кредит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Jun 2023 07:18:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кредит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кредитот и го наруши здравјето: После толку години се откри минатото на познатата Србинка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kreditot-i-go-narushi-zdravjeto-posle-tolku-godini-se-otkri-minatoto-na-poznatata-srbinka-foto/ Thu, 29 Jun 2023 07:18:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308124

Зорана Павиќ во исповед за тамошните медиуми се отвори за бројни животни теми, а во таа прилика се осврна и на периодот кога беше во големи финансиски проблеми. Пејачката која се прослави во групата „Франки“, а потоа ја продолжи успешната соло кариера, со децении е присутна на естрадата. Таа, меѓу другото, зборуваше и за приватниот живот, долговите и здравствените проблеми. Како сестрана личност, Зорана Павиќ се испроба и како водителка, беше дел и од реално шоу, а откри и кој бил главниот мотив за учество во ваков формат. „Имаше проблем, никогаш не го криев. Еден заем кој ми го загорчи животот, во швајцарска валута. Се разболев поради тоа, буквално се разболев. Од болка и стрес, а потоа кога се појави таа понуда, реков: „Не ми се допаѓа, тоа не е моја приказна, не е нешто каде што се гледам себеси, но ако во овој момент ми е начин да излезам од проблемот, дефинитивно - да“, изјавила Зорана, а потоа појаснила: „Имав проблеми со хормоните, се беше разбранувано. Останав четири месеци во реалното шоу, го освоив четвртото место, но не го решив проблемот. Но, не се каам воопшто. Напорно работев таму. И луѓето тогаш можеа да ме запознаат. И покрај сите пречки и сите напади, не жалам за ништо. Ќе се каам само ако не направам нешто“. Павиќ откри за какви здравствени проблеми станува збор. „Луѓето се разболуваат само ако им се разболи душата. Значи сите болести почнуваат од таму. Она што го велат - доаѓа од главата. Ако нешто ве мачи, тоа мора да одразува некоја болест. Имав хормонално пореметување и се тргна наопаку, а потоа, кога дојде до медиумите, ставив перика за да не се фотографирам во мизерна состојба“, изјавила пејачката. Фото: Принтскрин/Ата Имаџес]]>

Стефан Лазаров „остана на улица“: Јутјуберот бара работа, приложи и видео CV со лепеза работни способности и вештини (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-lazarov-ostana-na-ulitsa-jutjuberot-bara-rabota-prilozhi-i-video-cv-so-lepeza-rabotni-sposobnosti-i-veshtini-video/ Thu, 23 Feb 2023 09:56:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290163

Откако најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров ја крена јавноста на нозе со својот прв „новинарски подкаст“ во кој гостин му беше Драган Павловиќ Латас, па по хајката обајцата  обајцата завршија со „отворен предмет“ и обвинение во јавното обвинителство, по препорака на истото и јутјуберот и гостинот добија забрана за јавни медиумски настапи од Основниот кривичен суд Скопје. Или во превод - Стефан Лазаров барем засега, не ќе може да го користи својот Јутјуб канал, што ќе рече - остана без работа, спонзорите му откажаа, а со тоа остана и без приход. Откако неодамна правеше веридба, а и ја најави свадбата за годинава, за да не мора да биде домазет што ќе го рани невестата, Лазаров реши „принудно да смени професија“. Аналогно на ваквата одлука, јутјуберот решил да бара работа. И тоа јавно. За среќа, Инстаграм профилот не му го укинаа ниту забранија, па токму на своите Инстаграм приказни Лазаров реши да ги понуди своите работни способности вештини, па кој сака, нека види, размисли и ако му фаќа око, може слободно да го ангажира. Патем, откако лани добро се набилда, ни на крај памет не му паѓаше дека ќе дојде време кога  еден ден мускулите ќе му го вадат лебот и колку - толку, полнат џебот. Арно ама и тоа се случи, па затоа Лазаров одлучи јавно да се понуди, па дури и CV  да приложи. Млад, здрав, прав, силен, строен, копачот за него е како детска играчка на песок во плажа. Требало дупка или канал да се ископа, бавча или градина да се прекопа или цвеќињата во нечиј двор, викни го Лазаров - цена по договор! Како алтернатива во предвид доаѓа и работа со она што во позадина може да се види дека се движи и белее... Дете младо, да биде пастир на стадо, кога веќе мора од нешто да се живее. Шегата настрана, откако веќе претходно шегата ѓаволот ја зема, Лазаров сфати дека срам од работа - нема! Каква и да е, колку да е тешка или лесна, само да е чесна... И секако, пристојно платена... Како  онаа, кај другар му Ерко берберот, кој како на брат, прв му излезе во пресрет и му даде шанса за нов предизвик и нова „работна романса“... За почеток со метлата, како секој чирак! Брат за брат, чиракот за хигиена на подот во дуќанот и трк по кафе, цигари и бурек... Додека чиракот не стане калфа! Впрочем, Лазаров малку претходно, небаре е јасновидец, како сам да си ја претскажа судбината, покренувајќи иницијатива дека срам од знает - нема. Само неколку месеци подоцна, претскажувањата му се обистинија, па иницијативата за која се залагаше и ја покрена, лично нему му се најде! Во меѓувреме, додека не ја заработи првата плата, оние што до вчера ги рекламираше, редно е сега кога му е најтешко, да му се најдат и да се покажат како вистински мажи. Едно брзо бескаматно кредитче и... Белким понудата се' уште важи? Фото: Инстаграм принтскрин/mr.barber2019/_lazarovv
   ]]>

