ковид 19 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Jun 2022 12:35:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ковид 19 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Прва отштета за смрт предизвикана од вакцина против Ковид-19 https://arhiva.vistina.com.mk/prva-otshteta-za-smrt-predizvikana-od-vakcina-protiv-kovid-19/ Fri, 24 Jun 2022 12:35:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255967

Вики Спит од Велика Британија, чиј партнер почина по вакцинација со АстраЗенека, е првото лице што доби отштета поради смрт предизвикана од вакцинирање. Спит доби максимална отштета во износ од 120.000 фунти, околу 140.000 евра. Но, за неа тоа не е доволно и надоместокот не е соодветен, јави Би-би-си. Таа повикала брза помош на 13 мај минатата година, кога на нејзиниот партнер му се влошила здравствената состојба поради „мачни“ главоболки. Шест дена подоцна, тој починал во болница во Њукасл. Во неговата посмртница е наведено дека пациентот „починал по компликации од вакцина“. Спит, која има 38 години, тврди дека влегла во долгови откако ја снемало заработката на нејзиниот партнер. Според неа, таа требало да добие околу 180.000 фунти или близу 210.000 евра. Како што таа посочува, Зајон бил здрав, во добра физичка форма и би имал шанси да преживее, доколку лекувањето започнело порано. Таа нагласи дека по неговата смрт, црниот дроб и бубрезите на Зајон се донирани и со тоа се спасени животите на три лица. Џејмс Бел, партнер во специјализирана адвокатска канцеларија за спорови настанати поради медицинска негрижа, исто така смета дека британскиот систем за компензација не е доволно усогласен. извор:kurir.mk]]>

Грчкиот композитор Вангелис почина од компликации од корона вирус во Франција https://arhiva.vistina.com.mk/grchkiot-kompozitor-vangelis-pochina-od-komplikacii-od-korona-virus-vo-francija/ Sat, 21 May 2022 07:50:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251589

Грчките медиуми објавија дека композиторот Вангелис починал од компликации од корона вирус во Франција, пренесува Јутарњи лист. Грчкиот композитор, најпознат по музиката за филмовите „Истребувач“ (“Blade Runner”) и „Огнени кочии“, Вангелис Папатанасиу, познат како Вангелис, почина на 79-годишна возраст, објави вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Вангелис Папатанасиу не е повеќе маѓу нас, напиша на Твитер премиерот Мицотакис. Музичкиот свет го изгуби светскиот (уметник) Вангелис, додаде Мицотакис. Тој самоук музичар, пионер на електронската музика, пронаоѓаше инспирација во истражувањата на вселената, природата, футуристичката архитектура, Новиот завет и студентското движење од 1968 година. За музиката за филмот „Огнени кочии“ добитник е на Оскар, а автор е на композициите на бројни филмови на режисерите Коста Гаврас, Роман Полански, Оливер Стон итн. Грчките медиуми пишуваат дека Вангелис починал од коронавирус во Франција каде престојувал кога не бил во Лондон или Атина.]]>

Лоши вести од домот на Јоксимовиќ: Јована и Жељко заразени со коронавирусот, концертот за Стара Нова Година беше откажан, пријателите загрижени за нив https://arhiva.vistina.com.mk/loshi-vesti-od-domot-na-joksimovikj-jovana-i-zeljko-zarazeni-so-koronavirusot-koncertot-za-stara-nova-godina-beshe-otkazan-prijatelite-zagrizeni-za-niv/ Sat, 15 Jan 2022 09:17:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235055

Јована и Жељко Јоксимовиќ се позитивни на коронавирус. Според изворот, парот е во изолација, која наскоро ќе истече, а двајцата постепено закрепнуваат. 2022 година не започнала така одлично за оваа двојка. И двајцата позитивни на коронавирусот, на самиот почеток на оваа година биле принудени да бидат дома, за да се опорават од нималку безопасна дијагноза, пишува „Стори“. Состојбата од ден на ден им се подобрува, а наскоро ќе се вратат на секојдневните обврски и работа. Потсетуваме, Жељко пред неколку дена ја откажа српската новогодишна ноќ која беше закажана за 13 јануари на шеталиштето крај Сава. Потоа, јавноста биле информирана преку следнава официјална објава: – Наша желба беше на граѓаните на Белград и на гостите на градот да им подариме новогодишна ноќ која ќе ја паметат, но со оглед на епидемиолошката состојба решивме да го одложиме овој концерт. Здравјето и безбедноста на посетителите се наш приоритет број еден, а бесплатен концерт на Жељко Јоксимовиќ ќе се одржи кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба, изјави Зорана Бурлиќ, директорка на Београдски Вотерфронт.]]>

