кошарка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jan 2024 11:27:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кошарка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мачка има нова „мачка“: Бившиот сопруг на Тамара Тодевска, Александар Димитровски и Едина Муса се блиски пријатели отсекогаш или нови љубовници засекогаш? https://arhiva.vistina.com.mk/machka-ima-nova-machka-bivshiot-soprug-na-tamara-todevska-aleksandar-dimitrovski-i-edina-musa-se-bliski-prijateli-otsekogash-ili-novi-lubovnitsi-zasekogash/ Wed, 10 Jan 2024 11:17:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334267

Новата 2024 година започна интересно... И мошне љубовно? Или сепак тоа е само старо пријателство, кое навидум само изгледа како да е нова љубов? Како и да е,  една заедничка фотографаија објавена на Инстаграм и тоа кај обата субјекта предизвика ерупција од муабети, претпоставки, озборувања и нагаѓања и во естрадните и во спортските кругови, па и кај пошироката јавност. На неа бившиот сопруг на пејачката Тамара Тодевска, Александар Димитровски - Мачка и нашата кошаркарска, бодибилдерка  и мис фитнес убавица Едина Муса, заедно еден до друг во прилично интимна атмосфера, па и поза, може да се каже. Зашто спуштената рака на русокосата под масата во ресторанскот дел на најпознтиот белградски кабаре клуб во стилот: „Допрни ми колено“... или што ли веќе друго, колку што е јавно дозволено, во многу што наликува дека не е во прашање само обичен пријателски обед. Впрочем и изразот на лицата на обајцата кои блескаат од среќа, кажува дека можеби тука има „некоја тајна врска“... Колку и да не е потребна квалификација, коментар или наслов на сликата, како што и самата Едина напишала во описот, некако очигледно е дека во „пописот на претпоставки“ онаа љубовната варијанта најверојатно ќе се оствари и излезе дека е точна. Тамара веќе оддамна јавно го покажа новиот љубовник со кој изглед среќна, па тогаш зошто и Мачка не би имал нова „мачка“? И тоа каква, ако навистина  Александар Димитровски и Едина Муса се повеќе од само блиски пријатели отсекогаш, односно  нови љубовници... засекогаш? Како и што впрочем русокосата убавица во својата новогодишна желба посакува евентуалната љубов да трае до крајот на животот,  во дополнително објавеното стори на Инстаграм! Мчка и Едина ги спојува спортот, односно кошарката во која се или биле активни обајцата, па затоа и претходно во Белград заедно беа на дерби натпреварот помеѓу кошаркарските ривали Црвена Звезда и Партизан. Патем обајцата слободни, без љубовно - брачни обврски, што значи дека покрај  кошарката  слободно можат да ги разменат не само спортските интереси туку и споделат чувствата и емоциите. Впрочем, Александар и Едина и новата 2024 година ја дочекаа заедно во родната Гевгелија на Мачка. Како и да е, набргу времето ќе покаже дали Александар Димитровски - Мачка и Едина Муса се блиски пријатели уште од некогаш или нови љубовници, чија љубов ќе трае... можеби засекогаш? Фото: Инстаграм/machka777/edina_musa
 ]]>

Невиден инцидент досега: На кошаркарски натпревар меѓу себе се степаа судиите!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/neviden-intsident-dosega-na-kosharkarski-natprevar-se-stepaa-megu-sebe-sudiite-video/ Wed, 13 Dec 2023 13:26:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330980

Досега на еден спортски натпревар сме виделе секакви инциденти. Да се степаат играчите од две различни екипи меѓу себе, играчи од една иста екипа, да се степаат навивачите меѓу себе или да влетаат во теренот и пресметаат со играчите, дури неодамна видовме и како од управата на еден фудбалски клуб во Турција брутално го тепаат судијата...Ама ова што се случи во САД на еден кошаркарски натпревар и тоа за деца, досега го немате видено. Имено, апсолутно незапаметен инцидент се случи на кошаркарски натпревар за деца во Колорадо, САД. Во последната четвртина од средбата тројцата судии сосема неочекувано почнаа меѓусебна брутална физичка пресметка пред очите на дечињата, нивните родители и присутните гледачи. Потежок инцидент беше спречен благодарение на интервенцијата на дел од присутните кои успеаја да ги разделат судиите… како тоа изгледаше, погледнете од видеото. ⬇️ 𝐖𝐚𝐭𝐜𝐡: Last Saturday, at a Colorado youth basketball game, three referees got into an all-out brawl in the middle of the court. The fight broke out during the fourth quarter of a fourth-grade boys’ basketball game between Cherry Creek and Legend Blue. The Gold Crown… pic.twitter.com/EshbHWj1u3 — RedWave Press (@RedWave_Press) December 12, 2023 Извор, фото и видео: RedWave Press

