концерт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Mar 2024 10:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png концерт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Концерт на Националниот џез оркестар: “Џез лектира” – вечер посветена на Каунт Бејси https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-na-natsionalniot-dhez-orkestar-dhez-lektira-vecher-posvetena-na-kaunt-bejsi/ Fri, 08 Mar 2024 12:25:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341192

Последниот проект на Националниот џез оркестар носи наслов “Џез Лектира,” и претставува навраќање на биг бенд ерата, позната и како ера на свингот.  Овој период претставува значаен период од музичката историја во кој популарната музика во САД доживува своевидна трансформација. Големи ансамбли, пишани аранжмани кои се истакнуваат наспроти спонтаните солирања, доминација на свинг ритамот, наплив на иновативни композитори, се дел од карактеристиките на оваа ера која го доживува својот врв во периодот од 30-тите до средината на 40-тите години нa 20-тиот век. Во тој период се истакнува една група музичари кои како лидери на своите биг бендови прават вистинска револуција во џез музиката во тој период, Меѓу најважните имиња во биг бенд ерата се вбројуваат Дjук Елингтон, Бени Гудман, Глен Милер, и секако Каунт Бејси. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, кој е познат и како “Кралот на свингот”. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично. Многу светски познати музичари доаѓаат до израз токму во овој биг бенд, вбројувајќи ги тенор саксофонистите Лестер Јанг и Хершел Еванс, гитаристот Фреди Грин, трубачите Бак Клејтон и Хари „Свитс“ Едисон, тромбонистот Ал Греј, и пејачите Џими Рашинг, Хелен Хумес, Телма Карпентер и Џо Вилијамс. На концертот “Џез Лектира,” се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот, како и на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка, Дајан Шур, меѓу другото добитничка на две Греми награди за најдобра џез пејачка во 1986 и 1987 година. По тој повод, специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ, една од најдобрите женски џез пејачки на овие простори. Концертот ќе се одржи на 16 март, во салата на Македонскиот народен театар, од 20 часот. Билетите може да се набават online, на страната на МНТ https://mnt.mk/online/index.php?id=558 , или на Билетарницата на МНТ.]]>

„Чалгија саунд систем“ во сабота со концерт во „Јавна соба“ https://arhiva.vistina.com.mk/chalgija-saund-sistem-vo-sabota-so-kontsert-vo-javna-soba/ Wed, 06 Mar 2024 08:31:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341761

Сабота, на 9 март во „Јавна соба“ во Скопје настапува бендот „Чалгија саунд систем.“ Саботните вечери посветени на жанрот светска музика во Јавна соба полека стануваат дел од регуларната скопска сцена и публиката се навикнува на оваа квалитетна музичка програма. „Чалгија саунд систем“ ги пренесува звуците на чалгијата и низ светот одржувајќи концерти во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите фестивали на музика на светот во Рудлштад, Германија каде што во 2022 година ја делеше сцената со најголемите ѕвезди на балканските и светските простори од ворлд и рокенрол фелата. World Music Saturday е мотото на фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба. Билетите можат да се купат на: drugastrana.mk.]]>

Концерт „Сила“ во Филхамронија https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-sila-vo-filhamronija/ Mon, 04 Mar 2024 12:26:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341041

