крај на врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Oct 2021 12:10:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крај на врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шест јасни знаци дека време е за крај на врската https://arhiva.vistina.com.mk/shest-jasni-znaci-deka-vreme-e-za-kraj-na-vrskata/ Wed, 20 Oct 2021 13:15:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223803

Секоја врска има свои подеми и падови и во различни етапи едниот партнер може да биде подоминантен или „столбот“ што ја одржува врската стабилна. Во здрава врска, треба да можете да се потпрете еден на друг, да верувате еден во друг и да се поддржувате во вашите соништа, лични и заеднички. Ако веќе некое време се чувствувате дека не сте еднаков партнер во вашата врска, проверете дали партнерот покажува некои од знаците дека не ве цени доволно. Ваквиот човек тешко ќе се смени и секогаш ќе гледа на вас „од високо“, што значи дека не може да очекувате еднаквост во врската.

Нема време за вас

За сите други може да најде време, а плановите со вас ги откажува без да му трепне око. Или воопшто не ги закажува бидејќи не покажува интерес да прави што било заедно со вас.

Не покажува благодарност

Го сакате, му угодувате, се трудите да му ја исполните секоја желба (и каприц!), се грижите за него, а тој не знае да каже (ни да покаже) благодарност за „кралскиот третман“.

Не ве прашува за совет

Кога носи одлуки, тоа го прави сам и никогаш не се консултира со вас, дури и кога тие одлуки се однесуваат на вас и вашата врска. Тоа значи дека вашето мислење му е небитно за неговите работи и дека нема што да кажете за заедничките работи.

Прави планови без вас

Ова се надоврзува на претходното – само ви соопштува дека нешто ќе прави сам или дека вие треба да одите со него, а дали вие сакате и можете, не е важно. Дури и се лути ако му кажете дека не можете – во неговиот свет вие сте му секогаш достапна. Вие сте „украсот“ со кој може да се пофали, а не партнерката со која се гордее.

Мрзлив е

Сосема ви ги има препуштено домашните обврски и никогаш не му паднало на памет да ве праша дали ви треба помош или да преземе некоја обврска. Уште и наоѓа маани за тоа како е нешто сработено и ви префрла.

Мисли дека со него „ви паднала секирата во мед“

Постојано се фали со неговите квалитети и достигнувања и не пропушта прилика да ви покаже вам и на сите околу дека треба да му бидете благодарни што ве избрал вас и дека треба да сте пресреќна што сте со него. Верувајте, има многу подобри мажи и вие заслужувате еден од нив. извор: Кајгана.ком]]>

Лоша „машка“ навика поради која жените се подготвени да стават крај на врската или бракот… https://arhiva.vistina.com.mk/losha-mashka-navika-poradi-koja-zenite-se-podgotveni-da-stavat-kraj-na-vrskata-ili-brakot/ Wed, 11 Nov 2020 13:30:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175639

Луѓето во долгогодишните врски и бракови знаат дека секоја љубовна приказна има свои падови и издигнувања. Да, во врската има безброј нежни моменти и периоди кои што се преполни со љубов, но и напнати ситуации кои што се исполнети со кавги и несогласувања. Флексибилноста и подготвеноста на компромис е исклучително важна за успешна врска, особено кога работите ќе тргнат на лошо. Со отворена комуникација ќе се изгради поцврста врска и ќе се надминат сите проблеми кои што ќе ви застанат на патот. Од друга страна, тоа нема да биде возможно доколку една страна има константна потреба постојано да биде во право. Иако таа лоша навика често се карактеризира како машка, постојат и многу жени кои што „патат“ од таа навика. Доколку партнерот има чувство дека постојано треба да биде во право, тогаш нема да биде подговен да го сослуша другиот партнер, нема да сака да го коригира своето однесување и мислење, а врската за некое време ќе заврши со раскинување. Ескпертите се согласуваат дека во љубовта успешни парови се оние кои што егото го чуваат настрана, односно оние кои што ги надминале своите незрели сфаќања за животот и оние кои што се подготвени со својот партнер да ја планираат својата среќна иднина. извор: точка.мк]]>

4 „црвени сигнали“ кои откриваат дека треба да ставите крај на вашата врска https://arhiva.vistina.com.mk/4-crveni-signali-koi-otkrivaat-deka-treba-da-stavite-kraj-na-vashata-vrska/ Tue, 24 Mar 2020 13:15:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141183

Еве како благодарение на следните 4 „црвени“ знаци, може да го препознаете однесувањето на вашиот партнер и лесно да утврдите дали сепак тој е доволно добар за вас или крајот на врската е неизбежен.

1. Уште на првата средба вели да имате интимни односи

Мажите често мислат на интимни односи, при што понекогаш едноставно не можат да го контролираат нивниот внатрешен глас и мисли, што впрочем е нормално. Но, доколку неговата намера е да ве натера да влезете во неговиот кревет колку што е најбрзо возможно, тогаш најверојатно со вас ќе биде само заради интимните односи и вас нема да ве почитува и цени како личност.

2. Не ве прави да се чувствувате специјално

Од партнерот се очекува истиот да ве сака. Тој треба да ве направи да се чувствувате како најубавата, најинтелигентната и најпрекрасна жена на светот. Ако не ве прави да се чувствувате посебно и специјално, тогаш подзамислете се како всушност се чувствувате кога сте покрај него.

