креативен документарен филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 Aug 2021 12:14:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png креативен документарен филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ https://arhiva.vistina.com.mk/festival-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/ Thu, 19 Aug 2021 12:14:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216031

„Што сега“ или „Where do we go now“ е мотото на годинашното 12-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржи на четири локации од 19 до 26 август во Скопје. Фокусот ќе биде насочен кон дистрибуцијата на документарниот филм, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ фестивалите во Европа. Фестивалот ќе се одржи во Куршумли-ан, МКЦ, Музејот на современа уметност и Музејот на Македонија. Како што посочи Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, мотото симболизира преиспитување што и како да правиме од сега па натаму. Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 12-то издание ќе биде отворен на 19 август во Куршумли-ан со документарниот филм „Луѓето од гаражите“ (Германија, 2020, 93 мин.) на сценаристката и режисерка Наталија Јефимкина. Во истиот блок, којшто почнува во 21 часот, ќе биде прикажан и краткиот документарен филм „Џукели“ (Канада, 2019, 18 мин.) на Халима Уардири. Основна тема во филмот „Џукели“ е прифатилиште за кучиња-скитници во Мароко, каде времето застанало за 750-те животни кои чекаат посвојување, а нивните животи следат една прецизна, еднолична рутина. Документарецот „Луѓето од гаражите“ ги следи приказните на луѓе кои живеат во гаражни населби во постсоветска Русија. Иако однадвор личат на негостопримливи лимени шупи, гаражите често им нудат бегство на мнозина Руси, повеќето од нив мажи. Вечерта на отворањето на фестивалот ќе биде заокружена со концертен настап на Добрила и Дориан Дуо во рамките на музичката програма „МакеДокс: Ноќни приказни“. На филмската програма на 12. МакеДокс планирано е од 19 до 26 август на четири локации да бидат прикажани над 70 документарни остварувања во пет натпреварувачки категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентска програма, како и категоријата Етички идеи. Надвор од компетиција, но значајни фестивалски програми се Земја во фокус – Украина и Програмата за деца и младинци. Фестивалот се одржува со мото „Што сега?“, а главниот фокус ќе биде ставен на дистрибуцијата на документарниот филм со посебен акцент на промоцијата на филмовите на фестивалите низ Европа. Во индустрискиот сегмент на фестивалот, кој ќе се одвива онлајн, на 21 август е предвиден е мастерклас со Хајно Декерт, еден од најуспешните европски дистрибутери на документарни филмови, додека централно место во овој сегмент зазема третото издание на МакеКоПроДокс форумот, што ќе се одржи од 23 до 25 август. Форумот ќе се одржи онлајн, а присутни во Скопје ќе бидат модераторките Хеле Хансен, Бриџит О’Шеа и Зејнеп Ѓузел. Првата активност на Форумот, практично, се одржа на 17 август, со онлајн-работилница за „пичинг“ на 11-те проекти за документарни филмови во фаза на продукција или копродукција. Програмата Земја во фокус, во чии рамки ќе бидат прикажани 10 нови документарни филмови од Украина, ќе биде отворена на 20 август во Куршумли-ан со проекција на филмовите „Територија на празните прозорци“ (2020, 10 мин.) на Зоја Лактионова и „Дождов никогаш нема да запре“ (2020, 104 мин.) на режисерката Алина Горлова. На фестивалот е планирано да гостуваат десетина автори на филмовите од Украина.
Сите програмски активности на фестивалот ќе се одвиваат според протоколите што важат од 18 август 2021 година. Согласно протоколите, нема да можеме да одобриме влез во фестивалскиот простор доколку не биде ставен на увид сертификат за вакцинираност, соопштија организаторите.
]]>