Приказни од карантинот: Затворена дома, за што полесно да прележи корона, Сани Гроздановска одговараше на прашања, предлози и повици на нејзините следбеници https://arhiva.vistina.com.mk/prikazni-od-karantinot-zatvorena-doma-za-shto-polesno-da-prelezi-korona-sani-grozdanovska-odgovarashe-na-prashanja-na-nejzinite-sledbenici/ Mon, 23 Aug 2021 06:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216203

Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска  еднаш беше позитивна на Ковид – 19 и го прележа во домашни услови. Заради природата на работата Сани решила сепак да се вакцинира, но еден  ден откако ја примила првата доза на вакцината,  не се чувствувала добро. Се посомневала во симптомите и веќе наредниот ден заминала да се тестира, а тестот покажал дека пејачката  е повторно позитивна на коронавирусот. Сани најпрвин завршила во болница, но бидејќи немала посериозни проблеми и тешки симптоми, по дадената терапија и лекарските препораки, била пуштена на домашно лекување, но во задолжителна изолација! Карантинот е „нужно зло“ кога е коронавирусот во прашање, особенно за темпераментни и живи личности како што Сани, која „место не ја фаќа“ и за која важи онаа народната: „Вода стои, таа не стои“! Арно ама, што се мора не е тешко, колку тешко и да треба да се поднесе - ќе се издржи. За полесно да ги помине деновите на изолација, Сани си најде „нужна занимација“, каде ако не на социјалните мрежи, па ги повика своите фаниови и следбеници да и поставуваат прашања на кои таа ќе им одговара. А тие како едвај да дочекаа, па во прашањата имаше се и се'што: Од пораки да биде цврста и храбра, да издржи, преку оние за што побргу оздравување, барања за исполнување онлајн музичка желба, па се' до желби за таканаречените „непристојни предлози“  и „скокотливи понуди“ до пејачката во карантинот. А Сани како Сани, на сите знаеше да им одговори, заблагодари, удоволи... Со порака, емотикон, песна... Чарето им го најде дури и на оние „непристојните“, се разбира во рамките на „пристоен одговор“. Еве како изгледаше дел од нејзината онлајн преписка, муабет и песна од карантинот со нејзините следбеници на социјалните мрежи.   Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja  ]]>

Овде забраната за пиење кафе на невакцинирани во кафуле „не важи“: Прилеп, е*аго! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovde-zabranata-za-pienje-kafe-na-nevakcinirani-vo-kafule-ne-vazi-prilep-e-ago-foto/ Fri, 20 Aug 2021 08:02:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216102

Новите Ковид мерки го пореметија животот, го поделија народот, ги „осакатија“ трговците, најмногу кафанџиите и угостителите, ја умреа ивент индустријата, ја унишптија забавата... Едноставно, за половина од народот - „нема живот“! Селективни, неболузни, неиздржани, ступидни, нехумани, медицински неоправдани, задоцнети... и уште иллјада други „фалинки“ можат да им се најдат на одлуките на Комисијата за заразни болести и Владата на нивните „килави“ новокомпонирани протоколи кои ги наметнаа „пост фестум“ среде експанзија на на новиот бран од пандемијата, наместо тоа да го направат многу порано, како превентива, пред тој да ни се случи. Арно ама, македонскиот народ е познат по тоа што „на секое грнче му нашол капаче“, на секое дупче - затка“, во секој закон - дупка... па така и овој пат! И тоа сосема легално, без фалсификати, без лаги и измами, без фејк дозволи и фалца сертификати, прилепчани, во стилот на Итар Пејо најдоа начин како да го надитрат законот, а да не се виновни, и истиот да не ги качи. Не си вакциниран, немаш ни прелажано Ковид-19, ПЦР тест не се исплати да правиш...  а ти се пие кафе во друштво, ама не дома? Нема проблем! Повели слободно! И тоа во пакет сосе паркинг, за ефтини пари со сите салтанати, без ризик некој да те проверува, малтретира, бара вакцинални докази, казнува... Седи и уживај еден час, терај си муабет, пиј си кафенце на раат на паркинг пред кафуле и сето тао за евтини пари! Пакет: маса со 4 столчиња, макијато + еден час паркинг пред кафуле - за само 90 денари! Прилеп, е*аго! ]]>

