кралица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2023 09:56:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кралица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сеќавање на Есма Реџепова: 11-ти декември – денот кога замина Кралицата на ромската песна https://arhiva.vistina.com.mk/sekavane-na-esma-redhepova-11-ti-dekemvri-denot-koga-zamina-kralitsata-na-romskata-pesna/ Mon, 11 Dec 2023 07:11:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330514

На денешен ден, 1 декември 2016 година во Скопје,  години почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова.

Есма Реџепова беше родена во Скопје на 8 август 1943 година. Таа беше позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки. Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Реџепова е петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови, во мала куќичка во центарот на Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел да ги прехрани четирите ќерки и двата сина како чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му ја носи кутијата со бои и четки. Покрај другите браќа и сестри, и малечката Есма станала помошник на татка си. Но, наскоро го проширила „бизнисот“, па им помагала и на другите чистачи на чевли во Скопје. Таа била нивниот главен снабдувач со „репроматеријал“. Трчала до тогаш единствената работилница за производство на боја за чевли „Iмалин“ и набавувала за сите. Парите што чистачите и ги давале за автобуска карта, таа ги штедела за кино билет, а најчесто во набавки одела пеш. Постарите скопјанки можеби не се сеќаваат дека денешната ромска кралица е она истото девојче што пред педесетtина години чекала во ред за да им купи млеко, а тие и давале по некоја паричка што исто така завршувала во билетарницата на скопското кино. Ученичката Есма имала бунтовна природа и никогаш не им останувала должна на оние што сакале да ја понижат нарекувајќи ја „Циганка“. Никогаш не се срамела од работата, ниту кога сиромаштијата го принудила деветгодишното девојче да чисти скали и да брише прозорци во домовите на имотните скопјани. Имала прекрасен глас секогаш широка насмевка и ведра природа. Нејзината мајка никогаш не запеала. Татко и Ибраим пеел, но само за своја душа, зашто пеењето по кафеани го сметал за недостоинствена работа. Неговата 13-годишна ќерка Есма била вљубена во песната, но тој всушност и не знаел дека таа веќе ја пленила публиката со својот глас, пеејќи песна во една театарска претстава и дека добила покана да учествува на меѓучилиштен натпревар во пеење во Сарај. Таткото тоа го дознал еден ден, кога на вратата на Реџепови чукнал познатиот естраден уметник Стево Теодосиевски. Тој дошол да го убеди да и дозволи на Есма да настапува со неговиот ансамбл. Таа есен 1957 година, Есма победила на натпреварот и добила покани за соработка од Радио Скопје. Во 13-годишната црномуреста девојка, облечена во скромно фустанче, музичките критичари откриле вонсериски талент. Тој момент животот на Есма добил поинаков тек. Таа се вклучила во ансамблот на Теодосиевски, а татко и добил ветување од Стево дека тој ќе се грижи за неа, за нејзиниот настап, за кариерата и оти нема да дозволи таа да стане кафеанска пејачка. Дом и станал стариот автомобил на Стево Теодосиевски, патиштата, новите градови и хотелите. Есма денес речиси и не може да се сети на првите официјални настапи. Прво почнале со скромни турнеи во Македонија, потоа во републиките на бивша Југославија. Првиот настап на Есма надвор од СФРЈ бил во 1961 година во Бугарија. На двомесечната турнеја таа била вистинска атракција, затоа што во тоа време не било „природно“ Ромите да се вклучат во естрадниот живот. Заради контактите и поразвиениот музички пазар, скопјанката Есма од 1960 година станува жител на Белград. Нејзин дом биле две соби на Дедиње, во кои живеел целиот ансамбл „Теодосиевски”, вклучувајќи ја мајката на Стево, која на Есма и била како втора мајка. Музиката и заедничкото живеење со Стево Теодосиевски ги крунисала во брак во 1968 година. Драчевци и денес се сеќаваат на големата и весела ромска свадба, а седум дена подоцна бракот го регистрирале во Белград. Од белградскиот аеродром почнуваат многу патувања на ромската музичка кралица. Есма станала популарна и поради тоа влегла во протоколот на претседателот на Југославија. Првпат пеела пред Тито во 1961 година, кога гостин на Mаршалот му бил индонезискиот претседател Сукарно. Со нејзините песни се расположил и либискиот водач Муамер Гадафи, кога летувал во резиденцијата на Бриони. По 30 години брак, смртта на Стево ги раздели Кралот и Кралицата. Но, таа вели дека тој останал присутен во нејзиниот живот. Кога пеела во Шпанија мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публика од 20.000 гледачи занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш. Таа е среќна што по вторпат е номинирана за Нобелова награда за мир. Првпат во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија. а сега како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубовите во земјава. Есма никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија денес има повеќе од 100 внуци и правнуци. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност. Есма Реџепова сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Изврши повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии. Реџепова најмногу пееше на ромски и македонски, но исто така сними песни на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Реџеповите песни често зборуваат за љубов, тага и брак. Една од нејзините најпознати песни наречена Чаје Шукарие стана химна за сите Роми насекаде низ светот. Есма често пееше традиционални песни, и ромски и македонски, но многу од нив се и nivni композиции. Теодосиевски вообичаено  компонирал и аранжирал песните, но Есма исто така некои песни, вклучувајќи ја и „Чае Шукарије“. Таа, исто така, ги подготвуала кореографииите за настапите. Есма Реџепова почина во 2016 година, на 73-годишна возраст, по  кратко боледување. Погребана е на гробиштата Бутел во Скопје. За жал иако сето свое културно и музичко наследство и го остави на државата република Македонија, заради семејните недоразбирања на наследниците и судските сппорови кои се водат меѓу нив, но и негрижата на државата, нејзината спомен куќа - музеј која самата ја изгради беше целосно ограбена, опустошена и напуштена стои како руина и ден денес, а сите вредни предмети од неа се однесени на непозната локација. Групата „Есма’с Бенд Некст Џенерејшн“ предводена од еден од нејзините посвоени деца - музичарот Симеон Атанасов и единствената ќерка меѓу нив, пејачката Елеонора кои живеат и работат во Белгија, денес се сметаат за наследници на музичкото творештво на Есма. Тие истот ака го формираа и здружението „Есма – Крстосница на културите“ („Esma - Carrefour des cultures“), чија цел е промоција на ромската и балканската култура и музика во Европа и светот. Фото: Инстаграм/#есмареџепова/#esmaredzepova и Фејсбук/Esma's Band Next Generation]]>