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Сила“, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес (Венецуела) на труба, Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а диригент е маестро Мануел Хернандез – Силва (Венецуела/Шпанија). Концертот не случајно носи наслов „Сила“, затоа што сите композиции, ако може да им се даде една генерална оцена, се фокусирани на моќта на интерпретацијата, страста и енергијата којашто и самите изведувачи треба да ја донесат на сцената. Почнувајќи од симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е солистот на труба Пачо Флорес, став кој е посветен на врвниот Астор Пјацола, аргентинскиот композитор што го донесе на свет „танго нуево“, и во кој се чувствува неговото силно влијание, особено во оркестарските делници. „Приказни за цвеќиња и танго“ е композиција на Даниел Фрајберг, еден од новите водечки композиторски имиња, и „Симфонискиот сјај на Маргарита“ на композиторот Иносенте Хозе Карењо негово најпознато дело во кое се содржани многу влијанија од народната музика од северниот брег на Венецуела, поточно од островот Маргарита. Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „ЈунгерКунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, Симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, Симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниото ркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија. Како оперски диригент доби одлични критики за неговите изведби на „Волшебната флејта“ и „Така прават сите“ од Моцарт, за Бетовеновата „Фиделио“ и за „Боеми“, „Џани Скики“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од Пучини. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти. Трубачот Пачо Флорес критиката го оценува како еден од најатрактивните уметници денес, кој е фокусиран на промоција на современата музика. Првите награди што ги освоил на најпознатиот меѓународен натпревар за труба во светот „Морис Андре“, како и на „Филип Џонс“, ја потврдуваат неговата висока репутација во светот на музиката. Уште за време на неговите студии во Оркестарот за млади и деца во Венецуела, Флорес добил врвно признание за неговите интерпретации како солист, способен подеднакво да управува со класичните и со популарните жанрови. На своите магични изведби, тој им додава огромна доза енергија обоена со најубавите инструментални бои. Како солист настапувал со Филхармонијата на Киев, Камерата од Санкт Петербург, со оркестри во Париз, Токио, Осака, Германија, секако во неговата родна Венецуела, рецитални настапи во „Карнеги хол“ во Њујорк, во „Плејел“ во Париз или „Опера Сити“ во Токио. Како еден од основачите на Дувачкиот квинтет „Симон Боливар“, учествувал на бројни турнеи низ Европа, Јужна Америка, САД и Јапонија, а како оркестарски музичар ја имал водечката позиција како трубач во Симфонискиот оркестар „Симон Боливар“ во Венецуела и во Симфонискиот оркестар на Мајами, соработувал со диригенти како Клаудио Абадо, Сер Симон Ратл, Сеиџи Озава, Густаво Дудамел… Основач и директор е на латиноамериканската Академија за труба во Венецуела и ја негува традицијата за изучување на млади таленти. Неговиот репертоар е широк и вклучува премиери на дела од голем број современи композитори. Неодамна одржа значајна концертна турнеја низ Норвешка и Австрија со Арктичката филхармонија, под водство на маестро Кристијан Линдберг, изведувајќи го неговиот концерт „Акбанк Бунка“ за труба и оркестар, дебитирајќи во „Фестпилхаус“ во Салцбург и во „Музикеверин“ во Виена. Неговиот прв албум носи наслов „Ла Тромпета Венецолана“, а Флорес е ексклузивен уметник на „Дојче грамофон“ со веќе три снимки – „Кантар“ со Концертхаус оркестарот во Берлин и маестро Кристијан Васкез, „Ентропија“ за кој освои Златен медал на Глобал мјузик авардс, „Фрактали“ со Арктичката филхармонија и маестро Кристијан Линдберг и двојното цеде „Песни и танци“ со маестро Мануел Хернандез-Силва. Лео Рондон е познат интерпретатор на венецуелска куатро гитара, аранжер и продуцент на квартетот „Авила“, на Венецуелскиот музички квартет, како и на ансамблот „Л’Арпеџата“, покрај неговиот соло проект едноставно насловен „Лео Рондон“. Добитник е на значајни награди во Венецуела и Колумбија како изведувач на куатро гитара, а настапува на престижни фестивали во Венецуела, Колумбија, Португалија, Шпанија, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Швајцарија, Мароко…, во разни ансамбли и со разновидни уметници.]]>

„Леб и сол“ и Горан Бреговиќ на иста сцена, токму како и некогаш, овој пат во СЦ „Јане Сандански“   https://arhiva.vistina.com.mk/leb-i-sol-i-goran-bregovik-na-ista-stsena-tokmu-kako-i-nekogash-ovoj-pat-vo-sts-jane-sandanski/ Wed, 28 Feb 2024 13:50:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340528

Во далечната 1977 година Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“, и тоа на големиот славенички концерт на Бреговиќ закажан на 23 март. Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и на само еден ден после прославата на 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански“, а за загревањето на атмосферата на истиот, баш како некогаш ќе бидат задолжени членовите на Леб и сол. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на Леб и сол, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА. Бреговиќ во Скопје овој пат доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика онака како што доликува да ги прослави двата убави поводи – роденденот и јубилејот. Спектаклот нема да изостане и ‘ко не полуди, тај није нормалан’“, вели Брега во својата порака до домашната публика. Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com/ и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1.200 денари за партерот, 1.800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1.400 и 1.800 денари, додека влезницте за вип делот се 2.500 денари.]]>

Српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ солист на концертот „Хармонија“ во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-violonchelist-dragan-gorgevik-solist-na-kontsertot-harmonija-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 19 Feb 2024 13:01:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339258

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист кој со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/Шпанија. На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин. Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „Јунгер Кунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, Симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, Симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниот оркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија. Како оперски диригент доби одлични критики за неговите изведби на „Волшебната флејта“ и „Така прават сите“ од Моцарт, за Бетовеновата „Фиделио“ и за „Боеми“, „Џани Скики“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од Пучини. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти. Критиката ќе каже дека Драган Ѓорѓевиќ е една од најоригиналните уметнички појави на неговата генерација. Тој е признат за амбасадор на српската школа за виолончело, основач е на ансамблот „Вива виолончело“, на фестивалот „Равенелиус“, соосновач на квартетот „Рубикон“ и програмски директор на „Виолончело фест“ во Белград. Во музичкиот свет Ѓорѓевиќ влегол на шестгодишна возраст, свирејќи виолина во училиште за музички надарени деца во неговиот роден град Ќуприја, а две години подоцна почнал да изучува виолончело. По студиите во Белград, на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. Сандра Белиќ, образованието го продолжил на Гилдхал школата за музика и драма во Лондон, во класата на проф. Стефан Попов. По Лондон, Ѓорѓевиќ се запознал со корејскиот виолончелист Јанг Чанг Чо, кога продолжил да студира на Школата за музика во Есен, Германија. Уште како млад бил назначен да биде професор по виолончело на ФМУ во Белград, време кое го означил и како период да учи со славните виолончелисти како Миша Мајски, Тобијас Кун, Давид Такено итн. Добитник е на специјални награди на разни натпревари во Белград, а како солист настапувал во Велика Британија, Германија, Холандија, Шведска, САД, Русија, Белгија, Кина, Швајцарија, Франција, Норвешка, Јужна Кореја…, на истакнати меѓународни музички фестивали како „Би-би-си промс“, „Георг Енеску“, „Охридско лето“, „Челисимо“, „БЕМУС“… Соработувал со уметници како Џулијан Рахлин, Итамар Голан, Емил Табаков, Клеменс Шулд, Немања Радуловиќ, Роман Симовиќ, Џон Адамс… Почнувајќи од 2011 година, на покана на славниот маестро Валери Гергиев, свири како главен гостин виолончелист на Симфонискиот оркестар на театарот „Марински“, ја освоил наградата на Загрепски концертен менаџмент, му бил понуден и рецитал во новата концертна сала на „Марински“ во Санкт Петербург, како и деби со квартетот „Рубикон“ на Лондонскиот фестивал. И покрај тоа што е редовен професор по виолончело на ФМУ во Белград, одржува мастер-часови во Кина, Шведска, Бугарија, Романија, Словенија… Свири на виолончело направено 1797 година, од Џејмс и Хенри Бенкс.]]>

Нема повеќе што да се крие: Карлеуша и Душко излегоа во јавност, а нивната постапка потврди се’ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-poveke-shto-da-se-krie-karleusha-i-dushko-izlegoa-vo-javnost-a-nivnata-postapka-potvrdi-se-foto/ Mon, 19 Feb 2024 12:02:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339174

Веќе некое време врската на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ не престанува да ја интригира јавноста. Имено, пејачката се почесто одговара на гласините за нивниот развод, а тоа што има да го каже не е воопшто едноставно. Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ јавно ги потврдија нејзините зборови дека живеат во иста куќа, но како двајца непознати. Имено, Јелена и Душко никогаш не го криеле фактот дека Драгана Мирковиќ е одлична семејна пријателка, и дека и двајцата неизмерно ја ценат и почитуваат. Токму затоа се потрудија да ја почитуваат и покрај бројните обврски кои ги имаат во странство, двајцата дојдоа на нејзиниот концерт. Тогаш Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ја потврдија вистината за нивниот брак, бидејќи и тогаш не можеа да се појават заедно во јавноста. Јелена првиот ден на концертот на Драгана се појави на спектакуларен начин, кога сите потврдија дека никогаш не изгледала подобро и лудо се забавувала во друштво на своите пријатели. Но, Душко Тошиќ на концертот на Драгана Мирковиќ пристигна на вториот ден, кога на Драгана и Тони им честиташе за овој успех на неговата „приказна“ заедно со снимките од концертот. фото:Instagram printscreen/ duskotosic/ karleusastar]]>