Коки Јанков од некогашното дуо „Дуле и Коки“ покажа што значи да си гладен, а да не си вакциниран: „Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koki-jankov-od-nekogashnoto-duo-dule-i-koki-pokaza-shto-znachi-da-si-gladen-a-da-ne-si-vakciniran-koskite-gi-ostavi-vo-kafeana-a-sega-vo-nea-ne-moze-ni-da-rucha-foto/ Fri, 20 Aug 2021 06:31:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216052

Новите рестриктивни Ковид мерки на Владата и Комисијата за заразни болести не само што се „ќорец во празно“ кој не дава никакви ефекти, зашто ем се небулозни, нехумани, селективни, понижувачки... ем тотално задоцнети. Или што би рекол народот: „После свадба, џабе тапани“. Луѓето не само што се соочуваат со стотици глупави парадокси и прашања на кои никој нема одговор, туку понекогаш доаѓа до непријатни, а понекокогаш и до комични ситуации. Коки Јанков, македонскиот музичар, естраден уметник, некогашен член на мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“, сега член и основач на бендот „Тајфата“, деновиве се соочи или поточно се најде  токму во една таква комична ситуација, која всушност не е нималку таква, зашто е само мал показател, одраз на апсурдот кој ни го наметнаа и во кој сме приморани да живееме. Имено, музичарот бил гладен, арно ама кога сакал да седне во кафеана да руча - го вратиле! Коки не бил вакциниран, а нема ниту прележано Ковид -19, па по ниту еден основ по новите правила и протоколи нема право да седне во ниту еден локал! Видел не видел, виолинистот замолил да му спакуваат нешто од менито за да го понесе со себе, ама да се враќа дома за да јаде очигледно немал време, па видел- не видел, сакал-нејќел, Коки морал да се снаоѓа. И тоа на првата клупа во паркот откаршија, која му послужила као трпеза за неговиот оброк. За да биде парадоксот уште поголем, како и иронијата на судбината, Коки целиот свој живот, целата кариера ја мина во кафеана, свирејќи и со својот покоен другар и компањон Дуле и сега со „Тајфата“, но и со многу други колеги - естрадни уметници во разни локали ширум Македонија, а и самиот беше газда и држеше неколку скопски кафеани... за сега во кафеана да не може ни да припириса! „Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча, па кутриот својата „вакцинална гастрономија“ ја опиша сликовито, разочарано споделувајќи фотографија на социјалните мрежи како обедува на клупа, покрај која напишал: „После 30 години во кафеана, на клупа пред Драмски...Па јас ли сум виновен што немам прележано, немам ни антитела... Те, така“ - напишал Коки опишувајќи го својот пример како дел од парадоксот на денешното наше живеење, наметнат од неразумното и неспособно владеење на Заев, Филипче, Караџовски... и целата „килава“ влада! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/kokijankov]]>

Македонската фолк пејачка по примента прва доза вакцина одново позитивна: На Сани Гроздановска и се слошило, па завршила во болница? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-folk-pejachka-po-primenta-prva-doza-vakcina-odnovo-pozitivna-na-sani-grozdanovska-i-se-sloshilo-pa-zavrshila-vo-bolnica-foto/ Tue, 17 Aug 2021 06:44:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215521

