кристијан габроски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 10:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кристијан габроски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарио со нова љубовна приказна ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата со својата – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-so-nova-lubovna-prikazna-ke-vi-gi-nasolzi-ochite-i-raznezhni-dushata-so-svojata-molitva-video/ Fri, 03 Nov 2023 10:03:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325260

Дарио Панковски по серијата успешни концерти има нова песна... И тоа онаква, во негов, препознатлив латино стил, певлива и емотивна, која допира до сите сетила. Не бегајќи од она по што најмногу го препознаваат и оваа негова нова љубовна приказна  ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата, зашто „Молитва“ е нешто што не е фикција, туку песна која кореспондира со секојдневието, со реалноста. Затоа и нема човек кој нема да се препознае себеси или некој свој близок, можеби познат  во неа, кој не ја доживеал истата или барем слична судбина. Најголемата љубов од разни причини да не му биде остварена, но никогаш да не ја  загуби вербата во неа. Зашто вистинската љубов, порано или подоцна, го наоѓа патот до срцето. Впрочем Дарио открива дека песната ја напишал според вистинска љубовна приказна. „И самиот текст  е приказна за една искрена, безусловна и безвременска љубов, што, патем речено, е неверојатна вистинска приказна од овие простори, каде што човек минува половина живот чекајќи ја својата дамнешна љубов во ера без мобилни телефони, компјутери, камери и интернет и ја дочекува. Со еден збор, фасцинантно“, изјави кантавторот. Дарио како и досега е самиот е автор на музиката и стиховите, а аранжманот е на неговиот речиси постојан соработник, Кристијан Габровски во чие студио и песната е снимена. „Според првичните реакции на публиката, тоа се покажа како оправдана и вистинска одлука. Идејата беше да го донесам повторно овој звук во македонската музика, кој, патем речено, не сум го слушнал на нашата сцена во изминатиов период, но уште повеќе поради тоа што латино музиката е музика на љубовта, романтиката и сензуалноста. Токму ова ни е потребно сега повеќе од кога било, во ова ‘студено‘ време на материјализам, бескрупулозност и вештачка интелегенција“, ќе изјави поп пејачот за еден од македонските медиуми. Комплетен автор на видеото е познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ, кој  успеал во своите кадри верно да ја долови оваа животна приказна во само три и пол минути. Сликата апсолутно кореспондира со стиховите правејќи своевиден микс од аудиовизуелна љубовна сторија, која никого не остава рамнодушен. Напротив, во неа лежи таква бура од емоции, што ќе ве наежи! Главните ликови во видеото ги играат професорката Тања Алексиќ и Марјан Бранко, а ликовите од детството се Матеа Јовановска и Никола Кузманоски. Спотот е во продукција на  „Генерал филм студио“, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во видеото за „Молитва“. ]]>

Дарио пред Нова Година наместо дупла вотка, сите ве чести со по една – „Ракија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-pred-nova-godina-namesto-dupla-votka-site-ve-chesti-so-po-edna-rakija-video/ Tue, 29 Nov 2022 10:57:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277740