Карлеуша ја вознемири јавноста со својата речиси гола фигура, а потоа самата си стави цензура (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-ja-voznemiri-javnosta-so-svojata-rechisi-gola-figura-a-potoa-samata-si-stavi-cenzura-foto/ Sat, 17 Jun 2023 07:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232060

Јелена Карлеуша не би била тоа е што е - „кралица на скандалите“, ако ваквото однресување не и е секојдневие. Или барем јавноста она што го прави и изведува, барем така го доживува. До душа, не сите, но голем дел се оние кои дури се дрзнуваат да кажат и објават дека белградската „мала од скандала“ со своите објави ги вознемирува. А, Јелена како Јелена, речиси секоја објава и е разголена... Која повеќе која помалку, но со оваа последнава одново се надмина, кога минимализмот во облекување е во прашање. Навистина ултрамодерно (с)облечена во најмали што може, најмини бикини на светот или долна облека , што ли е веќе тоа на неа, од еден познат светски бренд, русокосата поп-фолк дива е рибетина во тренд. И додека поцвеќето ја одобруваат додека гледајќи ја плакнат очи , има и такви што мислат дека карлеуша треба малку да „прикочи“ со голотијата, критикувајќи ја дека ја вознемирува нацијата. За таквите „мрчатори“, Јелена сподели објава на своето Инстаграм стори во која кралицата им ја „возврати шлаканицата“ на хејтерите одговорајќи им со зборовите: „Кога луѓето од светскиот шоубизнис би знаеле дека морам да објаснувам дури што се и „Шанел“ бикини, би помислиле дека живеам во Авганистан. Сепак, како кралица на Србија, имам потреба да ја просветам и смирувам вознемирената јавност. Сега продолжете со вашите активности во мир, кралицата ви е најдобра пре*ичка на сите времиња и животот е убав“ - им напиша Карлеуша! Патем, Јелена цинично ја „самоцензурираше“ својата фотографија и видео со кои таа онака соблечена, наводно ја вознемирила јавноста!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar]]>

