крем чорба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 May 2023 12:08:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крем чорба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Крем чорба од спанаќ, вкусна и здрава https://arhiva.vistina.com.mk/krem-chorba-od-spanak-vkusna-i-zdrava/ Thu, 11 May 2023 12:50:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301615

Состојки: 1/2 кг спанаќ 2 компири 2 кромид 3 чешниња лук 1 јајца 3 лажици павлака малку масло сол по вкус 1 шолја млеко 1 лажица брашно Подготовка: Спанаќот исчистете го, сварете го во солена вода и исцедете го. Заедно згответе ги компирите, кромидот и лукот. Спанаќот, компирот и кромидот испасирајте ги во блендер. На масло пропржете го брашното, па истурете ја водата во која се свариле компирите и кромидот. Додадете го пасираниот зеленчук, посолете и варете околу 15 минути. Јајцето се мати со млекото, се додаваат една или две лажици чорба, се матат, па се зачинува чорбата со него. Гответе уште пет минути, па кога ќе биде готова супата, додадете и павлака и послужете. извор:курир.мк]]>

Есенска чорба која е вистинска витаминска бомба https://arhiva.vistina.com.mk/esenska-chorba-koja-e-vistinska-vitaminska-bomba/ Wed, 23 Nov 2022 13:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277132

Брзата домашна крем-чорба полна со витамини и минерали е неопходна за здрав организам и е одлична превенција за сезоната на вируси. Нездравата исхрана го разорува нашиот дигестивен тракт, а стресот, загадувањето, лековите, разните адитиви и секако неквалитетната храна, оставаат последици на нашиот црн дроб. Како вашиот организам подготвено да ги дочека зимските вируси и како да го зајакнете црниот дроб, органите за варење и воопшто цел организам, неопходно е што почесто да му дадете тоа што е најквалитетно од природата – зеленчук. Оваа крем-чорба без месо може да се јаде за било кој оброк, па дури и наутро, но вообичаено е популарна за ручек, а добрата вест е тоа што можеме да ја замрзнеме и да ја послужиме кога ќе ни е потребно на нашето тело да му дадеме витаминска бомба. Состојки: - 3 шолји вода; - 1 главица кромид; - 2 чешниња лук; - 1 лажица маслиново масло; - 1 стебло целер; - 1 лажица рендан ѓумбир; - 3 шолји ситно сечкана брокула; - 1 лажичка сол; - На врвот од лажичката мелен бибер. Подготовка: Ставете масло во тенџерето, па загрејте го на средна температура. Потоа додадете го ситно исечканиот кромид и ренданиот ѓумбир, а динстајте додека кромидот не омекне. Потоа додадете ситно сечкан лук, ситно сечкано стебло од целер, исечкана брокула и прстофат сол. Оставете да крчка уште 2-3 минути, па потоа додадете ја водата и биберот. Откако состојките ќе почнат да вријат во водата, намалете ја температурата на шпоретот и оставете да се вари уште 20-на минути. Потоа изладете ја течноста и ставете ја во блендер, па мешајте додека не стане кремаста чорба. Пријатно јадење! извор:кармин/точка.ком.мк]]>