Еден од ретките македонски музички ветерани од првата лига им нова песна. Дарио Панковски како по стариот добар обичај работи полека, натенане, ама кога нешто ќе сработи, нема шанси тоа да не го убоде таму каде што најмногу треба: И во  ушите и во душата и срцата на неговата публика. Секоја песна загарантиран хит, со речиси сигурен потенцијал со текот на годините да прерасне во евергрин. Иако неговите песни можеби за некого , особено за „новите клинци“ не се модерни, современи, во духот на времето, ама затоа се безвременски. Полни со страст, емоции, душа товаране со чувства кои не бледеат, туку само како живи рани притискаат вреќајќи ги мислите, што тоа направивме, каде згрешивме, можеше ли да биде поинаку... И во љубовта и во животот. Во нив среќата и тагата се испреплетуваат низ клопчето на животот, наизменично издигајќи го едното чувство над другото и обратно... Како црно и бело, како плус и минус, како почеток и крај, како студена бистра вода и одлежана лута ракија... Тоа е Дарио, а такава е и неговата најнова песна, токму така насловена „Ракија“, која доаѓа како мелем на рана, мал едноставен скромен подарок за неговата генерација, но и сите оние што имаат душа полна љубовна горчина, како лек пред Нова Година! Музички едноставна песна, навидм можеби многупати „веќе слушната“ и позната, а сепак одново допира, со стихови кои ги потикнуваат сетилата, правејќи срцето да затрепери, низ главата да ви минат илјада мисли и слики, а по кожата да ве полазат морници. Зашто нема некој од нас, кој срцето некому не му го подарил, а потоа останал со срце скршено, за кое единствена терапија е ракија! Музиката и стиховите се авторство на самиот Дарио, додека  аранжманот и продукцијата ги потишува вообичаено, неговиот стар музички соработник Кристијан Габроски. Како звучи кога Дарио пред Нова Година наместо со дупла вотка, сите ќе ве почести со по една „Ракија“, проследете од песната во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Дарио со носталгија по старите добри времиња го истури сиот гнев од душата во баладата – „Какви се ова времиња“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-so-nostalgija-po-starite-dobri-vreminja-go-isturi-siot-gnev-od-dushata-vo-baladata-kakvi-se-ova-vreminja-video/ Fri, 29 Apr 2022 09:34:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248193

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се’ уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се’ што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така било отсекогаш, така е последниве години, а таков е случајот и сега, со неговата најнова балада - „Какви се ова времиња?“, која уште на прво слушање претендира да стане безвременска! Една од оние балади кои имаат душа во себе, а се напишани за сечија душа, за секој што во нив ќе се препознае, а во оваа ќе се препознаат многумина... Цели  генерации, „изгубени“ во своите спомени на едни многу поубави и посреќни времиња, кога душата на многу нешта имаше да се радува, освен само на песната. А токму таа, песната останува да не потсетува дека радоста е безлична ако е лажна, украдена,  со пари купена, без среќа стекната... Таква, каква што е најчесто токму во овие несреќни времиња! „Какви се ова времиња?“ е класична гитарска поп балада, налик на една од оние што ги испеа Аки во „Парни ваљак“, само на поинаков начин вокално донесена, која со грст емоции и од срце ќе се пее подеднакво гласно насекаде...И на концертите во големите сали и во кафулињата и клубовите. Песна за животот низ годините и времињата кои се менуваат, а ништо добро не носат...  Затоа и старите спомени вредат многу повеќе, од сите овие празни животи, како што пее и самиот Дарио, кој како и најчесто досега е комплетен автор (музика и текст) и на својата најнова песна. Како соработник кој му помогнала при склопувањето на стиховите е потпишана неговата ќерка Андреа Панковска, додека аранжманот го направил неговиот стар соработник, Кристијан Габроски. Песната е визуелизирана со одлично урбано видео кое го потпишва AleXanDeR, псевдоним зад кој се крије познатиот македонски музичар и режисер на видеоспотови, Александар Ристовски - Принц. Проследете во продолжение со каква носталгија по старите добри времиња Дарио го истури сиот гнев од душата во баладата - „Какви се ова времиња“? ]]>

Ана Петановска е на повик до големата сцена со – „Викни ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-petanovska-e-na-povik-do-golemata-scena-so-vikni-me-video/ Thu, 26 Aug 2021 12:11:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216941

