Корнелије Ковач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 18 Oct 2022 09:35:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Корнелије Ковач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вдовицата на Корнелије Ковач откри детали од нивниот последен разговор: „Не успеавме да се поздравиме“ https://arhiva.vistina.com.mk/vdovicata-na-kornelije-kovach-otkri-detali-od-nivniot-posleden-razgovor-ne-uspeavme-da-se-pozdravime/ Tue, 18 Oct 2022 09:35:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271784

Помина еден месец откако Корнелије Ковач почина, зад себе остави три ќерки и својата неутешна сопруга Снежана. Вдовицата на познатиот композитор се отворила за магазинот „Глорија“ и раскажала какви им биле последните денови. ‒ Не знам дали требаше да заврши вака. Сè уште не можам да верувам дека го нема. Исклучително ми е жал за тоа бидејќи беше голем борец, дури и кога беше болен - вели Снежана. ‒ Многу го сакаше животот и се радуваше секој ден. Не ми е јасно како го доби вирусот Ковид кога од почетокот на пандемијата бевме многу внимателни. Тој, особено, не отишол да го фрли ѓубрето без заштитна маска. Избегнавме гужви и поголеми собири токму поради оваа причина. Кога добив корона во јануари, тој спиеше со мене во иста соба, не сакаше да се разделиме и ништо не му се случи. За жал, Корнелије сепак се заразил со инфекција во август, која, како што се испостави, имала фатален исход.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Delibasic (@delibasicana)

‒ Тој помина две и пол недели во болницата „Ковид-19“ во Батајница и не беше ни на кислородна поддршка. Во меѓувреме се заразил со болничката бактерија клостридија. Го префрливме од Батајница во приватна клиника, почна да закрепнува и се надевав дека ќе успее. Залудна била лавовската борба на лекарите кои дале се од себе, тој починал по седум дена, рано наутро на 13 септември. Не успеав ни да се поздравам со него. Тој ден требаше да одам на интензивна нега, а ден пред да разговараме преку видео повик, му реков дека ќе дојдам да го посетам следниот ден и тој со слаб глас ми одговори: „Обавезно“. Тоа беше нашиот последен разговор. фото:Инстаграм]]>

Александра и Кристина ги знаете, а ова е третата ќерка на покојниот Корнелије Ковач (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-i-kristina-gi-znaete-a-ova-e-tretata-kjerka-na-pokojniot-kornelije-kovach-foto/ Wed, 14 Sep 2022 08:59:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266814

Сите ги познаваат сестрите Александра и Кристина Ковач благодарение на успехот што го постигнаа во музиката. Сепак, многумина не знаат дека имаат и трета сестра Ања. Ања тргна по малку поинаков пат од нејзините сестри и работи како режисер, а своевремено имавме прилика да ја гледаме и во популарната тинејџерска серија „Неки нови клинци“ каде што таа ja глумеше Роки. После тоа, таа не беше на малите екрани, а иако беше планирано продолжување на серијата, тоа не се случи бидејќи почина мајката на сестрите Ковач, Споменка, која беше и сценарист на серијата. Ања тогаш имала само 15 години, а за неа се грижела нејзината сестра Александра. -Кога нашата мајка Споменка не напушти предвреме по тешко боледување, ни за момент не размислував. Со безрезервна поддршка на Романо, целосно се грижев за мојата најмлада сестра Ања, која тогаш беше само девојче, а сега е зрела, високообразована жена која успешно работи во својата област, како асистент на режисер. Се надевам дека барем успеав да и го надополнам недостатокот на мајка - изјави еднаш Александра за Hello. фото:Принтскрин/Јутјуб]]>

Познатите Македонци се простија од легендарниот композитор Корнелије Ковач: „Можеби сепак има нешто“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-makedonci-se-prostija-od-legendarniot-kompozitor-kornelije-kovach-mozebi-sepak-ima-neshto-foto/ Wed, 14 Sep 2022 07:58:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266720

