копираат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Jul 2022 08:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png копираат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најпознатата бугарска манекенка и топ модел Николета Лозанова издаде своја автобиографија, нашата фолкерка Марија Луиса Тодоровска „ја тресна од земја“: „Се молат Бугаркиве да не ме копираат и да не ми крадат идеи“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/najpoznatata-bugarska-manekenka-i-top-model-nikoleta-lozanoiva-izdade-svoja-avtobiografija-nashata-folkerka-marija-luisa-todorovska-ja-tresna-od-zemja-se-molat-bugarkive-da-ne-me-kopiraat-i-da-ne-mi-k/ Wed, 20 Jul 2022 09:09:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259340

Николета Лозанова со години наназад важи за најпозната бугарска манекенка и топ модел кај нашиот источен сосед, па и пошироко. Ултразгодна, атрактивна, сексапилна, својата кариера грижливо ја гради рекламирајќи ги најдобрите брендови. Богатата кариера  атрактивната Николета реши да ја спакува во сопствената автобиографија насловена: „Професија - икона“, која тукушто се појави во продажба, а раскошната бугарска манекенка наголемо почна да ја рекламира. За старт, на социјалните мрежи, поточно на своите профили, од кои најмногу на нејзиниот Инстаграм. Односите со Бугарија по сите настани и по нас штетни договори како што е познато, ни се далеку од „најдобрососедски“, па затоа секоја  фотографија, објава, напишан збор се мери „со шублер“... За да нема говор на омраза, како што велат „договорените страни“ без да го прашаат народот, на кој пак му е оддамна јасно „кој е кој“ и кој од кого копира и присвојува... Од историја, до сто и една друга категорија, а као што стојат работите и во „шоу бизнисот“?! Имено, на насловницата на автобиографската книга на Николета, таа е фотографирана прилично раскопчана, во здолниште со длабоко деколте во кое мирно лежат гигантските силиконски гради на мисицата и едно бело јаре во нејзиниот скут. И токму тука настана новиот конфликт... Овој пат кој ги има правата од сферата на шоубизнисот, модата и забавата. Македонската фолк пејачка, ништо помалку цицлестата Марија Луиса Тодоровска веднаш најде причина бугарската мисица „да ја тресне од земја“ со својата објава на Инстаграм. За потсетување,  Марија Луиса годинава за Денот на вљубените посака некој да и подари „бебе коза“, како што го нарече или поточно мало јаренце! И најбрзиот што ја сака, иако веројатно ја сакаат многумина, ги услиши молбите на пејачката и дома на подарок и ја донесе „играчката“ - живо јаренце! До душа меракот на фолкерката беше голем, ама можностите да се чува коза во стан среде Скопје никакви, па затоа радоста и не и' траеше долго. Ама сепак, идејата си беше нејзина, желбата исто така, а исполнувањето на истата реализирано... До душа од непознат исполнител.  Останаа познати само неколку селфи фотографии на пејачката со јарето, за спомен и долго сеќавање, кои сега на Марија Луиса и се најдоа и за нешто друго. Како доказ дека таа беше прва... Иако нема своја автобиографија, Марија далеку пред бугарската мисица се сликаше со козата во прегрегратка, па оттму на Николета Лозанова јавно и порача: „Ги замолувам Бугаркиве да не ме копираат и да не ми крадат идеи“! Чисто онака, како предупредувачка препорака за уште подобри добрососедски односи кон оние што јазикот не ни го признаваат... како посебен! Фото: Инстаграм принтскрин/nikoleta_lozanova/luisa.todorovska
]]>