Младата македонска пејачка Ана Петановска има нова песна, насловена „Викни ме“. Снимена е во студио и продукција кај стариот искусен лисец Кристијан Габроски. Музиката и стиховите ги потпишува младата Анастазија Габроска, а за видеоанамацијата која ја придружува песната на Јутјуб каналот се погрижил братот на Ана, Стефан Петановски. Иако има само 17 години, нејзиниот моќен глас и настапот на годинешниот Василичарски концерт во Националната опера и балет предизвика бура од овации и аплаузи. Таа со неверојатна леснотија и жар ги изведе песните од програмата меѓу кои и “Тажна љубов среќна песна“, а присутните сакаа да знаат кое е девојчето со бисерен глас… На новинарското прашање која е всушност Ана Петановска таа едноставно ни одговори: “Јас во суштина сум едно многу дружељубиво девојче што со огромна љубов ја сака музиката, луѓето, публиката и секако пеењето кое што просто е дел од мене. Во слободно време свирам пијано и гитара, но покрај музиката, многу сакам спортување, филмови, готвење, патувања и дружења со пријателите и најблиските. Учам во гимназија и сум трета година“ - тогаш изјави Ана за весникот „Вечер“. Ана досега настапувала на многубројни училишни градски и државни натпревари, и интернационални проекти, како настапот во Турција, Истамбул. Преку музичкото училиште Ентерпрајз била и дел од проектот „Music connects“ три пати со три возбудливи проектни концерти во Скопје и во Косовска Митровица... Пројавува интерес за различни жанрови на музика како што е рок, соул, поп, џез, R&B... Како што самата ќе изјави, приоритет и е образованието. Во меѓувреме континурано работи на вокалната техника и дишењето како главен елемент во пеењето. Има многу цели кои би била многу радосна  да ги постигне, но една од нив е да настапува пред огромна публика на голема сцена, каде што луѓето во еден глас ќе ги пеат нејзините песни и како што самата вели: „Заедно ќе уживаме со вклучени блицови…“! Можеби токму „Викни ме“  е првиот повик, првиот чекор кон големата сцена: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=mLVQcjZftS8[/embed]  ]]>

Дарио понесен од старата изрека која важи довека, ја „скоцка“ – „Кој чека ќе дочека“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ponesen-od-starata-izreka-ja-skocka-koj-cheka-kje-docheka-video/ Thu, 27 May 2021 10:39:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204455

По пауза од повеќе од една година, стариот мајстор, еден од ветераните на македонската поп сцена Дарио Панковски се враќа со нова песна.  По ланската „пена за навека“, „Еј животе“,  баладата со типично балканска душа во себе, тамбурашка поп песна која со грст емоции од срце се пее подеднакво гласно и на концерт и во кафеана, еве го стариот музички лисец одново со песна за животот. Само овој пат оној другиот, ергенскиот, во долга врска пред женидба, која никако да дојде.  Малку поинаква песна и музички и стиховно, насловена „Кој чека ќе дочека“... Кој еднаш и за навека, кој повеќе пати, некои и никогаш, но чинот на свршувачката е секако еден од оние „најзначајни денови“ за повеќето од нас! Денот што се чека цел живот, па потоа кому како му паднало, кому како му е судено или пишано, сеедно... „Руски рулет“ со семејната среќа, во кој некои „сркаат од медот“ довека, а некои бргу тонат во „надојдената река“ на новиот живот! Како и да е Дарио се потрудил да направи убава „свадбарска песна“ во забавен, поп манир, со суптилни фолк примеси, во весел ска ритам со носечки звук на труби во позадина и текст што што гласно ќе се пее во свадбена еуфорија, а можеби и потоа... На некој јубилеј од годишнината, па и зошто да не и на некоја „златна свадба“!?   „Е па драги луѓе, ви ја претставувам мојата нова песна #КојЧекаЌеДочека". Песна за нови почетоци, песна за поубава иднина, песна за сите нас, весела, среќна, опуштена и по малку хумористична. Искрено се надевам дека наскоро сите заедно ќе дочекаме пак да се радуваме на свадби, родендени, забави и концерти, на сите убави моменти во животот.  На здравје!“ - ќе рече самиот автор и изведувач! Се' на се', убаво и весело музичко освежување во ова, се' уште не така среќно опкружување и секојдневие и заради коронапандемијата и заради потопот на економијата... Но, како што во секоја темнина има понекоја светла точка, така и новата песна на Дарио е едно од оние позитиви на денот, неделата, месецот, а можеби и годината, која ќе ве води на патот кон светлината, кој толку долго го чекаме, посакуваме и патиме, за на „старото нормално“ да му се вратиме. Впрочем... „Кој чека ќе дочека“, нели? Песната покрај тоа е визуелно надополнета со повеќе од симпатично, анимирано, лирик видео, кое само ја збогатува нејзината вредност. Автор на музиката и стиховите е самиот Дарио Панковски, аранжманот е на Кристијан Габроски, а за видеоанимацијата се погрижил Ристе Шкортов. Слушнете, погледнете и уживајте... барем за миг, и ако сте еден или една од оние на кои им е време, а се' уште не им паднало на ум или не им текнува, можеби после ова ќе Ви текне... Дека е време. Подобро сега, отколку никогаш. Впрочем, „Кој чека, ќе дочека“! https://www.youtube.com/watch?v=bnUlbjpa83E  ]]>

