крик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Aug 2021 12:54:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од 31 август до 11 септември: Шесто издание на „КРИК“ – Фестивал за критичка култура https://arhiva.vistina.com.mk/od-31-avgust-do-11-septemvri-shesto-izdanie-na-krik-festival-za-kritichka-kultura/ Mon, 30 Aug 2021 12:54:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217275

Под мотото „Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“, ќе се одржи шестото издание на „КРИК“ – фестивалот за критичка култура. Оваа година КРИК ќе трае од 31 август до 11 септември во Музејот на современа уметност во Скопје, а е организиран од тимот на КОНТРАПУНКТ. Оттаму велат дека оваа година фестивалот ќе се обиде да рефлектира на повеќе теми кои нѐ засегаат и едновремено нѐ ставаат во јазолот на политичкиот и културниот контекст. „Соживотот и взаемната помош се откажани под режимот на рестрикции, затворања и изолација. Првото е притисок кон индивидуалното планирање за опстанок, второто е системска репресија на колективните практики. Ова е време кога перформативноста и вештините се сведени на гол живот. Политиката тргна по патот на силата и репресијата, а науката ретко се прашува во толку масивни глобални размери. Уметниците и поетите се вкочанети, додека филозофите брзо изгореа во нивните толкувања и предвидувања кои всушност имаа за цел само да ги потврдат сопствените претходни теориски текови“, велат организаторите. Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се Искра Гешоска, Артан Садику, Петар Милат, Јана Коцевска, Тијана Ана, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Бранимир Јовановиќ.
Одеднадеш нашиот свет го загуби значењето брзо и на драматичен начин. Во недостиг на какви било структури и механизми за поддршка, во недостиг на вистински практики на колективна солидарност и индивидуална полнота, ние разбираме дека привидот и лагата се најпрецизните именители на нашите животи. Соочени со големите политички и економски лаги како најголеми вистини, можеме да продолжиме само кон една долготрајна и измачувачка привременост во постоењето. Со отсуство на една напрегнатост и мобилност што би довеле до ситуација за поинаква политичка опција и живот – вознемиреноста станува главната состојка на здивот што нѐ одржува „живи“, велат од КОНТРАПУНКТ.
Програмата за КРИК06 може да ја најдете тука.]]>

КРИК – Фестивал за критичка култура https://arhiva.vistina.com.mk/krik-festival-za-kritichka-kultura/ Mon, 17 Jun 2019 13:07:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93176

Од 18 до 24 јуни ќе се одржи четвртото издание на КРИК – Фестивал за критичка култура, кој го организира Контрапункт – асоцијација за разво на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики. Првиот дел од четвртото издание на Фестивалот, годинава со тема „Човек без својства – политики на маргините“, кое ќе ги спои различните дискурзивни, уметнички, општествени, активистички и политички практики низ кои ќе се обиде критички да ги истражи и презентира алатките, размислите и дејствувањата преку кои ќе можат да се создадат новите текстови на културата и уметноста.
Оваа година „КРИК – фестивал за критичка култура“ ќе се одвива како процес низ неколку етапи во годината. Особено ни е важно прераснувањето во платформа и форум за критичка култура, низ која ќе бидат во постојан разговор и конфронтација сите можни алтернативи на промислување на општеството, политичкото, културата, низ агонот со нормираното, зададеното и воспоставеното. Токму затоа, ве повикуваме низ овој прв дел на КРИК да бидеме заедно и отворено да разговараме за сите можни патеки низ кои би сакале да го движиме нашето тело како стратегија на отпор, велат програмските уредници и организатори, Искра Гешоска и Артан Садику.
Фестивалот свечено ќе биде отворен во среда (19 јуни) со почеток во 19, 30 часот, во Чифте амам со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот Конкордија во Монтреал Канада. Претходно, утре (вторник, 18 јуни) во кафе – кино Котур, во рамки на програмата „Критичко читање низ филмови“, чиј селектор е хрватскиот филозоф и публицист Петар Милат, во 19, 30 часот ќе биде прикажан филмот „Јас бев дома, но“ (2019) во режија на Ангела Шанилек. Меѓу гостите на првиот дел од Фестивалот се и Арон Шустер, американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија и други.]]>

„Фанк шуи“ – ова е нивниот последен „Крик“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-ova-e-nivniot-posleden-krik-video/ Sat, 27 Oct 2018 07:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54897

„Кога никој не слуша, можеби е време да зборуваме потивко. Свету, ова е ’Крик’, паметно гласен, разбирање и љубов“, вака скопското трио „Фанк шуи“ го претстави својот нов сингл и видео насловени „Крик“.
Автори на музиката и стиховите се самите членови на бендот, а продукцијата им е заедничка со Бен Милчев, чиј потпис стои и на миксот и мастерингот, додека снимањето се одвиваше во студијата „Подрумот“ на Ангел Ќосев и „Тралала“ на Мите Димовски.
Ексклузивците на „Авалон продукција“ - Лука, Давид и Михаил се погрижија и за визуализацијата на „Крик“.
Реализацијата на видеото ја потпишува Томи Акимовски кој се потпишува под псевдонимот: лелеТоми, (инаку познат по режијата на новите видеа на „Дупер“ и Наско Џорлев), заедно со самите членови на бендот.
Како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=Rk6EtnM8J58  ]]>