Македонската фолк пејачката Сања Сани Гроздановска  еднаш беше позитивна на Ковид - 19 и го прележа во домашни услови. Заради природата на работата Сани решила сепак да се вакцинира, но еден  ден откако ја примила првата доза на вакцината,  не се чувствувала добро. Се посомневала во симптомите и веќе наредниот ден заминала да се тестира, а тестот покажал дека пејачката  е повторно позитивна на коронавитусот. Откако во текот на вчерашниот ден  уште повеќе и се влошила здравстената состојаба, Сани завршила  во болница на една од Ковид клиниките во Скопје, што го потврди и фолк порталот Естрада +. Во меѓувреме, во текот на вечерните часови самата фолкерка се огласи на социјалните мрежи со свој статус, во кој им се заблагодари на сите коиу биле загрижени, и оние кои се грижат за нејзиното здравје, па напиша дека сега се чувствува многу подобро и дека очекува брзо да биде се' во ред со неа. Но, за чудо, веќе утрината статусот  со пораката на Сани мистериозно исчезна од социјалните мрежи?! Дали на „сторито“ му истече рокот или статусот некој го повлече и избриша...? Она што остана се двете тазе фотографијата на нејзините Инстаграм приказни, од кои на едната Сани е фотографирана без шминка и делува помалку исцрпено и уморно, а на другата самата им се заблагодарува на другарките кои ја изненадиле со овошен сок и голема чоколада... Онакви какви што се носат кога некого одите да посетите. Во болница или дома, се' уште не разбравме, но како и да е, на македонската естрадна ѕвезда и посакуваме што побргу оздравување и закрепнување и наскоро повторно да ја видиме онаму каде што и е местото - на сцената... Додека се' уште повторно со идните „нови мерки“, се' не испозатворат! Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja]]>

Доктор советува: Неколку вежби со кои ќе го зајакнете капацитетот на белите дробови по прележување на Ковид-19 https://arhiva.vistina.com.mk/doktor-sovetuva-nekolku-vezbi-so-koi-kje-go-zajaknete-kapacitetot-na-belite-drobovi-po-prelezuvanje-na-kovid-19/ Tue, 18 May 2021 13:40:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203014

Закрепнувањето по коронавирусот, па дури и доколку сте имале полесна клиничка слика од вирусот, може да трае неколку седмици, па и месеци. Поради тоа докторите препорачуваат личноста во периодот на закрепнување повеќе да одмора, да се храни здраво и да консумира витамин Д, Ц, цинк и магнезиум. Освен тоа докторите советуваат и вежбање кое има цел да го подобри капацитетот на белите дробови за дишењето да стане полесно и подлабоко. Со кои вежби да ги зајакнете вашите бели дробови по прележување на коронавирусот, советува д-р Предраг Радниќ. „Ова е мал сет вежби за зголемување на капацитетот на белите дробови“, вели тој. „Секоја вежба потребно е да ја повторувате неколку пати во текот на денот или пак онолку пати колку што општата состојба на вашиот организам ви дозволува. Престанете со вежбање доколку истото доведува до вртоглавица, болка во градите, ладна пот и аритмија“. Наведените вежби може да се прават во лежечка, седечка или пак стоечка положба. Ширење на лактите Ставете ги вашите прсти зад вратот, а потоа вдишете длабоко и ширете ги вашите лакти, па издишете и полека донесете ги пред вашето лице. Повторувајте ја постапката неколку пати. Кружење Со испружени раце правете кружни движења во зглобовите на рамениците, така што вдишувањето ќе го следи подигнувањето на рамениците, додека пак издишувањето спуштањето. Подигнување на рацете Подигнувајте ги рацете над главата и во исто време длабоко вдишете. Задржете ја таа положба неколку секунди, па потоа издишете и спуштете ги рацете покрај вашето тело. извор:точка.ком.мк]]>

Со намерно изложување се истражува имунолошката реакција при повторно заразување со Ковид-19 https://arhiva.vistina.com.mk/so-namerno-izlozuvanje-se-istrazuva-imunoloshkata-reakcija-pri-povtorno-zarazuvanje-so-kovid-19/ Tue, 20 Apr 2021 11:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199766

