концертен караван – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Oct 2023 09:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png концертен караван – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 12. октомври: „Македонијо во срце те носиме“ ја заокружува приказната во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/na-12-oktomvri-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-ja-zaokruzhuva-prikaznata-vo-skopje/ Mon, 09 Oct 2023 09:54:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321691

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ во четврток (12 октомври) доаѓа во Скопје. По Штип, Велес, Битола, Прилеп, Кочани, Тетово и Кавадарци убавата македонска песна ќе се слушне и во главниот град, каде ќе биде заокружен првиот дел од приказната наречена „Македонијо во срце те носиме“, а која во овој дел од турнејата опфати осум града. Скопскиот концерт ќе се одржи во паркот пред салата Расадник во Кисела Вода, а е со почеток во 20:30 часот. На репертоарот веќе ви е добро познато ќе се најдат сите 12 песни од проектот - „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“... и, секако, химната на овој крај „Ми заплакало село Ваташа“..., а публиката ќе ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а аранжманот на сите 12 песни е на маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното - нашата земја и нејзиното наследство. Дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.  ]]>

Концертниот караван на музичкиот проект “Македонијо во срце те носиме” стартува на 6-ти септември https://arhiva.vistina.com.mk/kontsertniot-karavan-na-muzichkiot-proekt-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-startuva-na-6-ti-septemvri/ Sat, 26 Aug 2023 08:16:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315543

Новиот музички проект во Македонија “Македонијо во срце те носиме”, од 6-ти септември стартува со големиот концертен караван кој што низ целата држава ќе ги посети поголемите градови каде ќе се одржат концерти, кои веруваме долго ќе се паметат. На концертите ќе бидат претставени и промовирани сите 12 композиции кои досега се претставени пред македонската публика. Македонски изведувачи од светот на забавната и народната музика ќе отпеат 12 македонски патриотски песни со нови современи аражмани, зад кои застанува познатиот музичар и композитор Николче Мицевски. Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот на песни се: „Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Едно име имаме”, „Земјо македонска”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”, „Море сокол пие”, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”. Целта на целиот проект е да се зачува музичкиот аманет кој ни го оставиле генерации пред нас, да се прегрне Македонија преку некои од најубавите песни. Секоја нумера во изминатиов период се прикажуваше со видео запис, а крајната цел е одржување на осум концерти низ Македонија. Концертите се закажани за септември и октомври, а последниот најголем ќе биде во Скопје.]]>