коузон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Sep 2021 19:44:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png коузон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Центар за противпожарна обука и спасување по светски стандарди наменски организиран, современо опремен и спремен за користење (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/ Tue, 14 Sep 2021 19:44:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219112

По повеќемесечни подготовки и финансиски вложувања, македонската компанија „КОУЗОН“ го претстави пред јавноста првиот наменски организиран полигон и едукативен центар за обука на пожарникари – спасители, обуки за сите видови на противпожарна заштита и поморски сертификати. Тренинг центарот е на површина од 5.100 m2, лоциран во кругот на поранешниот Хемиски комбинат „ОХИС“ во Скопје и ги има сите услови да биде средиште на сите идни обуки на македонските професионални пожарникари - спасители, но и на доброволните пожарникари, тимови за заштита и справување со шумските пожари. Според најавите, на полигонот на овој тренинг центар планирано е да се изведуваат обуки за извлекување на лица од тешки сообраќани несреќи, обуки за прва помош и спасување во случај на масовни несреќи и обуки за спасување од поплави.
„Концептот за функционирање на вакви тренинг центри е развиен во државите на ЕУ и светот. Нашата иницијатива е во склоп на еден дел од активностите на фирмата и интернационалните проекти каде испраќаме на работни проекти македонски пожарникари што ги обучуваме во соработка со партнерите од Англија“ - изјави Зоран Кочоски, менаџер на „Коузон“.
Во периодов што следува, „Коузон“ планира да инвестира средства во купување на противпожарно навално возило, но и неколку АТВ-возила со противпожарна опрема за брза интервенција за гасење на шумски пожари и современа опрема за извлекување и спасување од елементарни непогоди.
„Имаме иницијатива до државните институции кои се дел од системот за заштита и спасување да го ставиме на располагање нашиот тренинг центар на нивно располагање и по примерот на јавно-приватно партнерство да работиме на заеднички проекти за развивање на системот за превенција и спасување од пожарни и други природни катастрофи“ изјавува Кочоски.
Специфика на работењето на фирмата „КОУЗОН“ е тоа што е лидер во цела Источна Европа во областа на вработувањата на бродските Cruises компании, а од 2014 година во соработка со Интернационалната компанија FIRE AID од Англија, станаа и водечка светка компанија која времено вработува македонски пожарникари на проекти ширум светот. Преку овие проекти „Коузон“ има ангажирано повеќе од 340 македонски пожарникари и активно работи на процесот на заживување на доброволното пожарникарство во Македонија. ]]>

Репатријација со чартер-лет од Барбадос до Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/repatrijacija-so-charter-let-od-barbados-do-skopje/ Mon, 25 May 2020 20:47:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151245

На пат кон Македонија – 291 балкански морнари со авион од Карибите слетуваат во Скопје Заради настанатата криза со ковид-19, најголемите бродски компании за крстарење ги затворија своите бродови за гости уште од 12-ти март. Како резултат на новонастанатата ситуација, се појави потреба од репатријација на најголем дел од морнарите/вработените кои работеа на овие бродови. Македонија, како и сите останати балкански држави има значаен број на млади кои работат за светски најреномираните компании. Една од нив е и Американската компанија Royal Caribbean Cruise Line (која има 47 бродови) и која важи за лидер во оваа силна индустрија. Изминативе два месеци, често доаѓаа информации дека бродовите се наоѓаат во независна положба заради затворањето на пристаништата и аеродромите ширум светот. Таму каде што светот застана со почетокот на кризата, застанаа и обидите на бродските компании да ги вратат дома своите вработени кои се на принуден одмор. Во Македонија досега преку различни форми на патување преку други држави и аеродроми, успешно се вратија повеќе од 300 македонски морнари. Доаѓањето на авионот со 291 морнар во Скопје е резултат на Македонската компанија Коузон, која повеќе од 20 години е партнер на бродската индустрија и е најголема агенција за вработување на морнари во Источна Европа. Во Скопје, утре на 26-ти мај ке слетаат морнари од Македонија, Бугарија и Србија. За странските државјани репатријацијата ќе биде извршена со автобуски превоз до граничните премини со Бугарија и Србија, а македонските морнари ќе поминат низ процес на медицинска проверка на аеродромот, по што ќе се утврди дали ќе одат во карантин или ќе бидат упатени на 14-дневна самоизолација. Сите морнари кои се враќаат од Карибите биле во просек по 60 дена на бродовите без контакт со лица од надворешниот свет. За време на престојот на бродовите, вработените ги уживале благодетите на сместување во гостинските соби и храна по сопствен избор. Ова е прв авион кој слетува во Скопје со толккав број на патници од некоја дестинација од Северно-американскиот континент.]]>