Гога Секулиќ искрена: „За ‘Гаќички’ морав да земам кредит, а за да и платам песна на Марина Туцаковиќ, го продадов автомобилот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/goga-sekulikj-reaskaza-deka-vo-shou-biznisot-ne-e-se-taka-lesno-za-gakjichki-morav-da-zemam-kredit-a-za-da-i-platam-pesna-na-marina-tucakovikj-go-prodadov-avtomobilot-foto/ Mon, 14 Jun 2021 09:41:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206868

Гога Секулиќ, популарната српска пејачка, зборуваше за својот живот и кариера во емисијата „Скенирање“, во која откри дека неколку пати морала да позајмува пари за да објави албум. „За албумот 'Гаќички', морав да подигнам кредитот од банка кој до скоро го отплатќав, бидејќи веќе имав и кредит за станот“ - вели пејачката и додава дека не е сè толку лесно во светот на шоу-бизнисот како што мислат многу луѓе. „Секој ќе рече дека го надоместуваме тоа за една ноќ, но тоа не е точно. Инвестициите се големи. Понекогаш наоѓам спонзор за видеоспот, но неколку пати татко ми или пријателите ми позајмија пари за снимање. Не  некој да ми ги даде, туку ги позајмувам за да ги вратам како што треба“ - изјави пејачката. Таа се осврна и на денешните песни, кои жестоко ги критикуваше. „Некогаш, сите се срамеа да го изговорат името на мојата песна „Гаќички“, а денес таа е џентлменска песна“ - изјави популарната пејачка.  Гога откри и дека морала да го продаде својот автомобил за да и плати песна на Марина Туцаковиќ. „Кога направив песна со Марина и Дамир, морав да го продадам автомобилот за да не им останам должна. Ми беше срам. А кога дивеев со Аудито А8 низ градот, тогаш сите прашуваа кој стои зад мене?“ - вели Гога и додава: „Јас самата стојам зад себе! Никогаш не ме бркаа за пари, луѓето се многу фер. Се случи и убав гест, добив прекрасна балада од Саша Лазиќ“ - вели Гога. Фото:Инстаграм принтскрин/sekulicgoga]]>

Родната куќа на Лепа Лукиќ отиде „на добош“: Банката ја запленила и продала на лицитација заради неплатен кредит, а таа нема поим за тоа!? https://arhiva.vistina.com.mk/rodnata-kukja-na-lepa-lukikj-otide-na-dobosh-bankata-ja-zaplenila-i-prodala-na-licitacija-zaradi-neplaten-kredit-a-taa-nema-poim-za-toa/ Thu, 27 May 2021 08:32:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204364

