костени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Nov 2023 13:41:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png костени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Посна торта од костени: Рапсодија на слатки вкусови, ќе ја обожавате https://arhiva.vistina.com.mk/posna-torta-od-kosteni-rapsodija-na-slatki-vkusovi-ke-ja-obozhavate/ Mon, 27 Nov 2023 13:31:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328795

Потребно е: За основата 300-400 гр посен мелен бисквит 120 гр посен маргарин 50 гр шеќер во прав малку растително млеко (соја, кокос, бадем…) За кремот 200 мл посна слатка павлака 500гр пире од костен 130 гр посен маргарин 50 гр шеќер во прав Подготовка: Сите состојки за подлогата изматете ги со раце и распоредете ги на дното од тавата. Слатката павлака се мати со миксер. Во посебен сад измешајте го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте го пирето од костени.Сè премачкајте врз основата. На крајот намачкајте го кремот со шлаг или слатка павлака. Одозгора украсете ја со рендано чоколадо по желба. Оставете го колачот преку ноќ во фрижидер. Извор: Попара]]>

Како да направите печени костени во рерна? Омиленото есенско задоволство готово за 20 минути https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-napravite-pecheni-kosteni-vo-rerna-omilenoto-esensko-zadovolstvo-gotovo-za-20-minuti/ Thu, 13 Oct 2022 12:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271215

Костенот е задоволство поради кое можеби најмногу ѝ се радуваме на есента, а малку е познато дека тој е вистинско богатство кога се работи за здравјето. Во 100 грама костени има 131 калорија, но и многу, многу повеќе! Зошто треба да јадеме костени? Од витамини, најзастапен е витаминот Ц (26,7 мг.), потоа Е, А и витамините Б комплекс, а од минералите најмногу содржи калциум, магнезиум (дури 54 милиграми!), цинк, железо, бакар и манган. Да не мислевте дека тоа е сè? Грешка – затоа што костенот има и омега-3 и омега-6 масни киселини и сите есенцијални амино киселини! Ова овошје со богат вкус е богато со протеини, влакна и масти, а е многу популарно. Брзо дава чувство на ситост, прави чуда за кардиоваскуларното здравје, здравјето на дигестивниот систем, се користи во исхраната на дијабетичари, лица со висок крвен притисок, анемија и луѓе чувствителни на глутен, ги зајакнува коските и забите, ги стимулира функциите на нервниот систем… Како да испечеме костени во рерна? Многу вкусен печен костен може да се подготви и дома, а за тоа не ви треба ни посебен сад за печење, односно тавче со дупчиња, можете да ја искористите било која стара голема тава! Откако добро ќе ги измиете и исушите костените, со остар нож направете засеци на средината на секој костен. Наредете ги во тенџере, покријте ги со малку вода и додадете прстофат сол. Штом водата зоврие, веднаш извадете ги костените од шпоретот, префрлете ги од тенџерето во тава и ставете ги во рерна загреана на 220 степени. Доволно е да ги печете костените околу 15 минути, а потоа да ги покриете со крпа или да ги ставите во затворен пластичен сад или кеса. Оставете така да отстои десетина минути за поубаво да ја излупите кората. На здравје! Извор:Курир.мк]]>

3 причини зошто е добро да јадете костени https://arhiva.vistina.com.mk/3-prichini-zoshto-e-dobro-da-jadete-kosteni/ Fri, 07 Oct 2022 12:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270615