Уште една необјавена песна на Влатко Илиевски – „Со тебе најдов среќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-neobjavena-pesna-na-vlatko-ilievski-so-tebe-najdov-srekja-video/ Mon, 08 Feb 2021 13:08:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188724

Таткото на Влатко, Драган Илиевски - Вршац уште минатата година најави дека во подготовка се две цедиња со песни што ги отпеал Влатко, како и монографија за неговиот професионален и приватен живот. Монографијата ја подготува музичкиот новинар Иван Беќковиќ. Во книгата ќе се користат и огромен број на исечоци од медиумски натписи за Влатко кој неговиот татко со години ги архивирал. „Подолго време со колегите на Влатко се договаравме да направиме нешто за да го зачуваме од заборавот она што тој го испеа. Во најскоро време ќе се издаде цеде „Најдобро од Влатко“, а потоа се подготвува уште еден носач на звук со необјавени песни. Има снимки со композиции на Кристијан Габровски, Владимир Дојчиновски, Дарко Тасев и Весна Малинова, кои требаше Влатко да ги објави на новиот албум, кој, за жал, не ја здогледа светлината на денот. На албумот ќе има бонус, „Не желиш крај“ од „Дивље јагоде“ и песна што ја сними со „Генерација 5“ – „Најјачи“ – најави тогаш  Драган Илиевски, а книгата и носачите на звук се планираше и настан насловен „Пријателите за Влатко“ со намера овој настан да прерасне во традиција, но заради корона пандемијата до тоа не дојде. Затоа пак, деновиве промовирана е уште една необјавена песна на никогаш непрежалената македонска ѕвезда, со наслов „Со тебе најдов среќа“, за која видеото го  измонтирал Дејан Таневски. Песната е дело на Кристијан Габровски, а е промовирана како уште една најава за албумот со необјавена песни на Влатко Илиевски, кој наскоро ќе биде промовиран. ]]>

Македонската „Ѕвезда на Гранд“, Гоце Бошковски со песна за сите што живеат во – „Искинати спомени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-dzvezda-na-grand-goce-boshkovski-so-pesna-za-site-shto-ziveat-vo-iskinati-spomeni-video/ Mon, 28 Sep 2020 12:08:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168946

