креативно караоке – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Apr 2020 13:02:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png креативно караоке – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Калиопи стартува креативен онлајн натпревар: Бидете дел од „Kaliopi Fan Art“! https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-startuva-kreativen-onlajn-natprevar-bidete-del-od-kaliopi-fan-art/ Thu, 09 Apr 2020 13:00:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144222

Уметниците, како и oстанатите јавни личности се значаен дел во подигнувањето на свеста кај народот во овие тешки времиња на борба против корона вирусот. Но најважно и пред сѐ е секој од нас да помогне и да ги почитува правилата за изолација и седење дома. Калиопи, во овие денови кога взаемно си недостасуваат со својата публика, е една од првите која започна да ги комуницира и вклучувајќи се во живо  преку социјалните мрежи од својот дом да ги анимира низ песна и разговор внесувајќи љубов и оптимизам во нивните домови. Почитувајќи ја љубовта и повратниот одговор на луѓето кои со нетрпение го очекуваат секое нејзино следно јавување, таа дојде до прекрасна идеја која во текот на месецот ќе ја реализира со нејзиниот креативен тим. Имено, преку пеење, музицирање, танцување и цртање поврзани на тема со некоја од нејзините одбрани песни на YouTube плеј листа ќе се организира онлајн Калиопи Фан Арт креативен натпревар за нејзините следбеници ширум светот.
“Драги мои. Изминативе неколку седмици се обидов да ве обојам со мојот шарен свет од музика и емоции, да ве внесам барем виртуелно во својот дом. Сакав за момент да ве однесам подалеку од секојдневието и сето неубаво да го надминеме преку песна. И тогаш сфатив колкави можности и креативност поседува секој од вас. Затоа одлучив, со помошта на мојот тим, да создадам место за вашите креативни мигови и истовремено да бидеме поблиску иако сме раздалечени едни од други под мотото #седидома”, вели Калиопи Во текот на месец април, сите креации ќе бидат објавувани на нејзините социјални мрежи, предвидени се навистина примамливи награди за победниците по четирите категории како што се часови по пеење од Калиопи, учество на нејзин концерт и спот, дизајн на нејзин ковер сингл, а главната награда ќе биде викенд во Македонија и дружење со Калиопи. Правилата, наградите и останатите информации околу овој креативен натпревар можете детално да ги прочитате на социјалните мрежи на Калиопи на овие линкови Facebook: https://www.facebook.com/KaliopiOfficialPage/ Instagram:https://www.instagram.com/kaliopi_official/ Twitter: https://twitter.com/Kaliopi_KMP Останете дома и бидете креативни!  ]]>