3. Го крие телефонот

Доколку тој постојано добива повици или пораки и тоа во доцни часови, а притоа за да одговори на истите, мора да отиде во друга просторија или веднаш го зема телефонот, за да вие не забележите кој се јавува, тогаш едно е сигурно, не му се јавува неговата мајка. Затоа, во вакви ситуации, не верувајте на изговорите дека го бараат од работа или дека го бара стар пријател, бидејќи според љубовните експерти, многу е веројатно истото да го кажува и на жената која му се јавува, додека е со вас.

4. Се однесува нечесно

Дали бидејќи е страшливец или едноставно лоша личност, доколку партнерот станува исклучително агресивен кога се расправате, тогаш тој едноставно никогаш нема да ве почитува и никогаш нема да се промени. Не очекувајте добро од човек што не умее да комуницира. Оваа нечесност може лесно да се забележи и доколку при вашите караници, тој започнува да изнесува ваши грешки од минатото, со цел да избега од вистинската тема, бидејќи на овој начин, се обидува да ја сокрие неговата грешка. Не дозволувајте да имате ваков партнер покрај себе, со кој поголемиот дел од времето ќе се чувствувате повеќе несреќно, отколку среќно. извор: nane]]>

Како да знаете дека е крај на врската, дури и ако сè уште го сакате партнерот? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-znaete-deka-e-kraj-na-vrskata-duri-i-ako-se-ushte-go-sakate-partnerot/ Fri, 21 Feb 2020 13:00:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135442

Ако сте биле во несреќна врска, знаете колку е тешко да се донесе одлуката да раскинете и да го напуштите партнерот. Но, не е лесно ниту да откриете дека е време да раскинете. Сепак, ако размислувате да раскинете, тогаш треба да ги препознаете знаците што ви укажуваат дека веќе ништо не може да се направи за да ја спасите врската. Раскинувањето може да биде премногу болно, но понекогаш е потребно за да можете да пронајдете поголема среќа. Овие 3 знаци покажуваат дека вашата врска е завршена и дека треба да се раскинете и да продолжите понатаму.

1. Сакањето на партнерот ви предизвикува емотивна болка

Ако сметате дека постојано ве боли додека се обидувате да го сакате вашиот партнер, оваа врска можеби нема да се подобри. На пример, ако аргументите растат во сè поголеми и поболни расправии, тогаш таа врска ве повредува наместо да ве усреќува.

2. Едниот од вас едноставно не може веќе да простува

Кога еден од вас постојано ги преминува границите на довербата и на меѓусебното почитување, другата личност ќе се измори од постојаното простување за таквите постапки. Кога некој веќе не може да простува, врската обично завршува.

3. Едниот од вас престанал да се обидува

Ако едниот партнер во врската престане да се обидува, тогаш најверојатно, и другиот партнер ќе престане да се обидува со текот на времето. Така, вашиот однос ќе стагнира бидејќи овој циклус на невложување труд во врската продолжува интензивно да се зајакнува. Кога ќе дојде до тој момент, врската е прилично безнадежна и време е да го прекинете страдањето и да продолжите понатаму. Ставете ѝ крај на врската кога веќе не сте среќни затоа што целта на врската е да ги направи двете страни посреќни и да им обезбеди подобар живот на партнерите. Ако тоа е безуспешно, нема поента да ја одржувате врската.]]>

15 знаци по кои ќе познаете дека не сте создадени еден за друг https://arhiva.vistina.com.mk/15-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-ne-ste-sozdadeni-eden-za-drug/ Thu, 10 May 2018 11:57:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26075

Почетокот на врските најчесто е најдобар период кога паровите прават сè што сакаат и се подготвени на секаква авантура. Но, како што поминува времето, така подобро се запознаваат и почнуваат да паѓаат во монотонија, или едноставно се менуваат. После одреден период може да забележите дека врската веќе не е тоа што била на почетокот, а има знаци кои укажуваат на тоа дека не сте создадени еден за друг.
 Па, за да не си го губите залудно времето, доколку се случат следниве работи, ѝ дошол крајот на врската:
1. Почнувате да живеете одвоен живот и ретко планирате заедничко излегување. 2. Не се согласувате речиси во ништо и не наоѓате заеднички јазик. 3. Се гледате со пријателите и колегите почесто отколку со партнерот. 4. Многу ретко имате интимни и страсни моменти. 5. Веќе не се држите за раце и не разменувате нежности. 6. Седите само дома и се однесувате како цимери. 7. Се расправате повеќе отколку што разговарате. 8. Престанувате да ги правите работите во кои претходно сте уживале. 9. Се обвинувате еден со друг за сè лошо што ви се случува во животите. 10. Почнувате да гледате други момци/девојки кои ве привлекуваат. 11. Флертувате со други и си барате резервна опција. 12. Почнувате да се сомневате во тоа како изгледа љубовта и што е тоа што го имате. 13. Се прашувате дали вашиот бивши партнер бил вистинската љубов за вас. 14. Вашите блиски луѓе се загрижени за вас и вашата врска. 15. Чувствувате дека нема ништо да изгубите ако веќе не се гледате]]>