креативни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Mar 2023 09:58:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png креативни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Среќен 8 ми Март од креативните рачиња на дечињата на познатите мајки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sreken-8-mi-mart-od-kreativnite-rachina-na-dechinata-na-poznatite-majki-foto/ Thu, 09 Mar 2023 09:58:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292447

Дефинитивно нема поголем и поубав подарок или честитка  за една жена од креативната изработката на малите, вешти рачиња, кои се потрудиле со голема љубов да ја создадат сами. Денот на жената како и секогаш беше исполнет со многу насмевки, а на профилите  познатите Македонки на „Инстаграм“ ги споделија рачно изработените честитки од нивните најмили. Се разбира, вештите прстиња создале прекрасни изработки кои нивните горди мајки со големо задоволство и ги претставија и на Инстаграм заедницата. Пејачката Тамара Тодевска сподели фотографија на нејзините кратки приказни две прекрасни честитки изработени од нејзината ќеркичка Хана и синот Дарен. Пејачката, модел и екс мисица,  Кристина Димитри сподели емотивна фотографија од подароците кои ги добила од нејзиното синче Давид. „Рачињата мајкини ме разбудија со подароци“ - стоеше пак во објавата која ја напиша таа за изненадувањето што го добила од малиот Давид. И Пејачката и докторка Симона Поповска го доби најубавиот подарок од поголемото синче Никола. „Најубавиот и најемотивниот 8 ми Март“ - напишаа таа на нејзиното „стори“, откако ја сподели рачно изработената честитка до која имаше  и прекрасна црвена ружа. Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова се пофали колку се вредни и креативнинејзините дечиња. Па, убавата струмичанка објави кратко видео од честитка и рачно изработени цвечиња од рацете на нејзините најмили, двете ќеркички Емили и Селена.   Атрактивната ТВ водителка на Канал 5, Милена Антовска сподели фотографија од нејзината ќеркичка Лана Марија. Додека пак во објавата пишуваше: Лана Марија и мама држат срце - надополнето со  емотикони од црвени срциња.   Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм и Фејсбук принтскрин        ]]>

Еуфорија, незапаметена уште од времето на Тоше: Кои се Марко Марковиќ – Џи Пи и Стефан Рашковиќ – Стефонатор, новите македонски тинејџерски идоли? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/euforija-nezapametena-ushte-od-vremeto-na-toshe-koi-se-marko-markovikj-dzi-pi-i-stefan-rashkovikj-stefonator-novite-makedonski-tinejdzerski-idoli-video/ Fri, 22 Feb 2019 08:15:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74086

На повеќето од возрасната популација имињата и особено прекарите на Марко Марковиќ – Џи Пи (GP) и Стефан Рашковиќ – Стефонатор веројатно ништо не им значат, но овие двајца тинејџери кај нивните врсници во македонија се еднакво популарни колку и еден Џастин Бибер, на пример. Важат за најпознатите и најпопуларни македонски јутјубери, кои со своите откачени идеи и креативни, едукативни, забавни, смешни... видеа ја излудеа тинејџерската популација.
За промоцијата на нивната автобиографска книга „Нашиот пат“ се чекаше со часови да се добие со нивен потпис, а просторот на МКЦ беше претесен да ја собере неколку илјадната армија нивни обожаватели кои дојдоа на промоцијата да се фотографираат со своите идоли.
Еуфорија незапаметена уште од времето на легендарниот Тоше.
Од турканици, вресоци, солзи, до буквално паѓање во бессознание.
Велат дека така било и во Битола, а така ќе биде и во другите градови низ Македонија каде што ќе се одвива промоцијата на „Нашиот пат“.
Содржината на нивната прва книга самите ја објаснија, како поинаку, ако не во нивен стил - со видео: https://www.youtube.com/watch?time_continue=237&v=l8xXtNOW8UI Тие не се популарни само кај тинејџерската публика, зашто покрај неа и нивните родители, како и повозрасните полека ги откриваат двајцата македонски идоли на новата генарација.
Марко Марковиќ - „Џи-Пи“ и стана познат на пошироката јавност уште како ученик во втора година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, кога ја претставуваше Македонија на светскиот натпревар на Мајкрософт Офис Специјалист кој се одржа во САД.
Неговиот креативен компањон пак, Стефан Рашковиќ – „Стефонатор“ е студент на мултимедија и дизајн. Автор е на серијалот „90 секунди“ кој стана негов знак на распознатливост. https://www.youtube.com/watch?v=jhSXFbXGMCg Интересни, необични, несекојдневни, откачени прашања на кои јавните личности во Македонија, без многу размислување  одговараат со првиот одговор што ќе им падне на памет, во времетраење од 90 секунди. Прашања кои, како што самиот вели, никој друг не им ги поставува, а сето тоа се снима со камера во вид на кусо видео.
Колку и да им звучи неразбирливо, нејасно, па дури и нелогично на повозрасните, што се тоа Јутјубери и што тоа прават двајцата македонски тинејџери за да бидат толку многу популарни кај нивната и особено кај помладите генерациии, Марко - „Џи-Пи“ и Стефан - „Стефонатор“  ди го туркаат својот стил, својот „фазон“, преточувајќи ги своите креации во „креативна видео лектира“ за новите генерации. А повозрасните? Кој сфатил - сфатил, кој не... Мора да го „прегазило времето“! https://www.youtube.com/watch?v=Z5qRHAcdFmc  ]]>