Постариот син на Сања Кужет го остава срцето на теренот, а мама жестоко го бодри од трибините (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/postariot-sin-na-sana-kuzhet-go-ostava-srtseto-na-terenot-a-mama-zhestoko-go-bodri-od-tribinite-foto/ Thu, 23 Nov 2023 12:51:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328309

Постариот син на водителката Сања Кужет, Андрија, напорно започна со кошаркарски тренинзи, во кои има целосна поддршка од семејството. Токму како што водителката напиша на својот Инстаграм „Од игра до игра“, од трибините со ентузијазам го бодри својот дебитант кој веќе постигнува повисоки нивоа на успех. Додека дланките на мајка му се зауздани, постариот син на Сања Кужет го остава срцето на теренот. Покрај тоа што е голем спортист, тој е и грижлив син и брат, а не е помалку успешен и на училиште, што ги прави неговите родители особено горди. Постариот син на Сања Кужет е плод на нејзината љубов со првиот сопруг Зоран, а водителката неодамна за медиумите проговори како се сложуваат денес, за Андрија да го има најдоброто можно детство. - По една година брак, јас и Зоран раскинавме на убав, човечки начин. Можеби некому ќе му изгледа смешно, но кај нас се функционира беспрекорно, освен што не сме во заедница. Андрија и тој се гледаат, имаат нормален контакт, мораме да функционираме за доброто на детето и сакаме таа комуникација да биде што подобра. Немаше љубоморни сцени, немаше суета. Она што најмногу ја радува Сања е добриот однос што го изградија нејзиниот син Андрија и нејзиниот сегашен сопруг Немања. фото:Instagram printscreen/sanja_kuzet]]>

Вук тргна по стапките на татко му, па нагло смени правец: Синот на Тијана требаше да стане несуден кошаркар, а сега плива во водите во кои е целото семејство на неговата мајка – светот на музиката! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vuk-trgna-po-stapkite-na-tatko-mu-pa-naglo-smeni-pravets-sinot-na-tijana-trebashe-da-stane-nesuden-kosharkar-a-sega-pliva-vo-vodite-vo-koi-e-tseloto-semejstvo-na-negovata-majka-svetot-na-muzikata-foto/ Thu, 05 Oct 2023 09:03:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321157

