ковид19 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 May 2021 09:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ковид19 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш Тодор Трајчевски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-makedonski-kompozitor-aranzer-i-harmonikash-todor-trajchevski/ Wed, 12 May 2021 09:00:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202200

Денес, среда 12 мај 2021 година  од компликации како последици на Ковид - 19 вирусот почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски. Тодор Трајчевски е роден 1954 година во Штип. Беше познат композитор, аранжер и врвен хармоникаш. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил  во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител  во 1988. Автор е на  повеќе од 200 песни од различни жанрови, над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија. Соработувал со најголемите македонски фолк ѕвезди, естрадни уметници и музичари, а за многу од големите пејачки имиња напишал хитови или аранжмани за нивните познати песни. Пишувал и класични композиции, главно за тромбон и клавир, во соработка со Дуото Рибарски. Трајчевски беше постојан учесник на речиси сите фестивали во Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=hePw8Cnmdvc]]>

Аца Лукас откри колку пари изгубил на комар, а сепак не бара помош од државата (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aca-lukas-otkri-kolku-pari-izgubil-na-komar-a-sepak-ne-bara-pomosh-od-drzavata-video/ Wed, 30 Dec 2020 11:50:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183363

„Реков дека никогаш нема да се коцкам кога изгубив многу пари, па повторно го сторив тоа. Изгубив 200 илјади евра. Барем имав тезги па изгубив, а овие мои колеги бараат помош... Нема работа, нема работа, а некои што добија помош од државата, како да имаа короната веќе десет години. Никој од нив не направил ништо последниве десет години. Срамота за оние што бараат помош од државата, треба да се засрамат од тоа. Една пејачка рече: „Короната ме уби, немам работа, немам леб да јадам“. А не кажува  дека немалеб веќе десет години, никој не и се јавува, не ја бараат за настапи. Срамота е и некој што има пет стана, да бара помош од државата“ - рече Лукас во емисијата „Амиџи шоу“. https://www.youtube.com/watch?v=8QN-z0OPycs&feature=emb_logo  ]]>

Ова е последната фотографија на Диего Марадона пред да почине: Неговиот вонбрачен син не стигна да го види својот татко (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-poslednata-fotografija-na-diego-maradona-pred-da-pochine-negoviot-vonbrachen-sin-ne-stigna-da-go-vidi-svojot-tatko-foto/ Thu, 26 Nov 2020 10:57:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178237

Легендата на светскиот фудбал и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, големиот  Диего Армандо Марадона, почина во својот дом на 60-годишна возраст од срцев удар. Осамна последната фотографија од Марадона која е направена во болницата по операцијата, а како што може да се видите на сликата, тој има насмевка на лицето. Местото на главата каде што била извршена операцијата е покриено со завој и газа. Марадона имаше субдурален хематом, всушност акумулација на крв помеѓу мозокот и мембраната. Вонбрачниот син на Марадона бил примен во болница само 24 часа откако неговиот татко ја напуштил клиниката, каде што претходно бил опериран. Диего Марадона Јуниор бил заразен со коронавирус, па бил примен во болницата во Неапол. Марадона го призна својот вонбрачен син дури  во 2016 година, но на големо жалење поради Ковид 19, тој не можеше да го посети и за последен пат види својот татко.]]>

Милан Станковиќ објави фотографија од сестра му со трогателна порака: „Таа е мојот херој…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milan-stankovikj-objavi-fotografija-od-sestra-mu-so-trogatelna-poraka-taa-e-mojot-heroj-foto/ Tue, 07 Apr 2020 08:20:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143610

Милан Станковиќ објави трогателна порака во врска со неговата родена сестра Настасија, која е медицинско лице и како што тој вели, спасува заболени пациенти од коронавирусот. Пејачот објавил фотографија од неговата сестра облечена во заштитно одело налик на скафандер и покрај фотографијата напишал дека таа е неговиот херој и идол. „Ова е мојот херој и идол, мојата родена сестра Настасија... Душа и најхуманата личност што ја познавам ... Таа е на должност вечерва. Тие ги спасуваат животите на оние што страдаат од КОВИД 19 ... Те сака батоо“ - напиша Милан покрај фотографијата која ја споделил на Инстаграм.]]>