Коста Костадиновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Aug 2021 10:53:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Коста Костадиновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Капитал Ассет Менаџмент – ново друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност https://arhiva.vistina.com.mk/kapital-asset-menadzment-novo-drushtvo-za-investiciono-sovetuvanje-i-upravuvanje-so-individualno-portfolio-na-hartii-od-vrednost/ Tue, 31 Aug 2021 10:53:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217395

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија даде дозвола за работа на ново Друштво за инвестиционо советување – Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје. Друштвото Капитал Ассет Менаџмент, согласно Законот за хартии од вредност, самостојно ќе работи на инвестиционо советување a посредно ќе управува со портфолија на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент. Управувањето со портфолија ќе го врши преку брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која има најшироки овластувања согласно Законот за хартии од вредност и е единствена небанкарска институција од земјава со овластување за тргување на странски берзи. Капитал Ассет Менаџмент е единственото друштво за инвестиционо советување кое ќе биде учесник на пазарот на хартии од вредност во државата.
„На македонскиот пазар се појавува нов правен субјект за инвестиционо советување и управување со индивидуални портфолија на хартии од вредност, но со тим кој има долгогодишно работно искуство во овие области. На пазарот ќе понудиме одредено раздвижување и ќе внесеме  свежина во работењето. Како и досега, успешно ќе менаџираме со портфолијата на нашите клиенти и ќе ги советуваме за тоа како правилно да ги инвестираат своите пари“, вели Коста Костадиновски, основач на Капитал Ассет Менаџмент.
Костадиновски е лиценциран инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност со 17-годишно искуство во областа на финансиите и пазарот на капитал. Јавноста досега го знаеше како извршен директор на Илирика Фунд Менаџмент, а во својата професионална кариера работел и извршувал функции во финансиски институции како банки и пензиски фондови. Дозволата за работа на Капитал Ассет Менаџмент е донесена на 119-тата седница на Комисијата со која претседава Претседателот на КХВ, м-р Нора Алити.]]>