Вук, синот единец на македонската пејачка и од пред некое време актерка Тијана Дапчевиќ неодамна наполни 14 години. Откако заврши основно училиште и славеше полуматура, „малиот двометраш“  на општо изненадување на јавноста се запиша во средното музичко училиште иако до пред три години Вук тргана по стапките на татко му -0 во светот на спортот. Строен на татко му Милан, а Бога ми и на мајка му Тијана кога е височината во прашање, Вук реши своите природни предиспозиции да ги искористи. Така, малиот Дапчевиќ почна да тренира кошарка, спорт по кој Србија е светски прочуена  велесила, а и Македонија дала неколку големи европски, па и светски ѕвезди… Од Буштур, преку Наумовски  до Антиќ… Така Вук тогаш стана член на кошаркарската школа на едена исто така голема некогашна кошаркарска ѕвезда на КК Партизан и тогашната ЈУ репрезентација, бившиот центар Жељко Ребрача кој сега има своја кошаркарска академија во Белград. „Вук тргна во нова кошаркарска авантура во @akademijarebraca, која е дел од @star_wellness_sport . Среќно сине, затоа што ќе научиш многу од чичко Жељко (и сите тренери што се на академијата)“ – напиша пејачката во пораката покрај заедничката фотографија со синот и кошаркарската легенда. Арно ама, само три години подоцна очигледно ништо од кошарката, па синот на Тијана наместо несудена идна кошаркарска ѕвезда,  сега плива во водите во кои цел живот успешно плива семејство на неговата мајка - светот на музиката! Но ова не е само нов почеток во едукацијата, зашто Вук последниве години, како што ќе изјави неодамна неговата мајка, е опседнат со музиката: „Сè што го интересира во моментов е музиката и нејзиното создавање, дури се пронајде во сосема нов жанр, а тоа е „фонк“ музиката, некоја електроника е во прашање. Во главно  целата негова генерација најмногу се занимава со тоа и Вук доби многу фанови. Заврши нижо музичко школо, иако до сега навистина не бил љубител на клавирот, тоа не значи дека тоа нема да се промени кога ќе се запише во средното музичко училиште“. Наследникот на пејачката решил неговиот повик во животот да биде музиката, но во сосема поинаков правец од она што го изведува Тијана. „Тој е заинтересиран за музика, за што сум многу среќна и од клучно значење ми е да знае што сака и што сака да прави на млада возраст. Тој е заинтересиран за продукција, има свој профил на „Спотифај“, каде ја презентира својата музика и има свои обожаватели, поточно над милион слушатели“ – ијави гордата мама за Гранд. Тијана признава дека Вук веќе има постигнато забележителни резултати и гордо истакнува дека наскоро ќе се појави на меѓународен фестивал. „Сега оди на некој фестивал, а бидејќи е малолетен, мама и тато одат во Амстердам со него на фестивалот за фонк музика што ја прави. Тој е исклучително популарен во круговите на таа музика. Јас сум горда мајка“ – ќе додаде таа. Тијана и Тамара, покрај Тања и Лидија Кочовски се двете веројатно најпознати сестри во македонскиот естраден шоубизнис. Обете јавни личности, поп пејачки,  естрадни ѕвезди со несомнени вокални квалитети за кои нема кој не слушнал. Потекнуваат од музичко семејство продолжувајќи го патот на нивните родители, мама Бранка-некогаш позната македонска пејачка и тато Велко-професор по музика во пензија на Музичката Академија во Скопје. Тогаш нема причина зошто Вук не би ја продолжил семејната лоза? Само што тој по се изгледа повеќе би сакал да биде како Дарко Димитров, отколку како баба, дедо, мама или тета?! Фото: Инстаграм/tijana.dapcevic]]>

Вака го проследија финалето на Србија на СП во кошарка познатите Македонци во Белград: Даниел и Елена со најмилите навиваа во домашна атмосфера (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-go-prosledija-finaleto-na-srbija-na-sp-vo-kosharka-poznatite-makedontsi-vo-belgrad-daniel-i-elena-so-najmilite-navivaa-vo-domashna-atmosfera-foto/ Mon, 11 Sep 2023 08:10:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317302

Кошаркарите на Србија вчера ( недела, 10 септември 2023) напладне го играа големото финале на СП на Филипините. Немаа среќа да го освојат златото, но и сребрениот медал и вицешампионското место меѓу најголемите кошаркарски сили на светот е огромен успех. Финалето се гледаше и кај нас, во Македонија... Најпасионираните љубители на кошарката и навивачи на нашиот северен сосед се собираа по кафулињата и локалите да го проследат завршниот меч, иако веројатно за Србија навиваше речиси целата македонска нација. Кога сме веќе кај Македонците и нивното навивање за северниот сосед кај нас и Македонците кои живеат во Србија, не пропуштија да го проследат  финалето. Меѓу нив секако и оние најпознатите, пејачите Даниел Кајмакоски и Елена Миленковска кои сега живеат и работат во Белград. Момчето со Х-фактор пред четири месеци стана татко по вторпат и со втората сопруга Марина се реализираа како родители на синчето Стефан. Даниел Кајмакоски сега живее нов живот полн со љубов, а тоа не ретко знае да го сподели со следбениците на Инстаграм, што и не беше негова пракса претходно. Така беше и овој пат кога пејачот во домашна атмосфера се „нацрта“ пред телевизорот и тоа не сам. Кошаркарското финале на Србија на СП го следеше заедно со своето сакано синче и нивниот куќен миленик, црниот пес о расата Кокер, по име Нера. „Одимеееееее“ -  извикал во еден миг Даниел, кревајќи го малиот Стефан високо на раце, на самиот почеток од мечот. Така Даниел, Стефан и Нера создадоа супер атмосфера сесрдно и гласно навивајќи за Србија, чии кошаркари за жал загубија иако оставија одличен впечатот. Ништо поразлично не беше и во домот кај нашата „натурализирана Србинка“, пејачката Елена Миленковска. Доскорешната македонска „Гранд ѕвезда“  како лојална граѓанка на државата во која создадае семејство и сега живее и работи, не пропушти да го проследи финалето заедно со својата мала ќеркичка Миона. Синчето Максим или спиел или бил некаде на прошетка со татко му Гуте, ама затоа Елена и Миона од пред ТВ екранот со полна душа ги бодреа српските кошаркари. Се разбира, сето тоа не помина без споделување на обострана љубов... Како што тоа кошаркарите го прават на теренот, така мама Елена и малечката Миона дома, пред телевизорот... Зашто поразите како и победите се составен дел од животот, ама љубовта е онаа која е најважна, најпотребна и вечна! И никогаш доста од неа!  Макар „пукнале“... од љубов! Фото: Фејсбук/spona /Инстаграм/elenamilenkovskaa/daniel_kajmakoski]]>