Замина уште една музичка легенда од регионов... Еден од најголемите музички уметници, Корнелије Бата Ковач. Академски музичар - клавијатурист, композитор, аранжер, продуцент... и пред се голем другар и пријател со сите, особено со оние музички ѕвезди со кои соработуваше. А работеше, твореше и соработуваше со многумина од најголемите: Оливера Катарина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Јевремовиќ, Миша Марковиќ, “Генерација 5“, Лепа Брена, Здравко Чолиќ… Беше основач и лидер на една од најголемите рок групи на сите времиња во некогашна Југославија, легендарната „Корни група“ низ која поминаа плејада врни музичари и пејачи... Од Златко Пејаковиќ до Здравко Чолиќ. Зад себе остави дузина големи хитови, познати песни кои се пејат и денес, останаа евергрени за сите времиња и генерации. Корнелије Ковач беше познат, признат и ценет насекае во регионот, иако само малкумина Македонци имаа среќна можност, чест и задоволство да работат и соработуваат со него. Едноставно не можеше да се дојде на ред, зашто Бата Ковач до последните денови на своите креативни можности, беше буквално презафатен. Но, тоа не значи дека некогашните и сегашни македонските музички ѕвезди и музички новинарски легенди не го познаваа, ценеа, почитуваа... Напротив, затоа и некои од најпознатите имиња, но и оние кои имаа ретка можност да бидат дел од неговото авторско јато денес, му одаваат последна почит и со последен поздрав се простуваат од големиот уметник и пред се' човек. Така, Калиопи Букле на својот Инстаграм се прости од Коренелије Ковач со негова фотографија и зборовите: „Ми беше чест да Ве  познавам, да ја делам сцената со Вас и да растем со Вашата музика низ минатото и сегашноста... RIP ( Почивај во мир)“ - сподели македонската поп дива. Познатиот македонски музичар, клавијатурист и продуцент, Валентино Скендеровски, член на повеќе познати бендови меѓу кои и „Леб и Сол“ и „Меморија“ со Фејсбук статус се прости од својот познат колега: „Почина еден од најголемите композитори на овие простори. Вечна слава Бато, нека ти е светол патот кон вечноста“ - напиша Тино на својот ФБ профил. Легендата на македонското радиоводителство и естрадно-музичко новинарство, единствениот Драган Б. Костиќ споделувајќи заедничка црно-бела фотографија со Бата Ковач од далечната 1973 година сликана во нашата „Универзална сала“, се прости со човекот коој ги напиша некои од најголемите хитови на неговата младост:
„Почина Корнелије Ковач, еден од најзначајните двигатели на југословенската популарна музика во седумдесетите години на минатиот век. Композитор чиј белег како траен маркирен знак ќе го одбележува не само неговото време. Нека почива во мир.
П.С. Мојата маленкост на прва средба, во разговор со Корнелије на 12.10.1973 во Универзална сала“ - сподели Костиќ на својот Фејсбук.
Кирил Колемишевски, некогашнот член од првата постава на групата „Нокаут“, враќајќи ја меморијата назад во времето, се потсети на соработката со Корнелије Ковач на една од песните на бендот на нивниот прв албум:
„Корнелије Ковач ги отсвири клавијатурите на “Телефонскиот број не постои”, го разубави аранжманот на песната која беше во продукција на неговите ќерки, Александра и Кристина, кои ги пеат придружните вокали. Нека почива во мир“ - напиша во својот проштален статус на својот ФБ, Кире.
Македонскиот актер и самиот некогашен музичар, Владимир Јачев, сподели еден од најголемите хитови на Здравко Чолиќ  за која музиката ја напиша Корнелије Ковач, на стихови на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај и со неа се прости од големиот композитор, чии песни очигледно оставиле траен белег и во неговиот живот:
„RIP Корнелије Ковач
Поголем дел од музиката и аранжманите за овој албум на Здравко Чолиќ ги има направено тој...
Иначе албумов го имав во трето одделение... Сите песни ги знам.
Сите се хитови... Пусти, пусти моду, Писаќу јој писма дуга, Једна за другом, Смијем се без смисла... и секако оваа што ја постирам...“ - споделил Јачев.
Малкумина знаат дека сепак единствениот македонски пејач на кого големиот Корнелие Ковач му напиша цел абум е некогаш младиот пејач Никола Конзулов, сега член на групата „Акустико“.
Дискографско првенче на Никола, насловено:  „Можеби сепак има нешто“ е подготвувано во студиото „Арета“ на Корнелие Ковач. Содржи 10 песни, од кои 8 со негов авторски потпис, поточно музиката е негова за 8 нумери, а сите аражмани се дело на Корнелие, кој се потпишува и како музички продуцент на албумот, а ги отсвирел и клавијатурите на сите песни.
„Маестро, ти благодарам за сета музика, дела, дружба... Маестрален музичар, композитор, голем човек, народен човек. Светол ти пат!“ -напишал во прошталната порака Конзулов, потенцирајќи го следново во интервјуто за „Нова Македонија:
„Кога ќе одев за Белград задолжително се гледавме и ќе се напиевме по едно пријателско кафе“ – вели тој, додавајќи дека размислува да го реиздаде албумот што го сними со Корнелие Ковач, бидејќи како што вели и самиот негов наслов... „Можеби сепак има нешто“?!
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи и приватна архива
]]>

