крал на кокаинот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Aug 2018 11:03:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крал на кокаинот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова е приказната за песната на дуото „Моби Дик“ која во 90-те беше химна на криминалците во Србија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-prikaznata-za-pesnata-na-duoto-mobi-dik-koja-vo-90-te-beshe-himna-na-kriminalcite-vo-srbija-video/ Fri, 31 Aug 2018 10:54:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45546

Срѓан Чолиќ, фронтменот на дуото „Моби Дик“, напиша хит кој ги одбележаа 90-тите години и важеше за химна на криминалното подземје во Србија, а носеше наслов „Крал на кокаинот". Познатата песна Срѓан ја напишал кога го оставила девојката со која бил долги години во врска и заминала за најголемиот црногорски дилер на дрога. Неговата девојка во видеото ја глуми  познатата актерка Вера Мујовиќ.
Кога спотот за првпат бил прикажан на телевизија, во истиот момент ќе биде забранет и уште на самото премиерно емитување на половина е прекинат, како што се наведува, заради сцените на „дрогирање и убиства“.
Песната требаше да биде химна против мафијата и дилерите на дрога, но обратно, таа стана нивна омилена и тие често ја нарачуваа на живите свирки со изменет текст: „Ќе ми родиш син, крал на кокаинот“... Иако Срѓан не му припаѓал на тој свет, доживеал повеќето криминалци да го гушкаат, ја имал нивната поддршка и заштита, ни крив ни должен.
Така, на настапот во Крагуевац, Срѓан застанал на шанкот  и пиел минерална вода бидејќи не пиел алкохол, кога еден човек ќе му пријде, ќе го прегрне и ќе рече: "Знаеш што, ми должиш за авторски права?" Срѓан се свртел, го погледнал човекот и прашал: "Кој си ти?" Човекот одговорил: "Јас сум крал на кокаинот!" Срѓан не го познавал човекот, но тој продолжи со насмевка: "Не, јас сум крал на кокаинот". Жестокото момче одговорило: "Не, брате, не си информиран, јас сум крал на кокаинот!"
Пејачот го прашал што ќе пие, овој побарал виски, а Срѓан продолжил да се шегува и рекол: "Дајте му на господинот лажен крал на кокаинот, двојно виски од вистински крал на кокаинот! И за мене виски, да го испочитувам!" Човекот се насмеал, го прегрнал и рекол: "Ти си мој брат!" Му пружил рака и се претставил: "Јас сум Борис Петков" - пишува Фејсбук страницата „Легенди на 90-ите“.
Во јавноста, името на Борис Петков почна да  почесто да се  споменува на 15 февруари 1985 година, по убиството на Ранко Рубежиќ, за кое се сомневаше дека го извршиле тој и тројца неговите пријатели. Петков потоа ќе отиде во Чехословачка, која во тоа време не била член на Интерпол, но врз основа на меѓудржавен договор е уапсен и екстрадиран во Југославија, каде што за прв пат е осуден на пет и седум години затвор. Вината за убиството на Рубежиќ никогаш не призна, но планирал да избега од затворот, во што тој успева по две години од издржувањето на казната. Еве ја култната „химна на подземјето“: https://www.youtube.com/watch?v=OGbCh8d2z6g]]>