Почина кралицата на поп – рок и соул музиката Тина Тарнер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-kralitsata-na-pop-rok-i-soul-muzikata-tina-tarner-foto/ Thu, 25 May 2023 06:35:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303448

Прославената американска поп-рок и соул пејачка Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст во својот дом во Куснахт кај Цирих, Швајцарија соопшти нејзиниот претставник за медиумите. Тина Тарнер ја започна својата меѓународна кариера настапувајќи во 1960-тите со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер, од кого заради физичкото и ментално малтретирање се разведе во 1978 година и продолжи да постигнува уште поголем успех како соло уметник, според Би-Би-Си. Нејзиниот портпарол во соопштението изјави: – Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во својот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Во последните години од својот живот, Тина Тарнер, страдаше од бројни здравствени проблеми поврзани со канцерогено боледување, мозочен удар и откажување на бубрезите. Музичката ѕвезда со американско потекло беше една од најомилените рок пејачки. Таа е позната по својата харизма на сцената и низата хитови: "The Best", "Proud Mary", "Private Dancer" i "What's Love Got To Do With It". Кралицата на поп-рок и соул музиката, Тина Тарнер се прослави со своите жестоки и интензивни настапи во живо, како и впечатливиот глас. Фото: Принтскрин/АП Фото]]>

„Со кого го правиш тоа?“  – Теа Таировиќ не ја открива тајната за која многумина се прашуваат (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/so-kogo-go-pravish-toa-tea-tairovik-ne-ja-otkriva-tajnata-za-koja-mnogumina-se-prashuvaat-foto/ Wed, 19 Apr 2023 09:31:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298599

Младата фолк ѕвезда Теа Таировиќ напорно работи на албумот кој ќе биде увертира за нејзиниот концерт летово на Ташмајдан. Би можела да кажам многу повеќе за тоа што ќе го слушнете на овој албум, но, како и секогаш, ќе оставам делата да зборуваат наместо мене“. Но, после оваа најава беше проследена со коментари од нејзините следбеници, бидејќи сите нетрпеливо чекаат даги  слушнат нејзините нови песни.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

„Па, едвај го чекам тоа. Минатата година ги слушав сите твои песни на работа и ништо не ми беше тешко да правам. Го сакам твојот стил на музика и тебе исто така“. „Чувствувам светско чудо ќе се случи, Теа е како торнадо да одземе се“, „Кралица“, се само дел од коментарите под објавата, додека многумина погодија со кого снима дуетска песна: „Со кого го правиш тоа?“, „Со Сања Вучиќ?“, „Песни, албум, концерт, таа е родена за естрадата, кога ќе кажеш Теа, веќе знаеш дека е најдобра“. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

„Кралица Камила“: Сопругата на кралот Чарлс добива нова титула (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kralitsa-kamila-soprugata-na-kralot-charls-dobiva-nova-titula-foto/ Wed, 05 Apr 2023 09:50:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296689