Принцот Хари се обиде да ја бакне Меган Маркл, а таа го одби пред 20.000 луѓе (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/printsot-hari-se-obide-da-ja-bakne-megan-markl-a-taa-go-odbi-pred-20-000-luge-video/ Tue, 25 Apr 2023 10:49:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299277

Двојката била видена на кошаркарски натпревар, каде уживале на трибините. Ова беше нивно прво појавување во јавноста откако Меган одлучи да не присуствува на претстојното крунисување. Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се снимени на кошаркарски натпревар помеѓу Лејкерс и Мемфис Гризлис, а камерите се свртеа кон нив во прилично незгоден момент. Пред тоа публиката почнала да им аплаудира и да ги охрабрува да се бакнуваат, но Меган не сакала да го направи тоа. Ова беше и прво појавување на парот во јавноста откако Меган одлучи да не присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс III. Фото: Принтскрин/ЕПА Имаџес]]>

Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ ја знаете, а еве го нивниот син Кан кој веќе е полнолетен и е вистински фраер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kerkata-na-haris-i-melina-dhinovik-ja-znaete-a-eve-go-nivniot-sin-kan-koj-veke-e-polnoleten-i-e-vistinski-fraer-foto/ Tue, 11 Apr 2023 09:57:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297675

Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина, Џина, се почесто почна да се експонира јавно, но за нивниот син и нејзин помал брат, речиси и ништо да не се знае. Кан Џиновиќ денес се приклучува на едно важно друштво - клубот за возрасни. Синот на фолк ѕвездата и познатата креаторка го слави својот 18-ти роденден и, ако сакаме да веруваме во она што можеме да го видиме на единствените две фотографии кои досега ги објави на Инстаграм, тој е сериозен фраер. За разлика од сестрата Џина, инфлуенсерка чиј секој потег внимателно се следи, Кан е прилично таинствен. Не сака да се експонира, бега од камерите, дури и од телефонските, завршува училиште и спортува, а дресот открива дека тренира кошарка во белградскиот ФМП. Многумина велат дека многу личи на својот татко. Непознат е и неговиот емотивен живот, барем засега. Но, бидејќи е полнолетен, можеби во иднина ќе ни даде повеќе информации за себе. фото:Mirko Tabašević/Instagram]]>

Пејачката на трибини, брадавиците „на терен“: Теодора Џехверовиќ „видно возбудена“ навиваше на кошаркарското дерби помеѓу „Партизан“ и „Ц. Ѕвезда“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-na-tribini-bradavitsite-na-teren-todora-dhehverovik-vidno-vozbudena-navivashe-na-kosharkarskoto-derbi-pomegu-partizan-i-ts-zvezda-foto/ Tue, 14 Mar 2023 12:07:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293275