Прилепчанецот Гоце Бошкобвски - Чоки е еден од оние македонски учесници во најголемото и најпопуларно регионално музичко натпреварување, музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, кои во минатиот циклус  оставија најсилен впечаток , а и најдалеку дотуркаа. Годинава  Гоце - Чоки е повторно дел од региналната „ѕвездена елита“ со уште посилни амбиции и поголеми надежи дека конечно ќе го допре самиот врв и ќе се вброи меѓу првата лига на „Ѕвездите на Гранд“, како отскочна штица за сериозна кариера и надвор од Македонија. Тој неодамна се пофали дека поминал во следната фаза помина  преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека го пемостил  и 4-иот круг. На патот кон тронот, Гоце не ја запоставува и сопствената кариера во Македонија, па така неодамна ја сними, ја визуелизираше а вчеравечер, недела, 27 септември во етерот ја промовираше својата најнова песна и видеото за неа насловени  „Искинати спомени“. Комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е стариот проверен мајстор, композиторот и продуцент  Кристијан Габроски. Видеото кое ја следи фабулата на приказната од текстот во кој по старата добро позната навика: „Одговорот го знам, откако ќе останам сам“ е во режија на Оливер Ангелески, за камерата и монтажата бил задолжен Георгиј Трајкоски, асистент - Горан Попоски, додека за светлото Мартин Милкоски. Во видеоприказната покрај Гоце-Чоки, својата работа  одлично си ја завршиле актерите Здравко Стојмиров  и Јасмина Јонческа кои впечатливо ја пренеле пораката што ја испраќа песната, која можеби најдобро во својот коментар ја опишал еден од пријателите и следбениците на младиот пејач на социјалните мрежи: „Оваа песна е порака за вљубените кои не си ја искажале својата љубов , во вистинско време , на вистински начин. Доцна сфаќаме дека љубовта е се',  а зошто да живееме од спомени во минатото, кога можеме заедно да ги создаваме денес ...“! Порака која Гоце Бошковски - Чоки очигледно со многу љубов и дел од својата душа ја остава во своите „Искинати спомени“, песната и видеото кои можете да ги проследите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=vUVX6jNoHnY    ]]>

ДАРИО ја опеа радоста во прегратките на животот и тагата во неговите канџи, во – „Еј, животе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ja-opea-radosta-vo-pregratkite-na-zivotot-i-tagata-vo-negovite-kandzi-vo-ej-zivote-video/ Fri, 03 Apr 2020 08:24:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143037

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се' уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се' што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така, ланските (2019) „Ишала“ и „Горе, горе“,  беа повеќе инстант хитови, брзи песни за забава и танцување кои во себе го носеа мирисот на Ориентот или шмекот на латино ритамот, проткаени со духот на Медитеранот, зачинети со магијата на Балканот. Најновата песна, која вчеравечер (02.април, 2020 год.) Дарио ја провираше на социјалните мрежи и Јутјуб каналот е една од оние што ќе остане... Песна за навека. Една од оние негови песни што со текот на времето стануваат евергрини и со годините само добиваат на вредност. „Еј животе“ е балада со типично балканска душа во себе, тамбурашка поп песна која со грст емоции од срце ќе се пее подеднакво гласно и на концерт и во кафеана. Песна за текот на животот низ годините и сето она што тој ни го носи, ни го дава и зема, песна за сета радост силно гушната во неговите прегратки и сета тага цврсто зграпчена во неговите канџи...  Едноставно, песна со уникатна вредност и значење, универзална приказна за животот и пораката која тој ни ја праќа, која важи за век и векови! Нешто како логично продолжение на неговата „Зајди јасно сонце“, исто така евергрин - балада испеана пред години, со грчки бузуки мелос во себе. Музиката и текстот на „Еј животе“ се авторско дело на самиот Дарио Панковски, а аранжманот го потпишува уште еден проверен ветеран, Кристијан Габроски. Во недостаток на вистинско видео, а ќе биде вистинска штета да не се сними спот за ваков  „бисер“ што претендира да прерасне во евергрин, покрај премиерното слушање на песната, ви ги нудиме стиховите на „Еј, животе“, кои веројатно ќе допрат многумина од вас:   „Еј, животе“ Од црн плиш тешка завеса секое утро се подига пред нас, Друг ден, друга улога, публика нова, а истата е таа стара претстава Победа денес, слава, ловори, а утре тага од горки порази, ги играме тие неколку чина година по година А како одат години, се’ некако се пократки, Рефрен: Еееј животе, колку бол ни нанесе, зарем мора вака тешко да е, еееј животе, а колку радост донесе, ма прекрасен си покрај се’, Еееј животе, до кога никој не знае, затоа ноќва другари стари, со полни чаши за нас да наздравиме! Не научи дека треба да се љубиме, и да сме силни кога некој губиме, на секој нов ден, на секој миг да му се радуваме. А како одат години, чашите ни се попразни. Еееј животе, колку бол ни нанесе... https://www.youtube.com/watch?v=NwTvRrVIopA    ]]>