Титулата „Кралица Камила“ најпрво била употребена во службено својство, појавувајќи се на поканите за крунисувањето на кралот Чарлс III, а ќе стане нејзина титула по крунисувањето. Камила беше официјално нарекувана како „сопружник на кралот“ од смртта на кралицата Елизабета Втора, но беше именувана за кралица Камила заедно со кралот Чарлс III. на поканите кои ќе бидат испратени до повеќе од 2.000 гости. Кралската веб-локација ќе биде ажурирана по крунисувањето за да ја одрази промената на титулата на Камила, а кралицата ќе биде заменета со „Кралицата Камила“, соопшти палатата. Со крунисувањето до кое има скоро еден месец, објавена е нова фотографија на кралот и кралицата, облечени во фустан на Фиона Клер. Тие се насмеани во Сината соба за цртање на Бакингемската палата на фотографијата направена од Хуго Бурнанд, омилениот кралски фотограф на семејството. Кралскиот извор рече дека има смисла да се нарекува Камила како кралица Консорт во раните месеци од владеењето на кралот, за да се разликува од кралицата Елизабета Втора. „Кралицата Камила е соодветно решение за титулата „Крал Чарлс“ на поканата. Крунисувањето е соодветно време да се започне со користење на „Кралицата Камила“ во службено својство. Сите поранешни кралици беа познати како „Кралица“ покрај нивното име“. Фото: Принттскрин/Профимедиа/Твитер]]>

Теа Таировиќ заработува цело богатсво, па полека гради финансиско царство: Кралицата на бакшишот е секси ѕверка, ама и милионерка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-tairovik-zarabotuva-tselo-bogatsvo-pa-poleka-gradi-finansisko-tsarstvo-kralitsata-na-bakshishot-e-seksi-zverka-ama-i-milionerka-foto/ Tue, 28 Feb 2023 10:22:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290902

„Кралицата на бакшишот“, како што многумина ја нарекоа Теа Таировиќ, е една од најбараните и најпопуларните пејачки на денешницата.Често се шушка за парите што ги заработува, а неодамна во јавноста стигна информацијата дека цената на нејзините настапи вртоглаво пораснала.Со оглед на огромната популарност што ја стекна, Теа моментално заработува повеќе од многу нејзини колешки заедно или од оние кои многу подолго пеат од неа. Според извор за домашните медиуми, Таировиќ добива во просек по 13.000 евра по настап, а како засега има закажано 43 настапи од 21 јануари до 27 мај, износот на нејзината заработка ќе биде за цели 559.000 евра поголем, пренесува српски Блиц. Теа Таировиќ заработува цело богатсво, па полека гради финансиско царство. Кралицата на бакшишот е секси ѕверка, ама очигледно и милионерка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea (@tea___tairovic)

И покрај тоа, Теа тврди дека парите не и се приоритет, туку успехот и личната сатисфакција. „Менаџерот често ме критикува и сака да полуди кога ќе му кажам дека парите не ми се важни.Оваа работа ја работам за љубов, но и за слава. Ме запали успехот, не бројам пари“ – изјави неодамна таа.Неодамна се појавија информации за апсење на пејачката и за законски прекршувања, а Теа истакнува дека не разбира од каде доаѓаат овие приказни бидејќи како што тврди таа е целосно чиста пред законот.     „Би сакала да знам од каде доаѓаат тие приказни.Јас сум човек кој е коректен во таа работа, ако не сум нешто тогаш не сум престапник и криминалец. Она што ме разочарува е фактот што за време на настапот на колегата, наместо да ужива, некој ме шпионирал и ме гледал како стојам. Во тој момент ме болеше кичмата, стоев така да се исправам, а некој ме сликаше и напиша дека сум уапсена.Требаше да ми ги слика и рацете, за да види дека нема лисици на нив“ - објасни Таировиќ.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea (@tea___tairovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/tea___tairovic]]>

Сите ја осудуваа за распадот на неговиот брак: Камила ќе стане кралица кога Чарлс ќе биде крунисан (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-ja-osuduvaa-za-raspadot-na-negoviot-brak-kamila-kje-stane-kralica-koga-charls-kje-bide-krunisan-foto/ Fri, 09 Sep 2022 11:50:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266205

