креативна домаќинка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Dec 2017 10:12:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png креативна домаќинка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Креативна домаќинка: Нина се воодушеви од постерот на Борко, па за возврат реши да му покажа колку ја бива! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kreativna-domakjinka-nina-se-voodushevi-od-posterot-na-borko-pa-za-vozvrat-reshi-da-mu-pokaza-kolku-ja-biva-foto/ Thu, 21 Dec 2017 09:44:23 +0000 http://vistina.mk/?p=7340

Борко Ристовски и неговата избраничка Николина - Нина се во Барселона. Него клубските обврски се’ уште не му се завршени, а таа полека навлегува во последните месеци од бременоста. Додека нашиот ракометен интернационалец голем дел од времето го минува на тренинзи и натпревари, Нина има повеќе слободно време за себе, кое се обидува да го потроши на ралични начини. Од прошетки и шопинг низ каталонската престолнина, до завршување на разни обврски во домот.
Последното нешто беше посетата на големиот стадион на Барселона, легендарниот „Камп Ноу“. А таму како што е редот и традицијата  во големите клубови, на ѕидот закачен големиот билборд на ракометната екипа на каталонската гордост - огромниот постер со ликовите на ракометарите на актуелната постава. Меѓу нив, секако и нашиот, или поточно, нејзиниот Борко... И убавата Нина не  му одолеа, па застана одблизу да го види неговиот лик. За да биде сликата појасна, а впечатокот посилен, дури ги стави и очилата за гледање одблизу! Случајно да не најде некој недостаток на фотографот или фотошоп мајсторот... Ама очигледно не најде, па покрај совршената фотографија, Нина постираше совршен статус со еден куп хаштази: „Љубов моја... Барселона... Камп Ноу...Најдобрата личност...Најдобриот голман... Родителска забава... Бремена...“
Очигледно Нина ем среќна, ем воодушевена си замина од спортската арена, па побрза дома, за да возврати со една од своите вештини - домаќинлукот. Резултатот на среќната домаќинка - овошен колач, декориран со свежо овошје среде зима!
Коментарот на „министерот за одбрана“ зврши со  преписка на идната брачна двојка:  “Јако е... украсена со овошје“, на што вредната идна сопруга и мајка возврати: „Креативноста е монент... тоа доаѓа само од себе, така...“! Завршниот збор требаше да го има голманот, па шеговито допиша: „Намали со креативноста те молам“... Арно ама, очигледно „точка на и“ стави вредната домаќинка: „Сега ми доаѓа да напишам нешто, ама  после ќе ти кажам“!
Што тоа домаќинката му кажа на „министерот за одбрана“ и каков беше епилогот кога тој се врати дома... одговорот остана во кругот на семејството Ристовски! Ама од овошниот колач по се изгледа не остана ништо! Креативноста на домаќинката ја кркнаа во „еден залак“!]]>