Британските научници во понеделникот започнаа тестирање во рамките на коешто поранешни ковид-пациент намерно повторни ќе се изложат на коронавирусот за да се испита нивната имунолошка реакција и да се утврди дали волонтерите повторно ќе се заразат. Во февраури Велика Британија стана првата држава во светот којашто го одобри спроведувањето на таканаречениот „ Human Challenge“, во рамките на кој волотенрите намерно се изложуваат на Covid-19 за да унапреди истражувањето на болеста којашто ја предизвикува коронавирусот SARS-CoV-2. „Human Challenge“ е назив за контролирано испитување на инфекциите кај луѓето и вид на клиничко истражување на вакцини или други лекови кои вклучуваат намерно изложување на испитаниците на болеста којашто се истражува. Студијата започната во понеделникот се разликува од онаа од февраури бидејќи целта е да се утврди дали лицата кои оздравеле од Covid-19 повторни ќе се заразат со вирусот за да се продлабочат сознанијата за имунитетот. Научниците притоа сметаат дека е поефикасно поранешните заболени да бидат изложени на коронавирусот отколку со него намерно да се инфицираат лица кои не ја минале болеста. „Податоците кои ќе ги добиеме со ова истражување ќе ни овозможат развој на поквалитетни вакцини и поефикасни начини на лекување на оваа болест. Истовремено ќе ни помогнат да осознаме дали луѓето се заштитени откако оздравеле од Covid-19 и доколу се, колку долго“, појаснива имунологот Хелен Мекшејн, шефица на истражувачкиот оддел при Универзитетот Оксфорд. Додава дека истражувањето, исто така, ќе им помогне на научниците да сфатата каква имуолошка реакција штити од повторната зараза со коронавирусот. Во прилогот на агенцијата Reuters се истакнува дека научниците веќе со децении спроведуваат случни истражувања кај луѓето за да дознаат повеќе за болестите како што се маларијата, грипот, тигусот и колерата, како и за да развија подобрени вакцини и начини на лекување на овие болести. Во првата фаза на половина од волонтерите ќе им биде инјектирата најмала доза од вакцина против коронавирусот, неопходно потребна за тој да се реплицира. Научниците очекуваат дека постапката ќе резултира со благи симптоми или тие целосно ќе изостанат. Во втората фаза, којашто ќе започен летово, со стандардна доза од вакцината ќе бидат инфицирани другите доброволци. Во студијата учествуваат 64 здрави волонтери на возраст од 18 до 30 години, кои со короанвирусот биле заразени пред најмалку три месеца, а сега повторни ќе бидат заразени со изворниот сој на SARS-CoV-2. Пота во карантин и под лекарски надзор ќе минат најмалку 17 дена. Сите коишто ќе развијат сиптоми ќе бидат лекувани со мониклоналните антитела „Regeneron“. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Шпанскиот поет и лауреат на СВП, Хусто Хорхе Падрон почина од Ковид-19 https://arhiva.vistina.com.mk/shpanskiot-poet-i-laureat-na-svp-husto-horhe-padron-pochina-od-kovid-19/ Mon, 12 Apr 2021 12:42:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198673

Почина поетот, есеист и преведувач Хусто Хорхе Падрон, голем пријател на Македонија. Падрон почина вчера, 11 април 2021 г. во Мадрид, како последица од компликации од ковид – 19. Роден е во Лас Палмас, на Канарските Острови, каде што завршува основно и средно образование, а почнува да студира, паралелно, право и филозофија во Барселона. Дипломира на Правниот факултет во Барселона и, по дополнителните студиски престои на универзитетите во Париз, Стокхолм и Осло, станува адвокат во Лас Палмас. Во шпанската поезија се појавува со својата книга „Темните огнови“ во 1971 година и оттогаш, од година в година, неговото име се повеќе се афирмира, набргу стекнувајќи и меѓународна афирмација. Важи за еден од најпреведуваните и најнаградуваните современи шпански поети. Беше генерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично списание за поезија „Екиваленсијас“. На неговите страници има претставено многу современи поети и поезии во тројазично издание (на шпански, англиски и на јазикот на оригиналот), меѓу кои и македонската поезија, на која и беше посветен еден број. Поезијата на Хусто Хорхе Падрон е преведена на повеќе од четириесет јазици, a објавени му се 82 книги на странски јазици. Добитник е на многубројни национални и меѓународни награди и признанија за поезија и е долгогодишен учесник на Струшките вечери на поезијата, двократен добитник (1989 и 2002) на наградата „Нова Македонија“ за најдобра песна напишана на СВП, а главната награда „Златниот венец“, ja доби во 1990 год. Во 2019 година ја доби наградата „Ацо Караманов“ на „Карамановите средби“ во Радовиш. Беше член на МАНУ (надвор од работен состав) и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.]]>