музичка приказна. Кадрите за видеото, кое ја следи целата летна идеја и е снимено и едитирано од Кристијан Љушев, се направени на повеќе локации на Охридското Езеро, потоа на Galaxy beach – Претор, како и во ресортот Цоца - Сливница. Главните улоги, пак, им припаѓаат на Светлана Куциноска и Мартин Јузмески. „Песната не е автобиографска, едноставно сакав само да пренесам порака за љубов и да порачам дека кога нешто во животот се прави со љубов и искрена желба тогаш не постои невозможно. Направена е во реге тон, односно е убава комбинација од наши, карактеристични, инструменти со звук што се слуша во светот. Сакав да имам нешто поразлично од музиката која е актуелна на нашите простори периодов и навистина верувам во „Колку те посакувам““, вели Антонио, и додава дека е среќен што првичните реакции се позитивни и што иако во етерот е пуштена пред само неколку дена публиката на неговите настапи веќе ја пее во еден глас. „Колку те посакувам“ доаѓа по шест години пауза, но пауза само од правење авторска музика. Зашто Антонио иако е младо момче, но можеби само по години – никако во светот на музиката, тој веќе одлично гази кога се живите свирки по клубовите и кафулињата ширум земјава во прашање. И тука не завршува неговата музичка приказна зашто заедно со својот бенд е чест гостин и во Косово и Грција каде, исто така, има живи настапи. Има снимено и неколку кавери, кои вели, ги прави на свој начин и за песни кои му се драги. Оваа пауза од шест години, признава, му помогнала да созрее музички и да се подготви за периодот што следува, а во него веќе мириса на дует. Дотогаш уживајте во одличната „Колку те посакувам“ и, секако, во видеото полно со македонска убавина – секој нека си ја одбере својата, затоа што има по нешто за сите – и за оние кои сакаат да слушаат убава музика и за оние кои сакаат и да ја слушаат и да ја гледаат. ]]>

Охридскиот рокер Александар Јосифовски е на добар пат да го освои регионот со рок баладата – „Иди“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ohridskiot-roker-aleksandar-josifovski-e-na-dobar-pat-da-go-osvoi-regionot-so-rok-baladata-idi-video/ Tue, 06 Jul 2021 12:54:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209925

Охридскиот рок-пејач Александар Јосифовски ја промивораше својата прва песна на српски јазик, насловена „Иди“. Александар кој настапува со групата „French olives“, пошироката јавност го запозна по учеството во „Ѕвездите на Гранд“. Музиката на „Иди“ ја напишал самиот  Александар заедно со гитаристот Мартин Милевски, додека стиховите се дело на проверениот лирик мајстор Огнен Неделковски.   Младиот охридски пејач веќе во старт покажува дека е одличан вокал кој маестрално ја испеал оваа своја рок балада, но и пејач кој би можел да застане рамо до рамо со најголемите рок вокали во регионот и нивните славни бендови. Одличната визуелизација на рок баладата „Иди“ ја потпишува режисерот Кристијан Љушев односно „Шпанец продукција“, кои  совршено си ја завршиле работатата. Погледнете ја и прслушајте ја темата „Иди“ со која на младиот охридски рокер му претстои блескава кариера во светот на рок музиката во Македонија, а со малку среќа и добар менаџмент, секако и во регионот. ]]>