Со доаѓањето на есента, мирисот на печените костени се шири на улиците, потсетувајќи нè на топол дом и на вкусовите од детството. Покрај тоа што е поврзан со убави спомени, костенот е подарок од природата кој е многу здрав и хранлив. Припитомениот се користи во исхраната. Иако е јаткасто овошје, костенот содржи малку маснотии и главно се сложени јаглехидрати. Секако, тоа не значи дека станува збор за помалку здрава храна од, на пример, оревите или лешниците. 1. Извор на влакна Само 10 печени костени ќе ви обезбедат 17% од дневната доза на влакна, кои се неопходни за здраво варење. Влакната кои се наоѓаат во растителната храна, како што се јаткастите плодови, имаат ефект на намалување на нивото на ЛДЛ (или „лошиот“) холестерол и помагаат во одржување на телесната тежина. 2. Стабилен извор на енергија Бидејќи содржи сложени јаглехидрати, нашето тело полека ги вари, што му обезбедува стабилен извор на енергија. Храната богата со влакна и сложени јаглехидрати не го нарушува нивото на шеќер во крвта, туку ги намалува потенцијалните скокови на инсулин. 3. Го зајакнува имунолошкиот систем, крвните садови и коските Покрај сложените јаглехидрати, костенот содржи и витамин Ц кој придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем, но и крвните садови, формирање на ‘рскавица, мускули… Ги штити клетките од оксидативен стрес и помага во апсорпцијата и складирањето на железото. Костенот содржи и бакар, кој игра важна улога во зачувувањето на крвните садови, нервите, имунолошкиот систем и коските. Десет печени костени обезбедуваат 21% од препорачаната дневна потреба за овој минерал. извор:курир.мк]]>

Есенска забава од детството: Научете ги вашите деца да прават фигури од костени https://arhiva.vistina.com.mk/esenska-zabava-od-detstvoto-nauchete-gi-vashite-deca-da-pravat-figuri-od-kosteni/ Thu, 10 Dec 2020 13:20:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180220

Искористете ги сончевите есенски денови за да соберете костени во природата и да ги научите децата како да прават интересни фигури од нив. Набавете кибрит, лепак, лисја и други природни есенски реквизити, и нема шанси да ви биде здодевно. Оставете ги вашите деца да бидат креативни и уживајте во забавата. Погледнете неколку предлози за симпатични фигури од костени кои ќе ве инспирираат. извор:кафепауза.мк  ]]>

Нема веќе неред, мака и црни раце – вака најлесно се лупат костени https://arhiva.vistina.com.mk/nema-vekje-nered-maka-i-crni-race-vaka-najlesno-se-lupat-kosteni/ Wed, 09 Oct 2019 13:50:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111808

Есента и зимата се период на костени кои се совршени, особено со греено вино во домот. За лесно да се излупат, засечете ги со остар нож и потоа оставете ги во топла вода 10 минути. Исцедете, изладете малку и излупете без мака. Вака ќе си ја олесните работата, нема да се валкате и да направите неред. извор:готви.мк]]>

Дојде времето на костените: Есенски рецепт за торта што ќе ги воодушеви вашите најблиски https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-vremeto-na-kostenite-esenski-recept-za-torta-shto-kje-gi-voodushevi-vashite-najbliski/ Wed, 03 Oct 2018 12:30:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51262

Искористете ја сезоната на костените за највкусните есенски десерти
Потребни состојки:
За тестото:
  • 80 грама брашно
  • 125 грама шеќер
  • 115 грама путер
  • 1 јајце
  • 1/2 половина лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажици вода
За филот:
  • 2 јајца
  • 500 грама пире од костени
  • 80 грама смелени ореви
  • 200 грама темна чоколада
  • 120 грама путер
Начин на подготовка:
Замесете ги состојките за тестото. За филот, најпрво измешајте го шеќерот со жолчките, а белките изматете ги во цврст снег. Потоа, во жолчките додајте го пирето од костени и смелените ореви, па на крај вмешајте го и снегот од белките.
Развлечете го тестото во плиток калап за торти. Потоа ставете го кремот од костени. Печете околу 45 минути во однапред загреана рерна на 180 степени. За крај, стопете ја чоколадата на пареа со путерот и добро измешајте. Со чоколадната глазура што ќе ја добиете, премачкајте ја целата торта.]]>

Варени или печени: Научете како правилно да ги подготвите костените (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vareni-ili-pecheni-nauchete-kako-pravilno-da-gi-podgotvite-kostenite-video/ Thu, 02 Nov 2017 14:21:47 +0000 http://vistina.mk/?p=2473

Многумина ја обожаваат есента токму поради мирисот и вкусот на костените. Но, без разлика како ќе ги приготвувате, потребно е да знаете дека најпрво треба со остар нож да пресечете во форма на буквата Х. Пресечените костани ставете ги во сад со ладна вода и оставете ги да отстојат околу 45 минути, а по желба можете да додадете сол или зачини во водата. Во продолжение погледнете го видеото за подетални инструкции. https://www.youtube.com/watch?v=rQsQtnUWiC8]]>