Наум Петрески на својот 53-ти роденден искрено кажа – „Напишав песна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-petreski-na-svojot-53-ti-rodenden-iskreno-kaza-napishav-pesna-video/ Wed, 25 Dec 2019 13:26:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125905

„Напишав песна” е новата емотивна балада на легендарниот македонски фолк пејач Наум Петрески, која заедно со видеото ја претстави на промоцијата во ресторанот „Лантерн“,  која се одржа викендов во Скопје. Песната е во малку поразличен стил од останатите негови песни, што можеби е изненадување знаејќи ја кариерата на Наум, но сосема очекувано ако се земе во предвид кои се авторите.   Текстот и музиката се дело на Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Овој типичен рокерско - забавен двоец веќе неколку години соработува со Наум, кој потврди дека за балади им верува повеќе забавњаците и рокерите, па затоа покрај иваквиот избор на авторите, песната и е снимена во студиото на уште еден збавњак - Кристијан Габроски. „Наум пред триесет години праша…”Има ли песна?” Мислам дека е сеге време да напишам песна, а ова не е автобиографска песна, што значи тука се е измислено. Така што се надевам оваа песна ќе им  се најде на многу заљубени, или евентуално оние, на кои  не им оди во љубовта, ќе се најдат во песнава. Инаку да ви кажам дека да не беше Наум Петрески, мислам дека јас и Дарко на крај памет не би ни било дека некогаш во животот ќе правиме фолк музика. Мислам дека Наум беше преголема мотивација, преголема инспирација, ова ни е веќе шестта песна, а се надевам дека ќе има уште многу. Среќен Роденден и пријатна забава“ - им порача авторот Блаже  Темелков на присутните на промоцијата, честитајќи му го на Наум 53-от роденден. Сашо Митков, првиот човек на продукција ”Aword”, со која  Наум Петрески соработува речиси цела деценија во своето излагање му посака среќа на Наум и најави уште неколку заеднички проекти во следниот период. Во меѓувреме уживајте во песната и видеото за неа, во која Наум Петрески се појавува само во еден-единствен кадар, а истото го изработи екипата на „Арт студио“: Извор: Естрада + Видео: Јутјуб]]>

Дарио сака само – „Горе, горе“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-saka-samo-gore-gore-audio/ Mon, 03 Jun 2019 09:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91078

Деновиве Дарио Панковски ја претстави својата нова песна насловена „Горе, горе“, спакувано во латино -поп ритам, со мал шмек на балкански фолк, е веројатно добар рецепт за вистински летен хит. Пејачот по обичај е самиот автор на музиката и стиховите , а напомош и овој пат го повика долгогодишниот соработник и колега Кристијан Габроски, кој го направи аранжманот, а во неговото студио песната и е снимена. „Кога имаш лош ден, немој да си тажен! Па не е последен, утре нè чека нов сончев ден“, почнува тој и порачува: „Секој ден е дар, живеј го како цар, не се предавај, во себе верувај и напред гледај“, „Животот е брод на море, малку доле, малку горе, а јас сакам само горе! Напред-назад, горе-доле, нема назад, нема доле! Секој сака да е горе, сите раце горе, горе!“
Засега останува само промоцијата на песната во радискиот етер и медиумите, а наскоро можеби и на видеото за истата, зашто би било штета да остане невизуелизирана. Уште при првото слушање, станува јасно дека „Горе, горе“ има потенцијал да биде уште една во низата песни што се паметат на Дарио, а во тоа можете се уверите и Вие, откако ќе ја преслушате во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=4fNsfNzY4EQ]]>