Родната куќа на српската фолк легенда, пејачката Лепа Лукиќ во селото Милочај крај Краљево е продадена на јавна лицитација минатиот петок, по цена од еден милион динари, дознава српски Курир од извор кој бил детално информиран за целиот случај. Медиумите веќе неколку пати пишуваа за оваа куќа, најмногу споменувајќи ја дека фолкерката била многу приврзана за нејзиниот роден дом, каде го поминала детството. Често зборувала дека со задоволство оди таму, особено додека беа живи нејзината мајка Милошија и братот Рајко.
Причината поради која оваа куќа отишла под хипотека, според добро упатен извор, е неплаќањето на кредитот од 10.000 евра, што своевремено го зел братучедот на пејачката, Раде Јовановиќ. Оваа куќа и имотот Лепа му ги пренела нему, по смртта на нејзиниот брат Рајко, за кого била многу приврзана.
„Раде го стави под хипотека својот имот во банка за да земе кредит што не го отплатил. Тогаш тој долг го презеде една компанија од Белград што се занимава со откуп на долгови. Куќата беше продадена веднаш за сума од 60 проценти од нејзината реална вредност, а Раде не се појави на тоа рочиште, иако беше уредно повикан. Покрај куќата, продадено е и земјиштето под зградата и една ливада од трета класа. Сето тоа беше продадено за нешто повеќе од милион динари. За тоа беше задолжена јавната извршна канцеларија на З.С. Имаше двајца наддавачи, а куќата ја купи жена од соседно село“ - наведува изворот.
„На неколку стотици метри од куќата, Раде држи етно-ресторан и тој сега живее сам во таа куќа, додека остатокот од неговото семејство е во Белград. Жената што ја купила куќата сигурно ќе бара тој под итно да го напушти имотот. Братучедот на Лепа Лукиќ не можеше да ја продаде таа куќа никму, затоа што беше под хипотека. Куќата не е напуштена, но е во многу лоша состојба, тревата во дворот е порасната половина метар, ужас еден“ - заклучил добро информираниот извор.
Лепа Лукиќ,  била шокирана од ова сознание, кога ја побарале новинарите за коментар.
„Леле, дали е тоа вистина? Па, како да биде одземена? Зошто и кој го сторил тоа? Леле, како никој не ми се јавил на мене? Знаете, јас ја пренесов таа куќа на мојот братучед, тој не ме извести за тоа, првпат слушам за ова. Сега ќе му се јавам да проверам дали е тоа точно? Не сакам да верувам дека е вистина“ - рекла пејачката, која повеќе не одговарала на подоцнежните телефонски повици.
Фото: Инстаграм принтскрин/курир.рс/lepa_lukic_official/

Милица Павловиќ откри што се’ морала да жртвува за да стане позната: Кариера на кредит! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milica-pavlovikj-otkri-shto-se-morala-da-zrtvuva-za-da-stane-poznata-kariera-na-kredit-foto/ Mon, 17 May 2021 08:24:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202648

Фолк пејачката Милица Павловиќ секогаш истакнува дека е горда што стекнала сè што има исклучиво сама,  преку своја работа, пеење, настапи и инвестиции. Милица открива како скоро без размислување подигнала кредит за да го сними нејзиниот трет студиски албум, само за да може да и го даде најдоброто на својата публика. „Зедов кредит за мојот трет студиски албум. Тоа беше момент кога навистина заработував убави пари осо кои и убаво живеев, но тогаш сфатив дека спотовите треба да бидат на повисоко ниво од претходниот албум и дека немам доволно пари за такво нешто во тој момент. Добро... отидов во банка: Добар ден, можам ли да земам кредит... и  го подигнав“ - беше искрена „секси сењорита“ во емисијата „Ѕвездите на Гранд - Специјал“. Фото: Инстаграм принтскрин/senoritamilica  ]]>

Ја претепа љубовницата на која и должи над 100.000 евра, а таа сега Халид Муслимовиќ го обвини и за фалсификување документи за кредит од 685.000 евра (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-pretepa-ljubovnicata-na-koja-i-dolzi-nad-100-000-evra-a-taa-sega-halid-muslimovikj-go-obvini-i-za-falsifikuvanje-dokumenti-za-kredit-od-685-000-evra-foto/ Thu, 15 Oct 2020 09:06:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171527

