крагуевац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Aug 2023 09:49:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png крагуевац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Белов и се врати на старата љубов: Пејачот секој ден е во студио, но не снима песни, туку одново е водител на радио (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-belov-i-se-vrati-na-starata-lubov-pejachot-sekoj-den-e-vo-studio-no-ne-snima-pesni-tuku-odnovo-e-voditel-na-radio-foto/ Thu, 03 Aug 2023 07:20:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312480

Некогашното регионално музичко талент шоу „Операција триумф“ беше катапултот кој го исфрли меѓу естрадните ѕвезди, не само во Македонија, туку и во регионот. Александар Белов од тотален анонимус стана познат пејач, кого и медиумите и газдите на локалите го бараа да се појави во нивните емисии, насловници, да настапи во познатите кафулиња, клубови, дискотеки ширум Македонија, па и надвор од неа. Белов кариерата ја туркаше дома се додека не ја запозна витата Јелена Станковиќ, Србинка од Крагуевац, во која се вљуби, а потоа и ја ожени и замина да живее кај неа. Минатата година пејачот и неговата сопруга за прв пат се остварија и како родители, а годинава нивната малечка наследничка Мина го прослави и првиот роденден. Во меѓувреме Александар Белов продолжи да го прави она што најдобро знае и умее - да пее и настапува, зашто музиката му е не само љубов туку и главна егзистенција. Сепак однеодамна пејачот реши да и се врати на уште една стара љубов, па оттогаш секој ден влегува во студио... Но, не за да снима нови песни, туку Белов одново е водител на радио. Одново, зашто оние кои го паметат, знаат дека пејачот и вододека беше во Македонија се опроба во радио-водиителската професија. Најмногу остана запаметен како водител на неделните спортски емисии на Македонското радио, но и  како водител на емисијата „ТОП Спорт“ на некогашното „Радио Слободна Македонија“, каде  секоја сабота од 15 до 18 часот ги презентираше новостите  поврзани со светски познатите спортисти и неделните спортски резултати. Сега Белов во Крагуевац е дел од тамошното „Радио Браво - 103.7 ФМ“ кое го слуша цела Шумадија. Сега на Белов работниот радио ден рано наутро му почнува, па ако денот по утрото се познава, енергијата да се истурка и тоа како е потребна. Пејачот и радио-водител тоа добро го знае, па затоа старите навики да преферира здрав живот се уште ги практикува. Овошно смути како лесен појадок за работен почеток на долгиот жежок ден. Ем радиослушателите задоволни, ем водителот најден, ем од старите „Херба - пријателки“ пронајден и означен! Фото: Инстаграм/aleksandarbelov
 ]]>

Венко Андоновски е автор на годинашниот „Големиот школски час“ во Србија https://arhiva.vistina.com.mk/venko-andonovski-e-avtor-na-godinashniot-golemiot-shkolski-chas-vo-srbija/ Wed, 02 Sep 2020 13:06:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165568

Српската културна јавност му укажа голема чест на македонскиот писател Венко Андоновски. Тој е автор на драмскиот текст „Изрешетани души“ според кој годинава ќе се изведе традиционалниот сценско-театарски спектакл „Големиот школски час“, државна манифестација посветена на стреланите 3.500 работници и ученици во Крагуевац, на 21 октомври 1941 година. Драмскиот текст ќе биде печатен на српски јазик, како дел од повеќетомната едиција „Голем школски час“, заедно со другите автори кои пишувале на оваа тема. За „Големиот школски час“, последниве 50 години сценарио пишувале, меѓу другото и имиња како Душан Радовиќ, Десанка Максимовиќ, Милован Витезовиќ, Љубивое Ршумовиќ, Мира Алечковиќ, Бранко В. Радичевиќ, Драган Данилов, Видосав Стевановиќ, Оскар Давичо, Јуре Каштелан, Јеврем Брковиќ, Ричард Бернс од Англија, Андреј Базилевски од Русија, Ана Сантоликуидо од Италија… Режијата на спектаклот ѝ е доверена на младата но истакната режисерка Јана Маричиќ, а улогите ги толкуваат еминентни српски актери. Театарскиот спектакл, како и секоја година, ќе оди со директен пренос на Српската телевизија, на 21 октомври, кој е прогласен за државен празник. На тој ден, на Големиот школски час, во паркот Шумарице, каде е извршено стрелањето, присуствуваат повеќе илјади луѓе и државниот врв на Србија.]]>

