користите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Apr 2020 11:10:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png користите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-se-veruva-deka-cinkot-moze-da-ja-sprechi-zarazata-so-koronavirusot-i-kako-da-go-koristite/ Wed, 01 Apr 2020 13:00:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142719

Цинкот може да биде ефикасен кога станува збор за намалување на времетраењето на настинката, а сега се знае дека многу обични настинки се предизвикани од коронавируси. Па, многумина да се прашуваат дали цинкот може да помогне во ублажување на влијанието и да помогне во борбата против новиот коронавирус кој пустоши низ целата планета. Цинкот е неопходен минерал за здравјето на луѓето, но генерално не ви требаат големи количини – околу 15 милиграми на ден е сосема доволно. Тој е одговорен за вашиот имунолошки систем, за заздравувањето на раните, за видот и за развојот на мозокот, а се покажа и дека има антивирусно дејство. Според едно истражување, луѓето кои внесувале цинк во организмот додека имале симптоми на настинка биле значително пократко време болни во однос на луѓето што не внесувале цинк. Кај луѓето што внесувале цинк, настинката траела 4,5 дена, а кај другата група настинката траела 8 дена. Учесниците консумирале приближно 80 милиграми цинк дневно, што е над дневните потреби, но тоа не создава проблеми ако станува збор за краток временски период. Истражувачите не знаат точно зошто цинкот има ваков ефект, но тие веруваат дека може да го спречи влегувањето на вирусот во клетките, а исто така може да ги намали и нивото на воспалителни супстанции кои се наоѓаат во крвта познати како цитокини. Колку е цинкот корисен за КОВИД-19? Според едно истражување, цинкот ја блокира синтезата на РНК така што вирусот не е во состојба да се размножува понатаму. Бидејќи има многу сличности помеѓу двата вида коронавируси, разумно е да се очекува дека цинкот може да влијае на КОВИД-19 на сличен начин. Сепак, ова откритие се однесува на интрацелуларниот цинк, т.е. цинкот што се наоѓа во нашите клетки, така што таблетите цинк може да не бидат корисни врз основа на овој наод. Иако не е познато дали оралното внесување цинк во организмот може да го зголеми нивото на интрацелуларниот цинк на начин на кој го прават тоа липозомните производи, нема да ви наштети ако го зголемите внесот на цинк со консумирање храна што е добар извор на минерали. На врвот на списокот на намирници што се извор на цинк се остригите, кои содржат многу повеќе цинк во споредба со другите намирници. Друга храна што е извор на цинк се ракчињата, говедското месо и јастогот. Доктор Џејмс Роб, патолог и истражувач на коронавирусот, верува дека таблетите што содржат цинк помагаат во борбата против коронавирусот и може да бидат корисни за тековната пандемија. Сепак, тој истакна дека не постои експериментална основа за таквото тврдење, но препорачува луѓето да земаат цинк таблети неколку пати на ден доколку имаат треска, болка во мускулите и покачена температура. Иако никој не може да каже со апсолутна сигурност дека цинкот навистина може да помогне во борбата против коронавирусот, сигурно нема да наштети ако го консумирате и може да ви помогне кај други здравствени проблеми. Всушност, недостатокот на овој минерал може да предизвика многубројни проблеми како што се губење на косата, слаб имунитет, висок холестерол, хроничен замор и остеопороза. Извор: КафеПауза]]>

Совети: Како правилно да го полните и користите вашиот мобилен телефон https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-kako-pravilno-da-go-polnite-i-koristite-vashiot-mobilen-telefon/ Sat, 26 Jan 2019 12:57:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69469

Кога станува збор за траењето на батеријата, постојат многу мали правила кои одредуваат што да правите со вашиот телефон. Многу од нив имаат врска со реалноста, но некои и не. Еве пет правила кои можете слободно да ги заборавите, но и едно кое треба да го запаметите. 1.Полначите од помалку познатите произведувачи ги уништуваат батериите – Неточно! Иако обично не се оптимизирани за брендираните паметни телефони, тие не можат да им наштетат. 2.Не е добро да се користи телефонот додека се полни – Ниту ова не е точно! Можете да ги користите колку сакате, се додека не користите полнач купен од сомнителни извори. Единствената последица од зборување и полнење во исто време, е брзината за која ќе го наполните вашиот телефон. 3.Полнењето во текот на целата вечер ја уништува батеријата – Па не баш. Поголемиот број паметни телефони препознаваат кога батеријата е полна и го откажуваат полнењето. Сепак, не добро да ја полните батеријата цела ноќ, секоја ноќ. 4. Паметните телефони не треба да се исклучуваат – Понекогаш и на телефоните им е потребна пауза. Доколку не мора по секоја цена да бидете достапни, исклучувајте го телефонот од време на време, на пример пред спиење. Тоа се препорачува еднаш неделно. 5. Не го полнете телефонот доколку батеријата не е целосно празна – Погрешно! Подобро е да го полните секој ден, отколку да го водите од крајност во крајност. Литиумската батерија, каква што користат Apple и Samsung, функционираат подолго кога се полни. Доколку ги “цедите” до максимум, може да станат нестабилни. Секогаш кога ја празните до крај, вие сте еден чекор поблиску до нејзиното менување. ***Топлината ќе ја уништи батеријата – Е, ова е точно! Технологијата и високата температура обично не се согласуваат. Батериите не се исклучок. Литиумските батерии се загреваат при работа, повеќе за време на полнењето. И студеното време може да има лошо влијание над батеријата.
]]>