До крајот на месецот треба да бидат завршени две судски постапки против Халид Муслимовиќ - за претепување на неговата поранешна љубовница Соња Башиќ и за тоа што и должел над 100.000 евра. Но се чини дека проблемите на фолк пејачот тука  не завршуваат. Како што пишува српски Курир, против него е поднесена нова кривична пријава пред два дена во полициската станица во Бања Лука за фалсификување на документацијата за кредитот од пред три години, па доколку обвинителството ја преземе истрагата, Халид може да се соочи со измама во износ од над шестотини илјади евра, за што му се заканува дебела затворска казна. - Во периодот од 2016 до 2017 година од Гоменица, Приједор, Халид Муслимовиќ при добивање на кредит од банка, доставил фалсификувани биланси, бизнис план и проценка на хотел во Приједор, со што незаконски подигнал средства во износ од 1.370.000 конвертабилни марки. (685.000 евра). Имам докази за горенаведеното (реални биланси од агенцијата за деловни регистри и сведоци). Ќе ви ги презентирам сите подетални податоци и докази што ги имам кога ќе давам изјава во полиција“ - пишува во кривичната пријава што Соња Башиќ ја достави до Полициската управа на Бања Лука, одделот за економски криминал.]]>

Дарко Лазиќ е првиот на естрадата што банкротираше: Српскиот фолк пејач поради короната буквално остана без „банка во џебот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-e-prviot-na-estradata-shto-bankrotirashe-srpskiot-folk-pejach-poradi-koronata-bukvalno-ostana-bez-banka-vo-dzebot-foto/ Tue, 19 May 2020 10:19:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150352

Естрадата е една од најтешкопогодените гранки од последиците од коронавирусот, кој не само што ги наруши плановите на многу пејачи, туку им нанесе таков финансиски удар по џебот, што дури и доброплатените како Дарко Лазиќ тоа не го издржаа, со оглед на фактот дека немаат да настапи во клубови, дискотеки, кафеани, хотели, дома и во дијаспората, а нема ниту свадби, матури, крштевки  и други семејни веселби. Иако Дарко Лазиќ неодамна тврдеше дека нема финансиски поголеми проблеми, неговиот пријател откри дека пејачот паднал во дебели долгови поради бројните трошоци кои биле непланирани. „Дарко можеби не изгледа така, но тој веќе две години едвај спојува крај со крајот. После сообраќајната несреќа, тој не работеше речиси цела година, па мораше да живее од нешто, а и да ги плати  лекувањата и скапите терапии. Во меѓувреме, почна да живее и со Марина, а и го доби синот. Дури и да имал некои резерви, тие се потрошени“ - вели изворот и додава дека терапиите за опоравување на пејачот чинеле баснословно, а на трошоците никогаш им нема крај: „Даре се нервира што сè уште не ја завршил куќата во Брестач, каде живее со Марина и неговиот син. Тој ја опреми внатрешноста, но останува многу работа надвор, како и во дворот. За него беше тешко да нема работа и тој едвај се извади од своите стари долгови. Мораше да ги врати и парите на сопствениците на клубовите во кои настаните беа откажани неговите настапи по сообраќајната несреќа што ја доживеа. Планираше да го заврши албумот до лето и да работи со полна пареа цело време, но коронавирусот запре се', па наместо да заработи пари, сега тој мора да се позајмува. Дарко е во голема паника. Знам дека тој ги замоли неговите родители да му помогнат, ги наговори Бранка и Милан да се обидат да подигнат кредити“ - вели изворот, додавајќи дека патем пејачот плаќа и алиментација за неговото дете Лорена, ќерката што ја има од првиот брак со пејачката Ана Севиќ.]]>

Северина во финанскиска криза: Подигнала кредит од 70 илјади евра и го ставила станот под хипотека! https://arhiva.vistina.com.mk/severina-vo-finanskiska-kriza-podignala-kredit-od-70-iljadi-evra-i-go-stavila-stanot-pod-hipoteka/ Fri, 04 Oct 2019 09:19:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110823