Карактеризирана како уништувач на браковите, и тоа не само од страна на Дијана, принцезата од Велс, сопруга на кралот Чарлс Камила, ќе биде крунисана за кралица кога тој ќе биде крунисан за крал. Искрена желба на кралицата Елизабета Втора беше истакната во пораката објавена пред нејзиниот платинест јубилеј во февруари оваа година, сопругата на Чарлс да биде позната по неговото доаѓање на престолот како сопруга - кралица. Тоа е истата титула која ја добила Елизабета, сопругата на кралот Џорџ Шести, која по смртта на монархот ја добила титулата кралица-мајка, пренесува „Гардијан“. - Кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека нему и на неговата сопруга Камила ќе ја дадете истата поддршка што ми ја дадовте мене; и моја искрена желба е, кога ќе дојде тоа време, Камила да биде позната како сопруга кралица додека ја продолжува својата лојална служба, напишала кралицата. Чарлс долго време посакуваше Камила да ја земе титулата кралица. Камила, наводно, приватно опишана како „Ротвајлер“ од Дијана, изгледала осудена да падне во немилост на британската јавност по едно бомбашко интервју за Би-Би-Си во 1995 година, во кое принцезата од Велс се пожалила дека „тројцата се венчале“, мислејќи на долгата -терминска врска помеѓу нејзиниот сопруг и Камила. Се шпекулираше дека Камила имала афера со принцот додека тој беше во брак со Лејди Ди, а на крајот на 1992 година медиумите објавија транскрипти од тајните разговори на Чарлс со Камила, што беше конкретен доказ дека омилениот брак на нацијата се распаѓа. Дијана се обидела да се самоубие, а кога не успеала, решила да се разведе. Додуша, таа му даде уште една шанса на Чарлс, а условот беше тој да престане да се гледа со Камила, но тој не се согласи на тоа. Потоа почнаа да живеат одвоено. Чарлс се заљубил во Камила во 70-тите години на минатиот век. Го чекала со децении и поради него го трпела презирот и осудата на Британците и светот, а потоа конечно се венчале во 2005 година. Љубовта продолжува и денес. По смртта на Дијана во 1997 година, беа потребни две години за да се појават во јавноста престолонаследникот и неговата партнерка. Тие првпат се појавија заедно на роденденската забава на сестрата на Камила во лондонскиот хотел Рик. Но, следната година, кралицата даде знак на одобрување со тоа што присуствуваше на ручек со Чарлс и Камила. Камила брзо се спријателила со членовите на британското кралско семејство, особено со Кејт Мидлтон (40). Многумина не и простија што поради неа страдаше Дијана, но барем докажаа, посочуваат упатените во судските случувања, дека била љубовта за која вреди да се бориме. Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора почина во замокот Балморал, соопшти Бакингемската палата. Таа имаше 96 години и беше британскиот монарх со најдолго владеење. Фото:Принтскрин/Профимедиа]]>

Баба Ванѓа ја предвиде смртта на кралицата Елизабета Втора https://arhiva.vistina.com.mk/baba-vangja-ja-predvide-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Fri, 09 Sep 2022 10:44:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266170

