коси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Jul 2020 07:24:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png коси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џамбазов ужива во уметноста на живеењето: Игор има страв од змии или… во старт се знае кој е газда, кој коси, а кој вода носи?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzambazov-uziva-vo-umetnosta-na-ziveenjeto-igor-ima-strav-od-zmii-ili-vo-start-se-znae-koj-e-gazda-koj-kosi-a-koj-voda-nosi-video/ Mon, 06 Jul 2020 07:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157105

Се чини дека по долги години Игор Џамбазов во најновата љубовна идила одново ја откри уметноста во себе... Или се најде одново себе си во уметноста... Но, овој пат, во уметноста на живеењето. Џамбазов и планинарката Илина Арсова се заедно, заедно живеат, ги делат сите блаженстава што ги дава нивната љубовна романса, сите радости и убавини на животот, речиси се', освен... Освен некои мали, а големи нешта, од кои Игор бега како од змија...?! Жешко неделно утро во Сретеново, Стар Дојран, а шоуменот само што ги отвори очите, заклучи дека останал сам во постела, па утринската желба да се погали со саканата, реши да ја замени со некој напишан збор, од новонадојдената инспирација од неговата муза. И таман да се фати за лап-топот, кога на него ете ти ја неговата втора љубов - Ема... Седнала на тастатурата и не го дава компјутерот, па Игор наместо да пишува, реши да и му се врати на првиот утрински наплив по будењето - милувањето!
 
View this post on Instagram
 
Утринско грицкање носови...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Ема не е Илина, ама сепак знае и тоа како да се милува... И по малку да грицка... За нос!   Можеби љубоморна што Игор и мириса на друга!? Нејсе, човечко-мачешката љубов во затворено, Игор и Ема ја продоилжија на отворено, на столче пред прагот на куќата. Бакнежи и предење, малку нежно гребење во туѓите прегратки, за човечко-мачешка љубов што додека ја гледаш ти предизвикува милина. А, што вели на сето ова Илина? Додека Игор и Ема беа во утринска љубовна шема,  несудената снашка станала многу порано, па уште во неделните мугри се фатила за  машка работа, како вистинска селска домаќинка! Косата врзана во „репче“, на главата капче, а косата за косење в раце, па малку по малку, со секој нов замав, без многу врева и поговор ја искоси целата трева во куќниот двор. А Џамбазов додека така со мачката в рака уживаше во уметноста на живеењето, покажа во старт дека кај него се знае кој е газда, кој коси, а кој вода носи...?! „Мајсторе, змии...? Има ли змии?“ - и довикна човекот со мачката на косачката... Е сега, дали од змии или од работа се плаши како од змија...? Тоа е веќе теорија за друга сторија!
 
Во меѓувреме, споделените видеа и фотографии ги видоа многумина, меѓу кои и некои од познатите, негови блиски пријателки, како сестрите Тодевски - Тијана и Тамара, или Весна Бејби Петрушевска, на пример. Пејачките имаа само кус коментар од типот: „Алал вера, снашке“ или „Види ја, бе!“, додека Бејби не се фокусираше на снашката, туку на зетот, со директна порака: Иди собери тревата, се отепа од работа снашкава, нема да може бидермаерот да го фрли“ - му порача Бејби на партнерот од  претставата „Брачна игра“, за да не игра многу „предбрачни игри“, туку да се фати за работа... Колку за да го надмине стравот!   ]]>