Горан Бреговиќ со концерт во Скопје ќе го прослави својот 74-ти роденден https://arhiva.vistina.com.mk/goran-bregovik-so-kontsert-vo-skopje-ke-go-proslavi-svojot-74-ti-rodenden/ Fri, 16 Feb 2024 12:46:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338977

Бреговиќ во Скопје доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика да ги прослави овие два убави поводи – роденденот и јубилејот. Горан Бреговиќ со концерт во Скопје ќе го прослави својот 74-ти роденден Бреговиќ во Скопје доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика да ги прослави овие два убави поводи – роденденот и јубилејот. Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и на само еден ден пред 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански“. Бреговиќ во Скопје доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика да ги прослави овие два убави поводи – роденденот и јубилејот. Бијело дугме е основано во Сараево во 1974 годна со тогашниот вокал Жељко Бебек, тапанарот Ипе Ивандиќ и клавијатуристот Владо Правдиќ. Првиот албум „Кад би био бијело дугме“ им донесе голема популарност поради мешањето на хард рок музиката со балканскиот фолк. Бреговиќ денес живее во Париз и е еден од најпознатите светски музичари. Има настапувано во најпрестижните сали како „Ројал Алберт хол“ и „Карнеги Хол“, а пишува и филмска музика, свет во кој влезе по Бијело Дугме. Особено впечатливи се неговите соработки со Емир Кустурица, а музиката која носи јужнословенски и ромски теми е фузија на популарната музика со традиционалната полифона музика од Балканот, со тангото и дувачките орекстри. „Не носете подароци, вие сте мојот најголем роденденски подарок. Дојдете затоа што спектаклот нема да изостане и да – ‘ко не полуди, тај није нормалан’“, вели Брега во својата порака до македонската публика, која на 23 март ќе има уникатна можност во една вечер да ги слушне најголемите хитови на овој музички гениј. Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com/ и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1200 денари за партерот, 1800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1400 и 1800 денари, додека влезницте за вип делот се 2500 денари. (МИА)]]>

„Засекогаш во срцата“ – традиционален концерт во чест на Тоше Проески https://arhiva.vistina.com.mk/zasekogash-vo-srtsata-traditsionalen-kontsert-vo-chest-na-toshe-proeski/ Wed, 14 Feb 2024 07:52:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338581

Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман. НУ Центар за култура во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола по шести пат го организираат концертот „Засекогаш во срцата“. Од НУ Камерен оркестар на Битола информираат дека годинава ќе се одржат два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс. Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман. На 16 февруари, на два концерти, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен оркестар на Битола. (МИА) фото:НУ Камерен оркестар на Битола]]>

Јелена Розга одржа спектакуларен концерт во Скопје: Визуелно-музички спектакл, преполна сала и публика што од прва до последна песна пее и танцува со ѕвездата https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-odrzha-spektakularen-kontsert-vo-skopje-vizuelno-muzichki-spektakl-prepolna-sala-i-publika-shto-od-prva-do-posledna-pesna-pee-i-tantsuva-so-zvezdata/ Sun, 11 Feb 2024 15:15:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338307