Здравко Чолиќ со потресни зборови се прости од Бата Ковач: „Изгледаше како засекогаш да ќе бидеш тука…“ https://arhiva.vistina.com.mk/zdravko-cholikj-so-potresni-zborovi-se-prosti-od-bata-kovach-izgledashe-kako-zasekogash-da-kje-bidesh-tuka/ Tue, 13 Sep 2022 12:28:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266707

Големиот композитор, музичар и уметник Корнелије Бата Ковач почина денеска на 81-годишна возраст, од последиците од коронавирусот. По повод тажната вест која го обиколи регионот, еден од првите кои се јавија со проштални зборови е и неговиот долгофодишен соработник и голем пријател, Здравко Чолиќ. „Се чинеше дека ќе бидеш таму засекогаш. Ви благодариме за музиката… за делата што ги создаде… за зборовите на грижа и љубов што ги имаше за сите нас.  Ни ги одбележа животите. Ти благодарам Бато за се!“ – стои во објавата на Здравко Чолиќ на Инстаграм. Да потсетиме, Корнелије и Здравко Чолиќ соработуваа со децении. Бата Ковач ги напиша многубројните  хитови на Чола, како: „Април у Београду“, „Живиш у облацима мала“, „Звао сам је Емили“, „Једна зима са Кристином, „Једина“, „Маѓарица“, „Пјевам дању-пјевам ноќу“, „Станица Подлугови“, „Ти можеш све“, „Ти си била, увјек нај“, „Ти си ми у крви“... и многу други. Фото: Dragan Kadić, Damir Dervišagić/Инстаграм принтскрин/zdravkocolicofficial  ]]>

Почина Корнелије Ковач: Хитови за сите времиња – пишуваше за „Корни група“, Чола, Брена, Оливера… https://arhiva.vistina.com.mk/hitovite-na-kornelije-za-site-vreminja-pishuvashe-za-chola-brena-olivera/ Tue, 13 Sep 2022 11:50:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266679

Српскиот композитор Корнелије Ковач почина на 81-годишна возраст во Белград како последица на коронавирус. Корнелије Ковач беше композитор, пијанист, аранжер, продуцент. Тој ја напишал својата прва композиција „Пустински тротоари“ на четиринаесетгодишна возраст. Кариерата ја започнал во 1961 година, дипломирал на Музичката академија во Сараево и бил дел од многу оркестри. Во 1966 година станува член на познатата група „Индекси“. „Групата Корни“ ја основа во 1968 година во Белград. Корнелије соработувал со многу големи музичари, некои од нив се: Оливера Катарина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Јевремовиќ, Миша Марковиќ, Лепа Брена, Здравко Чолиќ... Неговиот креативен опус е голем, ги направи најголемите хитови кои го одбележаа минатиот век. Некои од најголемите хитови на Здравко Чолиќ ги направи Корнелиј и тоа: „Април во Белград“, „Живееш во облаци“, „Ја викав Емили“, „Една зима со Кристина“, „Једина“, „Унгарска“, Таа спие“, „Дење пеам, ноќе пеам“, „Сè можеш“, „Ти си во мојата крв“. За југословенската рок група „Генерација 5“ направи нумери по кои сите ќе го паметиме овој бенд и тоа: „Само биди доволно далеку“, „Уморен од сè“. Покрај тоа, тој направи музика и за многу филмови, како што се: „Луди години“, „Дојде време да се проба љубовта“, „Треска на љубовта“, „Волонтери“, „Чавка“, „Непобедливо срце“, „Липите цветаат на Балканот“. Фото:Принтскрин/Стефан Томашевиќ/Ата Имаџес  ]]>