крени рачна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Jul 2022 08:41:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крени рачна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миа Костова ќе ви објасни како да заминете на убав одмор со ситни пари, без финансиски да заглавите кај „легалните лихвари“: „Кренете рачна, не кредит“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-kje-vi-objasni-kako-da-zaminete-na-ubav-odmor-so-sitni-pari-bez-finansiski-da-zaglavite-kaj-legalnite-lihvari-krenete-rachna-ne-kredit-video/ Wed, 27 Jul 2022 08:38:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260417

Доаѓа лето, време за годишен одмор. Ако не повеќе барем една седмица, за да се одмори и телото и душата од напорната работа, современата депресија или личната апатија во која најчесто секој од нас запаѓа барем еднаш во годината. Арно ма, повеќето од нас во држава во каква што живееме, западнати сме во финансиска криза со години, од која никако да се отарасиме. Оние 2% милионери, политичари, олигарски, криминалци... не ги броиме. Затоа кога нешто ни е потребно да купиме, а последниве години, ако не и децении и на одмор да заминеме, најчесто посегнуваме по кредит! Ни се чини дека е некако најлесно и најбрзо, а и најбезболно, иако баш и не е така, ниту оддалеку безазлено!  Ама за последиците во тој момент не рамислуваме, зашто желбата е посилна од разумот, а кога си „од желба изгорен“, кога ќе дојде време за наплата, остануваш  до коска „пеплосан“. Та бил кредитот банкарски или некој од оние, брзите од најновите „легални лихвари“ што држат таканаречени „продавници за пари“, а истите ги рекламираат разни актерки, гатачки, пејачки, ТВ водители и водителки или познати инфлуенсерки... Арно ама, токму една од нив, доскорешна водителка и позната инфлуенсерка, не мисли баш така. Имено, Миа Костова на својот Инстаграм сликовито објасни како да се помина убав одмор дури и на море во Грција со цели 200 евра... при тоа да не се зема никако кредит, дури ниту ситни пари, зашто подоцна заради вашата легална кредитна позајмица, можете да завршите во „финансиска кланица“!  Затоа нејзиниот совет е кредит - никако и по никоја цена, колку и да ви се чини дека понудата е поволна, зашто вистината потоа може да биде баеги болна! Русокосата Костова, предлага поинаква алтернатива, како да се оди на море, да се сонча, плива, ужива... Алтернатива која ем е посигурна, ем побезбедна и од која нема потоа да ве боли глава кога одморот и летото ќе минат, а вие ќе можете со животот мирно да си продолжите, зашто никому ништо нема да му должите! Затоа... „Кренете рачна, не кредит“ - порачува Миа Костова. Како изгледа нејзиниот рецепт за „мирно лето“ за вас и вашето поколение, погледнете во видеото во продолжение:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Фото: Фејсбук архива/Инстаграм принтскрин/miandrija]]>