Креативни начини како да му соопштите на вашиот сакан дека сте бремена https://arhiva.vistina.com.mk/kreativni-nachini-kako-da-mu-soopshtite-na-vashiot-sakan-deka-ste-bremena/ Wed, 04 Jul 2018 18:32:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35674

Моментот кога ќе дознаете дека во вашата утроба се раѓа нов живот е бесценет и исполнет со вртоглаво задоволство, но тој станува уште попрекрасен кога е споделен со саканиот. Кога ќе го здогледате позитивниот тест за бременост, сигурно ќе ви доаѓа на цел глас да викнете „Бремена сум“, но и самите знаете дека имате само една шанса за да ја соопштите веста која ќе стави неповторлива насмевка на лицето на идниот татко. Па, зарем не сакате да го направите тој момент перфектен и незаборавен? Можеби некој од следниве креативни предлози ќе ви помогне да го врежете тој среќен момент засекогаш во вашите сеќавања.
  1. Оброк за тројца. Поканете го саканиот на романтична вечера во ресторан. Кога ќе дојде келнерот, за вас порачајте две порции од омиленото јадење. Уживајте во изразот на неговото лице кога ќе му кажете дека од денес започнувате да „јадете за двајца“. Истото изненадување можете да му го приредите и во домашна атмосфера.
  2. Зрно грашок. Речете му на саканиот да ја отвори дланката и во неа ставете едно зрно грашок. Не трепкајте за да видите колку различни емоции ќе покаже неговото лице кога ќе му речете: „Толкаво е во моментов нашето бебе“.
  3. Искористете ја првата снимка од ултразвукот. Ако веќе го направивте првиот преглед, искористете ја снимката која ја добивте за да го изненадите саканиот. Ставете ја во рамка за фотографија и завиткајте ја во украсна хартија. Сигурно тоа ќе биде најубавиот подарок кој вашиот сакан некогаш го има добиено.
  4. Машко или женско? Купете едно розово и едно сино боди за новороденче. Кога ќе бидете сами со саканиот, неочекувано станете и донесете ги двете. Во почетокот малку ќе се збуни, но прашалниците во неговата глава ќе исчезнат кога ќе го прашате „Што мислиш, која боја ќе ни биде потребна?“ Очекувајте силна прегратка и многу бакнежи.
  5. Предложете му татковство. Пресоздајте го моментот кога сопругот ви предложил брак. Во кутија за накит ставете го позитивниот тест за бременост и одете на местото на кое сопругот ви предложил брак или на место кои ви буди убави спомени. Подајте му ја кутијата и прашајте го „Дали ти... (името на сопругот)... ќе бидеш татко на моето дете?“ Се разбира дека ќе биде, но ќе биде и пресреќен. Откако ќе го отвори подарокот, кажете му дека имате уште еден подарок, но дека тој ќе го добие девет месеци подоцна.
  6. Подарете му слатко задоволство. Направете колач и на него напишете „Бремена сум“. Ставете го во рерната и натерајте го вашиот сакан да провери дали е готов штом ќе заѕвони тајмерот. Сигурно веста која ќе ја прочита ќе го израдува многу повеќе од примамливиот мирис на колачот.
  7. Ослободете простор за идниот член на семејството. Испразнете една од фиоките на вашиот партнер, на пример онаа со долна облека или чорапи и наполнете ја со пелени и облека за вашето идно бебе. Одгоре оставете порака: „Тато, направи место. Се вселувам за Х месеци“.
  8. Натпис на стомакот. На вашиот стомак напишете со пенкало: „Здраво тато, со нетрпение чекам да те запознам на (терминот за породување)“. Кажете му на саканиот дека имате некаква иритација на кожата и побарајте од него да провери за што се работи. Очекувајте бесценета реакција кога ќе ѕирне под маицата.
  9. Список со имиња. Направете еден список со машки и еден со женски имиња. Оставете ги на место на кое вашиот сопруг сигурно ќе ги пронајде. До нив оставете белешка на која ќе пишува „Имаме девет месеци за да одлучиме“.
  10. Утринско будење. Наутро, пред вашиот сакан да оди на работа, влезете во тоалетот и напишете со кармин или маркер на горниот дел од огледалото „Лицето на идниот татко“ и нацртајте стрелка надолу. Тој ќе добие незаборавно утринско будење
]]>