„Последниот пат кога бев во Скопје бев во салата „Борис Трајковски“ и си помислив ‘кога би имала јас концерт овде’... и ете желбата ми се оствари. Оваа љубов, оваа енергија што ги почувствував вечерва не можат да се опишат со зборови. Навистина им благодарам на сите затоа што го имав досега можеби еден од најемотивните концерти. Скопје благодарам, си поминав преубаво“, рече Јелена Розга по завршувањето на синоќешниот концерт во рамки на турнејата „Минут срца мог“. Пред преполната „Борис Трајковски“ Јелена ги отпеа своите најголеми хитови, како и оние од времето на групата Магазин каде членуваше на стартот од својата музичка кариера. Концертот беше во организација на Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, а публиката освен што имаше можност да ужива во гласот на Розга, одличните кореографии  за кои друштво на сцената и правеа 12 танчари предводени од словенечкиот кореограф Жига Сотлар, уживаше и во визуелниот спектакл за што придонесоа повеќе од 400. квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела, повеќе од 500 илјaди вати звук. Речиси секоја нумера имаше посебна кореографија, а секоја песна своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Уникатна по обликот и големината беше и бината, а посебните писти што влегуваа во партерот понудија единствена можност оние во првите редови. Јелена на сцената се појави во неколку модни изданија, и тоа благодарение на модниот двоец Envy, а колку и значи концертот во Скопје и колку навистина се подготвуваше за овој настап доволно зборува фактот дека изгледаше сосема поразлично од концертите кои веќе ги одржа во регионот во склоп на турнејата „Минут срца мог“. Дека публиката уживаше и имаше можност да ја види Јелена Розга во сосема поразлично издание доволно зборуваат и коментарите по концертот, но и атмосферата во салата. Од првиот до последниот такт вистинско „музичко цунами“ и хорско пеење, кренати раце и насмеани лица, но и фактот дека и по речиси три часа ретко кој сакаше да си замине дома. Розга во Скопје дојде за да го оствари својот сон, а замина полна со емоции и љубов, но и ветување – Скопје се гледаме пак! До следната дружба во Скопје, турнејата продолжува низ регионот, а следни станици се Задар на 8-ми март и сараевска „Зетра“ на 2-ри ноември. Фото: Вангел Тануровски]]>

Аудиовизуелен концертен спектакл: Јелена Розга оваа сабота во Скопје доаѓа во рамките на турнејата „Минут срца мог“ https://arhiva.vistina.com.mk/audiovizuelen-kontserten-spektakl-jelena-rozga-ovaa-sabota-vo-skopje-doaga-vo-ramkite-na-turnejata-minut-srtsa-mog/ Thu, 08 Feb 2024 09:10:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338021

Остана уште малку до најавениот најголем аудиовизуелен концертен спектакл месецов – концертот на хрватската поп пејачка Јелена Розга, која во Скопје доаѓа во рамки на турнејата „Минут срца мог“. Како што веќе и најавивме, организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во Скопје веќе се пристигнати и подготвени повеќе од 400 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук, што ќе овозможат неверојатно уживање за сите музички сладокусци. Почетокот на саботниот концерт (на 10 февруари) е закажан во 20:00 часот, а вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 18:00 часот. Она што треба да го знаат сите кои веќе имаат обезбедено место во салата, а со цел полесно доаѓање до локацијата за која е купена влезница, е дека соодветно ќе бидат означени и обележани сите позиции. Оние другите, пак, кои се уште не го набавиле својот билет, а сакаат да го сторат тоа да побрзаат бидејќи е останат уште ограничен број влезници. Истите може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Постои уште една опција да се дојде до билет, а која важи за оние од другите градови ширум земјата, односно за фановите од Струмица, Радовиш и Штип. Благодарение на Евентум и ТА Нова травел, а поради големиот интерес, превозот од овие градови до Скопје и назад заедно со влезница за партерот чини 1700 денари. Дека Розга ќе ја видите во сосема поразлично издание и дека ќе уживате во вистински спектакл доволно зборува тоа што за речиси секоја нумера има посебна кореографија, а секоја песна има своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Бината е уникатна и по обликот и по големината, а посебните писти што влегуваат во партерот нудат уникатна можност оние за оние кои ќе бидат во првите редови. Јелена Розга на сцената во „Борис Трајковски“, во сабота на 10 февруари, ќе ги отпее своите најголеми хитови, но и песните кои го одбележаа времето кога беше дел од групата Магазин, каде и ја започна кариерата. Затоа подгответе се за вистинско музичко цунами, многу емоции и еден несекојдневен настан што дефинитивно ќе ви разгали сетилата. Фото: liveproduction]]>