Младата пејачка Теодора Џехверовиќ сношти, понеделник, 13 март 2023 г. од трибините го следеше кошаркарското дерби помеѓу „Партизан“ и „Црвена Звезда“, а поради еден „детаљ“ сите гледаа повеќе во неа,отколку во она што се случува на паркетот. Имено, Џехва за оваа прилика дојде во многу опуштено издание, па многумина од присутните коментираа дека машкиот пол не можел да се концентрира на играта на своите љубимци, зашто ситезјапаа во неа. На сите им беше јасно дека расната пејачка не носи градник, поради што многумина „триеа очи“, а таа беше насмеана цела вечер. Пејачката за оваа пригода избрала широки беж панталони и сива блуза, а се' уште не е јасно дали намерно дошла без градник или случајно го заборавила дома, па беше евидентно дека  „видно возбудена“ навиваше на кошаркарското „вечно дерби“. Пејачката на трибини, брадавиците (за малку) „ќе и истрчаа“ на терен! Да потсетиме, кошаркарот на „Црвена ѕвезда“, Аргентинскиот интернационалец  Лука Вилдоса на Инстаграм ја заследи Џехва. Но и српската пејачка го следи него, па не е јасно кој го направил првиот чекор и дали можеби таа специјално дошла на дербито да го гледа и бодри него?! Фото: Инстагра принтскрин/Dusan Milenkovic/ATAImages]]>

Почина Душан Дуда Ивковиќ: Замина уште една кошаркарска легенда https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-dushan-duda-ivkovikj-zamina-ushte-edna-kosharkarska-legenda/ Thu, 16 Sep 2021 08:55:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219330

Прославениот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ (78) почина утрово во Белград. Оваа страшна вест ја потврди првиот човек на КК Раднички: „Во шест часот и 50 минути, Душан почина во болница во Белград како резултат на вода во белите дробови и херпес“, ќе изјави Горан Калиниќ кратко за Спорт клуб, додека официјалната вест за причинита за смртта стигна нешто подоцна, а во неа се вели  дека срцето на кошаркарската легенда не издржало. Душан Ивковиќ е роден во Белград на 29 октомври 1943 година. Тој беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња, секако најуспешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Југославија на Европските првенства, каде освои медали во Загреб во 1989 година, Рим во 1991 година и Атина во 1995 година. Тој исто така беше селектор на кошаркарската репрезентација на Србија од 2008 до 2013 година, а за тоа време освои сребро на Европското првенство и беше четврти на Светското првенство 2010 година. Тренерската кариера ја заврши во 2016 година. Како кошаркар играше на позицијата бек, а како тренер ги водеше Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Панионис, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес. Со националниот тим освои три европски златни и едно сребро, едно светско злато, сребро на Олимписките игри и злато на Универзијада. Тој двапати ја освои Евролигата, беше шампион на Купот Радивоје Кораќ, Купот Рајмонд Сапорта, УЛЕБ лигата, беше шампион на Југославија, Грција и Русија со своите клубови, исто така ги освои натпреварите од Купот и Суперкупот во истите земји. фото: Драгана Удовичиќ]]>

Трагедија која го потресе светот: Почина синиот на НБА ѕвездата Скоти Пипен https://arhiva.vistina.com.mk/tragedija-koja-go-potrese-svetot-pochina-siniot-na-nba-dzvezdata-skoti-pipen/ Wed, 21 Apr 2021 09:45:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199897

Синот на Скоти Пипен, легендарниот американски кошаркар, почина на 33-годишна возраст, објавија сите странски медиуми. Невидена трагедија во домот на асот на „НБА“ ја потресе целата планета, а се уште не е потврдено што ја предизвикало смртта на Антрон Пипен. Тој лично на својот профил на Твитер ја објави веста дека го изгубил најстариот син. - Срцето ми е скршено, се збогував со мојот првороден син Антрон. Двајцата споделивме љубов кон кошарката и водевме безброј разговори за играта. Антрон страдаше од хронична астма и, доколку ја немаше, навистина верувам дека ќе стигнеше до „НБА“ лигата. Сепак, тој никогаш не дозволи тоа да го изневери, тој остана позитивен и работеше напорно, и јас сум толку горд на човекот што стана. Те молам, Боже, имај ги на ум и молитвите неговата мајка Карен и целото семејство и пријатели. Љубезно срце и убава душа заминаа прерано. Те сакам сине, смири се додека не се сретнеме повторно - напиша неутешниот Скоти. Антрон беше најстариот син на Пипен од првиот брак со Карен Маколум. Двојката беше во брак две години, од 1988 до 1990 година.]]>