Се ожени пејачот Александар Белов, еве кои македонски јавни личности беа меѓу сватовите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-pejachot-aleksandar-belov-eve-koi-makedonski-javni-lichnosti-bea-megju-svatovite-foto/ Mon, 30 Sep 2019 07:37:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109637

Откако на почетокот на овој месец (септември 2019) најпрвин ја побара раката на својата долгогодишна девојка во комплексот на манастирот Свети Наум во Охрид, македонскиот пејач Александар Белов вчера, 29 септември 2019, правеше свадба. Откако тој и неговата избраничка, Србинката Јелена Станковиќ најпрвин го озаконија својот новоформиран брак и се заколнаа на вечна љубов пред законот и Бога, следуваше свадбената веселба која се одвиваше во салата на ресторанот на елитниот хотел „Женева Лукс“ во Крагуевац, градот од каде потекнува невестата, а каде Белов последниве години се пресели да живее. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/i-aleksandar-belov-ripna-vo-tavche-pejachot-ja-pobara-rakata-na-sakanata-foto/   Претходно, дента двојката се венчала во манастирот „Дивостин“ крај Крагуевац, каде покрај српското гордо се веело и македонското знаме кое ќе ја следи целата церемонија. „За да живеам ми треба срце. За да имам срце ми треба среќа. А за да имам среќа потребна си ми само ти“ - напиша пејачот при прославата на нивната годишнина од врската, пред да се земат, а свадбената церемонија ја започнал исто така со цитат: „Среќен е оној маж што ќе најде вистински приијател, а најсреќен е оној, што најдобриот пријател ќе го најде во својата сопруга“, по што следувал и првиот свабен танц на младите со песната „Ако те питају моја љубави“ од хрватскиот автор и пејач Петар Грашо. Иако свадбата на Белов не била мегаломанска и на неа имало само околу 250 гости, сепак била весела, распеана и разиграна, со ора и чочеци, српски кола и српски, но и сплет од македонски песни, а расположените гости постојано биле на нозе и цело време играле, пееле и се веселеле. Меѓу сватовите, покрај семејството на Белов, гости на неговата свадба биле и неколку македонски личности од јавниот, новинарскиот и естрадниот живот. Имено, повеќе или помалку е познато дека Белов е близок пријател со новинарката и водител на МТВ, Александра Јовановска, инаку позната по нејзината емисија „Стисни плеј“, потоа новинарката Андријана Јовановска, како и неговиот колега, македонскиот пејач Даниел Дан, кои биле меѓу присутните гости. Остана непознато само дали и каде Александар Белов и неговата сега веќе животна сопатничка Јелена ќе го минат медениот месец. Редакцијата на Вистина.ком.мк на младите им посакува да се среќни и вечни! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин      ]]>

И Александар Белов „рипна во тавче“: Пејачот ја побара раката на саканата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-aleksandar-belov-ripna-vo-tavche-pejachot-ja-pobara-rakata-na-sakanata-foto/ Fri, 06 Sep 2019 06:51:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105420

Македонскиот пејач Александар Белов стапна на „лудиот камен“! До душа Белов исто како да беше женет откако влета во врска со неговата  долгогодишна девојка и сега веќе свршеница, Србинката, Јелена Станковиќ, од која последниве години беше нераздвоен.
Некогашниот учесник на музичкото талент шоу „Операција триумф“, своето познанство со девојката во времето на учеството во шоуто неколку години подоцна го преточи љубовна врска, која „триумфираше“ со понуда за брак, откако ја побара раката на својата сакана на едно од најубавите, најегзотични, но и најсвети места во Македонија - манастирскиот комплекс  Свети Наум во Охрид.
„Официјално ДА“ - напишал Белов на својот Фејсбук профил покрај фотографијата на која ја држи младата за рака која го покажува вереничкиот прстен со кој пејачот ја запросил, откако неколку дена претходно ја славеја годишнината од нивната шестгодишна врска.
„За да живеам ми треба срце. За да имам срце ми треба среќа. А за да имам среќа потребна си ми само ти. Среќна годишнина“  - напиша тогаш Белов, како срамежливо да скаше да го најави  меѓу редови она што претстои - чинот на свршувачката!
Свадбата ќе биде во Крагуеваца и за неа двојката интензивно се подготвува зашто истата ќе се одвива според српските обичаи, кои се комлексни и сето тоа ќе трае цели два дена.
Белов веројатно имаше време да ги научи, зашто во шестгодишната врска на реалација Македонија - Србија, последните две години се пресели во Крагуевац каде живееше заедно со саканата и оттаму настапуваше со својата придружна група ширум Србија и Македонија.
Епа, „младожења“ и млада невесто, нека ви е со среќа!      ]]>