ковид и секс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Jun 2021 12:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ковид и секс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сања Барбика порачува: „Не игнорирај ме, дезинфицирај ме“… во – „Ковид и секс“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-barbika-porachuva-ne-ignoriraj-me-dezinficiraj-me-vo-kovid-i-seks-video/ Tue, 15 Jun 2021 12:26:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207099

После само два дена од објавувањето на видеото за темата „Ковид и секс“ на Сања Цинцева – Барбика коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. Стиховите: „Не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина кога ме облива, дегустирај полека, немој на екс...може да е опасно ковид и секс!“ предизвикаа лавина од полемики и  коментари, а пејачката вели дека најваѓно е да се збори. Сања вели дека токму тоа и била и првичната цел и намера кога почнала да ја работи песната. „Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа ми беше и целта. Бројот на прегледи расте вртоглаво од ден во ден, тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа, и јас, и мојот тим“, откри убавата струмичка барбика која отсекогаш знаела како да ја заинтигрира јавноста. „Ковид и секс“ ја потпишуваат Дејан Момировски и Борче Нечовски, за спотот беше задолжен Дарио Јанковиќ, додека докторот во кадрите од видеото кој ја „дезинфицира“ струмичкат а барбика е манекенот Димче Димчевски. „Видеото е шарено, динамично, кореспондира со стиховите кои ги пеам. Песната е летна, певлива, влегува во уво на прво слушање“, додаде Сања која веќе има целосна закажана агенда на настапи за ова лето. „Полека се се’ враќа во нормала, јас запеав за ковид и „магично“ почна да го снемува“, се пошегува атрактивната пејачка. Видеото за „Ковид и секс“ можете да го погледнете во продолжение: ]]>

Сања Цинцева – Барбика своите сексуални маки за време на пандемијата ги преточи во песна и видео: Инспирирана или душа напатена, апстинирана во… „Ковид и секс“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-cinceva-barbika-svoite-seksualni-maki-za-vreme-na-pandemijata-gi-pretochi-vo-pesna-i-video-inspirirana-ili-dusha-napatena-apstinirana-vo-kovid-i-seks-foto/ Sat, 29 May 2021 07:14:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204725

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева – Барбика деновиве беше одново активна. Имено, атрактивната струмичанка го приврши снимањето на  видеото за новата песна која што носи интересен наслов – „Ковид и секс“. Приказната во рефренот е автобиографска на самата Сања, а идејата ја добила изминатава година додека траеше пандемијата со коронавирусот. Инспирирана или душа напатена апстинирана, ќе дознаете наскоро, штом песната и видеото ќе бидат промовирани во јавноста. Судејќи според насловот, а и познавајќи ја фолкерката, онака млада, стројна, сексапилна, згодна, неопходна... ќе да се во прашање „сексуални маки големи“, како во ковид епидемија, без секс? Или можеби се работи за нешто друго, што само асоцира на насловот на песната? „Брз, динамичен и несекојдневен рефрен. Тоа е она што можам да го кажам за „Ковид и секс“. Наскоро следува премиера и се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ“, - едвај нешто малку открива сексапилната Сања. Инаку, песната ја реализирале Борче Нечовски и Дејан Момировски, двоецот кој што ги потпишува сите големи хитови на пејачката. Кадрите за видеото веќе се снимени, зад режисерската палка стои Дарио Јанковиќ, а во улога на доктор во спотот се појавува манекенот Димче Димчевски. Последно нешто што слушнавме од Сања беше темата на српски јазик „Доказ“, а големо внимание привлече и видеото за „Барбика кралица“, дуетската песна која што ја сними со кралот на трубата – Џамбо Агушев, но „Ковид и секс“ е очигледно нешто сосема друго.   Кој  „ја боцна“ Барбика и со каква „вакцина“, ќе дознаете во блиска иднина!?    ]]>