Северина Којиќ повторно подигнала кредит, овој пат во висина од 70.000 евра, што планира да ги инвестира на турнејата, пишуваат српските медиуми. Ова е втор пат за помалку од една година пејачката да побара заем од банката, од која веќе позајми 100.000 евра за да плати за албумот. И во двата случаи, таа го засложила станот во Загреб, а сега и другиот во родниот Сплит. Хрватската sвезда се подготвува оваа есен да потврди дека има високо место на музичката сцена, позиција која сериозно и беше разнишана изминатата година. По раскинувањето на договорот со долгогодишниот менаџер Томица Петровиќ и лошиот пласман на нејзиниот последен албум, таа одлучи дека голема регионална турнеја може да ја врати на врвот, па затоа собра тим соработници и ги започна подготовките, а повторно реши да се обиде со пари на заем. -Организацијата на турнејата е скапа, што е над сто илјади евра. Дел од парите што ги имаше, а остатокот од 70.000 што ги позајми. Тоа е истата банка што и даде кредит за снимање на албумот на почетокот на годината. Тоа е дека на почетокот на летото имала проблеми со исплата и дека и се заканувало активирање на хипотеката на станот во Загреб, кој инаку вреди околу 300 000. Таа го рефинансираше заемот и досега сè оди добро. Ратата е сè уште околу седум илјади месечно, но нејзиниот рок на отплата е продолжен за уште една година “, изјави извор близок до Којиќ за српски Курир , додавајќи дека банката лесно се согласила на заем со стан под хипотека. Таа е навикната да зема и да ги отплаќа кредитите. Пред неколку години, Севе најпрво под хипотека го стави станот во Сплит кога потоа купи пентхаус во Загреб, што го исплати во меѓувреме.]]>

Северина се огласи по написите дека банка ја „брка“ поради долг од 100 000 евра https://arhiva.vistina.com.mk/severina-se-oglasi-po-napisite-deka-banka-ja-brka-poradi-dolg-od-100-000-evra/ Tue, 23 Jul 2019 10:44:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98871

Српските медиуми деновиве пишуваа дека Северина не е во можност да ја плаќа ратата за кредит во вредност од 2000 евра месечно. Поради тоа, банката ја активирала хипотеката и наводно доколку пејачката не го плати долгот во рок од 15 дена ќе и биде земен станот во Загреб. Се пишуваше дека и пејачката има се помлаку настапи и дека пее за помали хонорари. „Ве известувам дека информацијата која е објавена е неточна, така да настана како резултат на негативен медиумски публицитет, на кој некои поединци работат подолго време“  соопштија од ПР службата на Северина.]]>

Северина ја “бркаат“ од банка поради долг од 100 000 евра: Ако не го плати во рок од 15 дена, ќе и го земат станот https://arhiva.vistina.com.mk/severina-ja-brkaat-od-banka-poradi-dolg-od-100-000-evra-ako-ne-go-plati-vo-rok-od-15-dena-kje-i-go-zemat-stanot/ Mon, 22 Jul 2019 09:13:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98629

Пејачката Северина постојано се наоѓа во проблеми, иако во јавноста се труди да се прикаже во друго светло. Како што пренесува порталот курир.рс Моментално најголем проблем и тоа што пред осум месеци земала кредит за снимање на новиот албум, а сега тој кредит не може да го врати на банката. „Познато е дека Севе не знае да располага со парите. Троши повеќе од што заработува. Во текот на 2018та година имаше многу настапи во регионот, но не штедеше од парите. Кога дојде време да снима нови песни и спотови, мораше да се задолжи. Пред осум месеци зема кредит во една банка во Загреб, а како гаранција беше нејзииот стан. Првите пет месеци се беше во ред, можеше да плаќа, но во последните три месеци не плати ниту една рата. Најверојатно немала настапи, па не можеше да заработи доволно пари бидејќи има уште еден кредит. Не знам колку изнесува рата, но се зборува дека станува збор за 7 000 евра. Во главно, од банката каде што поднесе кредит ја информираа дека ќе активираат хипотека доколку во рок од 15 дена не го плати долгот“ вели извор близок на пејчаката.
Блиските пријатели на Северина веруваат дека таа ќе успее да се извлече од оваа ситуација.
„И порано имаше вакви епизоди. Но, секогаш беше тука нејзиниот менаџер да направи нешто за неа. Овој пат ќе мора да го среди сама, бидејќи ни нејзиниот сопруг Игор не е многу вешт да раководи со парите. Мислам дека проблемите на Северина започнаа откако ја прекина соработката со менаџерот. Тој се противаше таа да земе нов кредит, бидејќи знаеше како стојат работите. Каматата е 15%, што воопшто не е поволно. Северина дури сакаше да земе кредит и преку неговата фирма, но менаџерот не сакаше да слушне за тоа“ вели соговорникот за курир. Северина не огласи по повод овие пишувања.]]>