Вангелија Пандева Гуштерова е родена во Струмица во Македонија и е попозната како „Баба Ванга“. Таа била гатачка и се верува дека предвидела многу настани. Родена е во Струмица, која тогаш била во Отоманската империја, во сиромашно семејство. Кога Ванга имала 12. години, таа го напуштила домот со семејството и почнала да живее во Ново Село. Една година подоцна, таа била тешко повредена во невреме, по што постепено почнала да го губи видот, кој целосно го загубила до нејзиниот 16-ти роденден. Несреќата се поврзува и со почетокот на нејзините пророчки способности и визии. До полнолетството живеела во санаториум во близина на Белград. Во училиштето за слепи во Земун учела домашни работи, а потоа се вратила во Бугарија и се грижела за помалите браќа и сестри. Во 1940. година го загубила татко и, па семејството наишло на тешки финансиски проблеми. Се тврди дека токму во овој период таа открила дека има способност да комуницира со „оној свет“. Нејзините наводни пророштва навистина се оствариле. Пророчицата стана позната во светот дури по нејзината смрт, поради исполнетото пророштво за терористичкиот напад на 11. септември 2001. година на кулите близначки во Њујорк. Иако била неписмена, нејзините пророштва биле напишани од пријатели и роднини. Таа, наводно, дури и ја пророкувала нејзината смрт на 11. август 1996. година, Втората светска војна, а се верува дека дури и омразениот диктатор Адолф Хитлер дошол да ја посети, но тој разочаран ја напуштил нејзината куќа бидејќи таа го предвидела неславниот крај на војната. Таа, наводно, предвидела многу други катастрофи, па дури и по смртта на Ванга многу луѓе се плашат од нејзините пророштвата. Таа ја предвидела и војната меѓу муслиманите и Европејците, дека во 2088. година ќе дојде нова болест, од која луѓето ќе почнат брзо да стареат, но во 2097. година таа болест ќе биде победена. Во втората половина на 21. век ќе владее комунизмот, а човечките органи ќе можат да се одгледуваат. Ова се наводно нејзините предвидувања за 2022. година, меѓу кои ја предвидува и смртта на кралицата Елизабета Втора. – Напад врз Владимир Путин. Ванга предвидела напад на рускиот претседател, но тоа не значи и негов крај. – Пад на метеорит. Таа го проценила судирот на голем метеорит со Земјата. – Економска криза. Најпогодени од кризата ќе бидат земјите кои го имаат доларот како валута. – Климатска промена. Таа предвиделаразлични климатски промени, а глобалното затоплување ќе претставува голема закана за флората и фауната следната година. – Болеста на Доналд Трамп. Неговото здравје ќе биде полошо, а зборувала и за мистериозна болест со сериозни последици по неговото уво и мозок. – Кралицата Елизабета. Според нејзините предвидувања, кралицата Елизабета Втора наводно ќе ја загуби битката за својот живот и ќе го остави тронот на својот син Чарлс. – Бунт во Северна Кореја. Народот на Северна Кореја ќе се крене против лидерот Ким Џонг-ун.]]>

Важи за кралица на народната музика – ќе погодите ли која пејачка е на фотографијата? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vazi-za-kralica-na-narodnata-muzika-kje-pogodite-li-koja-pejachka-e-na-fotografijata-foto/ Fri, 11 Mar 2022 11:13:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242841

Таа е легенда на народната музика, а на домашната сцена се појавила на 9 години. Поради нејзините хитови во досегашната кариера ја нарекуваат „кралица на народната музика“. Таа досега снимила преку 40 студиски албуми. Таа има добиено многу признанија, а една од нив е награда за Национална естрадно – музички уметник во Србија,  награда за животно дело. Дали препознавате која пејачка е на фотографијата? Се работи за Снежана Ѓуришиќ. Таа денес важи за најпозната пејачка на народната музика и е дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. фото: принтскрин]]>

Дара Бубамара претера со фотошоп и сите и се смеат на интернет: „Дури сега гледам дека не личи на себе“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-pretera-so-fotoshop-i-site-i-se-smeat-na-internet-duri-sega-gledam-deka-ne-lichi-na-sebe-foto/ Thu, 17 Feb 2022 11:59:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239489

Пејачката Дара Бубамара повторно се заигра во фотошоп, но овој пат ги претера сите граници. Таа објави неколку нови фотографии на кои толку многу го „ретуширала“ лицето и изгледа како пластична кукла. Пејачката воопшто не личи на себе како што изгледа во живо. На Твитер и се смеат на познатата пејачка нарекувајќи ја кралица на фотошоп и се шегуваат дали детето и го украл телефонот, па се играло со некои од апликациите за обработка на фотографии. -Дара Бубамара како икона на фотошоп, гласи еден од коментарите. -Дара Бубамара VS Дара Бубамара на мојата младост, е друг твит. -Дури сега гледам дека Дара повеќе не личи на себе. -Дара Бубамра...пресмешно...можеби дете и го зел телефонот“. фото: твитер/инстаграм/дарабубамара]]>